Филипик Вардан

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Филипик
Византиски цар
На престол 711? 3 ?уни 713
Претходник ?устини?ан II
Наследник Анастаси? II
Починал(а) 713
Татко Никифор
Дваесетгодишна анархи?а
Хронологи?а
Леонти? 695–698
Тибери? III 698–705
?устини?ан II 705–711
со Тибери? совладетел, 706–711
Филипик Вардан 711–713
Анастаси? II 713–715
Теодоси? III 715–717
Наследува?е
Претходела
Ираклиева династи?а
Следела
Сириска Династи?а


Филипик Вардан ( грчки : Φιλιππικ?? Βαρδ?νη? ) бил византиски цар ко? владеел во периодот од 711 до 713 година.

Филипик бил син на аристократот Никифор, ко? бил од ерменско потекло. [1] . Потпира??и се на поддршката на монотелистката парти?а, то? покажал претензии кон престолот при избувнува?ето на првото големо востание против ?устини?ан II . Тоа довело до негово заточение во Кефалони?а од Тибери? III Апсимар и потоа до неговото второ заточение, по наредба на ?устини?ан II во Херсон . Таму Вардан го прифатил името Филипик и успешно ги потикнал жителите на бунт со помош на Хазарите . Бунтовниците го опсаднале Цариград и ?устини?ан II побегнал (набргу потоа бил убиен од политички причини, неспособен да собере приврзаници во провинциите). Филипик на то? начин се искачил на престолот.

Ме?у првите негови де?стви?а биле соборува?ето на Кир Цариградски и негова замена со ?ован VI Цариградски , член на неговата секта и повикува?ето кон conciliabulum на источните епископи. Филипик ги поништил каноните на Шестиот вселенски собор како убеден монотелист. Во одговор на тоа Римската црква одбила да го признае новиот цар и патри?архот.

Во ме?увреме, бугарскиот хан Тервел пристигнал пред ?идините на Цариград во 712 година. Кога Филипик ?а префрлил арми?ата за да го контролира Балканот , Оме?адскиот калифат на чело со Ал-Валид I започнал напади против слабата заштита во Мала Ази?а .

На кра?от на ма? 713 година Опсики?ските во?ници се побуниле во Траки?а . Некои од нивните офицери успеале да влезат во царската палата и да го ослепат Филипик на 3 ?уни 713 година. То? бил наследен за кратко од сво?от главен секретар Артеми?, ко? бил прогласен за цар под името Анастаси? II .

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. Charanis, Peter (1959). ?Ethnic Changes in the Byzantine Empire in the Seventh Century“. Dumbarton Oaks Papers . Dumbarton Oaks. 13 : 23?44. doi : 10.2307/1291127 . JSTOR   1291127 .

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]