Александар Поуп

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Александар Поуп
Александар Поуп (c. 1727),
Роден/а 21 ма? 1688 ( 1688-05-21 )
Лондон
Починат/а 30 ма? 1744 (1744-05-30) (возр. 56)
Лондон
Почивалиште Црква Света МАри?а
Занима?е поет
Потпис
Портрет од Александар Поуп (1716) [1]
Портрет од Поуп [2]

Александар Поуп (роден на 21 ма? 1688 во Лондон ? починал на 30 ма? 1744 во Лондон ) ? англиски поет од XVIII век , на?познат по неговите сатирични стихови и преводот на Хомер . То? е третиот по ред на?цитиран писател во Речникот на цитати на Оксфорд по Вили?ам Шекспир и Алфред Тенисон . [3] Поуп е познат и по неговата употреба на херо?скиот куплет.

Живот [ уреди | уреди извор ]

Поуп бил син на Едит Поуп (1643 ? 1733) и Александар Поуп Постариот (1646 ? 1717), ко? бил трговец со лен од Плоу Корт на улицата Ломбард во Лондон , и два?цата биле римокатолици. [4] . Врз образованието на Поуп вли?аел тогашниот Кривичен закон, ко? го бранел статусот на тогаш воспоставената Црква на Англи?а , а не им дозволувал на католиците да бидат учители, да одат на универзитет , да имаат право на глас или да бидат носители на ?авна функци?a. Неговата тетка го учела да чита [4] . Потоа во 1698?1699 заминал во училиштето Твифорд. Потоа отишол во две католички училишта во Лондон . [4] Such schools, while illegal, were tolerated in some areas. [5] . Ваквите училишта, иако илегални, во некои региони биле толерирани.

Во 1700 година, неговата фамили?а се преселила на мал имот ка? Поупсвуд во Бинфилд , Беркшир во близина на кралската шума Виндсор [4] . Ова се должело на силниот антикатолицизам и статутот ко? не им дозволувал на католиците да живеат поблиску од 10 мил?и (16 км) до Лондон или Вестминстер [6] . Подоцна Поуп ?а опишал селската околина во сво?ата поема ? Шумата Виндсор [7] . Тогаш завршило формалното образование на Поуп и од тогаш па натаму то? самиот се образовал со чита?е на класичните писатели како сатиристите Хораци? и ?увенал , епските поети Хомер и Вергили? , и англиските автори како ?ефри Чосер , Вили?ам Шекспир и ?он Дра?ден [4] . Исто така, учел многу ?азици и читал дела од англиски , француски , итали?ански , латински и грчки поети. По пет години уче?е Поуп дошол до контакт со личности од Лондонското литературно друштво како Вили?ам Вишерли , Вили?ам Конгрив , Сем?уел Гарт , Вили?ам Трамбул и Вили?ам Волш [4] [5] .

Во Бинфилд создал при?ателства со многу важни личности. Едниот од нив, ?он Керил (идниот почитувач на ? Грабнува?е на праменот “) бил дваесет години повозрасен од Поуп и имал пове?е познаници во лондонскиот литературен свет. То? им го претставил младиот Поуп на ве?е постариот драматург Вили?ам Вишерли и на Вили?ам Волш, не толку голем поет, ко? му помогнал на Поуп да го ревидира своето прво големо дело ? Пастири “. Таму ги сретнал и сестрите Блаунт, Тереза и (наводно неговата идна ?убовница) Марта, кои му станале доживотни при?атели. [5]

Од сво?ата дванаесетта година то? страдал од бро?ни здравствени проблеми како болеста пот (вид на туберкулоза ко?а ги напа?а коските), ко?а му го деформирала телото и му го стопирала растот, остава??и го со тешка грпка. Неговата инфекци?а од туберкулоза создала и други здравствени проблеми, вклучува??и проблеми со дише?ето, висока температура, воспаление на очите и стомачни болки [4] . Никогаш не бил повисок од 1.37 метри. Поуп ве?е бил отстранет од општеството биде??и бил католик и неговото слабо здрав?е уште толку го оту?ило. Иако никогаш не се оженил, то? имал многу при?ателки на кои им пишувал духовити писма. Но, наводно имал една ?убовница, неговата доживотна при?ателка Марта Блаунт . [5] [8] [9] [10] .

Рана кариера [ уреди | уреди извор ]

Во ма? 1709 година неговото дело ? Пастири “ било издадено во шестиот дел на Тонсоновите Poetical Miscellanies . Ова придонело за брза слава на Поуп. Следувал и ? Есе? за критиката “, об?авен во ма? 1711 година, ко? бил подеднакво добро прифатен.

Околу 1711 година Поуп се спри?ателил со тори?анските писателите ?он Ге? , ?онатан Свифт , Томас Парнел и ?он Арбуртнот , кои заедно го формирале сатиричниот клуб Скриблерус . Целта на ово? клуб била да ги сатиризира неучтивоста и педантери?ата во форма на фикцискиот учен Мартинус Скриблерус . То? исто така создал при?ателство со виговите писатели ?озеф Едисон и Ричард Стил . Во март 1713, поемата ? Шумата Виндзор “ била об?авена и имала голем успех [5] .

Следна позната поема на Поуп била ? Грабнува?ето на праменот “ прво об?авена во 1712 , а потоа ревидирана верзи?а во 1714 . Оваа поема понекогаш се смета за на?важна биде??и била сатиричен и херо?ски еп напишан за да ?а исме?ува кавгата од високото општество поме?у Арабела Фермор (во поемата Белинда) и Лорд Петр, ко? пресекол прамен од не?зината коса без таа да му дозволи. Во сво?ата поема то? ги третира своите ликови во епски стил. Кога баронот ?а краде не?зината коса и таа пробува да си ?а врати назад, праменот полетува и се претвора во ?везда [5] .

За врема на при?ателството со ?озеф Едисон , Поуп сорабатува со него на наговата драма Като , а пишува и за списани?ата Гарди?ан и Спекте?тор . Околу ова време Поуп почнал да ?а преведува Или?ада , што било макотрпна работа. Об?авува?ето започнало во 1715 година и не завршило сe до 1720 [11] .

Во 1714 година со смртта на кралицата Ана и спорот поме?у Хановерците и ?акобитите, политичката ситуаци?а се влошила воде??и до обид за ?акобитската побуна во 1715 г. Иако можеби се очекувало од Поуп како католик да ги поддржи ?акобитите, поради неговите религиски и политички афинитети, според Ме?нард Мек ? на ко?а страна беше Поуп во врска со овие збиднува?а можеби никогаш нема да се раз?асни “. Овие настани довеле кон пресврт во сре?ата на Тори?ците, а при?ателот на Поуп, Хенри Сент ?он Први Висконт на Болингброк, побегнал во Франци?а .

Творештво [ уреди | уреди извор ]

Есе? за критиката [ уреди | уреди извор ]

Мавсон Армс

? Есе? за критиката “ прво бил издаден анонимно на 15 ма? 1711 г. Поуп започнал да ?а пишува поемата во почетокот на сво?ата кариера и му биле потребни три години да ?а заврши.

Во времето кога е об?авена поемата, стилот херо?ски заплет (на ко? била напишана) бил умерено нов жанр на поези?а, и на?амбициозно дело на Поуп. ? Есе? за критиката “ бил проба за идентификува?е и насочува?е на неговите сопствени ставови како поет и критичар. За поемата се велело дека е одговор на тековна дебата за праша?ето дали поези?ата треба да биде природна или пишувана според предвидените измислени правила наследени од класичното минато [12] .

Поемата започнува со дискуси?а за стандардните правила кои ?а управуваат поези?ата според кои критичарот пренесува мисле?е. Поуп коментира за класичните автори кои се занимавале со такви стандарди и авторитетот за ко? то? смета дека треба да им се припише ним. То? заклучува дека правилата од антиката се идентични со правилата на природата и спа?аат во категори?ата на поези?а и сликарство кои исто како религи?ата и моралот ги одразуваат природните закони.

Поемата е намерно напишано не?асна и е исполнета со противречности. Поуп признава дека правилата се неопходни за творе?е и критика, но дава важност на мистериозните и ирационалните квалитети на поези?ата.То? расправа за законите кон кои еден критичар треба да се придржува додека критикува поези?а и посочува дека критичарите имаат важна улога во помага?ето на поетите за нивните дела, спротивно на тоа дека треба да ги напа?аат [13] .

Во последниот дел од ? Есе? за критиката “ се разгледуваат моралните квалитети и доблести сво?ствени за идеален критичар за ко? Поуп тврди дека е и идеален човек.

Превод на Или?ада [ уреди | уреди извор ]

Уште од детството Поуп бил фасциниран од Хомер . Во 1713 година ги на?вил своите планови за об?авува?е на превод на Или?ада . Делото би било достапно преку претплата со об?авува?е на еден том годишно во текот на шест години. Поуп обезбедил револуционерен договор со издавачот Бернард Линтот, ко? му довел приход од двесте гвинеи за секо? издание, навистина многу голема сума.

Неговиот превод на Или?ада се по?авил поме?у 1715 и 1720 г. Бил признаен од Сем?уел ?онсон како ? изведба со ко?а ниедна доба ни наци?а не би можела да се мери “ (иако класичниот учен Ричард Бентли напишал: ? тоа е убава поема, г. Поуп, но не смеете да ?а наречете Хомер “).

Твикенхeм и Грото [ уреди | уреди извор ]

Парите кои ги заработил од преводот на Хомер му овозможиле на Поуп да се пресели во вила во Твикенхем во 1719 г., каде што ги создал денес познатите грото и градини. Поуп го декорирал гротото со алабастер, мермер, руди, како мундик, и кристали. То? исто така користел Корнски ди?аманти, сталактити, расфрлани каме?а, змиски каме?а и морски каме?а. Бро?ни огледала, коишто биле скап луксуз во Августовската доба, исто така биле поставени насекаде низ гротото. Camera obscura била поставена за задоволство на посетителите, кои ги имало во голем бро?. Открива?ето на извор за време на ископува?ето на теренот овозможило подземното повлекува?е да биде исполнето со релаксирачки звуци на процедувачка вода, ко?а што тивко одекнувала околу домот. Се зборва дека Поуп рекол “Уште Нимфи да имаше, сe ?е беше комплетно.“ Иако ку?ата и градините ве?е долго време се руинирани, поголемиот дел од гротото сe уште постои. Гротото сега се нао?а веднаш под Независното училиште ?Св. ?е?мс“ и е отворено за ?авноста еднаш годишно [8] [14] .

Превод на Одисе?а [ уреди | уреди извор ]

Охрабрен од успехот на Или?ада, Поуп ?а превел и Одисе?а . Преводот се по?авил во 1726 , но сега то? се соочил со тешкотии и ?а побарал помошта од Вили?ам Брум и Ела??а Фентон . Поуп се обидел да го сокрие степенот на соработка (самиот то? превел само дванаесет книги, додека Брум превел осум, а Фелтон четири [15] ), но та?ната излегла на виделина. Лагата го оцрнила угледот на Поуп некое време, но не и неговиот профит. [16] .

Едици?а на делата од Шекспир [ уреди | уреди извор ]

Во ово? период Поуп бил ангажиран од страна на издавачот ?акоб Тонсон да произведе ново опсежно издание на Вили?ам Шекспир . Кога конечно се по?авило во 1725 година, ова издание нечу?но ?а ? регулирало “ Шекспировата стапка, каде Поуп дури и го преправил шекспировиот стих на неколку места. Поуп деградирал околу 1560 стиха шекспиров матери?ал во фусноти, тврде??и дека биле ? претерано лоши “ и дека никогаш не би ги напишал. (Други стихови биле целосно отфрлени од изданието). Во 1726 година Луис Теобалд, ко? бил адвокат и поет, об?авил памфлет со скечови наречен ? Реставриран Шекспир “, ко? ги навел грешките во делото на Поуп и предложил пове?е ревизии на текстот. Поуп и Теобалд на?веро?атно биле добри при?атели и Поуп без сомнежи го разбрал ова како прекршок на законите на при?ателство.

Во 1728 година, било об?авено второ издание од Поуповиот Шекспир, но иако биле направени некои мали ревизии на предговорот, се чини дека Поуп немал никаква врска со нив. Многу подоцна, уредниците од XVIII век го отфрлиле креативно- мотивираниот однос на Поуп кон текстуалната критика, но неговиот предговор сe уште бил високо ценет. Се тврдело дека текстовите на Шекспир биле премногу ? загадени “ од изведбата на глумците и тие ?е вли?аат на уредниците во поголемиот дел на XVIII век.

Подоцнежна кариера: ?Есе? за човекот“ и сатири [ уреди | уреди извор ]

Иако ? Глупакот “ прво била об?авена анонимно во Даблин , авторството никогаш не било ставено под сомеж. Мек го нарекол ова издание ? на?големиот чин на безумие во животот на Поуп “. Иако било ремек дело, создало ? горчливо овош?е “. На поетот му донело многу непри?ателства од страна на неговите жртви и нивните симпатизери, кои му навеле секакви клевети и лаги.... “ Заканите биле исто така и физички. Како што велела неговата сестра, Поуп никогаш не излегувал на прошетка без неговото куче од расата германска дога, и два наполнети пиштоли во ?ебот.

Во 1731 година Поуп го об?авил неговото ? Послание за Барлингтон “, на тема на архитектурата. Прва од четирите поеми кои подоцна ?е бидат групирани под насловот ? Есеи за моралот “ (1731 ? 1735 година). Во посланието Поуп се исме?ува на лошиот вкус на аристократот ? Тимон “. Непри?ателите на Поуп тврделе дека го напа?ал во?водата од Чендос и неговиот имот Кенонс. Иако нападите не биле точни, на Поуп му направиле голема штета.

Во ова време Поуп почнал да станува незадоволен од министерува?ето на Роберт Волпол , и се приближил кон опозици?ата предводена од Болингбрук, ко? се вратил во Англи?а во 1725 година. Инспириран од филозофските идеи на Болингбрук, Поуп го напишал делото ? Есе? за човекот “ (1733 ? 1734 година). Првиот дел го об?авил анонимно со за?адлив и успешен трик за да добие пофалби од неговите на?жестоки критичари и непри?атели.

И покра? тоа што ?есе?от“ бил пишуван во херо?ски дистих , многуте преводи на европските ?азици, особено на германски, го сметале за сериозен придонес во филозофи?ата.

Во периодот од (1733 ? до 1738 година) следат имитации на Хораци? . Овие биле пишувани во популарната августовска форма на имитаци?а на класичен поет, но не биле потполен превод на неговите дела, туку обновува?е со современи наводи. Поуп го употребил моделот на Хораци? да го сатиризира животот под владее?е на кралот ?ор? II , особено затоа што сметал дека е широко распространета корупци?ата што ?а имало во државата под вли?ание на Волпол и сиромашниот вкус на судот за артистите.

Поуп како вовед на ? Имитациите “ ?а додал целосно оригиналната поема ? Псалм “ за Докторот Арбутнот. Оваа поема ?а прикажува неговата кариера и ги содржи познатите портрети на Лорд Херви (?Спорус“) и Едисон (?Атикус“). Во 1738 година ?а напишал ? Универзален молител “.

По 1738 година Поуп пишувал помалку. Си играл со иде?ата да компонира патриотски еп во празен стих наречен Брут, но останале само почетните стихови. Негова главна окупаци?а во овие години било ревидира?ето и проширува?ето на ремек делото ? Глупакот “. Книга четири се по?авила во 1742 година, а комплетна ревизи?а на книгата во следната година. Во оваа верзи?а Поуп го заменил ? херо?от “ Луис Теоблат со поетот лауреат Коли Кибер како ? крал на глупавите “. До тогаш здрав?ето на Поуп, кое никогаш не било добро, попуштило и то? починал во неговата вила опкружен од при?ателите на 30 ма? ма? 1744 година. Претходниот ден Поуп повикал свештеник и ги примил последните молитви од католичката црква. То? почива во црквата ?Дева Мари?а“ во Твикенхем.

Есе? за човекот [ уреди | уреди извор ]

?Есе? за човекот“ е филозофска поема напишана во херо?ски дистих и била об?авена поме?у 1732 и 1734 година. Поуп имал намера ова дело да биде центар на предложениот систем на етика ко? би бил поставен како поетска форма. Поуп сакал ова дело да го прошири, но не доживеал да го доврши [17] .

? Есе? за човекот “ е обид да се оправдаат патиштата на Бог за човекот, и дека човекот не е центар на нештата. Ово? есе? не е целосно христи?ански, но сепак дава претпоставка дека лу?ето паднале и мораат да си го бараат сво?от спас [17] .

?Есе? за човекот“ е составен од четири псалми кои се однесуваат на лорд Белингброук. Поуп го презентира сво?от поглед кон универзумот; вели без оглед на тоа колку несовршен, комплексен, необ?аслив и вознемирувачки е универзумот, то? рационално функционира според природните закони. Природните закони го сметаат универзумот како целосно, совршено дело на Господ. За лу?ето претставува зол и несовршен во секо? поглед, но сепак Поуп издво?ува дека ова се должи на нашето ограничено размислува?е и интелектуалниот капацитет. Поуп дава порака дека лу?ето мора да ?а прифатат нивната положба во ? големиот син?ир на постое?ето “, ко? е во средишна фаза поме?у ангелите и ?веровите од зем?ата. И ако сме способни да го оствариме ова, тоа ?е не доведе до сре?ен и доблесен живот [17] .

?Есе? за човекот“ е афирмативна поема за судбината; животот изгледа хаотичен и збунувачки за човекот кога е то? во центарот, но според Поуп то? е божествено нареден.

Во светот на Поуп, Господ постои и околу него се врти универзумот со цел да има закон и структура. Ограничената интелигенци?а на човекот може да прима само ситни делови од ово? ред и може да искуси само делови од вистината и човек мора да се потпре на надежта ко?а води кон верба. Човекот мора да биде свесен за неговото постое?е во универзумот и што придонесува за него во смисла на богатство, мо? и слава. Должност на секо? човек е да се стреми да биде добар без оглед на другите ситуации. Ова е пораката на Поуп ко?а сака да ?а пренесе на читателот [18] .

Критика на делата од Поуп [ уреди | уреди извор ]

Поуп починал како на?големиот поет од неговото време. Сепак во средината на XVIII век почнала да се по?авува нов вид на поези?а. Една децени?а по смртта на Поуп, ?озеф Вартон тврдел дека стилот на Поуп не бил на?совршена форма на уметност. Романтизмот ко? се издигнал во раниот XVIII век во Англи?а бил пове?е амбивалентен кон неговите дела. Лорд Ба?рон го идентификувал Поуп како главно вли?ание. Вили?ам Вордсворд сметал дека стилот на Поуп е премногу декадентен за да може вистински да се претстави човечката состо?ба. [5] .

Во XX век имало успешен обид за оживува?е на угледот на Поуп. Тогаш делата на Поуп биле на?дени со многу наводи за лу?ето и местата од неговото време и тоа помогнало за разбира?е на минатото. Поствоениот период ?а нагласил мо?та на поези?ата на Поуп и задлабочува?ето во библиската и христи?анската култура и дала длабочина на неговата поези?а. Ме?нард Мек имал високо мисле?е за поези?ата на Поуп. Во периодот од 1953 ? 1967 година конечното Твикенхе?м издание било об?авено во десет тома [5] .

Последните децении од XX век носат и други предизвици на литературното реноме на Поуп. Овие критики биле предочени од теоретски перспективи како што се марксизмот, феминизмот и други форми на пост-структурализмот. Хенси Хамонд се фокусирал на Поуповото единечено достигнува?е за праве?е на независното живее?е единствено од неговото пишува?е. Моника Браун во делото ? Александар Поуп “ (1985 година) го користи марксистичкиот приод и го обвинува Поуп дека станал апологист за повисоките класи. Една година по студиите на Браун, Бреан Хамонд об?авил студи?а за Поуп инспириран од културниот матери?ализам во британски контекст и американскиот нов хисторицизам. Следе??и го Хамодовиот пристап, Ре?монд Вили?амс ?а об?аснува уметноста пове?е како збир практики под вли?ание од странските културни фактори отколку само не?асни идеи на гени?алецот.

Во ? Политика и поетика на трансгреси?а “ (1985 година) Питер Сталибрас и Алон Ва?т тврдат дека Поуп бил привлечен од ниската култура ко?а ?а презирал со цел да создаде сопствена ?висока“ уметност. Тие тврдат дека Поуп бил имплициран во самото матери?ално кое се обидувал да го исклучи, мисле?е кое не е многу далечно од аргументите на современиците на Поуп.

Феминистите исто така ?а критикуваат работата на Поуп. Делото ? Поетика на сексуалниот мит “ на Елен Полак (1985 година) расправа дека Поуп следел една анти-феминистичка традици?а. Полак верува дека Поуп ги смета жените за интелектуално и физички инфериорни во однос на мажите. Но, во одбрана на Поуп, треба да се каже дека тоа е генералното гледиште на неговото време. Каролин Вили?амс ?а идентификува кризата на улогата на мажот во текот на 18 век во Британи?а и дискутира за не?зиното вли?ание врз Поуп, како и на неговото пишува?е.

Дела [ уреди | уреди извор ]

  • 1709: Пастир
  • 1711: Есе? за критиката
  • 1712: Грабнува?е на праменот
  • 1713: Шумата Винздор
  • 1715- 1720: превод на Или?ада
  • 1717: Елоиза за Абелард
  • 1717- Три часа по бракот, (и други)
  • 1717: Елеги?а во спомен на несре?ната дама
  • 1723- 1725: Делата на Шекспир, ( во шест тома)
  • 1725- 1726: Превод на Одисе?а
  • 1727: Пери Батхоус, или уметноста на тоне?е во поези?ата
  • 1728: Глупакот
  • 1733-1734: Есе? за човекот
  • 1735: Пролог за сатирите ( види Псалм за д-р Арбутнот и Ко? крши пеперутка на тркалото?)

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. Portrait of Alexander Pope (1688-1744). Historical Portraits Image Library. Retrieved 1 January 2017.
  2. ?National Portrait Gallery - Portrait - NPG 299; Alexander Pope“ . npg.org.uk .
  3. Dictionary of Quotations (1999)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Erskine-Hill, DNB
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 5,7 'Alexander Pope', Literature Online biography (2000)
  6. "An Act to prevent and avoid dangers which may grow by Popish Recusants" (3. Jac. 1, v). For details, see Catholic Encyclopedia , " Penal Laws ".
  7. Pope, Alexander. Windsor-Forest . Eighteenth-Century Poetry Archive (ECPA).
  8. 8,0 8,1 Gordon (2002)
  9. 'Mount', Britannica (2009)
  10. The Life of Alexander Pope , by Robert Carruthers , 1857, with a corrupted and badly scanned version available from Internet Archive , or as an even worse 23MB PDF . For reference to his relationship with Martha Blount and her sister, see pp.64?68 (89th and following pages of the PDF). In particular, discussion of the controversy over whether the relationship was sexual is described in some detail on pp.76?78.
  11. Clegg, Gillian. ?Chiswick History“ . People: Alexander Pope . chiswickhistory.org.uk. Архивирано од изворникот на 2011-09-20 . Посетено на 16 March 2012 .
  12. Rogers (2006)
  13. Baines (2001)
  14. London Evening Standard 2 November 2010
  15. Fraser, George (1978). Alexander Pope . Routledge. стр. 52.
  16. Damrosch, Leopold (1987). The Imaginative World of Alexander Pope . University of California Press. стр. 59.
  17. 17,0 17,1 17,2 Nuttal (1984)
  18. Cassirer (1944)

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]

Викицитат има збирка цитати поврзани со: