Центар за водени спортови (Лондон)

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Центар за водени спортови (Лондон)
Место
Отворен
Сопственик
Игра
Гледачи

Центарот за водени спортови ( англиски: London Aquatics Centre) е пове?енаменска спортска арена ко?а се нао?а во Лондон , Обединетото Кралство . Арената е наменета за натпреварува?ата во водени спортови, и е изградена за потребите на Летните олимписки игри 2012 . Се нао?а во Олимпискиот парк во источен Лондон , непосредно до Ватерполо арената и спроти Олимпискиот стадион .

Во центарот се нао?аат два олимписки базени со должина од 50 метри, од кои едниот се користи на пливачките натпреварува?а, а другиот за подготовка на спортистите, и базен со должина од 25 метри наменет за скокови во вода. Сместивоста на арената изнесува 17.500 места, за време на Олимписките игри, додека пак после игрите сместивоста е намалена на 2.500 места. Во арената ?е се одржуваат натпреварите во плива?е , скокови во вода, синхронизирано плива?е , и пливачкиот дел од модерниот петобо?.

Особености [ уреди | уреди извор ]

Центарот за водени спортови при неговата изработката во февруари 2011

Проектот за арената го изработила добитникот на Прицкеровата награда за архитектура , Заха Хадид уште во 2004 , и се одликува со карактеристична архитектура со закривен покрив. Изградбата на обе?ктот започнала во ?ули 2008 , а завршила во ?ули 2011 . [1] Об?ектот е висок 45 метри, долг 160 метри и широк 80 метри.

Целокупната структура се заснова на само два потпорни столба, едниот на северниот дел, а другиот на ?ужниот дел од об?ектот. Челичната конструкци?а на покривот е тешка 3.200 тони и е изработена од алуминиумски плочи. Површината на покривот изнесува 1.042 м². Уникатната кула со 6 скокалници над малиот базен за скокови во вода е изградена од 462 тони бетон, додека пак таванот е изграден од 30.000 парчи?а црвено градежно дрво. Во сите три базени има околу 10.000 литри вода.

Сместивоста на арената изнесува 17.500 места, но по Олимписките игри две трибини се отстранети, и со тоа сместивоста е намалена на 2.500 места, со можност за додава?е на уште 1000 места за големи настани.

Внатрешноста на центарот за водени спортови

Поврзано [ уреди | уреди извор ]

Наводи [ уреди | уреди извор ]

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]