Гибралтар

Координати : 36°29′39″N 5°07′18″W  /  36.4943° СГШ; 5.1218° ЗГД  / 36.4943; -5.1218
Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а

36°29′39″N 5°07′18″W  /  36.4943° СГШ; 5.1218° ЗГД  / 36.4943; -5.1218

Гибралтар
Знаме Грб
Гесло Nulli Expugnabilis Hosti    ( лат. )
?Ниеден непри?ател нема да нe истера.“ 1
Химна ? Химна на Гибралтар
Кралска химна ? Боже, чува? го Кралот
Местоположба на Гибралтар
Главен град Гибралтар
36°8′N 5°21′W  /  36.133° СГШ; 5.350° ЗГД  / 36.133; -5.350
На?голем На?населен округ
Вестса?д
Службен ?азик англиски
Неофици?ални ?азици
Локален
шпански
?анто
Народности   Гибралтарци (од ?еновско , малтешко , португалско и андалусиско потекло), други Британци , Мароканци и Инди?ци
Демоним Гибралтарци
Уредува?е Британска прекуморска територи?а
 ?  Шеф на државата НВ Кралот Чарлс III
 ?  Гувернер Сер Адри?ан ?онс
 ?  Главен министер Питер Каруана
Настан Датум 
 ?  Заземен 4 август 1704 [1]  
 ?  Отстапен 11 April 1713 [2] ( Treaty of Utrecht
 ?  Државен ден 10 септември 
 ?  Ден на уставот 29 ?ануари 
пристапила во ЕУ 1 ?ануари 1973 2
Површина
 ?  Вкупна 6,8 км 2  ( 229 та )
 ?  Вода (%) 0%
Население
 ?  проценка за ?ан 2008 г. 29,286 (проц. 2008) ( 209 та )
 ?  Густина 4,290 жит/км 2  ( 3 та )
БДП  ( ПКМ ) проценка за 2010 г.
 ?  Вкупен £914 милиони 
 ?  По жител £27,468 ( н/п )
ИЧР (2008) 0.961 [3]
многу висок   · 20-ти
Валута Гибралтарска фунта 3 ( GIP )
Часовен по?ас CET ( UTC +1)
 ?  ( ЛСВ ) CEST  ( UTC +2)
Датумски формат дд/мм/гггг
Се вози на десно 4
НДД .gi 5
Повик. бр. 350 6
Светец заштитник Бернард од Клерво и Богородица Европска
1. Gibraltar.gov.gi
2. како специ?ална територи?а на Обединетото Кралство .
3. Монетите и банкнотите ги издава Владата на Гибралтар.
4. За разлика од сите други зависни територии на Обединетото Кралство, освен БИОТ .
5. Се користи и доменот .eu , како заеднички за сите членки на Европската Уни?а .
6. Пред 10 февруари 2007, 9567 од Шпани?а.

Гибралтар ( англиски : Gibraltar ) ? британска прекуморска територи?а сместена на на??ужната точка од Пирине?скиот Полуостров , на Гибралтарскиот Проток . Територи?ата се граничи на север со Шпани?а , а останатите делови се опколени со Средоземното Море и Атлантикот . Гибралтар историски бил многу важна стратешка точка поради што бил предмет на напади и осво?ува?а, а од 1713 со Договорот од Утрехт е под контрола на Велика Британи?а .

Името на Гибралтар потекнува од Арапското име Гиб ел Тарик што значи ?Карпата од Тарик“, [4] и се однесува на берберскиот во?сководец Тарик Ибн-Зи?ад, ко? го предводел нападот на Ума?адскиот калифат на Ибери?а во 711 година.

Статусот на Гибралтар е предмет на спор поме?у Велика Британи?а и Шпани?а. Шпани?а бара вра?а?е на суверенитетот или поделен суверенитет со Британи?а, но пове?ето Гибралтарци се противат на ова. [5] [6]

Истори?а [ уреди | уреди извор ]

Местоположба на Гибралтар во Шпани?а.

Гибралтар бил населен уште од Неандерталскиот човек . Првиот историски народ за ко? се знае дека таму се населил биле Феники?ците околу 950 п.н.е., а подоцна Картагинците и Рим?аните . Во античко време, карпите на двете страни од Гибралтарскиот проток се нарекувале Столбови на Херкул , биде??и, според легендата, Херкул го создал теснецот пресекува??и ?а планината Атлас со еден удар со сво?от топуз , и така ги споил Средозем?ето и Атлантикот . После падот на Римското Царство, Гибралтар за кратко бил под контрола на Вандалите , а потоа на Визиготите до 30 април 711 г., кога потпаднал под власт на Ума?адскиот калифат. Генералот Тарик Ибн-Зи?ад, предводел во?ска претежно составена од Бербери со ко?а го преминал протокот од африканската кон европската страна и го освоил Гибралтар.

Првите тврдини и тра?на населба била изградена од султанот Абд ал-Мумин. Остатоците од тие тврдини се видливи и денес. Гибралтар подоцна станал дел од Кралството Гранада до 1309 година, кога кратко бил окупиран од касти?ските во?ски. Во 1333, бил освоен од Маринидите (една берберска династи?а) кои ?а окупирале муслиманска Шпани?а. Маринидите го препуштиле Гибралтар на Кралството Гранада во 1374. Конечно, во 1462 година Гибралтар бил освоен од Во?водата од Медина Сидони?а, со што завршиле 750-те години на Арапско-Берберска доминаци?а.

Гибралтарскиот Проток од вселената (НАСА)
(лево е Шпани?а)

Во почетокот на владее?ето на Медина Сидони?а, Гибралтар добил суверенитет како живеалиште на популаци?а на протераните Сефардички Евреи . Евреите се населиле таму од Кордоба и Севи?а и формирале населба и гарнизон за да го бранат полуостровот. Но, ова траело само 3 години, до 1476, кога во?водата од Медина Сидони?а се приклонил кон политиката на шпанската круна и ги протерал Евреите назад во Кордоба. Во 1501 Гибралтар преминал во рацете на шпанската круна и го добил сво?от грб.

Битката за Гибралтар од 25 април 1607.

На 25 април 1607 се случила поморската битка ка? Гибралтар во рамки на Осумдесетгодишната во?на , кога холандската флота ?а изненадила и нападнала шпанската флота ко?а била усидрена во заливот Гибралтар. За време на четиричасовниот напад, целата шпанска флота била уништена.

За време на Во?ната за наследството на Шпани?а , британските и холандските трупи, кои го поддржувале австрискиот претендент за престолонаследник Архи-во?водата Карл, формирале здружена флота и напа?але разни точки од ?ужното шпанско кра?бреж?е. На 4 август 1704, по 6 часа бомбардира?е кое започнало утрината во 5 часот, здружената флота предводена од адмирал Сер ?ор? Рук го освоила Гибралтар, по што поголемиот дел од населението мирно го напуштило градот [7] . Француско-шпанските трупи не успеале да го повратат градот, и британскиот суверенитет врз Гибралтар дополнително бил потврден со мировниот Договор од Утрехт во 1713.

Од 1713 до денес Гибралтар е предмет на спор поме?у Шпани?а и Велика Британи?а. Во пове?е наврати Шпанците неуспешно се обидувале да го повратат Гибралтар, а во ме?увреме, Британците зазеле и утврдиле еден територи?ален по?ас северно од градот и го прогласиле за неутрална заштитна зона, ко?а е предмет на дополнителен спор. За време на Американската револуционерна во?на , Шпанците, кои биле на страната на Американците и против Британците, го опсадиле Гибралтар од море и го држеле под опсада пове?е од три години (1779-1783), но не успеале да го осво?ат. Британците конечно ?а разбиле опсадата на Шпанците и Французите, ги уништиле нивните бродови и ги принудиле на мировен договор. [8]

Гибралтар станал важна база на Британската кралска морнарица, а неговата важност дополнително пораснала со затвора?ето на Суецкиот Канал , кога поморските трговски патишта од западна Европа кон Ази?а и Австрали?а се пренасочиле низ Средозем?ето и преку Гибралтарскиот Проток.

Во текот на Втората светска во?на населението на Гибралтар било целосно евакуирано и полуостровот бил претворен во тврдина. Бил изграден и воен аеродром. Артилери?ата од Гибралтар го контролирала влезот во Средозем?ето, и Германците не успеале да го осво?ат во текот на целата во?на.

Во 1950-тите, Шпани?а под водство на Франциско Франко ги обновила бара?ата за суверенитет над Гибралтар, и цели триесет години потоа го ограничувала движе?ето поме?у Гибралтар и Шпани?а. На 10 септември 1967 бил распишан референдум во Гибралтар за преминува?е под власт на Шпани?а или за останува?е под власт на Британи?а со одредени институции на самоуправа. Само 44 од 12.182 гласачи се из?асниле за приклучува?е кон Шпани?а. Како мерка на притисок, Шпани?а пове?епати ?а затворала границата кон Гибралтар.

Границата со Шпани?а била повторно делумно отворена во 1982, и целосно отворена во 1985, пред пристапува?ето на Шпани?а кон Европската Заедница . Иако уште од 1980-тите се воделе многу разговори за презема?е на суверенитетот од Шпани?а, во 2002 се одржал уште еден референдум на ко? 98,97% од населението се из?асниле против.

Во 2006-та претставници на Велика Британи?а, Гибралтар и Шпани?а воделе преговори во Кордоба - Шпани?а, на кои договориле укинува?е на низа ограничува?а кон Гибралтар претходно воспоставени од страна на Шпани?а. [9] Со ово? договор се уредил протокот на сообра?а?, користе?ето на аеродромот, употребата на ме?ународен повикувачки телефонски код, пензиите на шпански работници во Гибралтар, и др.

Географи?а и клима [ уреди | уреди извор ]

Карпата Гибралтар, западната страна ка?што се нао?а градот, 2006.
Сателитска снимка на Заливот Гибралтар ( НАСА ).

Територи?ата на Гибралтар зафа?а 6,8км². Поради недостигот на простор, околу една десеттина од територи?ата е добиена со насипува?е во морето. Граничната лини?а со Шпани?а е долга 1,2км. Бреговата лини?а е долга 12км, од кои на западната страна (кон Атлантикот) живеее поголемиот дел од населението. Гибралтар нема природни ресурси. Водата за пие?е порано се обезбедувала од длабоки подземни бунари и камени цистерни, а денес со преработка на морската вода.

Гибралтарски макаки ма?мун

Составот на карпите е варовник, со на?голема висина од 426м. Повисоките делови се прогласени за природен резерват на ко? живеат макаки ма?муни - единствената дива популаци?а на ма?муни во Европа.

Климата е средоземна, со благи зими и жешки лета. Главно дуваат два ветри: источен (?Леванте“) ко? доа?а од Сахара и носи топол и влажен воздух, и западен (?Пониенте“) ко? носи свеж воздух и постудено море.

Население и ?азик [ уреди | уреди извор ]

Бро?от на жители на Гибралтар бил 27.967 во ?ули 2007. [10] Гибралтар е една од на?густо населените територии - 4.303 жители на км².

Гибралтарците се расна и културна мешавина од многу европски имигранти кои тука се населиле во текот на 300 години. Тие се потомци на економските доселеници кои се населиле на местото на шпанците, кои пак го напуштиле по осво?ува?ето од Британи?а во 1704. Ве?е во 1753, мнозинството од населението го сочинувале ?еновези, Малтези, Португалци, Каталонци, а подоцна и Сардини?ци, Сицили?анци, Итали?анци, Французи, Германци и Британци.

Главна религи?а е римокатоличкото христи?анство, а помалку застапени се и англиканците и методистите.

Службен ?азик е англискиот, но се говори и шпански, вари?анта на андалусиски ди?алект во комбинаци?а со многу примеси, ко? го нарекуваат ??анито“. Гибралтарците и себеси се нарекуваат ??анитоси“.

Образовниот систем е преземен од англискиот.

Политичко уредува?е [ уреди | уреди извор ]

Карта на Гибралтар

Како прекуморска територи?а на Велика Британи?а, Гибралтар е управуван од Кралот Елизабета II , ко?а е претставена од Гувернер. Велика Британи?а ?а задржува обврската за одбраната, ме?ународните односи, внатрешната безбедност и финансиската стабилност. Гувернерот офици?ално го назначува Главниот министер и владините министри по општи избори. Еднодомниот парламент се состои од 17 избрани пратеници. Гибралтар е дел од Европската Уни?а , со исклучок на царинската уни?а и заедничката политика во зем?оделството.

Сите политички партии се против обединува?ето со Шпани?а. Некои од нив го поддржуваат самоопределува?ето на Гибралтар.

Стопанство [ уреди | уреди извор ]

Британската во?ска порано доминирала како економски фактор во Гибралтар, со големи воени пристаништа кои ?а претставувале главната економска активност. Денес, само 7% од економската активност отпа?аат на воената економи?а, а главни де?ности се финансиските услуги и туризмот. Голем бро? Британски и ме?ународни банки имаат отворено операции во Гибралтар. Голем бро? на кладилници и играчници на сре?а се исто така сместени тука поради поволниот даночен режим. Но, ово? поволен даночен режим за нерезидентите би требало да се укине до 2010. [11]

Туризомот е исто така знача?на индустри?а. Гибралтар е популарна станица на крстосува?ата низ Средозем?ето и Шпани?а. Популарноста се должи и на бесцаринските и безданочните цени на сите производи и услуги што може да се купат на Гибралтар.

Главни извозни пазари се Велика Британи?а 30,8%, Шпани?а 22,7%, Германи?а 13,7% итн. [12]

Паричната единица е Гибралтарската фунта (ИСО код: GIP). Покра? тоа, рамноправно може да се користи и Британската фунта.

Според растот на економи?ата и БДП Гибралтар е една од на?напредните зем?и во светот.

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. Гибралтар е заземен на 24 ?ули 1704 (стар стил) и 4 август 1704 (нов стил)
  2. The treaty was signed on 31 March 1713, Old Style , and 11 April 1713, New Style - Peace and Friendship Treaty of Utrecht between France and Great Britain
  3. Filling Gaps in the Human Development Index Архивирано на 5 октомври 2011 г. , United Nations ESCAP, февруари 2009
  4. ?Истори?а на Гибралтар (англ.)“ . Government of Gibraltar. Архивирано од изворникот на 2008-01-03 . Посетено на 2007-12-20 .
  5. ?Региони и територии (англ.)“ . British Broadcasting Corporation. 2007-7-18 . Посетено на 2007-12-20 . Проверете ги датумските вредности во: |date= ( help )
  6. Mark Oliver; Sally Bolton, Jon Dennis, Matthew Tempest (4 август 2004). ?Гибралтар (англ.)“ . Guardian Unlimited . Посетено на 2007-12-20 . CS1-одржува?е: пове?е ими?а: список на автори ( link )
  7. ?Услови на предава?ето на Гибралтар (англ.)“ . Gibnet . Посетено на 2007-12-20 .
  8. "Gibraltar." Microsoft Encarta 2006 [DVD]. Microsoft Corporation , 2005.
  9. ?Коминике од министерскиот состанок за ди?алог за Гибралтар (англ.)“ . Gibnet. 18 септември 2006 . Посетено на 2007-12-20 .
  10. ?Гибралтар - Население и демографи?а (англ.)“ . intute:science, engineering & technology . Посетено на 2007-08-04 .
  11. ?Директно корпоративно даноче?е (англ.)“ . LawAndTax-News.com. June 2007. Архивирано од изворникот на 2008-01-21 . Посетено на 2007-12-20 .
  12. ?Од Фактите на ЦИА - Гибралтар (англ.)“ . The World Factbook . Архивирано од изворникот на 2020-04-23 . Посетено на 2007-12-20 .