Руска Импери?а

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
(Пренасочено од Царска Руси?а )
Руска Импери?а
Росс?йская Импер?я
Импери?а

1721 ? 1917
Знаме Грб
Гесло
Съ нами Богъ!
(Бог е со нас!)
Химна
? Боже, чува? го Царот!
Местоположба на Руси?а
Руската Импери?а во 1866 г. [1]
Главен град Санкт Петербург
(1721?28)
Москва
(1728?30)
Санкт Петербург (Петроград од 1914 г.)
(1730?1917)
?азици Државен : руски
Признаени регионални ?азици : фински , шведски , полски
Втор ?азик : француски
Вероисповед Државна црква: Руска православна црква
Малцински: ?удаизам , католицизам , протестантство , староверие , ислам , будизам
Уредува?е апсолутна монархи?а и
царизам
Император (Цар)
 -  1721?1725 Петар I (прв)
 -  1894?1917 Никола? II (последен)
Претседатели на Министерскиот совет
 -  1905-1906 Серге? Вите (прв)
 -  1917 Никола? Голицин (последен)
Законодавство Управен сенат
 -  Горен дом Државен совет
 -  Долен дом Државна дума
Истори?а
 -  Крунисува?е на Петар I 7 ма? 1682
 -  Прогласена за импери?а 22 октомври 1721 1721
 -  Декабристичка буна 26 декември 1825
 -  Укинува?е на крепосништвото 3 март 1861
 -  Револуци?а од 1905 ?ануари?декември 1905
 -  Основни закони 6 ма? 1906
 -  Февруарска револуци?а 15 март 1917 1917
 -  Октомвриска револуци?а 7 ноември 1917
Површина
 -  1916 21799825 км²
Население
 -  1916 181537800 
      Густина 8.3 жит/км²
Валута Руб?а
Денес во

Руска Импери?а (тогашен руски : Pоссiйская Имперiя ) ? држава ко?а постоела од 1721 , па с? додека не била прогласена за република во август 1917 .

Истори?а [ уреди | уреди извор ]

Руската Импери?а произлегла од мо?ната средновековна држава Москови?а (Московска Руси?а), владеена од наследниците на Иван IV како цареви . Иако импери?ата била офици?ално прогласена во 1721 г. од страна на цар Петар I , таа навистина се родила кога Петар станал цар во 1682 . Петар бил згаден од назадноста на неговата зем?а, и затоа, пред да го заземе престолот, то? патувал по Европа, работе??и разни работи и занима?а за да стекне искуство, како би можел да ?а осовремени Москови?а. По во?ната на Балтикот во раните 1700-ти, Петар се зацврстил на кра?бреж?ето, и го основал градот ко? ?е биде престолнина на државата во следните 200 години, Санкт Петербург . До кра?от на XIX век импери?ата зафа?ала површина од 22,400,000 км 2 (речиси 1/6 од копнената површина на светот); во тоа време не?зиниот единствен соперник била Британската Импери?а . Ме?утоа во тоа време, на?големиот дел од населението живеело во европска Руси?а. Во Руската Импери?а живееле пове?е од 100 различни етнички групи , со тоа што русите биле мнозинство, со околу 45% од населението.

Во 1914, Руската Импери?а се состоела од 81 губернии и 20 области . Вазали и протекторати на Руската Импери?а биле Бухарскиот емират , Хивскиот ханат и, по 1914, Тува (Ури?анхаи).

Покра? денешна Руси?а , пред 1917 во Руската Импери?а влегувала речиси цела денешна Украина , ( Д?епарска Украина и Крим ), Белоруси?а , Молдави?а ( Бесараби?а ), Финска ( Велево?водство Финска ), Ермени?а , Азербе??ан , Грузи?а , Казахстан , Киргистан , Та?икистан , Туркменистан и Узбекистан ( Руски Туркестан ), речиси цела Литвани?а , Естони?а и Латви?а ( Балтички губернорат ), како и во голем дел Полска ( Полско царство ) и турските провинции Ардахан , Артвин , Игдир и Карс . Поме?у 1742 и 1867 Руската Импери?а ?а зазела Ал?аска како сво?а колони?а.

Руската Импери?а била наследна апсолутна монархи?а на чие чело стоел автократскиот император ( царот ) од династи?ата Романови . Руското православие била офици?ална државна религи?а ко?а била контролирана од царот преку Светиот Синод . Поданиците на Руската Импери?а биле поделени цо сослов?а , или општествени класи како благородништво ( двор?анство ), свештенство , трговци , козаци и селани . Сибирските и централноазиските народи биле офици?ално регисрирани како инородци (несловени, буквално: ?лу?е со друго потекло“).

По падот на монархи?ата по Февруарската револуци?а во 1917 год, Руси?а била прогласена за република од страна на Привремената влада .

Ово? период, заедно со неговите преклопи со следните периоди, е покриен во следниве статии.

Владетел [ уреди | уреди извор ]

Петар Велики ?а променил сво?ата титула од Цар во 1721, кога бил прогласен за Серуски Император. Додека следните владетели ?а задржиле оваа титула, владетелот на руси?а останал да се нарекува Цар или Царица с? до падот на импери?ата во Февруарската револуци?а во 1917 год.

Надворешни територии [ уреди | уреди извор ]

Вон самата ?поширока Руси?а“, импери?ата се состоела и од уставните монархии во персонална уни?а :

Балтичкиот губернорат исто така се сметал за засебен од самата ?поширока Руси?а“, заради воглавно автономното балтичко германско благородништво кое ?а задржило контролата врз правниот систем, Лутеранската црква, локалните и градските управи, како и образованието кое се одвивало на германски ?азик с? до доцниот XIX век, и делумно до 1918.

Импери?ата исто така контролирала и голема прекуморска територи?а во Северна Америка:

Покра? тоа, понекогаш импери?ата контролирала и концесиони територии, од кои знача?ни биле пристанишниот град Квантунг и Кинеската источна железничка зона , од кои двете биле предадени на царска Кина, како и концеси?а во Т?ан?ин .

Поврзано [ уреди | уреди извор ]

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. По 1866 г. Ал?аска е продадена на САД, ?ужен Сахалин потпа?а под ?апони?а, но припоени се Батум, Карс, Памир и Задкасписката област (Туркменистан).
  2. Источниот дел на провинаци?ата Бадахшан
  • Library of Congress Country Studies: Russia
  • Hingley, Ronald. The Tsars, 1533-1917 . Macmillan, 1968.
  • Warnes, David. Chronicle of the Russian Tsars: The Reign-by-Reign Record of the Rulers of Imperial Russia . Thames & Hudson, 1999.

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]