Светска трговска организаци?а

Координати : 46°13′27″N 06°08′58″E  /  46.22417° СГШ; 6.14944° ИГД  / 46.22417; 6.14944
Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Светска трговска организаци?а
World Trade Organization
Organisation mondiale du commerce
Organizacion Mundial del Comercio
   Членки
   Членки, дво?но претставени од ЕУ
   Наб?удувачи
   Неучесници

Основана 1995
Вид ме?ународна трговска организаци?а
Цел Намалува?е на давачки и други трговски бариери
Седиште Женева , Шва?цари?а
Координати 46°13′27″N 06°08′58″E  /  46.22417° СГШ; 6.14944° ИГД  / 46.22417; 6.14944
Регион цел свет
Членство 164 [1]
Генерален директор Нгози Око?о-Ивеала [2]
Бу?ет 197,2 милиони франци (о. 209 мил. долари) во 2018 г. [3]
Вработени 640
Мреж. место wto.org

Светска трговска организаци?а или СТО ; англиски : World Trade Organization (WTO), француски : Organisation mondiale du commerce , шпански : Organizacion Mundial del Comercio ) ? ме?ународна организаци?а ко?а ги поставува ?правилата на тргови?ата“ поме?у зем?ите-членки. СТО е наследник на ГАТТ и не?зината основна цел е намалува?ето на ограничува?ата во ме?ународната тргови?а . СТО претставува наднационална институци?а со статус на правно лице. Седиштето на СТО се нао?а во Женева , Шва?цари?а , а во неа членуваат 164 зем?и. Секо?а членка на СТО е должна да им го обезбеди на другите статусот на на?повластена зем?а во тргови?ата, т.е. трговските концесии кои зем?ата ? ги дала на неко?а зем?а мора да им ги даде и на сите други зем?и членки на СТО. Иако СТО започнала да функционира на 1 ?ануари 1995 година, не?зините корени потекнуваат од мултилатералните преговорите во рамките на ГАТТ , познати како Уругва?ска рунда , а кои траеле од 1986 до 1994 година. Македони?а е членка на СТО од 2003 година.

Потекло [ уреди | уреди извор ]

СТО била формирана на 1 ?ануари 1995 година, како замена на ГАТТ . Еден дел од прогресивните економски сили по завршува?ето на Втората светска во?на се залагале да се воспостави мултилатерален принцип на договара?е во ме?ународната размена, ко? ?е биде заснован врз еднаквост, недискриминаци?а и либерализаци?а на надворешно-трговската размена. Токму за таа цел бил даден предлог да се формира Ме?ународна трговска организаци?а чи?а основна задача би била либерализаци?а на ме?ународната размена, пред сe во стоковната сфера, а потоа и во сферата на услугите. Единствен противник на оваа иде?а била Велика Британи?а зашто правилата на ме?усебната размена во рамките на Комонвелтот се разликувале од правилата на размената ме?у Велика Британи?а и другите зем?и. Оттука, Британи?а не сакала големите привелегии што им ги обезбедувала на партнерите во рамките на Комонвелтот автоматски да се пренесат на сите трговски партнери што ?е ?а потпишат мултилатералната спогодба за формира?е на Ме?ународната трговска организаци?а. Затоа, Велика Британи?а насто?увала да не до?де до формира?е на ваква организаци?а. Така, во 1947 година, на конференци?ата одржана во Женева , каде што требало да се формира Ме?ународната трговска организаци?а, не дошло до потпишува?е на спогодбата од страна на на?големите сили. Наместо тоа, 23 на?развиени зем?и ?а потпишале Општата спогодба за царини и тргови?а (ГАТТ).

ГАТТ [ уреди | уреди извор ]

Примената на ГАТТ започнала во 1948 година. ГАТТ била заснована на три основни принципи:

  1. Принцип на либерализаци?а - ово? принцип значи отстранува?е на сите трговски и нетрговски пречки во ме?ународната размена на стоки; ме?утоа, заради разликите во степенот на економската развиеност ме?у зем?ите, било дозволено националните економии да ?а применуваат царинската заштита, но во догледно време да ?а намалат и на?после да ?а укинат.
  2. Принцип на мултилатералност и конвертибилност - сите зем?и-членки на ГАТТ морале да се стремат кон обезбедува?е на макроекономска стабилност во своите економии како основен предуслов за повторно обезбедува?е на конвертибилност на своите национални валути, што пак е неопходно за обезбедува?е на принципот на мултилатералност во ме?ународната рамена. Мултилатералноста во ме?ународната размена подразбира можност за користе?е на позитивното салдо од трговската размена со една зем?а за покрива?е на негативното салдо од трговската размена со неко?а друга зем?а.
  3. Принцип на недискриминаци?а на трговските партнери - целта на ово? принцип бил да обезбеди еднаков третман на трговските партенери, што се овозможувало со примена на клаузулата за на?повластен третман на земм?ите. Оваа клаузула ги обрзувала зем?ите-членки на ГАТТ, привелегиите што ?е ги обезбедат за неко? од своите трговски партнери врз основа на билатерални преговори, автоматски да се пренесат на сите други трговски партнери, без да се преговара со нив.

Во рамките на ГАТТ преговорите за либерализаци?а на надворешната тргови?а се воделе преку осум рунди. Секо?а рунда вклучувала пове?е зем?и од претходната и тоа резултирало во драстично намалува?е на царините на индустриските добра. Просечните царини во индустри?ализираните зем?и прогресивно биле скратени од 40 % на помалку од 4 %. Пове?ето нецарински пречки, како квантитативните органичува?а, биле напуштени. Благодарение на ГАТТ, ме?ународната тргови?а континуирано растела побрзо од светското производство (6% годишно наспроти 4% годишно).

Уругва?ската рунда на преговори [ уреди | уреди извор ]

Преговорите се нашле во ?орсокак во текот на Уругва?ската рунда што започнала во 1986 година и траела цели осум години. Непосредно пред не?зиното започнува?е, дискриминаци?ата што ?а наметнувале регионалните интеграции, особено ЕЕЗ , кон зем?ите надвор од преференци?алните трговски договори сe пове?е почнало да им пречи на високоразвиените зем?и (САД и Австрали?а). За нив, ЕЕЗ почнала да се претвора во вистинска трговска тврдина. Состо?бата била особено неповолна во размената на зем?оделските производи, каде што ЕЕЗ го штитела своето производство не само со високи царини туку и со режим на контингенти, истовремено форсира??и го извозот на своите зем?оделски производи по пат на интензивно субвенционира?е од зем?оделскиот бу?ет . Развиените зем?и, поддржани од некои поголеми економии од зем?ите во разво? (како, на пример, Аргентина) побарале од ЕЕЗ да ги намали увозните пречки за ово? вид производи за 75%, а извозните субвенции за 90%. ЕЕЗ прифатила да ги намали увозните давачки за 30%, но не прифатила никави измени на страната на извозните субвенции.

Неуспехот на ГАТТ се однесува на следново:

  1. ГАТТ не успеал да обезбеди либерализаци?а на резимот на надворешнотровската размена на зем?оделските производи. Изразениот протекционизам во ова производство бил присутен не само ка? неразвиените, туку уште пове?е ка? развиените зем?и.
  2. По?ава на царинска ескалаци?а. Во рамките на ГАТТ дошло до намалува?е на номиналните церински стапки на индустриските произоди од развиените зем?и, но намалува?ето на царинските стапки за примарните производи било уште поголемо. Како резултат на тоа, дошло до царинска ескалаци?а, односно се зголемила делотворната царинска заштита на индустриите во развиените зем?и и се влошил мегународниот ценовен однос за примарните производи со потекло од помалку развиените зем?и. Зголемените ефективни царински стапки за финалните индустриски производи ги дестимулирале зем?ите во разво?. Влошените услови на размена довеле до прелева?е на дел од нивната добивка во рацете на развиените економии.
  3. Од кра?от на 1970-тите, дошло до зголемена примена на режимот на контингенти во развиените зем?и. Ово? проблем бил забележан уште на Токиската рунда на преговори, но обидот за отстранува?е на нецаринските пречки во надворешнотрговскиот резим на развиените зем?и не ги дал очекуваните резултати.

СТО е долго одложениот наследник на очекуваната Интернационална Трговска Организаци?а, ко?а беше примарно наменета да го следи ГАТТ. Формира?ето на

Цели, функции и организаци?а [ уреди | уреди извор ]

Според СТО, мултилатералниот систем на слободна тргови?а ги овозможува следниве придобивки: [4]

  1. ово? систем го поттикнува мирот во светот
  2. овозможува конструктивно решава?е на споровите ме?у зем?ите
  3. правилата им нудат придобивки на сите страни
  4. слободната тргови?а ги намалува трошоците на животот
  5. системот обезбедува пове?е избор во однос на производите и нивниот квалитет
  6. тргови?ата овозможува пораст на доходот
  7. тргови?ата го поттикнува економскиот раст
  8. основните принципи ?а поттикнуваат ефикасноста
  9. владите се заштитени од лобира?е
  10. системот поттикнува добро управува?е

СТО има три основни функции: [5]

  • да ги администрира трговските спогодби
  • да служи како форум за трговските преговори
  • да служи како тело за решава?е на трговски спорови.

За разлика од многу други ме?ународни организации, СТО има голема мо? на спроведува?е на своите одлуки, преку Телото за решава?е на спорови , кое претставува ме?ународен трговски суд ко? има право да спроведува санкции врз државите кои не се придржуваат на правилата на СТО. Разрешува?ето на трговските спорови е важна функци?а на СТО. Кога неко?а членка смета дека другите членки не ги почитуваат правилата на СТО, таа поднесува жалба до СТО, ко?а назначува независна експертска група за да го испита спорот. На?често, СТО ги поттикнува зем?ите да ги решаваат споровите ме?у себе и низ консултации. Ако таквиот начин не успее, тогаш постои пропишана постапка за решава?е на споровите. Од 1995 година, СТО има посредувано во пове?е од 150 спорови. [5]

Седиштето на СТО се нао?а во Женева и во него работат пове?е од 500 вработени, кои се ангажирани во организаци?ата на бро?ните конференции и им даваат поддршка на разните комитети. На?високото тело на одлучува?е во СТО е Министерската конференци?а ко?а се свикува барем еднаш на секое две години. На пониско ниво е Генералниот совет, кого го сочинуваат професионални функционери, а ко? се состанува неколкупати годишно со цел да се разгледаат трговските политики и да се разрешат трговските спорови. Исто така, СТО има поткомитети, како што се Советот за стоки, Советот за интелектуална сопственост , а кои му поднесуваат извештаи на Генералниот совет. [5]

Членство [ уреди | уреди извор ]

Зем?ата ко?а сака да стане членка на СТО поднесува офици?ална при?ава ко?а подлежи на оценува?е. Разгледува?ето на при?авата може да трае околу пет години. На?првин се оценува во колкава мера надворешнотрговските закони и политики на зем?ата се усогласени со принципите на СТО, а потоа следува фазата во ко?а се разработуваат условите под кои зем?ата ?е влезе во СТО. За таа цел се спроведуваат преговори, на?често на билатерално ниво, ме?у зем?ата ко?а саката да се зачлени во СТО и поголемите зем?и-членки на СТО и во текот на тие преговори се расчистуваат евентуалните спорни праша?а. Како резултат на тие преговори, на?често на новата членка ? се дава привремен период во ко?а таа треба постепено да ги намали не?зините трговски и пазарни ограничува?а. Понекогаш, овие преговори може да бидат многу долги, како што е случа?от со приемот на Кина во СТО (во 2000 година), коаг преговорите траеле речиси 15 години. [6] Во моментот на започнува?ето со работа, во 1995 година, СТО имала 81 членка, а потоа, бро?от на членките посто?ано се зголемувал. [7]

Рундата од Доха и другите чекори за либерализаци?а на тргови?ата [ уреди | уреди извор ]

Покра? рундите на преговори водени во рамките на ГАТТ, по основа?ето на СТО, во 2001 година започнала т.н. Рунда од Доха ко?а сe уште не довела до некаква спогодба. Во ме?увреме, во рамките на СТО се водени преговори за намалува?е на трговските ограничува?а на зем?оделските прозиводи, производите од информациската технологи?а и финансиските услуги, како и во однос на т.н. ?дампинг“, употребата на субвенциите и контрамерките, електорнската тргови?а и заштитата на интелектуалните услуги. [4]

Мерките против дампингот [ уреди | уреди извор ]

Поимот ? дампинг “ ( Dumping ) се однесува на случа?от кога неко?а фирма ги извезува своите производи по пониски цени од оние кои ги напла?а на домашниот пазар. Членот 6 од спогодбата на СТО им дозволува на зем?ите-членки да преземат определени мерки кога ?е докажат дека дампингот предизвикува штетни последици за домашната економи?а. На?честата мерка против дампингот е наметнува?ето дополнителни увозни давачки со цел цените на странските производи да се усогласат со домашните цени. Притоа, СТО ги пропишува методите за утврдува?е на вли?анието на дампингот, износот на дополнителните увозни давачки и времетрае?ето на мерките против дампингот. [4]

Третманот на субвенциите [ уреди | уреди извор ]

СТО ги групира субвенциите во три групи: забранети ( prohibited ), субвенции против кои може да се преземат акции ( actionable ) и субвенции против кои не може да се делува ( nonactionable ). Некои субвенции се забранети затоа што се смета дека вли?аат штетно врз надворешната тргови?а. Ако, пак, неко?а членка на СТО докаже дека нечии субвенции се пристрасни (на?често, ако субвенци?ата изнесува над 5 % од вредноста на цената на производот), тогаш таа може да ?а оспори таквата субвенци?а пред телата на СТО. Притоа, ако се утврди дека субвенци?ата е забранета или против неа може да се делува, тогаш членките на СТО можат да наметнат давачки против таквите субвенции - т.н. ?противтежни давачки“ ( countervailing duties ). На?после, на зем?ите им е дозволено да применуваат субвенции против кои не може да се делува, како: неспецифични субвенции и специфични субвенции за истражува?е и разво? и за активности за развива?е на конкурентноста. Исто така, во некои посебни случаи, субвенциите се дозволени и за неразвиените зем?и и региони. [8]

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. Members and Observers Архивирано на 10 септември 2011 г. at WTO official website
  2. Phillip Inman (15 February 2021). ?Nigeria's Ngozi Okonjo-Iweala confirmed as WTO chief“ . The Guardian . Посетено на 15 February 2021 .
  3. ?WTO Secretariat budget for 2018“ . WTO official site. Архивирано од изворникот 9 May 2019 . Посетено на 26 January 2019 .
  4. 4,0 4,1 4,2 J. Ashok Robin, International Corporate Finance . New York: McGraw-Hill/Irwin, 2011, 351.
  5. 5,0 5,1 5,2 J. Ashok Robin, International Corporate Finance . New York: McGraw-Hill/Irwin, 2011, 354.
  6. J. Ashok Robin, International Corporate Finance . New York: McGraw-Hill/Irwin, 2011, стр. 351.
  7. Jeff Madura, International Financial Management (ninth edition). Thomson South-Western, 2008, стр. 44.
  8. J. Ashok Robin, International Corporate Finance . New York: McGraw-Hill/Irwin, 2011, 351-352.

Литература [ уреди | уреди извор ]

  • Игор ?анев , UN and the international financial and economic organizations, publ. Institute of Political Studies, Belgrade, 2004.

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]