Москва

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Москва
Федерален град
Москва
Знаме на МоскваГрб на Москва
Химна: Мо?а Москва
Држава Руси?а
Федерален округ Централен [1]
Економски регион Централен [2]
Управа
 ? Орган Градска дума [3]
 ?  Градоначалник [4] Серге? Соб?анин [4]
Површина [5]
 ? Вкупно 2.511 км 2 (970 ми 2 )
Ранг 83-ти
Население (2010 Census)
 ? Вкупно 11.503.501
 ? проц. од  (2018) [6] 12.506.468 ( +8,7% )
 ? Ранг 1-ви
 ? Густина 4,600/км 2 (12,000/ми 2 )
 ? Градскo 100%
 ?  Селска 0
Час. по?ас московско време Уреди википодатоци[7] ( UTC+3 )
ISO 3166 RU-MOW
Рег. таб. 77, 99, 97, 177, 199, 197, 777, 799, 797
Службени ?азици руски [8]
Мреж. место http://www.mos.ru

Москва ( руски : Москва? ) ? главен град на Руси?а , а воедно претставува и не?зин политички, економски, образовен и транспортен центар. Во минатото градот бил престолнина на Царска Руси?а и главен град на Советскиот Со?уз . Седиштето на Руската православна црква исто така се нао?а во Москва, во Свети-Даниловиот манастир (Данилов монастырь, Свято-Данилов монастырь). Со своите над 10 милиони жители претставува на?голем град во Европа .

Истори?а [ уреди | уреди извор ]

Пе?заж на Москва од минатото
Пе?заж на Москва од 1798 г.
Пушкиновиот плоштад во 1920 г.

Москва првпат се спомнува во пишаните записи како мало гратче во 1147 година. Во 1156 кнезот ?ури? Долгоракиот ( Руски : Юрий Долгорукий) го изградил првиот ?ид околу градот. Во 1237 и 1238 монголската Златна орда го ограбила и запалила градот, убива??и го целото население. Благодаре??и на одличната местоположба градот бил обновен и бргу закрепнал. Неговиот подем сепак бил ограничен од страна на Монголите , кои во тоа време собирале даноци од на?голем дел од руските територии преку своите вазали. Но поради подемот на Литвани?а, монголите сака??и да балансираат дозволиле Москва да прерасне во мо?но кнежевство и еден од на?важните руски градови во тоа време. За оваа стратешка грешка ги сноселе последиците почнува??и од 1380год кога Големиот Кнез на Москва Дмитри? Донски предводе??и обединета руска арми?а ги поразил во Битката на Куликовското поле . Ослободува?ето на Руси?а од монголска доминаци?а траело сe до 1480год , кога по Големото стое?е на реката Угра ( Големата битка на реката Угра ), татаро-монголите се повлекле и засекогаш била отфрлена нивната власт над руските територии, а престолнината на Руси?а ко?а многупати била менувана, конечно била префлена во Москва за подолго време. Подоцна во 1571 кримските Татари накратко го зазеле градот и го запалиле. Во периодот 1610 - 1612 градот бил окупиран и од Полско-Литванската Држава .

Москва престанала да биде руска престолнина во 1703 година, за сметка на Санкт Петербург , но офици?ално продолжила да се води како главен град и останала важен центар на руската импери?а. Во 1812год градот го зазел Наполеон , но претходно бил евакуиран и запален од страна на русите , што во многу придонело за конечната победа над францускиот Император ко? се нашол одсечен и без доволно залихи. Во 1905 била воведена функци?ата градски управител ( градоначалник ). Првиот градоначалник на Москва бил Александар Адрианов.

Советски период (1917 ? 1991) [ уреди | уреди извор ]

По успехот на Октомвриската револуци?а , Ленин плаше??и се од странска интервенци?а Москва повторно ?а направил главен град, ово? пат на Советскиот Со?уз . Комунистите за кратко време го смениле лицето на градот.

На 22 ?уни 1941 нацистите го нападнале СССР . До есента таа година германскиот Вермахт стигнал до московските предгради?а и следела големата Битка за Москва . На 10 октомври одбраната на градот му била доверена на Маршал Георги? Жуков . То? успеал да ?а запре германската Армиска Група Центар , ко?а била задолжена за зазема?е на советскиот главен град. На 5 октомври Жуков отпочнал голема офанзива за отстранува?е на опасноста по Москва. Биле искористени Сибирските засилува?а , а исто така за првпат масовно се користени кат?ушите . До 7 ?ануари 1942 Германците биле отфрлени на 100?250 км и не ?а загрозиле Москва до кра?от на во?ната. Ова претставувало прв голем пораз на нацистите во втората светска во?на .

Во 1980 Москва беше дома?ин на XXII летни Олимписки игри .

Скорешна истори?а (1991?) [ уреди | уреди извор ]

Во 1991 година во градот бил извршен обид за воен удар од страна на тврдокорните комунистички генерали против тогашниот претседател на политбирото , Михаил Горбачов . Ударот беше неуспешен и подоцна таа година Советскиот Со?уз офици?ално се растури. По распадот на СССР Москва остана главен град, ово? пат на Руската Федераци?а. Во 1993 градот повторно западна во неизвесност кога тогашниот претседател на државата Борис Елцин , во политичка борба ?а злоупотреби власта и го распушти парламентот. Следеше неочекуван отпор од народните избраници, но со помош на нему ло?ални елементи во арми?ата кои го гранатираа и зазедоа парламентот (московскиот Бела дом ) Елцин изврши преврат и воспостави мека диктатура.

По финансиската криза од 1998 Москва бргу се развива и денес е еден од на?динамичните градови во светот.

Географи?а [ уреди | уреди извор ]

Ке?от на реката Москва во близина на Крем?

Градот се нао?а во средиштето на Источноевропската Низина . Се протега низ рамничарски предел на надморска височина од 150 до 200 м и зафа?а над 1000 км 2 . Во правец северозапад-?угоисток должината му е на?голема и изнесува околу 80 км. Низ градот тече реката Москва ко?а е поврзана со пловен канал со Волга . Со ова (преку опсежен систем на реки, канали, езера и вештачки езера) градот е поврзан по воден пат ме?у другите и со:

Поради ова Москва ?а нарекуваат и ?Пристаниште на 5 мори?а“.

Клима [ уреди | уреди извор ]

Климата во Москва е континентална со топли лета и многу ладни зими. На лето температурите достигнуваат и над 30 °C, а зиме па?аат и под -20 °C. Просечната температура во ?ануари е -9,3 °C а, во ?ули изнесува 18,1 °C.

Првиот снег обично па?а во средината на ноември, а на?снежни месеци се ?ануари и февруари. Снегот обично се топи кон кра?от на март.

Административна поделба [ уреди | уреди извор ]

Административна поделба на Москва

Москва се нао?а и во и е центар на Московската област . Административно градот е поделен на 12 Окрузи, од кои 11 го опфа?аат самиот град а десеттата е Зеленоград , ко? иако е посебен град и е географски одделен од Москва, административно му припа?а на главниот град. Окрузите се поделени на Општински окрузи, уште наречени и Реони. Секо? округ има сво?а кабловска тевевизи?а и офици?ален весник.

Десетте окрузи се (види мапа):

  1. Зеленоград (Зеленоградский округ Москвы)
  2. Северен (Северный округ Москвы)
  3. североисточен (Северо-Восточный округ Москвы)
  4. северозападен (Северо-Западный округ Москвы)
  5. Централен (Центральный округ Москвы)
  6. Источен (Восточный округ Москвы)
  7. ?ужен (Южный округ Москвы)
  8. ?угоисточен (Юго-Восточный округ Москвы)
  9. ?угозападен (Юго-Западный округ Москвы)
  10. Западен (Западный округ Москвы)
  11. Новомосковски (Новомосковский округ Москвы или Новая Москва)
  12. Троицки (Троицкий округ Москвы)

Демографи?а [ уреди | уреди извор ]

Движе?е на бро?от на жители низ истори?ата

И покра? големиот пад на бро?от на население во Руси?а (над 700.000 годишно) поради мал наталитет, бро?от на жители во Москва бележи голем раст. Ова на?многу се должи на големата миграци?а ко?а продолжува и покра? тоа што за легален престо? во градот подолг од 90 дена е потребна специ?ална дозвола. Емигрантите на?многу се привлечени од големиот економски пораст на економи?ата на Москва ко?а во последниве години бележи годишен раст од околу 20%.

Денес во самиот град живеат над 10 милиони жители (10.415.000 проекци?а - 2005 ). Во целата метрополитенска област живеат околу 14.440.000 жители, а вкупното население на московскиот административен округ изнесува над 17 милиони. Во овие бро?ки не се вклучени проценките за оние кои во Москва престо?уваат нелегално. Овие проценки многу варираат од извор до извор, но во секо? случа? бро?ката не е занемарлива и изнесува неколку милиони (на?голем дел живеат во самиот град).

Во Москва практично можат да се на?дат припадници на скоро сите етнички групи на светот.

Етнички групи во Москва, попис 2010 [9]
Етничка група Население Процент
Руси 9,930,410 91.6%
Украинци 154,104 1.4%
Татари 149,043 1.4%
Ерменци 106,466 1.0%
Азербе??анци 57,123 0.5%
Евреи 53,145 0.5%
Белоруси 39,225 0.4%
Грузи?ци 38,934 0.4%
Узбеци 35,595 0.3%
Та?ици 27,280 0.2%
Молдавци 21,699 0.2%
други 234,804 2.2%

Сообра?а? [ уреди | уреди извор ]

Аеродроми [ уреди | уреди извор ]

Шеремет?ево, на?прометен аеродром во Руси?а, и петти во Европа.

Москва има 5 аеродроми за цивилен авиосообра?а?:

Шеремет?ево е на?значаен аеродром во Москва иако не и на?голем по обем на сообра?а?. То? е на?голем аеродром по обем на ме?ународен сообра?а? и е влезна точка за на?голем дел од туристите што ?а посетуваат Москва. Пуштен е во употреба во 1960 а терминалот Шеремет?ево-1 е отворен во 1964 . За потребите на московската Олимпи?ада беше пуштен во употреба терминалот Шеремет?ево-2 на 1 ?ануари 1980 . Во моментов поради преоптовареност на посто?ната инфраструктура , во тек на изградба е трет терминал со планови и за четврт во иднина. Иако нивото на сообра?а? е далеку под нивото од времето на СССР , растот е голем и се очекува наскоро да се достигнат и надминат бро?ките од тоа време. Во 2005 е забележан сообра?а? од 12.174.000 патници.

Домодедово во моментов ( 2005 ) ? на?голем московски аеродром и опслужува околу 14 милиони патници годишно, но по бро?от на патници во ме?ународниот сообра?а? заостанува зад Шеремет?ево. Аеродромот бил отворен за сообра?а? во 1965 .

Внуково е пуштен во употреба во 1941 поради преоптовареност на дотогашниот московски аеродром на Ходинское Поле. Наскоро, со почетокот на втората светска во?на е претворен во воен аеродром. По во?ната повторно претставува главен московски аеродром сe до шеесеттите кога го губи приматот. Денеска посто?ат амбициозни планови за обнова и проширува?е
на аеродромот со цел до кра?от на децени?ава да опслужува и над 20 милионо патници годишно.

?авен транспорт [ уреди | уреди извор ]

Станица Киевска?а
Московскиот ?Моноре?л“

Московското метро е еден од многуте препознатливи симболи на градот. Метрото е едно од на?големите и секако на?убавото во светот. Пуштено е во употреба на 15 ма? 1935 . Денес има 250 станица на 15 линии со вкупна должина од 436,3 км. Дневно превезува просечно 9,5 милиони патници. Во работни денови оваа бро?ка изнесува и над 10,5 милиони. Заштитен знак му се преубавите станици во центарот на градот, кои пове?е наликуваат на уметнички галерии отколку на метро-станици.

Метро-2 ? Иако офици?ално не се признава, ?авна та?на е дека во Москва постои уште една лини?а на подземната железница ко?а е под воена управа и се нао?а на значително поголема длабочина од главниот систем. Ги поврзува Крем? , Министерството за одбрана, ?уб?анка , и други важни об?екти. Покра? другото се смета дека е наменето за евакуаци?а на клучниот персонал од градот во случа? на ?адрен напад.

Покра? метрото исто така постои опсежен систем на автобуски , трамва?ски и троле?буски линии, кои го надополнуваат им обезбедуваат жителите на градот да можат да функционираат потпира?ки се исклучиво на ?авниот превоз.

Со предгради?ата и подмосков?ето ефикасна и евтина комуникаци?а е овозможена со помош на локална железница, популарно наречена електричка .

Московскиот ?Моноре?л“ (види слика) ? пуштен во употреба за патници во 2005 (2004 пробно). Засега има една лини?а во должина од 4,7 км и 6 станици.

Такси превозот е на пониско ниво од останатите сегменти на ?авниот превоз. Препорачливо е туристите да го избегнуваат заради честите измами од страна на таксистите.

Железница [ уреди | уреди извор ]

Москва претставува главен руски железнички ?азол. Има 10 железничка станица. Источна отворена во 2021 година. Ме?у бро?ните линии кои зраковидно се шират од градот секако на?позната е Транс-сибирската лини?а ко?а тргнува од Москва, оди преку Сибир (по целата должина на Ази?а ) и завршува во Владивосток . Должината ? изнесува 9288 km . На Далечниот Исток има неколку гранки ме?у ко? на?важната е за Пекинг . Покра? не?зиното стратешко значе?е за Руси?а, таа претставува и вистински магнет за авантуристички настроени туристи. Возовите на оваа лини?а на?ве?е тргнуваат од ??арославската станица“.

Патна мрежа [ уреди | уреди извор ]

Воден сообра?а? [ уреди | уреди извор ]

Поглед на реката Москва .

Образование [ уреди | уреди извор ]

Стопанство [ уреди | уреди извор ]

Општо [ уреди | уреди извор ]

Седиштето на Гаспром , на?големата руска компани?а

Москва е една од на?големите градски економии во Европа , опфа?а околу 24% од руското БДП . [10] До 2008 година, московската економи?а достигнала 8,44 трилиони руб?и [11] (340 мили?арди долари или 459 мили?арди долари прилагодени на ПКМ -u [12] ).

Москва има на?ниска стапка на невработеност од сите руски федерални суб?екти , со само 1% во 2010, во однос на националниот просек од 7%. Просечната месечна плата во градот е 41 600 руб?и (1070 ), што е дупло повисоко од националниот просек од 21 800 руб?и (560 €), како четврта на?голема просечна плата ме?у со?узните суб?екти во Руси?а. [13]

Москва е неоспорно финансиско средиште на Руси?а, седиште е на на?големите банки во зем?ата и многу од на?големите компании, како што е на?големата руска компани?а Гаспром - на?голема светска компани?а за природен гас . Москва опфа?а 17% од вкупната малопродажба во Руси?а и 13% од сите активности во градежништвото. [13] [14]

По Руската финансиска криза во 1998 година, различните деловни сектори во Москва покажувале експоненци?ален раст. Многу нови деловни центри и згради се изградени во последните неколку години, но во Москва, сепак, сe уште доволно нема канцелариски простор. За оваа причина, многу поранешни индустриски и истражувачки капацитети се прилагодени на канцелариски простор.

Во 2008 година, во Москва живееле 74 мили?ардери со просечно богатство од 5,9 мили?арди американски долари , ме?утоа, во 2009 година, во Москва по рецеси?ата живееле само 27 мили?ардери. [15] Според Форбс , во Москва во 2011 година, живеат 79 мили?ардери, пове?е од било ко? друг град во светот . [16] На врвот на пописот на?богат е Михаил Прохоров со богатство од 9,5 мили?адрди американски долари пове?ето од водородна енергетика , нанотехнологи?ата , традиционалната енерги?а и благородните метали, пред Роман Абрамович со 8,5 мили?арди пове?ето во рударството и во челикот.

Култура [ уреди | уреди извор ]

Обележ?а на градот [ уреди | уреди извор ]

Архитектура [ уреди | уреди извор ]

Архитектурата на Москва е позната по целиот свет. На?познати се црквата Свети Васили? со своите добро познати разнобо?ни куполи, катедралата на Исус Спасителот , и облакодерите Сталинови облакотеди и Московски Крем? .

Панорама на Москва Панорама на Москва

Музеи [ уреди | уреди извор ]

Во Москава има огромен бро? на музеи и ги има од сите типови. Едни од на?познатите и на?посетените секако се Трет?аковската галери?а , Пушкинскиот музе? на убави уметности , Политехничкиот музе? и други.

Трет?аковската галери?а е националното богатство на руската фина уметност, а воедно е и еден од на?големите музеи во светот. Збирката на галери?ата се состои целосно од руска уметност и артисти кои дале придонес кон истори?ата на руската уметност или биле блиско поврзани со неа. Колекци?ата содржи пове?е од 130000 дела (слики, скулптури и графика) создадени низ вековите од неколку последователни генерации на руски уметници.

Пушкинскиот музе? на ликовна уметност содржи милиони предмети и уметнички дела од Древниот Египет, Грци?а, Рим, Асири?а и Вавилон. А во посебен дел е сместена и голема колекци?а од европски дела од: Ван Гог, Матиз, Пикасо, Сезан, Моне, Кандински, Реноар и други.

Уметности [ уреди | уреди извор ]

Туристички Атракции [ уреди | уреди извор ]

Црквата Св. Васили? и дел од ?идините на Крем? на Црвениот плоштад во Москва.

Црвен плоштад [ уреди | уреди извор ]

Главна стати?а: Црвен плоштад

На?познатата туристичка атракци?а во градот е Црвениот плоштад каде што се сместени Крем? , црквата Св. Васили? , ГУМ , мавзоле?от на Ленин , Големиот Крем?ски дворец и многу други мали манастири. Оттука може да се види и на?големиот хотел на светот, хотелот Руси?а, како и седиштето на вселенскиот патри?арх ? црквата на Исус Христос . Плоштадот е познат и по воените паради кои се оджувале на него во времето на Советскиот Со?уз , особено во времето на Сталин . Инаку, покра? црвен плоштад името на плоштадот ?красна?а плошчад“ ( руски : красная площадь ) оригинално означува убав плоштад.

Црквата на Исус Христос Спасителот и реката Москва .

Црква на Исус Христос Спасителот [ уреди | уреди извор ]

Главна стати?а: Црква на Исус Христос Спасителот (Москва)

Храм Христос Спасител

Црквата на Христос Спасителот ( руски : Храм Христа Спасителя) претставува седиште на Вселенскиот Патри?арх на Православната црква. За неа е врзана долга и интересна истори?а. Имено црквата постоела сe 5 декември 1931 кога Лазар Каганович ?а срушил со цел да изгради огромна градба ? статуа на Ленин. Но, поради недостигот на фондови, а и проблемите со поплави од околната река, Никита Хрушчов го претворил местото во огромен отворен базен. Но, оригиналната скица на црквата била зачувана и во февруари 1990 Руската Православна црква добила дозвола за реизградба на храмот, по што се започнало со собира?е на пари во 1992 година и со граде?е во 1994 година. Црквата конечно беше завршена на 19 август 2000 .

Други знаменитости [ уреди | уреди извор ]

На западната страна на крем?ските ?идини, во Александровската градина стои Могилата на незна?ниот во?ник во спомен на советските борци загинати во Големата татковинска во?на (1941-1945).

Москва како тема во уметноста и во популарната култура [ уреди | уреди извор ]

Некои дела од областа на уметноста и популарната култура се инспирирани од Москва, како на пример:

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. Президент Российской Федерации. Указ №849 от 13 мая 2000 г. ≪О полномочном представителе Президента Российской Федерации в федеральном округе≫. Вступил в силу 13 мая 2000 г. Опубликован: "Собрание законодательства РФ", No. 20, ст. 2112, 15 мая 2000 г. (President of the Russian Federation. Decree #849 од May 13, 2000 ?On the Plenipotentiary Representative of the President of the Russian Federation in a Federal District“. Стапил на сила May 13, 2000).
  2. Госстандарт Российской Федерации. №ОК 024-95 27 декабря 1995 г. ≪Общероссийский классификатор экономических регионов. 2. Экономические районы≫, в ред. Изменения №5/2001 ОКЭР. ( Gosstandart of the Russian Federation. #OK 024-95 December 27, 1995 ?Russian Classification of Economic Regions. 2. Economic Regions“, по измените на Amendment #5/2001 OKER. ).
  3. ?The Moscow Statute“ . Moscow City Duma . Moscow City Government. 28 ?уни 1995. Архивирано од изворникот на 2011-08-23 . Посетено на 29 септември 2010 . The supreme and exclusive legislative (representative) body of the state power in Moscow is the Moscow City Duma.
  4. 4,0 4,1 ?The Moscow City Mayor“ . Government of Moscow. Архивирано од изворникот на 2011-08-23 . Посетено на 18 March 2010 .
  5. ?Сведения о наличии и распределении земель в Российской Федерации на 01.01.2019 (в разрезе субъектов Российской Федерации)“ . Federal Service for State Registration, Cadastre and Cartography . Архивирано од изворникот на 9 February 2022 . Посетено на 29 August 2023 .
  6. ?26. Численность постоянного населения Российской Федерации по муниципальным образованиям на 1 января 2018 года“ . Федерална служба за државна статистика . Посетено на 23 ?ануари 2019 .
  7. ?Об исчислении времени“ . Официальный интернет-портал правовой информации (руски). 3 June 2011 . Посетено на 19 January 2019 .
  8. Official throughout the Russian Federation according to Article 68.1 of the Constitution of Russia .
  9. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref> ; нема зададено текст за наводите по име 2014 objectively assess .
  10. Arkhipov, Ilya (2010-09-28). ?Medvedev Fires Moscow Mayor Luzhkov After Conflict“ . Bloomberg . Посетено на 2010-12-22 .
  11. ?Moscow Gross Regional Product“ . RosStat. 2010-03-03. Архивирано од изворникот 2010-04-15 . Посетено на 2010-03-11 .
  12. ?Russia GDP and PPP conversion rate“ . IMF Russia Economy. 2010-03-11 . Посетено на 2010-03-11 .
  13. 13,0 13,1 ?BOFIT Weekly 42/2010“ (PDF) . Bank of Finland’s Institute for Economies in Transition. 2010-10-22. Архивирано (PDF) од изворникот 2010-10-27 . Посетено на 2011-08-24 .
  14. ?Average monthly salaries“ . Federal Service on State Statistics. Архивирано од изворникот 2007-05-27 . Посетено на 2007-09-07 .
  15. ?Russia's billionaires hit by financial crisis“ . www.financemarkets.co.uk. Архивирано од изворникот на 2010-12-29 . Посетено на 2009-05-22 .
  16. http://billionaires.forbes.com/article/0fbC8i4gE66o2?q=billionaire+OR+billionaires+OR+billionaire%27s [ мртва врска ]
  17. Едуард Лимонов, Дево?ка-?вер! . Скоп?е: Темплум, 2007, стр. 97-101.
  18. IMBd, Walking the Streets of Moscow (1964) Awards (пристапено на 8.2.2019)

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]