한국   대만   중국   일본 
Париска комуна ? Википеди?а Пре?ди на содржината

Париска комуна

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Барикади низ Париз, 18 март 1871 г.

Париска комуна ( француски : La Commune de Paris ) ? соци?алистичка револуционерна власт воспоставена во Париз од 18 март до 28 ма? 1871 година.

Прогласува?е на Комуната [ уреди | уреди извор ]

По поразот на Франци?а во Француско-пруската во?на од 1870-1871, француската влада на 18 март пристапи кон разоружува?е на париската Национална гарда, ко?а беше значително проширена во функци?а на одбраната на Париз од Прусите , вклучува??и ги и сиромашните слоеви. Гра?аните одби?а да го предадат оруж?ето и топовите и ги протеруваат претставниците на владата. Владата пребегна во Верса? , а во Париз е прогласена Париската комуна. Централниот комитет на Националната гарда веднаш закажа избори за Комуната, кои се одржуваат на 26 март .

Поме?у 92 избрани претставници на Комуната (или, поточно, на Советот на комуната) имаше републиканци, ?акобинци и соци?алисти од различни бои. За претседател на Советот во отсуство беше избран Огист Бланки , ко? беше уапсен на 17 март од страна на Верса?ската влада.

Активности на Комуната [ уреди | уреди извор ]

Париската комуна во текот на своето краткотра?но постое?е усвои и спроведе пове?е соци?ални мерки, како укинува?е на но?ната работа во париските пекарници, одложува?е на пла?а?ето на долговите и укинува?е на каматите на долговите, воведува?е на правото на работниците да управуваат со претпри?ати?ата на сопствениците што пребегнале од градот итн. Црквата беше одделена од државата, а и образованието беше ослободено од патронажата на црквата. Покра? тоа, Комуната ?а замени француската тробо?ка со црвеното знаме и го усвои републиканскиот календар од Француската револуци?а од 1789 .

Задушува?е на Комуната [ уреди | уреди извор ]

?Улица во Париз во ма? 1871 година“ од неоимпресионистичкиот сликар Максимили?ан Лис

Подготовките на Верса?ците за општ ?уриш кон Париз биле пропратено со ?акне?е на диверзантските и шпионските де?ствува?а. На пример, на 17 ма? изведена е експлози?а на фабриката за производство на куршуми на улицата Рап. Ова очигледно се случило поради предавство. Заточениот шпион признал дека го предал планот за париските утврдува?а на Верса?.

На 20 ма?, батери?ата на Верса?ците отворила жесток оган. Комуната располагала со с?а?ни борбени матери?али ? револуционерно расположени париски работници и занаетчии, но не?зината воена организаци?а била слаба. Раководството не било доволно центрилизирано, а истовремено се нао?ало во рацете на воената комиси?а и Централниот комитет на Националната гарда. Револуционерната дисциплина била слаба. Германците ги пропуштиле верса?ските контрареволуционери низ сво?ата лини?а, така што овие се по?авиле таму каде што бранителите на Париската комуна не ги очекуваа.

Во неделата, 21 ма?, верса?ските трупи продреле во Париз. Истиот то? ден им по?де од рака, благодаре??и на упатствата на еден од нивните шпиони, да ?а заземат ?ужната капи?а на Париз ? капи?ата Сен Клу ? и брзо да се проби?ат длабоко во западниот капиталистички регион. Со ова отпочна една од на?крвавите улични битки за кои знае истори?ата.

Домбровски, познат полски револуционер, ко? командувал со првата арми?а на десниот брег на Сена, одлично раководел со еден од на?важните делови на фронтот до 20 ма?, кога впрочем бил и ранет. Херо?ски напори околу организира?е на воените сили на комунарите вложувал Варлен, ко? ?а презел врховната команда, биде??и Делеклиз на 25 ма? бил смртно ранет.

Колку што Верса?ците се приближувале кон центарот на градот, а потоа и источните работнички квартови, отпорот на комунарите станувал се' поупорен. Огромни бригади им го попречувале продира?ето. Париските работници и занаетчии ? мажи, жени, па дури и деца ? со оруж?е в рака ?а бранеле сво?ата власт и слобода.

?На последниот бо?, ко? траеше скоро четириесет и осум часа, париското жителство ?а покажа сета сво?а енерги?а за ко?а е способно. Децата подигнуваат барикади кои ги бранат нивните татковци, а жените, па дури и ма?ките, со пушки в раце, зборови и пример ги бодрат мажите“ ? може да се прочита во последниот бро? на ?Службен весник“, орган на Париската комуна.

По исказот на комунарката Луиза Мишел , во борбите на барикадите учествувале околу десет ил?ади работнички.

На 24 ма? Верса?ци извоиле успех во зазема?ето на општинскиот дом. Биде??и располагале со многу понадмо?на сила, тие постепено почнувале да ги опколуваат работничките квартови и на?после во неделата на 28 ма?, се утврдуваат тешко вооружените последни бранители на Париската комуна во регионот на улица Ромпоно.

Уште пред завршетокот на постое?ето на Париската комуна, отпочнале ужасите на владиниот терор, пред кои бледнеат дури и масовните убива?а за време ?унските денови на 1848 година.

Заробените комунари биле стрелани во групи од стотини души, при што во?ниците и офицерите на верса?ската во?ска не само што ги убивале заточениците, туку и се потсмевале со нивните мртви тела. На мажите и жените, работниците и работничките, па дури и на децата, на сите ним класниот непри?ател им доделил една иста крвава судбина. ?Треба да приредиме лов на комунари“, ? пишувало во еден од верса?ските весници. ?Ние мораме да ги опколиме како диви ?верови оние кои се скриле“, ? пишувало во друг весник. ?Ниту еден од злосторниците, во чии раце се нао?аше Париз два месеца, нема да се смета како политички виновник: со нив ?е се постапи како со разбо?ници, што и се.“ ? повикувал на казнува?е на комунарите третиот контрареволуционерен весник.

На суров начин се пресметувал со комунарите и верса?скиот ?елат Галифе. Ги стрелал сите оние чии раце биле извалкани со барут, сите оние што му заликувале на работници.

Во последните часови на борба, воениот раководител на Комуната, Варлен го препознал неко? фратар ко? веднаш го поткажал на офицерот. ?Цел час го водеа Варлен по стрмните монмартриски улици, со раце врзени на пле?и, го опсипуваа со навреди и подбива?а. Неговата кадрава глава со замислено чело, полно братски мисли, беше сета испосечена од саб?и и беше претворена во крваво парче месо... Успева??и некако да дооди до улицата Роз?е, понатаму то? не можеше да продолжи така што мораа да го носат. Го постави?а да седи за да може да го стрелат“. Така е запишано по раскажува?ата на очевидците.

Капиталистичките сопруги доа?але во темниците за да се подбиваат со затворениците.

По задушува?ето на Комуната 12.500 лица се изведени пред суд од кои околу 10.000 се прогласени за виновни.

Судовите, кои заседавале во Луксембуршките палати и во Шатле, ги осудувале на смрт со стрела?е после сослушува?е од една минута. Судот во Шатле изрекол пове?е од три ил?ади смртни пресуди, а пресудите биле извршувани во двориштето на касарната Лобо.

Во темницата Ла Рокет за еден ден биле погубени 1.900 лу?е. Овде впрочем ништо немало што ?е заличи на суд. Офицерот ко? стоел на влезот само ?е ги загледал од глава до пети оние кои му ги доведувале и командувал: ?На десно!“, ?На лево!“. Командата ?на десно“ значела стрела?е.

На гробиштата Пер Лашез , последното место на кое комунарите пружеле отпор, заради брзо убива?е, бил употребен митралез .

Точниот бро? на загинати и стрелани во текот на крвавата ма?ска недела не е утврден. Се смета дека ги имало на?малку 20.000 лу?е. Триесет и осум ил?ади биле уапсени од страна на Верса?ците и затворени, а потем прогонети во далечни колонии со нездрава клима (островот Нова Каледони?а и други). 4.000 се депортирани на Нова Каледони?а на доживотни казни. Ме?у уапсените имало пове?е од ил?ада жени и шестотини петнаесетгодишни деца. Положбата на прогонетите била ужасна: оковани во двострани ланци на раце и нозе, биени со мечеви. Капиталистичкото ?правосудство“ ?а славело сво?ата победа.

Значе?е на Комуната [ уреди | уреди извор ]

Како прво осво?ува?е на власта од страна на работниците, Париската комуна е една од на?почитуваните историски настани од страна на анархистите и марксистите .

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]