Привремена влада на Македони?а - Единство

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а

Привремената влада на Македони?а - Единство е политичка институци?а на народот во Македони?а . Владата била создадена 1880 година во Гремен ( Островско ) и требало да ги застапува интересите на сите Македонци без разлика на нивната вера и народност, пред Големите сили. Таа се залагала за Автономна Македони?а, но и за создава?е на македонска самосто?на држава. [1] Владата де?ствувала до 1881 година, кога не?зината работа замрела. [2]

Причини за по?ава [ уреди | уреди извор ]

Документи на Привремената влада на Македони?а: Протоколно решение, Писмо до рускиот конзул во Солун и Апелот на привремената влада

Романскиот конзул од Солун дава четири гледишта за по?авата на Привремената влада ко? биле распространети ме?у конзулите во Солун. Според првото гледиште Владата била творба на Руси?а , со цел да се крене востание во Македони?а, да се создаде Автономна Македони?а со престолнина во Солун и на то? начин да се спречи Австри?а да излезе на Еге?ското Море . Според второто гледиште Владата била творба на Грци?а со цел полесно присоединува?е на Епир и Тесали?а кон грчката држава и создава?е на услови за подоцнежно осво?ува?е и на Македони?а. Според третото гледиште владата била создадена од Отоманското Царство со цел да се спречи Грци?а да ги заземе Епир, Тесали?а и Македони?а. Четвртото гледиште е ставот и на самиот романски конзул и според него, творец на Привремената влада на Македони?а - Единство е самиот македонски народ ко? бил незадоволен од општата состо?ба и од останува?ето на Македони?а под турска власт. [3]

Врз основа на овие гледишта како и други изворни документи посто?ат полемики во историската наука за причините за по?авата на привремената влада, од сво?а страна пак на?големиот дел од македонските историчари го прифа?аат гледиштето дека влада е формирана од страна на македонскиот народ ко? бил незадоволен од сво?ата положба. [4]

Народното собрание во Гремен [ уреди | уреди извор ]

Од 21 ма? до 2 ?уни 1880 година во Грамос се собрале 32 делегати, претставници на македонската, албанската, влашката и српската народност. Националното собрание ?а разгледала програмата на во?водите Леонидас Вулгарис и Константин Буфски и одлучиле дека треба да се преземат мерки за остварува?е на национална цел на Македони?а. Собранието на?прво заклучило дека:

Македони?а со векови страдала од турскиот тимарско-спахиски систем, а потоа од чифлигарскиот систем и дека нема услови по мирен пат да се ослободи од турската власт. Македони?а етнички е расцепкана на Македонци, Грци, Албанци, Власи и Турци, ме?у кои е создадено непри?ателство поради политички цели на одделни држави. Соседните балкански држави го уриваат националното единство на Македонците со своите верско - национални пропаганди и Македонците ги прават анонимни пред европското ?авно мисле?е. Отстранува?ето на изнесените причини е единствен излез Македони?а да се ослободи од турското ропство. [1]


Собранието заклучило дека членот 23 од Берлинскиот конгрес не се спроведува од страна на турските власти и затоа биле донесени следните решени?а:

1. На?напред да се стави до знае?е на Високата порта преку главниот управител (Вали?ата) на Македони?а, дека македонскиот народ бара побрза примена на член 23 од Берлинскиот конгрес и донесува?е на Органски устав со учество и на македонски претставници 2. Решението на Националното собрание да се достави до сите претставници на големите сили во Македони?а - потписнички на Берлинскиот конгрес, со молба, Големите сили да се застапат ка? Високата порта за примена на членот 23 од Берлинскиот конгрес 3. Доколку Високата порта ?а одбие примената на членот 23 од Берлинскиот конгрес, Националното собрание ?е го повика македонскиот народ на оруж?е со паролата - Македони?а на Македонците, за востановува?е на древна Македони?а 4. Националното собрание одлучи и избра од своите редови Привремена влада на Македони?а - Единство, во ко?а се застапени претставници на народностите што ?а населуваат Македони?а. [5]


Со решението на Народното собрание била формирана Привремената влада на Македони?а - Единство и во неа влегле: Претседател - Васил Симон и два?ца членови Анастас Димитрови? и Али Ефенди ко? бил Албанец . Владата во ово? состав имала задача да ги претстават бара?ата на собранието пред големите сили.

Де?ност [ уреди | уреди извор ]

Во ?ули 1880 година Владата ги претставила бара?ата на Собранието пред солунските конзули, бара?ето било потпишано од Васил Симеон, Анастас Димитрови?, Али Ефенди, а било предадено и протоколното решение на Националното собрание кое било потпишано од 32 делегати и претседателот на собранието Стефо Николов.

На 23 март 1881 година во ?устендил , Привремената влада об?авила манифест во ко? ме?у другото се истакнува дека:

...Ту?и и сомнителни народи сакаат да ?а осво?ат нашата татковина и да го уништат нашиот народ, ко?, блеска??и со таква светлина, никогаш нема да биде уништен. Нашата ма?ка Македони?а стана како вдовица, осамотена и напуштена од не?зините синови. Не го вее знамето што го вееше победоносната македонска во?ска. Денеска е само географски поим. Како неко? да се обидува да ?а прикрие не?зината победоносна природа со прекривката на заборавот. Гробот ? го ископаа натрапници кои сноват низ нашата зем?а и ?а троват со смртоносни отрови. Тие натрапници се гробарите на нашата велика и славна татковина, тие се договараат како да ?а распарчат и да ?а препуштат на победничките во?ски на Австроунгари?а. Ако еден ?арем се замени со друг, обновува?ето на Македони?а ?е стане невозможно и нашиот народ ?е биде збришан. Ово? момент е клучен за Македони?а; ова е праша?е на живот или смрт... [6]


Цел [ уреди | уреди извор ]

За решава?е на македонското праша?е , Привремената влада имала две вари?анти. Првата вари?анта претставувала Автономи?а на Македони?а во рамките на Отоманското Царство и тоа преку реализаци?а на членот 23 од Берлинскиот конгрес, втората вари?анта предвидувала доколку не се реализира споменатиот член 23 да се крене востание во Македони?а и да се создаде самосто?на и независна македонска држава. Според втората вари?анта, самосто?на македонска држава се поврзувала со воспоставува?ето на древна Македони?а, и од тука произлегле неколку полемики поме?у историчарите, зошто Народното собрание и Привремената влада на Македони?а - Единство иднината на идната самосто?на држава ?а поврзале со Античка Македони?а на Аристотел и Александар . Еден дел од историчарите во ваквата формулаци?а гледаат вли?ание на грчката пропаганда, но на?веро?атно е дека де?ците на Привремената влада биле под вли?ание на романтичарскиот занес. [1]

Вли?анието на Привремената влада на Македони?а - Единство [ уреди | уреди извор ]

Владата не успеала да повли?ае врз странските конзули во Македони?а, а оттука и врз големите сили, од друга страна пак условите за крева?е на едно востание не биле погодни и затоа владата се откажала од иде?ата за востание и продолжила со сво?ата четничка организаци?а. Владата немала сво?а сопствена организаци?а и во?ска, била во контакти со одделни чети и во?води, но тие не биле доволни за крева?е на едно општо внатрешно востание. Владата пове?е претставувала израз на Македонци кои биле незадоволни од состо?бата во Македони?а. Владата нема??и сво? сопствени сили и првенствено дисциплинирана организаци?а постепено згаснала, но силно вли?аела врз понатамошниот разво? на македонското националноослободително дело и во разво?от на македонскиот национален индивидуалитет.

Поврзано [ уреди | уреди извор ]

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. 1,0 1,1 1,2 Славко Димевски, За разво?от на македонската национална мисла до создава?ето на ТМОРО, Култура - Скоп?е, 1980.
  2. ?Македонска енциклопеди?а“, МАНУ, Скоп?е, 2009, 1220-1221 стр.
  3. ?. Лапе, Одбрани текстови... втор дел, 254-253.
  4. Ванчо ?ор?иев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893-1903 година, Скоп?е, Институт за Истори?а-Филозофски факултет.
  5. Ibid. Pol. archiv XXXVIII. Konsulat Salonich. Karton 235. Izv. No 86 rez. Salonich 28.VII.1880. Прилог: 2 документи на Привремената влада на Македони?а
  6. ?Манифест на Привремената Влада на Македони?а“ во ?Македонската лига и Уставот за државно уредува?е на Македони?а од 1880“, Скоп?е, 1985, 356 стр.

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]