Димитар Влахов

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Димитар Влахов
Димитар Влахов

Претседател на Президиумот на Народното Собрание (в.д.) (1946 - 1947)


Роден 8 ноември 1878
Кукуш
Починал 7 април 1953
Белград
Професи?а хемичар
Претседатели на Република Македони?а

Димитар Влахов ( Кукуш , 8 ноември 1878 - Белград , 7 април 1953 ) ? македонски револуционер, општественик и државник. Бил деец на Македонската револуционерна организаци?а , Народната федеративна парти?а , Солунската соци?алистичка федераци?а , ВМРО (Автономистичка) , ВМРО (Обединета) , Бугарската комунистичка парти?а , Комитерната и Комунистичката парти?а на ?угослави?а .

Рани години [ уреди | уреди извор ]

То? е роден во Кукуш , Еге?ска Македони?а . Неговиот брат е револуционерот Христо Влахов . Во периодот од 1894 - 1897 година учел во Солунска машка егзархиска гимнази?а . Подоцна завршил средно образование во Првата машка гимнази?а во Софи?а , а потоа станал учител во Белоградчик . Образованието го продолжил во Германи?а и Шва?цари?а каде учел хеми?а, а таму почнал да се движи и ме?у соци?алистичките кругови. Во тоа време то? станал и член на БРСДП и гравитирал околу Македоно-одринската соци?алдемократска група, а стапил во контакт и со анархистите од Македонскиот таен револуционерен комитет . Во 1903 година дипломирал на Софискиот универзитет .

Есента 1903 година се вклучува во македонското национално-ослободително движе?е. Во 1904 година кратко време е член на ЦК на ТМОРО и раководител на ТМОРО во Солун . Уапсен е во 1904 година и останува во затвор до 1905 година.

Младотурската револуци?а [ уреди | уреди извор ]

Димитар Влахов како пратеник во Отоманскиот парламент

По Младотурската револуци?а , во есента 1908 година е избран за пратеник во отоманскиот парламент, како претставник на левицата на македонското ослободително движе?е. Пред влегува?ето во Отоманскиот парламент не го владее турскиот ?азик (единствениот на ко? можело да се зборува). Во то? период многу брзо го совладува ?азикот. Од то? период забележани се неговите говори за самоволието на младотурската власт над македонското население (1910) и говорот за заштита на националните малцинства (од 1911). [1]

Учествува во редактира?ето на весникот ? Единство “ ко? бил орган на де?ците од Струмичкиот револуционерен округ на ВМОРО. На основачкиот конгрес на Народната федеративна парти?а во август 1909 година е избран за претседател на Централното биро на парти?ата и станува еден од не?зините на?истакнати членови. Набрзо влегува во судир со ?ане Сандански и во ?ануари 1910 година го исклучува од членство на парти?ата. Не зема учество на Вонредниот конгрес на НФП во април 1910 година, на ко? санданистите избираат ново раководство на парти?ата. Од летото 1910 година станува член на Солунската соци?алистичка федераци?а . [2]

Балканските во?ни и Првата светска во?на [ уреди | уреди извор ]

По Балканските во?ни револуционерната де?ност ?а продолжува во емиграци?а. Во своите ?Мемоари“ пишува дека имал неповолно мисле?е за Димитри?а Чуповски и неговата де?ност во ко?а се вели дека биле ?во улога на руската заво?увачка политика на Балканот во однос на Македони?а и дека за списанието ?Македонски глас“ дека бил издаван со руски пари.

Во 1916 година, по анектира?ето на Македони?а од страна на Бугари?а , Влахов станува управник на Приштинската област.

Поме?у двете светски во?ни [ уреди | уреди извор ]

По завршува?ето на Првата светска во?на ?а вршеше должноста бугарски генерален конзул, прво во Одеса , а потоа во Виена . Во 1920 година Влахов бил избран за резервен член на ЦК на ВМРО (Автономистичка) , како претставник на левото крило. [3] По тоа време то? бил испратен во Варна од Тодор Александров за да оствари контакт поме?у ВМРО и Советска Руси?а . Врска му бил Крсто Раковски , негов кум и истакнат работник на Коминтерната. По нарачка на ВМРО Влахов, заедно со зетот на Тодор Александров - Михаил Монев заминале во ?ули 1923 година за Москва. По вра?а?ето Влахов подготвил извешта? во ко? се рефлектирало дека СССР симпатизира на македонското ослободително движе?е и има желба контактите да продолжат. Влахов бил еден од член-основачите е на Македонскиот научен институт во 1923 г. Во 1924 година то? бил испратен со препораките на ВМРО како трговски претставник на Царството Бугари?а во Виена.

Борбите на македонскиот народ за ослободува?е , Виена, 1925

Во 1924 година е еден од организаторите на потпишува?ето на т.н. Ма?ски манифест во Виена со ко? ВМРО се согласува да де?ствува заедно со комунистичките партии од Балканот. По потпишува?ето на Ма?скиот манифест, со ко? се обиде да ги смири спротивставените водачи на ВМРО, Димитар Влахов бил отповикан од бугарската влада. Манифестот очигледно бил комплетиран на 29 април 1924 година, но неговото публикува?е е одложено и виси во воздух во очекува?е на вра?а?е на Тодор Александров во Софи?а за да ги консултираат другите партии таму. По пристигнува?ето во Софи?а неговите следбеници го убедиле да го повлече сво?от потпис во интерес на самата ВМРО ко?а не би смеела да си дозволи да изгуби толку ?способен“ водач во то? критичен момент. Александров поради тоа го известил Влахов и Петар Чаулев да го суспендираат об?авува?ето на Манифестот и веднаш да се вратат во Софи?а.

Влахов одбива да постапи така и се вклучи во формира?ето на ВМРО (Обединета) . Несогласува??и се со терористичките методи на ВМРО , кое во то? период потпадна под вли?ание на Ванчо Миха?лов и дегенерира во пион на бугарските и итали?анските планови за шире?е на Бугари?а на Балканот, Влахов ги изложи своите идеи во неговата позната книга ?Балканска федерациja“ во ко?а се вели: ?Интегрализмот е големосрпска иде?а, федерализмот - ?угословенска, а федераци?ата има за нас смисла до толку до колку ние преку неа би можеле да го видиме нашиот заветен идеал - слобода на нашата татковина...“

Влахов не беше ориентиран ниту кон Бугари?а , ниту кон ?угослави?а (ко?а тогаш водеше политика на крут централизам), туку кон Советскиот Со?уз , со чи?а помош то? се надеваше да постигне обединува?е на ?ужно-словенските народи каде Македони?а би формирала одделна, автономна федерална единица.

На кра?от на 1933 година Балканскиот секретари?ат на Коминтерната решава да го постави за разгледува?е македонското праша?е . По спомени на присутниот на седницата Димитар Влахов, таму е решено да се довери подготовката на резолуциjaта за праша?ето на два?ца Пол?аци кои немале поим од оваа проблематика. [4] Со помош на Влахов сепак била изготвена Резолуци?а на Коминтерната од 1934 година за македонското праша?е и таа била е одобрена од Политичкиот секретари?ат на Коминтерната на 11 ?ануари 1934 година. Самата резолуци?а е усвоена од Извршниот комитет на Коминтерната во февруари 1934 година. Од Коминтерната одлуката за македонска наци?а се пренесува на ВМРО (Обединета) и во април 1934 година весникот ? Македонско дело “ го об?авило текстот на резолуци?ата. [5]

Од 1925 до 1944 година Влахов е член на Бугарската комунистичка парти?а . Во емиграци?а бил уредник на весниците ? Македонско дело “ во Виена , Берлин , Париз . Во 1931 година бил избран за члeн на Извршниот комитeт на Лигата против импeри?ализмот и за национално ослободува?e како прeтставник од Макeдони?а. [6] Во тоа време Влахов станува агент на советското разузнава?е, [7] како контактира со него преку офицерот за врски со ВМРО (обединета), Георги Димитров . [8]

Втората светска во?на и вра?а?е во Македони?а [ уреди | уреди извор ]

Методи?а Андонов-Ченто , Виктор Мануел Виласе?ор, претставник на Организаци?ата на Обединетите Нации, Димитар Влахов и други, во Битола, февруари 1946.

Од 1936 до 1944 година живее во СССР . По нападот на Германи?а врз СССР во ?уни 1941 година, на 10-11 август 1941 година учествува во работата на Сесловенскиот конгрес како претставник на македонскиот народ. [9] Влегува и во составот на Президиумот на Сесловенскиот комитет. [10] На Второто заседание на АВНО? на 29 ноември 1943 година во отсуство е избран за член на неговото Претседателство. Избран е и за делегат на Првото заседание на АСНОМ .

Во ноември 1944 се вра?а во штотуку ослободеното Скоп?е и преминува во членство на Комунистичката парти?а на Македони?а . На 26 ноември , на Првата конференци?а на Народноослободителниот фронт на Македони?а, то? е избран за негов претседател, а на Второто заседание на АСНОМ во декември е избран за член на Президиумот на АСНОМ . На Третото заседание на АСНОМ во април 1945 година станува член на Президиумот на Народното Собрание на Македони?а.

Но, партиското раководство во Македони?а на чело со Лазар Колишевски , пополека го потиснува од власта, испра?а??и го на работа во Белград . Влахов е избран за потпретседател на Президиумот на Со?узното собрание на ФНР? , а во 1946 година е член на ?угословенската делегаци?а на Париската мировна конференци?а .

На Вториот конгрес на Народниот фронт на Македони?а во ма? 1948 година Влахов е избран за претседател на Народниот фронт на Македони?а, а на Шестиот конгрес на КП? , во ноември 1952 година е избран за член на Централната ревизиона комиси?а на Парти?ата. Умира во Белград во 1953 година.

Мисли на Димитар Влахов [ уреди | уреди извор ]

Кога зборувам за македонскиот народ ги имам предвид на прво место македонските Слав?ани. Под името македонски народ по тоа време македонските де?атели го разбираа целото население на Македони?а, т.е. зборот Македонци имаше поскоро географски карактер ...Кога револуционерната организаци?а беше основана и почна да работи, ?а започнува сво?ата работа наjнапред среде оние Македонци кои се викаа Бугари...

?Димитар Влахов, Мемоари, Скоп?е, 1970, стр. 21 [11]

?Но во работата среде македонските Словени - егзархисти, револуционерните де?атели сретнаа голем отпор и силни пречки од страна на бугарската импери?алистичка политика и не?зиниот орган бугарската Егзархи?а.
Но треба да се одбележи дека тие македонски Словени, кои го признаваа духовното ведомство на Егзархи?ата, се чувствуваа како одделен народ...Тие македонски Словени беа про?авиле во текот на целиот XIX век стремеж да ?а разви?ат сво?ата култура на говорниот ?азик на македонскиот народ на разни ди?алекти.
Многу од Македонците низ целиот XIX век, пред уште да биде образувана бугарската Егзархи?а и пред тие училишта да бидат раководени како последна инстанца од самата Егзархи?а, ги пишеа своите книги и преподаваа во училиштата на народниот македонски ?азик.“

?Димитар Влахов, Мемоари, стр. 22

?Македонското движе?е не е ниту бугарско, нити грчко, нити српско.
Македони?а е зем?а што заслужува да биде една одделна единка, чи? народ е посебен народ во смисла на тие на соседните балкански зем?и, то? има сво?а истори?а, сво?а култура, сво?а непрекината во текот на десетици години револуционерна де?ност за ослободува?е и то? народ има сво? голем придонес во делото на општословенската култура“

?Димитар Влахов, ?Мемоари“, I дел, стр. 8, според Густав Влахов, ?Спомени за татко ми“, стр. 4

Документи [ уреди | уреди извор ]

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. Густав Влахов, ?Спомени за татко ми“, издавач ?Радио-телевизи?а Скоп?е, 1968.
  2. Димитар Влахов ?Македони?а и Младотурска“ во ?Историски гласник“, Историско друштво НР Срби?е, 3/1949, 47 стр.
  3. Антони Гиза, Балканските държави и Македонския въпрос. Македонски Научен Институт ­ София, 2001 г.
  4. Мемоари на Димитар Влахов. Скоп?е, 1970, стр 356.
  5. Македонско дело, бр. 185, IV. 1934.
  6. "Meeting of the Executive Committee of the League Against Imperialism and for National Independence" , International Press Correspondence, June 11, 1931, pp. 569-570.
  7. Разведка и контрразведка в лицах: энциклопедический словарь российских спецслужб, Анатолий Валентинович Диенко, Клуб ветеранов госбезопасности (Руссия), Издател Русскiй мiръ, 2002, стр. 97.
  8. Димитров, Димитър (2005). ?Георги Димитров - съветски агент?“ . BBC . Посетено на 24 април 2008 .
  9. Александар Литовски ??убиле?на хронологи?а на македонското националноослободително движе?е и на антифашистичката борба во Македони?а во 2011“, Битола, 2011, 154-155 стр.
  10. Николай Кикешев “Славянское движение в СССР: 1941-1948 годы, Биографии членов президиума всеславянского комитета”
  11. Димитар Влахов, ?Мемоари“, Скоп?е, 1970.

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]