Карл Кауцки

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Карл Кауцки

Карл Кауцки ( 16 октомври 1854 ? 17 октомври 1938 ) е еден од на?угледните марксистички теоретичари, особено во периодот поме?у смртта на Фридрих Енгелс и Првата светска во?на .

Живот [ уреди | уреди извор ]

Карл Кауцки е роден во Прага во уметничко евре?ско семе?ство. Кога то? имаше седум години, неговото семе?ство се преселува во Виена . Во 1874 Кауцки се запишува на Универзитетот во Виена, каде што студира истори?а и филозофи?а . Следната година станува член на Соци?алдемократската парти?а на Австри?а .

Во 1880 година се приклучува кон група на германски соци?алисти во Цирих , ко?а е финансиски поддржани од Карл Хехберг и ко?а криумчари соци?алистичка литература во Германи?а , во ко?а насила во тоа време е Законот против соци?алистите. Под вли?ание на Едуард Берншта?н , секретарот на Хехберг, Кауцки станува марксист и во 1881 година ги посетува Маркс и Енгелс во Лондон .

Во 1883 година Кауцки го основа списанието ? Но?е ца?т “ (?Ново време“) и е уредник на ова списание до септември 1917 година. Од 1885 до 1890 година то? живее во Лондон и станува близок соработник на Енгелс. Во 1891 година, заедно со Берншта?н и Август Бебел , ?а пишува познатата Ерфуртска програма на Соци?алдемократската парти?а на Германи?а .

По смртта на Енгелс во 1895 година, Кауцки се профилира како еден од на?вли?ателните марксистички теоретичари. Кога Берншта?н излезе со критика на темелните марксистички поставки, Кауцки истапува против неговите ставови.

Во 1914 година, Кауцки, заедно со целата парламентарна фракци?а на соци?алдемократите, гласа за воените кредити, односно за воено ангажира?е на Германи?а во Првата светска во?на. Сепак, во ?уни 1915 година, откако стана ?асно дека во?ната нема да заврши наскоро и дека е кра?но брутална и скапа, то? потпишува апел заедно со Берншта?н и Хуго Хазе против анексионистичката политика на владата. Биде??и раководството на Соци?алдемократската парти?а продолжи да ?а поддржува воената политика на владата, во 1917 година крилото на парти?ата кое е критички настроено кон во?ната се отцепува од парти?ата и ?а формира Независната соци?алдемократска парти?а на Германи?а . Ме?у соци?алдемократите што ?а напуштаат матичната парти?а е и Кауцки, ко? станува дел од не?зиното десно крило.

По Октомвриската револуци?а во Руси?а и по недемократските потези на болшевичката влада насочени кон останатите соци?алистички партии, Кауцки пишува критички дела против новата советска власт и станува еден од на?острите критичари на комунизмот од редовите на соци?алдемократите . Тоа е една од главните причини Владимир Илич Ленин радикално да го промени сво?от дотогаш позитивен став кон Кауцки и да го прогласи за ренегат.

По Ноемвриската револуци?а во Германи?а од 1918 година, Кауцки станува државен потсекретар за надворешни работи во краткотра?ната коалициска влада поме?у Соци?алдемократската и Независната соци?алдемократска парти?а.

По расцепот во Независната соци?алдемократска парти?а во 1920 година, Кауцки заедно со малцинството од парти?ата се вра?а во членство на Соци?алдемократската парти?а. Од тоа време, неговата вли?ателност во соци?алдемократските кругови постапно опа?а.

Во 1924 година Кауцки се вра?а во Виена, каде живее до 1938 година. Во време на аншлусот , бега во Чехословачка , а оттаму во Амстердам , каде што и умира истата година.

Творештво [ уреди | уреди извор ]

Познача?ни дела на Карл Кауцки се:

  • ?Економското уче?е на Карл Маркс“ (1887, ревидирано издание - 1903)
  • ? Томас Мор и неговата утопи?а“ (1888)
  • ?Класната борба“ (1892)
  • ?За аграрното праша?е“ (1899)
  • ?Темелите на христи?анството“ (1908)
  • ?Пат до власта“ (1909)
  • ? Диктатура на пролетари?атот“ (1918)
  • ?Тероризам и комунизам“ (1919)
  • ?Од демократи?а до државно ропство“ (1921)
  • ? Грузи?а “ (1921)
  • ?Пролетерската револуци?а и не?зината програма“ (1922)

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]