Наум Наумовски

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Наум Наумовски - Борче
Роден 1 ма? 1920
Крушево
Починал 28 септември 1960 (1960-09-28) (возр. 40)
Скоп?е
Занима?е револуционер, функционер

Наум Наумовски - Борче ( Крушево , 1 ма? 1920 - Скоп?е , 28 септември 1960 ) ? македонски комунист, учесник во НОВ , народен херо? . Станал член на КП? во 1940 година. Учествувал на Првото заседание на АСНОМ . По ослободува?ето врши пове?е високи функции. Во два мандата е градоначалник на Скоп?е: во 1950 и од 1956 до 1960 година. [1]

Животопис [ уреди | уреди извор ]

Наум Наумовски е роден во многудетно семе?ство од Крушево . [2] Завршил два класа гимнази?а во Прилеп , а потоа со семе?ството се преселиле во Белград , каде го довршил школува?ето. По школува?ето, се вработил во белградската фабрика за авиони ? Рогожарски “.

Во Белград, Наумовски присуствувал на демонстрации и манифестации организирани од Комунистичката парти?а, и таму се запознал со Мирче Ацев . За време на штра?от во фабриката во ко?а работел, Наум Наумовски учествувал во спречува?е на штра?кбрехерите да влезат во фабриката, поради што бил затворен и однесен во политичкиот затвор ?Ада Циганли?а“. [3] По излегува?е од затворот, во 1940 година Наум Наумовски станал член на КП? .

Учеството во Народноослободителната во?на [ уреди | уреди извор ]

Бара?е од Главниот штаб на НОВ и ПОМ да се постапи по одредено писмо, поптишано од заменик политички комесар, Наум Наумовски - Борче. (30.11.1944)
Писмо од Наум Наумовски Борче до Дончо, командант на главниот штаб на Македони?а, во кое го известува дека испра?а група Илинденци да се приклучат во борбата со непри?ателот. (7 октомври 1943 г.).

Во текот на 1941 година, се вратил во родното Крушево, но откако во градот дошол Мирче Ацев , Наум Наумовски заедно со него учествувал во организира?е на партизанскиот одред ?Питу Гули“ , ко? бил оформен на 16 април 1942 година. Со партизанското име ?Зеко“, Наумовски станал секретар на Месниот комитет во Крушево, а потоа и политички комесар, и често говорел на митинзи. [4] При кра?от на ноември 1942 година, одредот добил задача испратена од Страшо Пин?ур , да ?а презими зимата, односно да не де?ствува до пролет. Наум Наумовски таа зима ?а поминал во Крушево, и го сменил партизанското име од Зеко во Борче.

На Велигден 1943 година, во Крушево дошол Шула Мину, ко? носел порака до Борче од Главниот штаб да се активира во партиското раководство на првата оперативна зона. По нападот на Крушево на 2 август, Наум Наумовски бил поставен за заменик политички комесар на втората оперативна зона, а по капитулаци?ата - политички комесар на батал?он, и брзо потоа, на група батал?они. Во декември 1943 година, Борче бил поставен за политички комесар на Втората македонска ударна бригада , а на Илинден 1944 година, политички комесар на Втората оперативна зона . Три недели подоцна, бил назначен за политички комесар на Првата македонска дивизи?а , а во октомври истата година член на ЦК на КПМ и политички комесар на Втората корпусна област . [5]

Наум Наумовски - Борче напредувал до функци?ата заменик политички комесар на Главниот штаб на НОВ и ПОМ , а во почетокот на февруари 1945 година, бил поставен за политички комесар на Главниот штаб на Македони?а.

За народен херо? бил прогласен на 29 ноември 1953 година. [5]

По ослободува?ето, Наум Наумовски работел во инструкторското одделение во ЦК на КПМ, а во два наврати бил градоначалник на Скоп?е.

Во негова чест е именувана улица во општина Центар, [6] како и средното училиште во Крушево.

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. ??Градоначалници на Скоп?е " . Архивирано од изворникот на 2011-02-15 . Посетено на 2012-01-04 .
  2. ?Народни херои од Македони?а“, Наша книга, Скоп?е, 1973, стр. 271
  3. ?Народни херои, стр. 272
  4. ?Народни херои, стр. 273
  5. 5,0 5,1 ?Народни херои, стр. 275
  6. ?Информаци?а за улицата ?Наум Наумовски - Борче" во Дебар Маало“ . Архивирано од изворникот на 2017-03-31 . Посетено на 2018-09-20 .

Литература [ уреди | уреди извор ]

  • Здравко Чупески ?Револуционерниот придонес на Наум Наумовски-Борче“, Скоп?е, 1996.
  • ?Народни херои од Македони?а“, Наша книга, Скоп?е, 1973