Азавад

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Независна држава Азавад
?????    (тифинашки)
??????    ( арапски )
Azaw?d    ( француски )
непризната држава

2012 ? 2013


Знаме

Местоположба на {{{common_name}}}
Азавад во зелена бо?а во рамките на Мали во темна сива бо?а.
Главен град Тимбукту [1]
Уредува?е преодна влада
Водач на НДОА
 -  2012 ? 2013 Билал аг Чериф
Истори?а
 -  Основана 2012
 -  Независност од Мали 6 април 2012 [2] [3]
 -  Замрела 26 ? 28 ?уни 2013
Повик. бр. +223

Азавад ( арапски : ?????? , тифинашки : ????? [4] , француски : Etat independant de l’Azawad ) е област во североисточниот дел на Мали . На 6 април 2012 година, Националното движе?е за ослободува?е на Азавад еднострано прогласило независност од Мали. Досега, ниту една зем?а членка на ООН ?а нема признаено независноста на Азавад. [2]

Потекло на поимот [ уреди | уреди извор ]

Според Роберт Браун, ?Азавад“ е арапски погрешен изговор на берберскиот збор ?Azawagh“, ко? е речен басен во западен Нигер, североисточно Мали и ?ужен Алжир. [5] Зборот значи ?савана“. [6]

Истори?а [ уреди | уреди извор ]

Во раниот 14 век, Азавад бил дел од Импери?ата Мали. Во 1324 година, кралот Муса Први кон оваа територи?а, со мирна анекси?а, го додал регионот Тимбукту. Во 15 век, над оваа територи?а, на?голема доминаци?а имале племето Туарег . Во доцниот 15 век, Азавад станува дел од Импери?ата Сонга?. Периодот на владее?ето на Аскиа Мохамед Први (1493?1528) се нарекува златна ера на Импери?ата. Во то? период, регионот Тимбукту, со главен град Гао, уживал широка автономи?а. Тргови?ата со злато и робови во замена за сол од Тегаза (град во северен Мали) биле особено развиени.

Во 1591 година во битка северно од Гао, ?удар-паша го осво?ува регионот и го припо?ува кон мароканската импери?а на Ахмед Први ал-Мансур од династи?ата Саади. Следи период на економски и интелектуален пад, а разво? на тргови?ата со робови.

Во 1737 година Туарег-племи?ата ?а преземаат контролата врз територи?ата и градот Гао. Ме?у 1826 и 1865, регионот Тимбукту па?а под власт на Импери?ата Масина (?угозападна Африка), по што влегува во рамки на Тукулерската импери?а предводена од Ел Ха?и Умар Тал.

Француска власт [ уреди | уреди извор ]

По Берлинската конференци?а од 1884 година, територи?ата ме?у 14тиот мериди?ан и Милту (во Чад, вклучително и Азавад) станува француска територи?а. Во 1893, Азавад станува дел од Француски Судан (денешен Мали), колони?а на Франци?а. Во 1899 година, територи?ата на Азавад е поделена од страна на француските власти ме?у колониите Горен Сенегал (Сенегамби?а) и Среден Нигер.

Република Мали [ уреди | уреди извор ]

Туарези, Тимбукту, ?ануари 2012.

По добива?ето независност од Франци?а во 1960 година, Азавад станува дел од Република Мали. До 2012 година, регионот претрпува четири вооружени бунта: Првиот туарешки бунт (1962-64), бунтот од 1990-1995 година, бунтот од 2007-2009 година и Бунтот на Националното движе?е за ослободува?е на Азавад (2012).

Во првите години на 21 век, регионот станува средиште на тргови?ата со дрога и криминалните групи во ово? дел на Африка. Според некои истражува?а, Азавад е богат со некои природни ресурси, како сурова нафта и ураниум.

На 17 ?ануари 2012 година, Националното движе?е за ослободува?е на Азавад об?ави почеток на бунтот против владата на Мали. Според Движе?ето, ?бунтот ?е продолжи сe додека владата во Бамако не го признае Азавад како посебен ентитет“.

На 22 март 2012 година, Претседателот на Мали Амаду Тумани Туре беше симнат од власт со државен удар организиран од во?ската, еден месец пред закажаните претседателски избори.

Прогласува?е на независност [ уреди | уреди извор ]

Територи?а на ко?а НДОА прогласи независност на Азавад од Мали.

На 6 април 2012 година, Националното движе?е за ослободува?е на Азавад го прогласи Азавад за независна држава втемелена на демократи?а, ко?а целосно ?е ги почитува принципите на ООН. Во интерв?у за францускиот канал France 24 на 6 април 2012 година, гласноговорникот на НДОА (Моса аг Атаер) из?ави: ?Мали е во состо?ба на анархи?а. Затоа национално-ослободителното движе?е формира арми?а ко?а е способна да обезбеди сигурност и извршна власт способна да формира демократски институции. Од денес, об?авуваме независност на Азавад.“ То? истакна дека новата држава ?е ги почитува границите на своите соседи и повика на ме?ународно признава?е.

Административна поделба [ уреди | уреди извор ]

Азавад ги опфа?а малиските региони Гао , Тимбукту , Кидал и североисточниот дел на Мопти . Така, во Азавад се нао?аат градовите Томбукту, Гао и Кидал. Според некои извори, Азавад ги опфа?а и северните делови на Нигер и ?ужните делови на Алжир . [7]

Демографи?а [ уреди | уреди извор ]

Густината на населението во Азавад е 1.5 жители на километар квадратен. [8] Населението по региони е според пописот во Мали од 2009 година. [9]

регион површина (км 2 ) население
Гао 170,572 544,120
Кидал 151,430 67,638
Томбукту 497,926 681,691

Етнички групи [ уреди | уреди извор ]

Областа традиционално е населена од Туарези , Мори , Сонга?ци и Фулани . Сонга?ците, Фуланите и Морите сочинувале 95% од населението, според податоците од 1950. [10] Исто така има и Бамбари кои се населиле по 1960 година.

?азици [ уреди | уреди извор ]

На?зборувани ?азици во Азавад се туарешки ?азик , арапски ?азик , фулански ?азик и сонга?ски ?азик . Бамбарскиот ?азик се зборува во поголемите градови.

Религи?а [ уреди | уреди извор ]

Пове?ето од населението се Муслимани .

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. http://www.biyokulule.com/view_content.php?articleid=4503
  2. 2,0 2,1 ?Tuareg rebels declare the independence of Azawad, north of Mali“ . Al Arabiya. 6 April 2012 . Посетено на 6 April 2012 .
  3. ?Declaration d'independence de l'Azawad“ . mnlamov.net. 6 April 2012. Архивирано од изворникот на 2012-10-18 . Посетено на 5 April 2012 .
  4. ?Mouvement National de Liberation de l'Azawad“ . Mouvement National de Liberation de l'Azawad . Mouvement National de Liberation de l'Azawad . Посетено на 10 January 2018 .
  5. Robert Brown (1896). ?Annotations to The history and description of Africa, by Leo Africanus“ . The Hakulyt Society . Посетено на 3 April 2012 .
  6. Ritter, Hans (2009), Worterbuch zur Sprache und Kultur der Twareg , Harassowitz Verlag, стр. 227
  7. ?Who are the Tuareg?“ . Al Jazeera. 14 July 2008 . Посетено на 3 April 2012 .
  8. Mali - Population , Encyclopedia of the Nations, retrieved 2 April 2012
  9. Resultats Provisoires RGPH 2009 (PDF) (француски), Republique de Mali: Institut National de la Statistique, Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-22 , Посетено на 2012-04-06 .
  10. http://commons.wikimedia.org/wiki/File:Statistiques.JPG

Поврзано [ уреди | уреди извор ]