Ахмед Мухтар-паша

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Гази Ахмед Мухтар-паша
Роден 1 ноември 1839
Знаме на Отоманското Царство Бурса , Отоманско Царство , денес Турци?а
Починал 21 ?ануари 1919
Знаме на Отоманското Царство Истанбул , Отоманско Царство

Гази Ахмед Мухтар-паша ( турски : Ahmet Muhtar Pa?a ; 1 ноември 1839 ? 21 ?ануари 1919 ) ? отомански голем везир и генерал .

Роден е во Бурса во Турци?а , а се школувал во воената школа во Цариград . Во краток период бил професор а потоа станал и директор на училиштето.

Во 1856 служел како а?утант во Кримската Во?на , во 1862 како офицер за време на Црногорската кампа?а, а од 1870 до 1871 учествувал во задушува?ето на востанието во ?емен . Во 1873 станал команант во Вториот Армиски Корпус и ги добива титулите ? паша “ и ?Маршал“. За време на востанието во Босна и Херцеговина во 1875 то? ?а презел контролата врз тамошните турски сили; а во 1877 во Руско-турската во?на е пратен во провинци?ата Ерзурум . И покра? поразите на Османлиското Царство , победите на Мухтар на источниот фронт му ?а донеле титулата ?Гази“ (?Победникот“).

Во 1879 г. бил назначен за команант на турската гранична во?ска на грницата со Грци?а , а потоа во 1885 пратен во Египет како висок турски службеник. Неговото последно унапредува?е било унапрдува?ето во Голем Везир во ?ули 1912 , но то? се откажал од истата на 29 октомври 1912 поради избувнува?ето на Првата балканска во?на во ко?а под негово раководство Османлиското Царство претрпела големи порази.

Починал во Истанбул во 1919 . Неговиот син Махмуд Мухтар-паша исто така бил старешина во Отоманската Морнарица .

Поврзано [ уреди | уреди извор ]

Претходник
?учук Мехмед Саид-паша
Голем везир
1912
Наследник
Кибрисли Мехмед ?амил-паша