Антифашистичко собрание на народното ослободува?е на Македони?а

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
(Пренасочено од АСНОМ )
Антифашистичко собрание на народното ослободува?е на Македони?а
Зборно место
Манастирот ?Св. Прохор Пчи?ски“

Антифашистичкото собрание на народното ослободува?е на Македони?а ( АСНОМ ) ? врховно законодавно и извршно тело на Демократска Федерална Македони?а во периодот од август 1944 година до април 1945 година, кога, согласно новите прилики, е реконституирано и преименувано во Народно собрание на Македони?а .

Прво заседание на АСНОМ [ уреди | уреди извор ]

Делегати пристигнуваат на Првото заседание на АСНОМ
Дел од делегатите на Првото заседание на АСНОМ.
Деклараци?а на АСНОМ за основните права на гра?аните на Федерална Македони?а (2 август 1944)
Формулари на легитимации за членовите на АСНОМ
Народен собор и оро во дворот на Св. Прохор Пчински (2.8.1944)

По об?авува?ето на одлуката за свикува?е на АСНОМ, се пристапи кон избира?е на делегатите за Собранието. Самиот начин на ко? се избирале делегатите за АСНОМ не е сосема ?асен. Во ?Зборникот на документи од АСНОМ", издаден од Институтот за национална истори?а, има еден спис на ЦК КПМ од ко? се гледа дека ?електорскиот процес" се опишува вака - обласните комитети треба да ги избираат пратениците за ?Прохор Пчински“ на местни конференции од по 5 - 6 лица.

Посебно издание со државотворните решени?а донесени на Првото заседание на АСНОМ по повод 70 годишнината од неговото одржува?е (кликни на сликата за да ?а отвориш и читаш книгата во целост)

Првото заседание на АСНОМ е одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински . Заседанието започна со изведува?е на песната ? Изгре? зора на слободата “. На заседанието, кое во 17.15 часот го отвори на?стариот делегат, учителот Панко Брашнаров од Велес , со присуство на делегати од сите краишта на Македони?а и на претставници на големите сили учесници во антифашистичката во?на - САД и Велика Британи?а .

Панко Брашнаров го отвори заседанието со следните зборови:

...Другарки и другари народни претставители, Во ово? момент, во ова историско место ?Св. Отец Прохор Пчински“ и на ово? историски ден - ИЛИНДЕН -, кога об?авувам да е отворено Првото Антифашистичко собрание на народното ослободуе?е на Македони?а, душата ми е преполнена со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчи?а и Вардар до Места и Бистрица, заплуску?ат е целата македонска зем?а, сака??и да изми?ат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропасти на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.

Во ово? момент, зем?ата на нашите поко?ници - многубро?ни народни герои, паднали и посе?али коските си по цела Македони?а, им стану?е по лека и они во мир ве?е го гледаат изгревот на нашата слобода, гледат идеална дружба на старите Илинденци - на Гоце Делчев и денешните Илинденци - младата македонска во?ска, и поставените темели за остварението на идеалот на две поколени?а, на две епохи - слободна, обединена Македони?а. Во знак на почитание спрема падналите ?унаци, ?а ве поканувам да им ?а изразиме со еден минут молчание нашата вечна, бескра?на признателност (при помен на жертвите одава се минутно молчение). Вечна слава на падналите герои за слободата на Македони?а! Другари народни претставители, жив сум свидетел на два Илиндена - 1903 и 1944 година. Во моите спомени се нижат безбро? моменти за илиденската народна епопе?а и Крушовската република. Бескра?ни беа напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше жаждата му за слобода, борбата го дари со слободна Крушовска република. Но раз?арениот башибозук и турската регуларна во?ска се нафрли?а и го затрупа?а оазисот на слободна Македони?а - Крушовската република го потуши?а востанието и го стегна?а искрвавениот македонски народ во ново ропство. Животворениот извор на слободата не секна. Македони?а ?а подели?а, ропствата се мени?а, но борбата на македонскиот народ не престана. Кога сите поробени народи на ?угослави?а се дигна?а против денешниот непри?ател на целото човечество фашизмот, и македонскиот народ се нареди во та?а борба. То? во неа виде возможност да ?а помогне општата борба на сите поробени народи и целото слободо?убиво човечанство и да го оствари сво?от вековен национален идеал. И ете како резултат на тригодишни крвави борби, македонскиот народ ?а врза сво?ата судбина со судбината на сите ?угословенски народи, помогна со крф и борба да се до?де до нова, братска, демократска и федеративна ?угослави?а. Денеска на фториот, славен Илинден, последен Илинден на неослободена Македони?а, се стават темелите на македонската држава во ко?а да се обедини и заживее нашиот народ онаков сре?ен живот каков го заслужува по своите претрпени ропски маки и петвековни борби. Да е жива нашата мила македонска федерална држава! Да е жива федеративна, демократска ?угослави?а, заеднички покров на братските ?ужнословенски народи!...

Решени?а донесени на Првото заседание на АСНОМ [ уреди | уреди извор ]

На Првото заседание на АСНОМ се донесени неколку важни решени?а:

Покра? овие одлуки на ова заседание се прифатени решени?ата од Второто заседание на АВНО? , одобрена е работата на Главниот штаб и Иници?ативниот одбор за свикува?е на АСНОМ , формирана е Комиси?а за испитува?е на воените злосторства направени од окупаторите и нивните слуги, како и друга комиси?а задолжена за изработува?е на законски проекти. Избрани се и 40 претставници на македонскиот народ во АВНО? и во неговиот Президиум. За претставници во Президиумот на АВНО? се избрани: Димитар Влахов , Методи?а Андонов - Ченто , Михаило Апостолски , Лазар Колишевски , Бане Андреев , Венко Марковски и Мара Нацева .

Од заседанието до македонскиот народ е упатен Манифестот на Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ , како и Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ .

Првото заседание на АСНОМ формира сво? Президиум , ко? фактички претставува прва македонска влада. Покра? претседател, Президиумот имал два?ца потпретседатели, два?ца секретари и 17 члена. За претседател е избран Методи?а Андонов - Ченто , за потпретседатели Панко Брашнаров и Емануел Чучков , а за секретари: ?упчо Арсов и Владимир Полежиновски .

По завршува?е на заседанието [ уреди | уреди извор ]

Во конаците на ?Св. Прохор Пчински“ Президиумот на АСНОМ престо?уваше до 10 септември, потоа го напушти манастирот. Движе??и се на ?уг ка? селото Довезенце ?а минува Крива Река . На 14 септември попладне, Президиумот на АСНОМ, заедно со 11. Македонска бригада влегува во ослободено Свети Николе . Во градот се задржува три дена. На 16 септември беше одржан митинг. На митингот говори одржаа Методи?а Андонов Ченто, генерал Миха?ло Апостолски и Бане Андреев. [1]

По тридневен престо? во градот Президиумот на АСНОМ, заедно со 11. Македонска бригада (без еден батал?он) вечерта на 17 ноември ?а минува реката Вардар ка? селото Новачани , северно од Велес и на 18 септември, преку селото Ба?ица, се упатува за Горно Врановци . Во селото Горно Врановци, каде беше седиштето на военото и политичкото раководство на НОБ на Македони?а, Президиумот на АСНОМ беше и на 13 ноември, кога беше ослободено Скоп?е, главниот град на Федерална Република Македони?а. [1]

На 17 ноември 1944 година Президиумот на АСНОМ, срдечно пречекан од многубро?ните ослободо?убиви гра?ани на Скоп?е, свечено пристигна во ослободено Скоп?е и ?а продолжува сво?ата државотворна работа. [1]

Второ заседание на АСНОМ [ уреди | уреди извор ]

Претставникот од Бугари?а, Добри Терпешев говори на Второто заседание на АСНОМ во Скоп?е
Споменик на АСНОМ во Скоп?е

По ослободува?ето на Македони?а од 28 до 30 декември 1944 година во Скоп?е се одржува Второто заседание на АСНОМ, или поточно, Првото вонредно заседание на АСНОМ. Покра? делегатите на заседанието присуствуваат и: потпретседателот на Националниот комитет за ослободува?е на ?угослави?а Едвард Карде? , Димитар Влахов , Светозар Вукманови? ? Темпо , претседателот на Отечествениот фронт на Бугари?а Добри Терпешев и претставници на советската и англо-американската воена миси?а.

Трето заседание на АСНОМ [ уреди | уреди извор ]

Трето заседание на АСНОМ (односно, Второто вонредно собрание) се одржува од 14 до 16 април 1945 година. На ова заседание се извршени измени во надлежностите на Президиумот на АСНОМ, кому му се одземени извршните функции. Тие и се предадени на Владата на НР Македони?а , ко?а е избрана на 16 април, на чело со Лазар Колишевски . Во склоп на Собранието се формирани неколку одбори, а согласно новите прилики, АСНОМ продолжува да работи како Народно Собрание на Македони?а .

Галери?а [ уреди | уреди извор ]

Документи на АСНОМ [ уреди | уреди извор ]

Научни трудови посветени на АСНОМ [ уреди | уреди извор ]

Спомен обележ?а [ уреди | уреди извор ]

Поврзано [ уреди | уреди извор ]

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. 1,0 1,1 1,2 ?ордан Цеков?Дане. ?На патот до АСНОМ (4)“ . Утрински весник . Архивирано од изворникот на 2011-08-19.

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]