한국   대만   중국   일본 
Ревизор (комеди?а) ? Википеди?а Пре?ди на содржината

Ревизор (комеди?а)

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Корица на првото издание на ?Ревизор“ од 1836 година.
Марка по повод 200 години од ра?а?ето на Н. В. Гого? (2009)
Поштенска марка со ликот на Гого? и ликовите од ?Ревизор“ во позадина

Ревизор ( руски : Ревизоръ ) е сатирична драма од рускиот драматург Никола? Василевич Гого? . Првобитно, драмата била об?авена во 1836 година, но коригираната верзи?а излегла во 1842 година. Де?ството е засновано на една анегдота поме?у Гого? и Пушкин , а во неа се исмеваат човековата алчност, неукост, како и политичката корупци?а во Руската Импери?а од тоа време. [1]

Постанокот на драмата [ уреди | уреди извор ]

Гого? ?а завршил работата на ?Ревизор“ многу брзо. Во писмото од 7 октомври 1835 година, то? го замолил Пушкин да му даде сиже за комеди?а , пишува??и му дека комеди?ата во пет чина ?е биде готова ?додека да трепнеш“. [2] Пушкин му раскажал на Гого? за еден случа? во градот Уст?ужни, во Новгородската губерни?а, каде еден господин ги ограбил гра?аните, претставува??и се како службеник од министерството. Всушност, слична работа му се случила и на самиот Пушкин: Во 1833 година, кога патувал по Оренбуршката губерни?а, собира??и матери?ал за востанието на Пугачов, нижегородскиот губернатор помислил за него дека е таен ревизор и веднаш го известил оренбуршкиот губернатор ко? му бил близок познаник на Пушкин. Токму поради овие настани што му ги раскажал на Гого?, Пушкин себеси се нарекувал кум на драмата ?Ревизор“. Исто така, утврдено е дека при пишува?ето на драмата Гого? ?а користел и комеди?ата ?Гостинот од престолнината“ на руско-украинскиот писател Г. Ф. Квитка-Основ?аненко. [3] Есента 1835 година, Гого? почнал да работи на ?Ревизор“, првата редакци?а била готова во декември , а делото било завршено пролетта 1836 година, иако Гого? продолжил да прави некои поправки сe до премиерата ко?а се одржала на 19 април 1836 година. [2] Во почетокот на 1836 година, Гого? ?а читал комеди?ата во домот на поетот Жуковски , каде присуствувал и Пушкин. Впечатокот ка? присутните бил блескав; Пушкин за сето време ?се превиткувал од смеа“, иако во еден миг, целиот трогнат, рекол: ?Боже, колку е жална оваа наша Руси?а!“. [4] Останува??и доследен на сво?от став дека пиесата мора да биде играна на сцената, Гого? направил чекори за изведба на ?Ревизор“. Ме?утоа, цензурата не дозволила изведува?е на комеди?ата и благодаре??и само на зазема?ето на Жуковски , ко? успеал да изде?ствува чита?е пред царот , таа била ставена на репертоарот.

Премиерната изведба на ?Ревизор“ се одржала на 1 ма? (19 април по стар стил) 1836 година, во Александрискиот театар во Петербург , каде што Гого? неколку години пред тоа сакал да се вработи како глумец. На премиерната изведба присуствувал и царот Никола? I , ко? го овозможил поставува?ето на претставата наспроти противе?ето на неговите советници. На премиерата, царот се забавувал и рекол: ?Ова е претстава! Секо? го доби своето, а ?ас на?многу“. [5] Публиката била шокирана: едни остро го напа?але авторот, а други, главно помладите, воодоошевено го фалеле. Во реакционерниот печат се по?авиле жестоки повици и обвинува?а дека без потреба и без цел ги прикажувал ?опачините на животот“. Гого? преживувал тешки моменти, речиси душевна траума. Неговото слабо здрав?е не можело да го издржи тоа и по советот на лекарите, решил да замине во странство, каде по половина година тешко го потресила веста за трагичната смрт на Пушкин , без чи? совет, според неговите зборови, ?ништо не преземал, ништо не пишувал“.

Ликови [ уреди | уреди извор ]

Ликовите од ?Ревизор“

Во драмата се по?авуваат следниве ликови: [6]

  • Антон Антонович Сквозник?Дмухановски - градоначалник на населеното место, подмитлив државен службеник ко? се преправа дека е чесен. Цртите на неговото лице се груби иврзо преминува од страв во радост и од потчинетост во гордост.
  • Ана Андреевна - сопруга на градоначалникот , провинциска кокета и егоистична дама, воспитана од романите и албумите. Таа е ?убопитна и суетна и ?а има власта над сво?от сопруг, но само кога станува збор за ситни нешта.
  • Мари?а Антоновна - ?ерка на градоначалникот , милениче на не?зината ма?ка .
  • Иван Александрович Хлестаков - чиновник од Петроград , на возраст од 23 години, ?вит, сув и малку приглуп“, еден од оние лу?е ?кои во канцелариите ги нарекуваат празноглавци“. То? зборува и делува без никакво размислува?е и не е во состо?ба да го задржи вниманието врз ниту една мисла . Говорот му е испрекинат, а зборовите му излегуваат неочекувано.
  • Осип - слуга на Хлестаков, ко? имал навика да го кара неговиот господар во себеси. То? е попаметен од сво?то господар, но не сака многу да зборува, туку го лаже молче??и.
  • Лука Лукич Хлопов - училиштен надзорник , за ко? Хлестаков имал мисле?е дека ?мириса на црн лук“.
  • Неговата жена.
  • Амос Ф?одорович Л?апкин?Т?апкин - обласниот суди?а , ко? ?во животот прочитал пет-шест книги и затоа бил слободоумен“. Обожава да кажува досетки и им придавал големо значе?е на сопствените зборови .
  • Артеми? Филипович Зем?аника - управникот на болницата , лукав и голем лицемер.
  • Иван Кузмич Шпекин - управник на поштата , наивен и простодушен човек ко? посто?ано ги чита ту?ите писма .
  • Петар Иванович Бопчински и Петар Иванович Допчински - градски спахии , кои ?а започнале целата збрка околу лажниот ревизор. Тие се мали по раст и многу ?убопитни, зборуваат брзо и често прават разни гестови.
  • Христи?ан Иванович Хибнер - градскиот лекар ко? не разбирал ниту еден збор на руски.
  • Ф?одор Андреевич ?у?уков, Иван Лазаревич Растаковски и Степан Иванович Коропкин - угледни чиновници во пензи?а .
  • Степан Илич Уховертов - полициски писар.
  • Свистунов, Пуговицин и Д?ержиморда - полица?ци
  • Абдулин - трговец
  • Феврона Петровна Пошлепкина - жена на браварот , ко?а градоначалникот наредил да ?а камшикуваат.
  • Мишка - слуга на градоначалникот
  • Повремено се по?авуваат и под офицерската жена, кафеанскиот момок, гостите во кафеаната, трговците и гра?аните како молители.

Сите ?унаци во драмата се корумпирани. Градоначалникот, Сквозник-Дмухановски, го смета митото за нешто на кое то? има речиси законско право, т.е. митото е утврден ред и ко? не се сложува со него, то? е бунтовник, а таквите лу?е ги нарекува ? волтери?анци “. Гра?аните се жалат од него, зашто како што вели еден трговец , ?Нико? не памети таков управник... Штом го видиш, мораш во ду?анот сe да скриеш...“ Ме?утоа, не само управникот на полици?ата , туку и останатите службеници земаат мито, но во тоа постои хиерархи?а во ко?а се знае ко? колку може да земе. На пример, управникот на градот го предупредува надлежниот на квартот со зборовите: ?Внимава?, не земаш според чинот!“ Но, во драмата се прикажани и другите негативни по?ави во општеството : така, жената и ?ерката на управникот на полици?ата мислат само на облеката, управникот на поштата Шпекин ги отвора писмата поради сво?ата ?убопитност, а Допчински и Бопчински немаат друга работа, освен да прават сплетки и да оговараат по градот. Главниот ?унак Хлестаков претставува пандан на привинциските службеници - то? е типичен претставник на мрзливите, лекомислени и површни службеници од престолнината. Според зборовите на Гого?, ?секо?, барем на една минута... станува Хлестаков...“ [7] Токму поради тоа што сите ликови во комеди?ата се негативни, големиот критичар Висарион Белински рекол: ?Во Ревизор, единственото чесно лице е - смеата.“ И навистина, во драмата нема ниту еден позитивен карактер, ниту наговестува?е на некаква подобра страна на човековата природа. Оттука, во драмата, глупоста не е ниту казнета, зашто сите, без исклучок, се глупави. [8]

Всушност, во ?Ревизор“ нема главен ?унак во онаа смисла ко?а е формулирана во западноевропската драматурги?а во ко?а постои централен лик околу ко? е организирано де?ствието во драмата. Напротив, во ?Ревизор“, главниот ?унак е еден колектив на помалку-пове?е издиференцирани ликови кои се манифестираат низ односот кон ?ревизорот“. Притоа, Хлестаков никако не е централниот лик во драмата, туку то? постанува таков сосема случа?но, поради ту?ата стихи?на глупост. Понатаму, то? само придонесува другите ликови силно да се манифестираат во сво?ата соголеност. За Хлестаков, Гого? рекол: ?Но, силата на сеопштиот страв направи од него комично лице.“ Сите други ликови се однесуваат кон ?ревизорот“ во согласност со очекува?ето да извлечат сопствена корист. Притоа, сите ликови во драмата се разоткриваат без срам и ?а покажуваат сво?ата простачка природа без никакви идеали, освен матери?алната корист. Тие кутри лу?е не знаат за никакво почитува?е, па ни за самопочитува?е. [9]

Една од на?убавите страни на оваа комеди?а е тоа што Гого? успеал да ?а избегне карикатуралната упростеност на ликовите во општата состо?ба ко?а е пове?е од карикатурална. Впрочем, самиот то? напишал: ?На?многу треба да се внимава да не се западне во карикатура . Ништо не смее да биде претерано или триви?ално, па дури ниту во на?неважните улоги.“ Иако ликовите во делото се приближуваат до гротескното , тие никогаш не се лишени од одредени реалистични мотивации и оправдува?а. И токму таа реалистичност го спасува ?Ревизор“ од едностраноста, схематичноста и морализмот . Така, наспроти фактот дека сите ликови се негативни, сепак, тоа не делува еднострано, зашто тие се препознатливи и ги носат општите и посебните одлики на типот. [10]

Содржина [ уреди | уреди извор ]

Де?ството во драмата ?Ревизор“ се одвива во 19 век (во царска Руси?а ), во еден провинциски град , недалеку од Санкт Петербург . Заплетот започнува со веста за доа?а?ето на ревизор од престолнината . Во круговите на градската администраци?а настанува општа паника. Сето тоа е резлутат на нивното долгогодишно неработе?е, корпуци?а и непотизам . Некои од нив се обидуваат да ги прикри?ат неправилностите во нивната работа , а други пак да извлечат корист од до?а?ето на ревизорот. Едни имаат за цел да си ?а задржат позици?ата, а други пак да напредуваат во службата за сметка на полтронство и набедува?е. Во таа паника ?а прифатиле гласината за лажниот ревизор. Тука настануваат комичните моменти. Тие го гоштеваат и му угодуваат на измамникот со цел да го придоби?ат на сво?а страна и да извлечат неко?а корист. Градоначалникот е толку алчен што е подготвен и да ?а омажи сво?ата ?ерка за лажниот ревизор, надева??и се дека така ?е напредува во службата и ?е се вработи во Санкт Петербург , што е сон на секо? малогра?анин.

Драмата се состои од пет чина:

  • Прв чин : Во сво?от дом, градоначалникот ги собира на?угледните лу?е во градот за да им ?а соопшти важната вест - во градот та?но ?е пристигне државен ревизор од Петроград . Притоа, то? на сите им дава инструкции како да ги средат работите во установите со кои раководат: на болните да им се дадат чисти капи и подобра храна, да се отстранат гуските од просториите на судот , на наставниците да им се каже да го поправат однесува?ето, итн. Биде??и редовно зема мито , а во минатото ги проневерил државните пари за изградба на црквата , градоначалникот е многу исплашен од доа?а?ето на ревизорот. Набргу пристигнуваат два?цата спахии, Бопчински и Допчински, кои на градоначалникот му кажуваат дека, ве?е подолго време, во гостилницата живее непознат млад човек, ко? дошол од Петроград и им делува многу сомнително. Оттука, градоначалникот заминува во гостилницата. [11]
  • Втор чин : Во изна?мената соба во гостилницата, Осип зборува како неговиот господар Хлестаков ги потрошил сите пари и поради тоа не можат да го продолжат патува?ето. Во собата влегува Хлестаков и бара да му донесат ручек, но сопственикот на гостилницата не му дава пове?е да ?аде додека не го плати долгот. Тогаш, пристигнуваат градоначалникот и Допчински. Хлестаков е исплашен, мисле??и дека гостилничарот го наклеветил ка? градоначалникот, поради што веднаш почнува да зборува неповрзани работи. Истовремено, и градоначалникот е исплашен, па неговите зборови ги сфа?а алегорично , мисле??и дека се однесуваат на него. Оттука, за да го смири, градоначалникот му дава пари на Хлестаков и го кани да се пресели во неговата ку?а. [12]
  • Трет чин : Во домот на градоначалникот, сопругата и ?ерката нестрпливо чекаат вести од посетата на гостилницата. Ка? нив доа?а Допчински, ко? зборува пофално за Хлестаков. По некое време, во ку?ата пристигнува Осип, ко? ги внесува работите на сво?от господар. За тоа време, градоначалникот го води Хлестаков во посета на установите во градот. Подоцна, тие доа?аат во ку?ата на градоначалникот, каде Хлестаков се фали дека ужива голема почит во Петроград, дека има големо вли?ание врз владата, па дури и дека е писател. Неговите зборови оставаат силен впечаток врз присутните, така што градоначалникот уште пове?е се плаши од Хлестаков, додека сопругата и ?ерката се восхитени од него. Кога поднапиениот Хлестаков си заминува во сво?ата соба, градоначалникот го распрашува Осип за Хлестаков, па дури му дава пари. [13]
  • Четврти чин : Сите угледни лу?е од градот доа?аат во посета ка? Хлестаков и то? од сите изнудува пари за заем. Биде??и ?а сфа?а забуната со идентитетот на Хлестаков, Осип го убедува веднаш да го напуштат градот. Хлестаков се сложува, но на?првин му испра?а писмо на еден сво? при?ател во Петроград во кое го опишува сво?от престо? во градот. Потоа, ка? него доа?аат трговците и две жени, кои се жалат на постапките на градоначалникот. Во собата ка? Хлестаков влегува Мари?а, ?ерката на началникот, на ко?а Хлестаков ? из?авува ?убов, а веднаш потоа, то? ? се додворува и на сопругата на началникот. На?после, то? ?а бара раката на Мари?а, а началникот ги благословува. Хлестаков повторно му бара пари на заем, а потоа го напушта градот. [14]
  • Петти чин : Началникот и неговата сопруга се сре?ни од ненаде?нито расплет на настаните и ве?е кро?ат планови за сво?от иден живот во Петроград. Началникот ги повикува трговците и им се заканува. Во неговиот дом пристигнуваат многу лу?е кои му честитаат за бракот на неговата ?ерка. Ме?утоа, тогаш доа?а управникот на поштата , ко? претходно го отворил присмото на Хлестаков и сфатил дека то? е измамник. Сите присутни го читаат писмото во кое Хлестаков им се потсмева на угледните лу?е. На?после, во домот на началникот пристигнува еден жандарм со веста дека во градот дошол ревизорот од Петроград. [15]

Осврт кон делото [ уреди | уреди извор ]

Во ?Ревизор“, Гого? на сатиричен начин ги анализира ликовите и случува?ата, особено осврнува?ки се кон припадниците на државната бирократи?а . Во тоа време, поголемиот дел од населението живеело во сиромашти?а , големиот бирократски апарат станал помногуброен и с? покорумпиран, а в провинциите царувале малогра?анството и полтронството. [16] Во ?Исповедта на писателот“, самиот Гого? ?а об?аснува сво?ата намера со следниве зборови: ?Во Ревизор ?ас одлучив да го соберам на куп лошо што го знаев во Руси?а, сите неправди што се вршат во оние места и во оние случаи каде од човека се бара на?многу правичност, и сето тоа наеднаш да го исмеам.“ [17]

Преку неговиот сатиричен пристап Гого? ги изнесува на виделина односите во општеството поточно оту?еноста на бирократи?ата од гра?анството. Ваквата бирократи?а , наместо да му служи на гра?анството, всушност претставува еден затворен круг на лу?е ло?ални на власта каде што единствениот критериум за напредува?е наместо способноста е полтронството и семе?ните врски. Таквата намера на авторот морала да доведе до раскрстува?е со традиционалните шеми. Во комеди?ата нема ?убовна интрига, нема централен херо? ? таков херо? е службеничкиот сталеж, составен од грабачи и лицемери, груби и беспошедни спрема послабите, а страшливите и понизни пред посилните, една маса што не може да помине низ филтерот на човечкото достоинство. Предводник на таа маса, на тоа провинциско беззаконие, е градоначалникот . То? е мошне итар и опитен, ги знае сите врвици на плодоста и нечесноста, самиот вели дека успева да излаже ?никаквеци над никаквеците“. Прима?ето поткуп за него е нормална работа ? ?тоа од самиот Бог е наредено“. Кон гра?аните се однесувал грубо, ги понижувал на секо? чекор, но затоа кон претпоставените, за еден од кои ги смета Хлестаков, насто?ува да се покаже како примерен службеник ко? не е како другите градоначалници што ?се грижат на?многу за сво?ата полза“. Неговата животна цел била да стане генерал , што ?е му овозможи да се прошири кругот на потчинетите, спрема кои би можел деспотски да се изживува.

Суди?ата Л?апкин-Т?апкин е втор по ранг во таа провинциска бирократска хиерархи?а. Поради тоа што прочитал неколку книги се сметал за образован човек. Прима како мито ловечки кучи?а и пове?е мисли на ловот отколку на службата. Управникот на поштата Шпекин ужива да отвора ту?и писма; раководителот на болницата Земл?аника воопшто не се грижел за жалната состоба на неговата установа; и другите службеници пове?е или помалку заборавиле на своите општествени и службени обврски. Споко?ството на то? самовластен ?поредок“ го нарушува доа?а?ето на една непозната личност, ко?а сите, свесни за своите постапки и службени неодговорности, ?а прифа?аат за ревизор.

Всушност, стравот од одговорноста е причина еден површен и лекомислен човек во нивната претстава да добие димензии на ревизор од престолнина, зашто Хлестаков, дури откога видува дека му се дала шанса да изигра улога на ко?а се надевал, но ко?а сосема му одговора, го раздиплува карактерот на сво?ата личност. То? почнува да лаже, но често и самиот верува во она што го вели. ?То? лаже со чувства. Тоа е на?убавиот, на?поетскиот миг во неговиот живот“. Одличен импровизатор, то? многу вешто ?а искористува шансата. Така, исмева??и го деспотско -бирократскиот поредок во Руси?а во првата половина од 19 век , Гого? создал еден тип што може да се сретне во сите времи?а. Комеди?ата ?Ревизор“ го издржала на?тешкиот испит за едно уметничко дело ? испитот на времето. Таа и денес е посто?ано присутна во театарскиот репертоар, зашто лицемерието, корупци?ата , бирократското самоволие, ?хлестаковската“ површност и лекомисленост, што често имаат успех во животот, не изчезнале.

Иако во драмата има бро?ни места во кои е присутен ?здравиот“ хумор , ?Ревизор“ е сурова слика на една многу посурова стварност, ?цела Руси?а“ во мало, поради што критичарот Белински во Гого?евиот хумор видел измешаност на тагата со ведрината. Во таа смисла, ?Ревизор“ внесува горчина во човечката свест, но и стремеж кон подоброто, кон промената и токму тоа е единствената светлина во оваа комеди?а, ко?а разурнува за да гради врз пустошот. [18] Драмата завршува со познатата ?нема сцена“ ко?а со децении се толкува како пример на комедиографска вештина да се изрази суштината без употреба на зборови. Впрочем, на самиот Гого? му била многу важна оваа сцена и то? на кра?от од делото им дал подробни упатства на глумците и на режисерот: ?Последната сцена на ?Ревизор“ би требало да се одигра особено разумно.Тука пове?е нема шеги, па положбата на многу лица е токму трагична... Целата таа сцена е нема слика, па затоа би требало да се направи исто така како што се прават живите слики. На секое лица би требало да му се одреди поза ко?а е во согласност со неговиот карактер, со степенот на неговиот страв... Тие пози никако не смеат да се сретнат ка? пове?е лица, туку мора да бидат разновидни и секо?а да биде поинаква.“ [19]

Колку е ?ревизорската тема“ современа и опасна по диктаторските режими може да се согледа и низ реакци?ата на Сталин на премиерната изведба на ?Ревизор“, одржана во Москва во 1926 година, чи? режисер бил познатиот Всеволд Меерхолд . Оваа поставка на ?Ревизор“ предизвикала големо внимание зашто, по налог на Сталин и на Каганович, била прикажана откако од репертоарот била тргната драмата ? Самоубиец “ на Никола? Ердман ко?а, исто така, ?а режирал Меерхолд. Офици?алната советска критика ?а оценила поставката на ?Ревизор“ како мистична , симболична , реакционерна, асоци?ална и формалистична, а на Меерхолд му забележале дека ?пове?е не ?а слуша музиката на револуци?ата “ и дека средиштето на Гого?евиот ?Ревизор“ го пренесол од сатиричното на романтичното и на гого?евско-хофмановското фантастично. [20]

И ден-денес, ?Ревизор“ е дело со современи асоци?ации и со жива комична фантази?а, така што може да се каже дека времето работи за него, зашто паразитизмот и бирократи?ата како сила над лу?ето се сво?ствени на статичните системи кои ги загушуваат лу?ето. Оттука, гротескниот хумор присутен во драмата во потполност одговара на духот на нашето време, поради што ?Ревизор“ делува супериорно современо. [10]

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. Стати?а во Утрински весник
  2. 2,0 2,1 Радован Лали?, ?Предговор“ во: Никола? Васи?евич Гого?, Мртве душе (поема) . Београд: Просвета, 1966, стр. XXVIII.
  3. Радован Лали?, ?Предговор“ во: Никола? Васи?евич Гого?, Мртве душе (поема) . Београд: Просвета, 1966, стр. XXXIX.
  4. Ве?ко Радови?, ?Смешне згоде у Потемкиновом селу“ во: Никола? Васи?евич Гого?, Ревизор . Београд: Рад, 1986, стр. 7.
  5. Ве?ко Радови?, ?Смешне згоде у Потемкиновом селу“ во: Никола? Васи?евич Гого?, Ревизор . Београд: Рад, 1986, стр. 7-8.
  6. Никола? В. Гого?, Ревизор . Београд: Рад, 1986, стр. 20-23.
  7. Радован Лали?, ?Предговор“ во: Никола? Васи?евич Гого?, Мртве душе (поема) . Београд: Просвета, 1966, стр. XLI-XLII.
  8. Ве?ко Радови?, ?Смешне згоде у Потемкиновом селу“ во: Никола? Васи?евич Гого?, Ревизор . Београд: Рад, 1986, стр. 11.
  9. Ве?ко Радови?, ?Смешне згоде у Потемкиновом селу“ во: Никола? Васи?евич Гого?, Ревизор . Београд: Рад, 1986, стр. 12-13.
  10. 10,0 10,1 Ве?ко Радови?, ?Смешне згоде у Потемкиновом селу“ во: Никола? Васи?евич Гого?, Ревизор . Београд: Рад, 1986, стр. 16.
  11. Никола? В. Гого?, Ревизор . Београд: Рад, 1986, стр. 25-41.
  12. Никола? В. Гого?, Ревизор . Београд: Рад, 1986, стр. 42-58.
  13. Никола? В. Гого?, Ревизор . Београд: Рад, 1986, стр. 59-78.
  14. Никола? В. Гого?, Ревизор . Београд: Рад, 1986, стр. 79-107.
  15. Никола? В. Гого?, Ревизор . Београд: Рад, 1986, стр. 108-127.
  16. sakamknigi.mk
  17. Радован Лали?, ?Предговор“ во: Никола? Васи?евич Гого?, Мртве душе (поема) . Београд: Просвета, 1966, стр. XL-XLI.
  18. Ве?ко Радови?, ?Смешне згоде у Потемкиновом селу“ во: Никола? Васи?евич Гого?, Ревизор . Београд: Рад, 1986, стр. 12.
  19. Ве?ко Радови?, ?Смешне згоде у Потемкиновом селу“ во: Никола? Васи?евич Гого?, Ревизор . Београд: Рад, 1986, стр. 15.
  20. Ве?ко Радови?, ?Смешне згоде у Потемкиновом селу“ во: Никола? Васи?евич Гого?, Ревизор . Београд: Рад, 1986, стр. 8.

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]

Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Викиизвор на англиски ?азик содржи текст на тема:

Поврзано [ уреди | уреди извор ]