Гистав Флобер

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Гистав Флобер
Gustave Flaubert
Гистав Флобер
Роден/а 12 декември 1821 ( 1821-12-12 )
Rouen , France
Починат/а 8 ма? 1880 (1880-05-08) (возр. 58)
Rouen , France
Занима?е Novelist , playwright
Националност Французин
Жанр проза
Книжевно движе?е реализам , романтизам

Гистав Флобер ( 12 декември 1821 - 8 ма? 1880 ), француски писател , еден од основачите на реализмот во француската литература . Како противник на гра?анското лицемерие, верно ги сликал секо?дневниот живот и личностите од провинци?ата. Напишал две театарски дела, неколку романи и остави многу знача?ни и обемни дела. Негови на?знача?ни дела се романите ? Сентиментално воспитува?е “, ? Госпо?а Бовари “, ? Саламбо “ и ? Искушението на св. Антон “.

Животопис [ уреди | уреди извор ]

Родната ку?а на Гистав Флобер (денес, музе?)

Гистав Флобер е роден во Руан, на 12 декември 1821 година. Татко му бил главен хирург во Главната болница во Руан и помошник на славниот француски лекар Дипитрен, додека ма?ка му била ?ерка на лекар . Детството го поминал во болницата во ко?а живеело неговото семе?ство, а омилена забава му била, заедно со сестра му, да се качува на оградата од болницата и низ прозорецот да ?ирка што работи татко му. Флобер бил деликатно дете и многу страдал во училиштето, а единствената утеха му биле неколку верни при?атели. Гистав Флобер имал брат, ко? бил лекар, и сестра ко?а умрела на возраст од 21 година. Средното образование го завршил во родниот град, а матурирал со мало задоцнува?е во 1840 година, а веднаш потоа заминал на своето прво патува?е ( Пиринеите и Корзика ). Според возраста, следната година требало да служи во во?ската, но на лотари?ата извлекол добар бро? (тогаш не постоела задолжителна воена обрвска) и така останал дома. Во то? период, Флобер често го посетувал морското летувалиште Труве? ( Trouville ). Родителите го испратиле во Париз за да студира право, ме?утоа не го интересирале студиите, а истовремено тешко се снао?ал во големиот град, т.е. се чувствувал осамен и несре?ен. По две години, то? ги напуштил студиите биде??и му се по?авиле првите знаци на нервната болест. Кога Флобер имал 23 години, умрел татко му, ко? бил сакан и славен човек, па пристанишните работници во Руан, во знак на голема почит, барале да го носат неговиот ковчег. Истата година, во Париз, Флобер ?а запознал привлечната поетеса Луиз Коле ( Louise Colet ) со ко?а бил во врска во текот на десет години, ме?утоа не живееле заедно, туку само повремено се сре?авале. Сепак, тие често се допишувале и таа кореспонденци?а претставува важен извор на информации за животот на Флобер. Во 1848 година, заедно со неговиот при?ател Максим Ди Кам ( Maxim Du Camp ) ко?, исто така, бил син на славен лекар, Флобер пешачел низ Норманди?а и Брета?а , а своите доживува?а ги запишал во патописите, кои не го об?авил. [1]

Во 1850 година, заедно со при?ателот Ди Кам, преку Марсе? и Малта , пристигнал во Александри?а , а оттука во Каиро и по долината на Нил . Оттаму, Флобер и Ди Кам заминале во Бе?рут , а потоа се упатиле кон Родос , Истанбул и Грци?а, каде што ги посетиле Атина , Спарта и Пелопонез , по што отпатувале во Итали?а , каде што ги посетил: Бриндизи , Неапол , Рим и Фиренца , а оттаму се вратиле дома. По дваесетмесечното патува?е, кон средината на 1851 година, Флобер се вратил во Руан и се населил во Кроасе. Истовремено, то? ?а обновил врската со Коле (со ко?а претходно се скарал) и започнал интензивно да пишува. Кога наполнил 50 години, Флобер се повлекол од ?авниот живот. Во 1872 година умрела ма?ка му, ко?а цело време го третирала како дете, а Флобер целата сво?а ?убов ?а пренесол на внуката Каролина чи?а ма?ка (ко?а умрела при породува?ето на Каролина) ?а сакал на?многу од сите бра?а. [2] Последните години од животот Флобер ги поминал во немашти?а, биде??и целиот имот ? го поклонил на внуката Каролина за да спаси не?зиниот сопруг од стеча? , како и во осаменост и сe поголеми телесни болки. Умрел на 8 ма? 1880 година, на семе?ниот имот во Кроасе ( Croisset ), во близината на Руан. [3]

Болеста и смртта на Флобер [ уреди | уреди извор ]

Флобер бил опседнат од стравот од староста и од смртта . Според неговото сопствено признание, секо? ден морал да напише неколку страници за да го ублажи таквиот страв . [4] Веро?атно, тоа се должи на фактот дека уште во младоста то? се разболел и долго време се борел со болеста за ко?а се напишани многу студии, а првите непотполни и неверодосто?ни записи се по?авиле непосредно по неговата смрт, и тоа од страна на неговиот при?ател Ди Кам, внуката Каролина и Мопасан . На почетокот на 20 век на ова праша?е се навратиле неколку лекари, кои своите записи ги об?авиле во списанието Chronique medicale , додека пред и по Првата светска во?на се по?авиле и психоаналитички и психопатолошки студии. Во монографи?ата за Флобер од 1905 година, Р. Димеснил ги проучува наследството и околината во ко?а работел Флобер; во сво?ата докторска дисертаци?а од 1909 година, Дешарм го анализира карактерот на Флобер; а во 1912 година Т. Ра?к ?а об?авува психоаналитичката студи?а за Флобер. Во 1921 година, Лу? Бетран го об?авува делото ?Флобер во Париз или живиот мртовец“, а една година подоцна се по?авува првата медицинска теза за Флобер, дело на А. Г. А. Нил, ко? пишува за Флоберовата ?нервна болест“. Подоцна, во 1920-тите и во 1930-тите се по?авуваат и други дела кои се занимаваат со болеста на Флобер. Подоцна, во 1941 година, А. Колинг ?а разгледува медицинско-книжевната страна на творештвото на Флобер, а во 1956 година е об?авен и зборник со документи за Флобер. Сепак, во бро?ните дела посветени на болеста на Флобер се искажани различни ставови, така што расправата не е заклучена. Врз основа на тврде?ето на Ди Кам, во 19 век и во првата половина на 20 век се верувало дека Флобер страдал од епилепси?а , но некои Флоберови патографи ?а отфрлиле оваа теза, додека други застапувале мешани ставови, како Грасе ко? ?а поставил дилемата дали Флобер страдал од епилепси?а или хистероепилепси?а. Исто така, некои автори тврделе дека Флобер страдал од афективна епилепси?а, од хистери?а , од хистеро-неурастени?а, од крваре?е на желудникот и од рана артериосклероза и од леус. Во сво?ата психоаналитичка студи?а, Ра?к тврди дека Флобер страдал од силно изразен инцестен комплекс, повикува??и се на неговиот однос кон ма?ка му и кон мажените жени со деца. Американскиот окултист Гоулд тврди дека Флобер бил жртва на непозната очна болест , Т. Лике го прогласил Флобер за мизантроп и нихилист. [5]

Ниту околностите поврзани со смртта на Флобер не се расчистени, така што и за ова праша?е посто?ат пове?е верзии. Познато е дека Флобер умрел на масата за пишува?е од мозочен удар ( arteritis cerebralis specifica ), предизвикан од тумор како последица на луетичка зараза. То? ден, Флобер станал во вообичаеното време, околу 10-11 часот, а по излегува?ето од кадата почувствувал тешкотии. Претчувствува??и ?а по?авата на криза, то? ?а повикал слугинката, бара??и да донесе лекар. Потоа, се облекол, седнал на масата за пишува?е и го запалил лулето , а тогаш веро?атно повторно му се слошило, па се испружил на креветот во собата со личната библиотека . Легнува??и на креветот, Флобер ?а изгубил свеста и така го пронашол д-р Турно, ко? стигнал само површно да го прегледа и набргу Флобер починал без воопшто да се освести. Приказната за смртта на Флобер дополнително ?а украсила неговата внука Каролина, ко?а не била присутна во мигот на смртта и според неа, слугинката го нашла Флобер во несвест при што во десната рака то? држел шишенце со миризлива сол; потоа, то? накратко ?а повратил свеста и нешто промрморил, а според толкува?ето на Каролина, то? го викал на помош Виктор Иго за кого таа му раскажувала претходната но?. Ме?утоа, Максим Ди Кам го негира сето тоа, тврде??и дека Флобер го повикувал сво?от близок при?ател, лекарот Ело. Сепак, Ди Кам не е во право кога тврди дека Флобер умрел од епилептичен напад. [6]

Творештво [ уреди | уреди извор ]

Гистав Флобер , фотографиран од Надар

Флобер почнал да пишува уште на десетгодишна возраст. Покра? дневникот , во младоста напишал и неколку новели и драмски дела, а потоа неколку години работел на поетско-философската рапсоди?а ?Искушението на св. Антон“ ( La tentation de saint Antoine ). Кога го завршил, Флобер им го прочитал делото на два?ца при?атели ? Ди Кам и Лу? Бу?е (Louis Bouihet), кои му препорачале да го изгори ракописот и да се зафати со друга, посовремена тема. Притоа, тие му го посочиле случа?от на госпо?ата Деламар, ко?а го изневерувала сопругот и потоа, разочарана од своите ?убовници, доброволно умрела. Флобер го прифатил советот и ги започнал подготовките. За време на крсторува?ето по Нил во 1850 година, го избрал името на главниот лик во романот ? Ема Бовари. Кон средината на 1851 година, по вра?а?ето дома, Флобер започнал интензивно да работи на романот ?Госпо?а Бовари“, на ко? потрошил пет години, и на 1 септември 1856 година, романот почнал да излегува во списанието ?Париска реви?а“ ( Revue de Paris ) во кое важна улога имал неговиот при?ател Ди Кам. Ме?утоа, Флобер морал да попушти кога Пеша (Pichat), еден од уредниците на списанието побарал од авторот некои места да ги ублажи, а други да ги исфрли од романот. Истовремено, и месниот весник ?Руански новости“ ( Nouvelliste de Rouen ) започнал да го об?авува романот со позитивна критика, но и то? морал да го запре об?авува?ето. На почетокот од 1857 година, романот се по?авил како посебна книга, во издание на Мишел Леви (Michel Levy), по што државното обвинителство поднело обвинение против Флобер за навреда на моралот и на религи?ата . Сепак, судскиот процес завршил со ослободителна пресуда, благодарение на одличната одбрана на адвокатот Сенар, ко? бил при?ател на семе?ството Флобер. Романот постигнал голем успех, така што, Леви, ко? за делото платил 500 франци, од продажбата на книгата остварил значителна добивка. Наспроти тоа, книжевната критика го нападнала романот, ме?утоа, познатиот критичар Сент-Бев (Sainte-Beuve) об?авил пофална рецензи?а во службеното списание ?Монитор“ ( Moniteur ), пишува??и дека ?господинот Гистав Флобер ракува со перото како што лекарите ракуваат со скалперот...“, заклучува??и со зборовите: ?О анатоми и философи, насекаде наидувам на вашата трага!“ [7]

По успехот на ?Госпо?а Бовари“, во 1862 година Флобер го об?авил историско-археолошкиот роман ?Саламбо“ за чи?а подготовка во 1858 година отпатувал во Тунис , откако претходно проучил бро?ни стручни дела посветени на Картагина . И тоа дело постигнало голем успех ка? публиката, но книжевната критика (ово?пат, вклучува??и го и Сент-Бев) повторно не покажала никакво разбира?е за него. Но, и покра? тоа, Флобер ве?е уживал углед на ценет писател, а младите го сметале за сво? водач. Книжевниот успех му овозможил да стекне врски во високото општество, па така бил посетител на принцезата Матилда и на принцот Жером Наполеон, кои зборувале пофално за неговите дела. Исто така, Флобер се дружел со угледни странски писатели, како што е Иван Тургенев , а бил чест учесник на книжевно-монденски приредби. Во ме?увреме, то? ?а почнал работата на следниот роман, ко? многумина го сметаат за неговото на?добро остварува?е, ?Сентиментално воспитува?е“ ( L'education sentimentale ). Станува збор за автобиографски роман во ко? е прикажан сентиментално-физиолошкото и општествено-политичкото воспитува?е на француската младина во периодот пред револуционерната 1848 година. За ова дело, Флобер се двоумел ме?у неколку наслови од кои еден бил ?Осушени плодови“ ( Fruits secs ). Истовремено, во него ?а овековечил сво?ата голема ?убов, Елиза Фуко (во романот ? Арно), ко?а ?а запознал уште кога бил младо момче, но никогаш не ?а заборавил. Критиката ниту ова дело не го прифатила, а целосно признание романот добил многу подоцна, па дури пред Првата светска во?на во Париз било основано Друштвото на при?ателите на ?Сентименталното воспитува?е“. Откако не постигнал успех во драмската уметност, Флобер повторно се навратил на ?Искушениот на св. Антон“ чи?а конечна верзи?а се по?авила во 1874 година. И ова дело не било прифатено од книжевната критика, но ово?пат Флобер немал успех ниту ка? публиката. Последното дело кое го об?авил Флобер било ? Три приказни “ ( Trois contes ) од 1877 година кое содржи три новели од различни историски периоди: ?Ироди?ада“ ( Herodias ) од антиката , ?Легенда за св. ?ули?ан Гостопримачот“ ( La legende de saint Julien l'Hospitalier ) од средниот век и ?Просто срце“ ( Un couer simple ) од модерната епоха. Делото постигнало голем успех и доживеало бро?ни издани?а, преводи и илустрации. Последните години од животот Флобер ги поминал работе??и на едно големо дело, кое може да се нарече енциклопеди?а на човечката глупост, но и бреви?ар на 19 век , сатира на гра?анската цивилизаци?а , позитивизмот и сциентизмот . Делото останало недовршено, а напишаните листови Флобер ги покривал со свилена марама. Сепак, една година по смртта на Флобер бил об?авен неговиот недовршен роман ? Бувар и Пекуше “ ( Bouvard et Pecuchet ), како и мемоарите на неговиот при?ател Максим Ди Кам, а во 1884 година започнало об?авува?ето на Флоберовата богата преписка. [8]

Во своето излага?е за време на судскиот процес против Флобер по повод романот ? Госпо?а Бовари “, неговиот бранител, адвокатот Мари-Антоан-Жил Сенар, истакнал дека Флобер не припа?а на ниедна книжевна школа: то? му припа?а на реализмот со тоа што се држи до стварноста; на психолошката школа ? припа?а со тоа ги проучува човечките чувства; а со романтизмот нема ништо заедничко. Предметот на своето истражува?е Флобер го црпи од стварниот живот, да создаде вистинити ликови и да до?де до корисен зкалучок. [9]

Значе?е и вли?ание [ уреди | уреди извор ]

Во романот ? Наспроти “, францускиот писател Жорис-Карл Уисманс на нарекува прозата на Флобер ?восхитувачка“. [10]

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. Ivo Herge?i?, ?Gustave Flaubert“. Во: Gustave Flaubert, Gospođa Bovary (II. izdanje). Zagreb: Zora, 1960, стр. 419.
  2. Ivo Herge?i?, ?Gustave Flaubert“. Во: Gustave Flaubert, Gospođa Bovary (II. izdanje). Zagreb: Zora, 1960, стр. 420-421.
  3. Ivo Herge?i?, ?Gustave Flaubert“. Во: Gustave Flaubert, Gospođa Bovary (II. izdanje). Zagreb: Zora, 1960, стр. 419-422.
  4. ?ован Дучи?, Благо Цара Радована (друго изда?е). Београд: Laguna, 2018, стр. 247.
  5. Ivo Herge?i?, ?Gustave Flaubert“. Во: Gustave Flaubert, Gospođa Bovary (II. izdanje). Zagreb: Zora, 1960, стр. 422-426.
  6. Ivo Herge?i?, ?Gustave Flaubert“. Во: Gustave Flaubert, Gospođa Bovary (II. izdanje). Zagreb: Zora, 1960, стр. 426-427.
  7. Ivo Herge?i?, ?Gustave Flaubert“. Во: Gustave Flaubert, Gospođa Bovary (II. izdanje). Zagreb: Zora, 1960, стр. 419-421.
  8. Ivo Herge?i?, ?Gustave Flaubert“. Во: Gustave Flaubert, Gospođa Bovary (II. izdanje). Zagreb: Zora, 1960, стр. 421-422.
  9. Гистав Флобер, Госпо?а Бовари . Нови Сад: Матица српска, 1951, стр. 306.
  10. Карл Уисманс, Наспроти . Скоп?е: Темплум, 2011, стр. 151.

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]

Викицитат има збирка цитати поврзани со: