Борис Пастернак

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Борис Пастернак
Борис Пастернак, околу 1908 г.
Роден/а Борис Леонидович Пастернак
10 February [ ст. ст. 29 January] 1890
Москва , Руско Царство
Починат/а 30 ма? 1960 (1960-05-30) (возр. 70)
Переделкино , СССР
Занима?е поет, писател
Држав?анство Руско Царство (1890?1917)
Советска Руси?а (1917?1922)
СССР (1922?1960)
Знача?ни дела Мо?ата сестра, живот , Второто ра?а?е , Доктор Живаго
Знача?ни награди Нобелова награда за литература
(1958)

Борис Леонидович Пастернак ( 10 февруари 1890 , Москва - 30 ма? 1960 , Переделкино , Руси?а ) - руски поет и прозаист од евре?ско потекло, добитник на Нобеловата награда за литература во 1958 година за извонредните дострели во современата лирска поези?а и на полето на големата руска епска традици?а . То? бил принуден да се откаже од наградата иако првобитно ?а прифати, а потоа станал жртва на политичката кампа?а во ко?а романот ?Доктор Живаго“ бил забранет во СССР . [1]

Животопис [ уреди | уреди извор ]

Борис (лево) со братот Алекс, слика на нивниот татко, Леонид Пастернак

Животот на Пастернак е опишан во неговата автобиографи?а од 1958 година, ко?а е поделена на пет кратки глави: ?Раното детство“, ?Скр?абин“, ?1900-тите години“, ?Пред Првата светска во?на“ и ?Три сенки“. [2]

Детството и младоста [ уреди | уреди извор ]

Борис Пастернак е роден во Москва на 10 февруари 1890 година, во богато евре?ско уметничко семе?ство, како син на сликарот Леонид Пастернак и на пи?анистката Роза Кауфман . [1] [3] Неговото семе?ство живеело во зградата на сликарската школа каде работел татко му, припадник на тогашната ?Заедница на помладите руски сликари“ и познат по тоа што пове?епати го портретирал Толсто? и сликал сцени од ?асна Пол?ана . [4] Татко му Леонид Пастернак бил постимпресионистички сликар и професор на Московското училиште за слика?е, скулптура и архитектура , а неговата ма?ка Роза Кауфман , ?ерка на индустри?алец од Одеса , била концертна пи?анистка. Пастернак имал помал брат, Алекс, и две сестри: Лиди?а и Жозефин. Семе?ството тврдело дека по таткова лини?а води потекло од Исак Абрабанел , познат Сефарди Евреин од Португали?а , [5] а познато е дека родителите на Пастернак се дружеле со Лав Толсто? . [6] Таткото на Пастернак добил телеграма за смртта на Толсто? во Астапово и веднаш заминал таму, заедно со Борис, каде направил и цртеж на Толсто? на смртната постела. [7] Чести посетители на домот на Пастернак биле и Серге? Рахманинов , Александар Скр?абин , Лев Шестов , Ра?нер Мари?а Рилке . На пример, на 23 ноември 1894 година, Толсто? и неговите ?ерки го посетиле Леонид Пастернак во сликарската школа, каде присуствувале на концертот на Роза Кауфман и два?ца професори на конзерваториумот, кои свиреле музика на Ча?ковски . Таа вечер Борис Пастернак ?а сметал за почетокот на своето свесно памете?е. За време на концертот, малиот Борис се разбудил од музиката и почнал да плаче, а по завршува?ето на еден став, во неговата соба влегла ма?ка му и тогаш го видел Толсто? отпозади. Исто така, Борис се се?авал и на денот кога татко му ги работел илустрациите за романот на Толсто?, ? Воскресение “, како и на смртта и погребот на Толсто?. [8]

Во 1906 година, Пастернак за првпат заминал во странство, кога со родителите го посетил Берлин , а по вра?а?ето дома, то? станал ?убител на лириката на Рилке . Следната година, воодушевен од модерната уметност, Пастернак станал член на неколку здружени?а, како: ?Сердарда“ и ?Мусагет“ (чи? покровител бил Андре? Бели ), иако во второто здружение не учествувал активно. Исто така, од неговата младост потекнува воодушевеноста од поези?ата на Блок кого го истакнува како на?ретката и на?драгоцената по?ава во сво?от живот. Инаку, со Блок лично се запознал неколку месеци пред Блоковата смрт, и тоа површно. [9]

Престо?от во Марбург [ уреди | уреди извор ]

Борис Пастернак во 1910 , слика на татко му Леонид Пастернак

На почетокот, Борис Пастернак сакал да биде музичар, така што во раната малдост, седум години учел музика, а неговиот музички идол бил Скр?абин . Оттука, воопшто не зачудува тоа што во двете свои автобиографии, то? посветува пове?е страници на музиката и на Скр?абин, особено на средбата на ко?а му ги свирел на Скр?абин своите композиции. Ме?утоа, веднаш по таа вечер, наспроти пофалбите од големиот композитор, Пастернак раскрстил со музиката, а подоцна то? чекор го опишал на следниов начин: ?Ве?е тогаш мразев сe што не претставуваше творештво, сe занаетчиско... Во вистинскиот живот, мислев, сe треба да биде чудо и предодреденост, ништо смислено и намерно...“ [10]

Во 1910 година заминал во Германи?а , каде студирал филозофи?а на Универзитет Марбург , а таму се в?убил во Ида Висоцка, дево?ка од богато московско евре?ско семе?ство, ко?а ?а подучувал за последната не?зина школска година. Тие се сретнале во Марбург, во текот на летото 1912 година, кога таткото на Борис, Леонид, го сликал не?зин портрет. Борис Пастернак ?а запросил Ида, но на не?зиното семе?ство не му се допаднало тоа што бил сиромашен и немал перспектива, па ?а убедиле да го одбие. За сво?ата ?убов кон неа и одбива?ето, Пастернак ?а напишал поемата ?Марбург“ (1917). [11] Интересно, во автобиографското дело ?Заштитна повелба“, студиите во Марбург ги истакнува како вториот од трите клучни точки во неговото созрева?е, додека во втората автобиографи?а од 1958 година то? едва? го споменува престо?от во Марбург. [12]

Животот во Руси?а [ уреди | уреди извор ]

Пастернак со Евгени?а Луре и синот

ПОчетокот на Првата светска во?на го затекнала Пастернак на имотот на стариот поет Балтруша?тис, на реката Ока , во карактеристично, ексклузивно поетско друштво. Наскоро по об?авува?ето на во?ната, то? заминува во Москва, каде е дефинитивно ослободен од воената обврска. [13]

За време на Првата светска во?на , Пастернак работел во хемиска фабрика во Всеволодово-Вилве, блиску до Перм , каде на?веро?атно се здобил со матери?ал за неговиот подоцнежен роман Доктор Живаго . За разлика од неговото семе?ство и голем бро? негови при?атели, Пастернак не сакал да ?а напушти Руси?а по Октомвриската револуци?а . Кон кра?от на 1920-те години, се допишувал со Рилке и со Марина Цветаева . [14] За разлика од сво?ата автобиографска проза ?Заштитна повелба“, во ко?а во завиткана форма пишува дека бил ослободен од воената обврска поради неко?а болест или недостаток, во втората автобиографи?а од 1958 година то? соопштува дека летото 1902 година, паднал од ко? и ?а повредил ногата, ко?а потоа му била пократка од другата, и тоа ?во иднина го ослободувало од секо?а воена обврска“. [15] Исто така, во сво?ата автобиографи?а то? сосема малку и патем пишува за периодот по Октомвриската револуци?а, наведува??и пет знача?ни советски поети кои извршиле самоубиство во то? период: Есенин , Ма?аковски , ?ашвили, Цветаева и Фадеев. [16]

Во 1922 година, Борис Пастернак се оженил со Евгени?а Луре, студентка на институтот за уметност , а наредната година се родил нивниот син, Евгени?. Во 1927 година, кога при?ателите на Пастернак, Владимир Ма?аковски и Никола? Асеев ?авно се залагале за целосно потчинува?е на уметноста за потребите на Комунистичката парти?а на Советскиот Со?уз , [17] во едно писмо до сестра му Жозефин, Пастернак напишал дека ?е ги прекине контактите со нив. Во 1932 година, Борис Пастернак се в?убил во Зинаида Но?хаус, сопруга на рускиот пи?анист Ха?нрих Но?хаус . И два?цата се развеле од своите партнери, и две години подоцна се венчале.

Во април 1934 година, Осип Манде?штам му ?а прочитал на Пастернак сво?ата песна ?Епиграм за Сталин“. Откако ?а чул, Пастернак рекол: ?Не сум го чул ова, ти не ми го прочита, затоа што, знаеш, многу чудни и страшни работи се случуваат сега: ги собираат лу?ето. Се плашам дека ?идовите имаат уши, или овие клупи на булеварот можеби можат да чу?ат. Затоа, ?ас ништо не чув.“ [18] Но?та, на 14 ма? 1934 година, Манде?штам бил уапсен во неговиот дом. Откако дознал за ова, Пастернак отишол во канцелариите на Извести?а и го молел Никола? Бухарин да интервенира за Манде?штам. Набргу по средбата со Бухарин, во станот на Пастернак за?вонил телефонот и гласот од другата страна рекол: ?Другарот Сталин сака да зборува со тебе.“ [18] Сталин го прашал: ?Кажи ми што се зборува во литературните кругови за апсе?ето на Манде?штам?“ Пастернак негирал дека постои каква било дискуси?а за тоа и додал дека ве?е не постои литературен круг во Советска Руси?а. Потоа, Сталин го прашал што мисли лично за Манде?штам, а Пастернак одговорил дека то? и Манде?штам имаат сосема различна филозофи?а за поези?ата. На кра?от, Сталин рекол: ?Гледам дека не си способен да се заземеш за другар.“ [18]

Во последниот дел од сво?ата автобиографи?а од 1958 година, Пастернак пишува дека за поновиот период од сво?от живот, ко? се поклопува со кулминаци?ата на Сталиновата епоха, ?е говори концизно, ограничува??и се на ?генерализации“ и ?брзи карактеристики“ при што пове?е пишува за судбината на Цветаева отколку за себе, избегнува??и да прозбори за судбината на писателите за време на Сталиновиот режим. На пример, во 1935 година, кога бил ?напатена душа“ и кога бесониците кои траеле пове?е од една година го довеле ?до работ на душевна болест“, за време на антифашистичкиот конгрес одржан во Париз, то? се сретнал со Цветаева и со не?зиното сме?ство. [19] Исто така, последните години на Ма?аковски ги означува како време ?кога целата поези?а престана да постои, како неговата така и на другите, кога се обеси другарот Есенин“ и како време ?кога запре литературата“ за на?после да заклучи со зборовите: ?За таа епоха посто?ат две фамозни фрази: дека животот стана подобар, порадосен; и дека Ма?аковски беше и остана на?добриот и на?надарениот поет на таа епоха. ?ас со посебно писмо му се заблагодарив на авторот на втората фраза. Таа ме ослободи од претерува?ата за моето лично значе?е, претерува?ето на кое бев изложен триесеттите години околу Конгресот на писателите. ?ас го сакам сво?от живот и задоволен сум со него. Нема потреба дополнително да му се додава позлата. Животот без та?ни и без прецртува?а, животот с?а?но одразен во огледалото на неко?а изложбена витрина за мене е неприфатлив.“ [20]

Разочарува?ето и огорченоста на Пастернак од животот по Октомвриската револуци?а е видливо во завршниот пасус од неговата автобиографи?а, каде пишува: ?Овде завршува ово? автобиографски обди. Неговото продолжува?е би било неизмерно тешко. За да биде човек доследан, би требало понатаму да зборува за лу?ето и за настаните, за лу?ето и судбините кои го обединува рамката на револуци?ата. За еден свет на цели и стремежи, проблеми и подвизи дотогаш непознати, за новото самосовладува?е, за новата крутост и искушени?ата со кои то? свет ги потчини човечката личност, чест и гордост, ?убовта кон работата и трпението човеково... Треба за него да се зборува така што срцето да се стегне и косата да се крене на главата. Да се зборува за тоа на вообичаениот начин... не само да нема никаква смисла и причина. Да се пишува така ? грдо е и нечесно.“ Ово? заклучок е во согласност со зборовите кои едно момче кое на И?а Еренбург му рекол дека пред кра?от на животот ?сигурно Пастернак бил мрачен, недруже?убив, па и длабоко несре?ен.“ Еренбург, пак, го тврди спротивното, пишува??и дека ?Пастернак беше сре?ен и не живееш надвор од општеството затоа што тоа не му одговараше, туку затоа што то? самиот ? друштвен дури и весел кога е со други ? во длабочината знаеше само за еден единствен собеседник: самиот себе.“ [21]

Втората светска во?на [ уреди | уреди извор ]

Кога авионите на Луфтвафе започнале да ?а бомбардираат Москва , Пастернак се при?авил да служи како пожарникар . [22] Во сво?ата автобиографи?а од 1958 година, Пастернак пишува малку за сво?от живот за време на Втората светска во?на , а тоа веме го опишува со следниве зборови: ?Тоа беше епоха кога, според духовитата забелешка на Бели , триумфот на матери?ализмот ?а уништи матери?ата на светот. Ништо за ?аде?е, никаква облека, ништо од матери?алните нешта ? само идеи .“ Исто така, наведува дека пред патот за Грузи?а , каде било евакуирано неговото семе?ство, сво?ата богата кореспонденци?а ? ги дал на чува?е на една сво?а при?ателка ко?а работела во музе?от на Скр?абин. Биде??и немала многу доверба во музе?скиот сеф, при?ателката ги издвоила писмата од Цветаева кои ги носела насекаде со себе. Ме?утоа, една зимска вечер, додека патувала од блиското село кон Москва, таа забележала дека торбата со писмата на Цветаева ги заборавила во возот. [23]

Во 1943 година добил дозвола да ги посети во?ниците на фронтот, каде им читал поези?а и разговарал со повредените во?ници. [22] На кра?от од во?ната, во 1945 година, заедно со соработниците на нацистите во советските концентрациони логори биле затворени и многу други: емигрантите кои се вратиле поради ветената амнести?а, Евреи од антифашистичкиот комитет , припадници на други организации, како и ил?адници припадници на другите етнички групи, биле однесени на Сибир . [24] За ова искуство, Пастернак подоцна из?авил: ?Да знаевме каков хорор нe чека по во?ната, немаше да жалиме ако паднеше Сталин, заедно со Хитлер.“ [25]

Олга Ивинска [ уреди | уреди извор ]

Во октомври 1946 година, Пастернак се в?убил во Олга Ивинска , 34-годишна самохрана ма?ка , вработена во весникот Нови мир . Иако не ?а напуштил втората сопруга, Пастернак живеел во оваа вонбрачна врска до кра?от на сво?от живот. Сопругата на Пастернак била многу лута поради неверството на Борис и еден ден заминала да ?а на?де Олга, ко?а во моментот била многу болна и била на пат за болница. По вра?а?ето на Огла од болницата, Борис ?а посетил Олга и ?а продолжил сво?ата врска со неа како ништо да не се случило. [26] Вечерта, на 6 октомври 1949 година, Ивинска била уапсена од КГБ и била однесена во затворот Луб?анка. Ивинска била испрашувана за Пастернак и, иако ништо не признала, сепак била затворена десет години. Во то? период, Пастернак интензивно работел на вториот дел од романот ?Доктор Живаго“. [27]

Смртта [ уреди | уреди извор ]

Борис Пастернак починал на 30 ма? 1960 година, во сво?ата ку?а во Переделкино. Во Литературна Газета се по?авил мал напис за неговата смрт, а рачно напишани ливчи?а со датата и местото на неговиот закоп биле делени во московската подземна железница. [28] На то? начин, ил?адници почитувачи на неговото дело дошле на закопот во Переделкино. [29] Пред насобраните лу?е, неко? со длабок глас ?а рецитирал забранетата поема на Пастернак, ?Хамлет“. [30] Во ковчегот биле ставени напишани молитви , ?воната од црквата за?вониле, и на кра?от, ковчегот бил спуштен во гробот. Потоа, гробот на Пастернак станал еден вид храм за членовите на советското дисидентско движе?е. [31]

По неговата смрт [ уреди | уреди извор ]

Советска марка од 4 копе?ки, 1990 г.

По смрртта на Пастернак, Олга Ивинска била по вторпат уапсена заедно со не?зината ?ерка, обвинета дека била врската на Борис Пастернак со странските издавачи на ?Доктор Живаго“. Сите писма на Пастернак до Ивинска, како и многу други ракописи и документи, биле запленети од КГБ . По една година, во 1962 година, била ослободена ?ерката на Олга, а во 1964 година била ослободена и Олга. [32] Во 1978 година, не?зините мемоари биле та?но изнесени во странство и печатени како книга во Париз, а истата година излегол од печат и англискиот превод на мемоарите под наслов: Заробени во времето: Моите години со Пастернак .

Во декември 1989 година, Евгени? Борисович Пастернак, синот на Борис Пастернак, отпатувал во Стокхолм за да го земе Нобеловиот медал на татко му. [33]

Во 2009 година, излегла од печат книгата на Иван Толсто? во ко?а тврдел дека британската и американската разузнавачка служба биле вклучени во тоа на Борис Пастернак да му се додели Нобеловата награда. Кога Евгени? Пастернак бил прашан за ова, то? одговорил дека татко му потполно бил несвесен за активностите на разузнавачките служби. Евгени?, исто така, из?авил дека Нобеловата награда за татко му значела само тешка тага и малтретира?е во Советскиот Со?уз. Самиот Борис Пастернак, во песната ?Нобеловата награда“ од 1959 година, вели: ?Пропаднав, како ?верот што го гонат... Зад мене е шумот на онаа ха?ка / А за мене никаде нема премин... Патот е пресечен насекаде / Сеедно ми е сега мене... ?ас го натерва светот да плаче / Над убавината на зем?ата мо?а... Но и така, близу до гробот / ?ас верувам дека ?е има / Едно време кога злобата / Духот на добрината ?е ?а победи.“ [34]

Творештво [ уреди | уреди извор ]

Податотека:Ilya-ilf-pasternak-1.jpg
Борис Пастернак

Првите книжевни обиди на Пастернак потекнуваат од 1905 година, кога пишувал поези?а, а истовремено се бавел и со преведувачка аткивност. Според неговото признание, во тоа време ?бев луд по Бели, Хамсун , Пшибишевски.“ Во 1907 година го напишал првиот поголем есе?, ?Симболизмот и бесмртноста“. Подоцна, во 1912 година, за време на престо?от во Марбург , то? се зближил со футуристите од групата ?Центрифуга“ и тогаш ?а об?авил стихозбирката ? Близнак во облаците “ (1914). Во тоа време, според неговите зборови, то? ?пишувал стихови често и посто?ано како што се слика или како што се пишува музика“. Подоцна, оценува??и ?а оваа збирка, то? тврдел дека уште во тоа време неговата посто?ана преокупаци?а била содржината насто?ува??и песната да содржи во себе нешто ново, нова мисла или нова слика. Ме?утоа, во староста, Пастернак негативно го оценил своето учество во авангардните книжевни кружоци со зборовите: ??ас го следев тоа движе?е наспроти себеси, само затоа да постапувам како другите.“ [35]

По Октомвриската револуци?а , Пастернак ги об?авил збирките ? Братот мо? - животот “ (1922) и ? Теми и вари?ации “ (1923), [36] а подоцна, под вли?ание на симболизмот , то? преминал философска лирика - ? Второто ра?а?е “ (1932) - во ко?а го отфрлил револуционерното насилство. Во историско-револуционерните епски поеми го егзалтира револуционерното себеодречува?е - ? Поручникот Смит “ (1926) и ? Деветстотини и петтата година “ (1927). На ова револуционерно себеодречува?е, во своите автобиографски раскази то? им ?а спротивставил сво?ата поетска душевност, жедна за живот во сегашноста и непри?ателска на насилството - ?Воздушни патишта“ (1924) ? Спекторски “ (1931). Навечер како аполитичен, преведувал творби од Вили?ам Шекспир , ?охан Волфганг Гете , Пол Верлен и др. [1] Со тематиката од Втората светска во?на се неговите стихозбирки ? Во раните возови “ (1943) и ? Земското пространство “ (1945), како и романот ? Доктор Живаго “ (1957) во ко? ги опишува трагичните судири на револуци?ата и на гра?анската во?на . [1] Посмртно, во 1961 и 1965 година е об?авен неговиот циклус песни ? Кога ?е се разведри “ (без песните ?Душа“, ?Промена“ и ?По бурата“, кои се по?авиле само во Германи?а во 1960 г.) [37]

Ку?ата на Борис Пастернак во Переделкино , каде живеел од 1936 до 1960 година

Иако содржи делови ко?и се напишани во 1910 и 1920 година од XX век , ?Доктор Живаго“ не бил завршен сe до 1956 година, кога Борис Пастернак го дал на увид на весникот Нови мир . Весникот одбил да го об?ави поради Пастернаковите политички ставови кои не биле коректни во очите на Советскиот Со?уз . Имено, авторот на романот, како и самиот главен лик, Доктор Живаго, пове?е се грижел за благососто?бата на поединецот, наместо за благососто?бата на општеството, поради што советските цензори ова дело го прогласиле за антимарксистичко , затоа што во делото посто?ат имплицинтни критики и повикува?а на затворските логори. Во 1957 година, итали?анскиот издавач ?ан?акомо Фелтрин го копирал ракописот на романот од СССР , па истовремено го об?авил во две издани?а, прво на руски , а потоа и на итали?ански ?азик во сво?ата издавачка ку?а ?Фелтринели“ во Милано , Итали?а. Следната година бил об?авен и на англиски ?азик , а после тоа и на уште осумнаесет различини ?азици. За об?авува?ето на ово? роман на толку многу ?азици и толку многу изданиjа, пресуден бил фактот дека на Борис Пастернак му била доделена Нобеловата награда за литература во 1958 година. Романот ?Доктор Живаго“ во Советскиот Со?уз конечно бил об?авен во 1988 година, и тоа на страниците на весникот ?Нови мир“, [38] иако ве?е постоело издание од ово? роман.

Според Ивинска, Пастернак продолжил да пишува и да преведува секо? ден, дури и по контроверзите поврзани со Доктор Живаго . Во летото 1959 година, Пастернак почнал да ?а пишува трилоги?ата со наслов Слепата убавица , [39] но пред да го заврши првиот дел, се разболел од рак на белите дробови .

По избувнува?ето на Првата светска во?на, за време на антигерманските демонстрации во руската престолнина, во опожарената ку?а на еден индустри?алец изгореле и ракописите на пове?е дела на Пастернак. Исто така, и некои подоцнежни негови ракописи се изгубени. Така, во сво?ата автобиографи?а, то? набро?ува кои текстови му исчезнале со текот на годините поради различни причини: предава?ето ?Симболизмот и бесмртноста“, статиите од неговата футуристичка епоха, расказите за деца, две поеми, тетратката со стиховите напишани поме?у збирките ?Над бариерите“ и ?Мо?ата сестра ? животот“, скицата на еден роман чи? преработен почеток бил об?авен како новелата ?Детството на Ливерсова“ и преводот на една Свинбернова трагеди?а. [40]

Осврт кон творештвото [ уреди | уреди извор ]

Сво?ата кариера Пастернак ?а започнал како футурист. Но, за разлика од Ма?аковски и Хлебников , то? не бил концептуален футурист, па неговото членство во ?Центрифуга“ и подоцнежната краткотра?на соработка со ?Леф“ се об?аснува со неговиот стремеж да учествува во обновата на поетскиот ?азик и израз. Таа обнова Пастернак ?а замислувал на оригинален начин, а за тоа сведочат неговите ставови изразени во статиите со наслов ?Неколку поставки? (1922) и во песните ?Поези?а“ и ?Дефиници?а на поези?ата“ од збирките ? Братот мо? - животот “ (1922) и ? Теми и вари?ации “ (1923). Во нив, то? истакнува дека поези?ата е сунгер ко? впива сe што ?е до?де во допир со неа - специфичен орган со ко? зборуваат природата , светот, космосот . Подоцна, во еден говор од 1935 година, Пастернак повторно се навратил на оваа концепци?а на ?поези?ата во природата“, но се откажал од тезата за ?несебичниот“ поет, прифа?а??и некои поуки од Пушкиновата поетика (на пример, етичкиот ефект на поези?ата и залага?ето за мо?та на автономното творештво), а тоа придонело неговата поези?а да биде дефинирана како ангажирана во смислата на Блок . Во ?Братот мо? - животот“ и ?Теми и вари?ации“, Пастернак го испитува ово? ?говор на природата“ во границите на обновената структура на стихот и на различни тематски нивоа: доживува?ето на природата, светот, ?убовта итн., а неговата поетска визи?а се движи од претставата за единството на доживува?ата и задоволствата од животот до истражува?е на мотивот на ?ведрината“ во контекстот на многубро?ните книжевни судбини ( Пушкин , Гете , Шекспир итн.) и тезата за неопходноста од ?дава?ето“, т.е. алтруистичкото прио?а?е на ве?е изградениот поетски суб?ект кон проблемите на светот. Оваа концепци?а го приближила Пастернак до епската поема, а првиот обид од ово? тип е забележан во ?Возвишената болест“ (1923), додека ?Поручникот Смит“ (1926) и ?Деветсто и петтата година“ (1927) претставуваат вистински епски поеми. Неговиот интерес за епот завршува со ?романот во стихови“, ? Спекторски “, ко? жанровски е определен како поема, а ко? го претставува врвот на творештвото на Пастернак од првиот период по Октомвриската револуци?а. Во оваа фаза, истори?ата и лириката не се пове?е во опозици?а (тезата ко?а то? ?а лансира во ?Црниот пехар“ од 1916), туку во коегзистенци?а, што според него претставува предуслов за поетското творештво во современоста. [41]

Следната фаза од творештвото на Пастернак започнала со збирката ? Второто ра?а?е “ од 1932 година, а продолжува со длабоката криза во ко?а западнала неговата поези?а, ко?а не била соодветна на нормативите кои владееле во тоа време. Оваа криза се открива уште во конфликтниот карактер на сите тематски подрач?а во ?Второто ра?а?е“, за разлика од хармоничната структура на ?Братот мо? - животот“ и ?Теми и вари?ации“. Во ?Второто ра?а?е“ се обединети мотивите на ?убовната, дескриптивно-философската и соци?алната поези?а, но тие се подложени на нагласена дилема: од една страна, Пастернак искажува позитивна ориентаци?а кон ?далечината на соци?ализмот “, а од друга страна, со страв го истражува односот ме?у поетот и секо?дневието кое го убива поетот и не гарантира дека неговата иде?а на ?саможртвува?ето“ и ?дава?ето“ ?е биде запаметена (на пример, во песната ?Смртта на поетот“). Оттука, како решение, Пастернак го нуди бегството во ?огромноста на станот што предизвикува тага“ и создава?ето во името на ?идните лудила“, а единствената утеха е тоа што сe во животот се повторува. [42]

Последниот период во творештвото на Пастернак целосно е под вли?ание на Пушкиновата и Блоковата концепци?а за уметникот како надреден над епохата. Така, во циклусот ?Уметникот“ од збирката ? Во раните возови “ (1943), животот не поетот е претставен во поволна светлина при што по угледот на Пушкин, то? е во непосреден допир со народот. Во истиот дух е и Пастернаковата патриотска лирика во збирките ?Во раните возови“ и ? Земското пространство “ (1945) во кои само по исклучок е присутно патетичното прокламира?е на расположени?ата, но и тогаш основните симболи се поврзани со сликите на стравот, космичката реалност воведена во легендата и приближува?ето на пролетта , со што се идентификува не само воената победа, туку и духовната обнова на Руси?а . Во 1950-тите, поетското дело на Пастернак се нао?а во зенитот. Во ?Песните од романот“, об?авени на кра?от од ?Доктор Живаго“ повторно се развива старата тема за ?свесното саможртвува?е“, но и за ?суде?ето на вековите“, а не?зина алтернатива е поетовиот живот во вечната антропоморфна природа, ме?у лу?ето и во ?убовта (на пример, во песните ?Хамлет“, ?Зем?а“, ?Зимска но?“). На?после, посмртно об?авениот циклус ? Кога ?е се разведри “ (1961 и 1965) претставува илустраци?а на складноста на одухотворената природа и поетовиот духовен живот, и сознанието за миси?ата ко?а ги надминува границите на современоста. Ово? циклус песни е доказ за Пастернаковото приклонува?е кон Блоковиот поглед на задачата на поетот, но и за неговата скриена полемика со догматските сфа?а?а во поези?ата. Поетскито антропоцентризам со апологи?ата на ?душата“ наспроти ?потресите“ и ?превратите“ на векот (?По бурата“) ?а открива врската на Пастернак со романтичарското наследство на Пушкин, Т?утчев и Блок. Со тоа се дефинира прилогот на Пастернак кон разво?от на руската поези?а, заснован врз еуфониските елементи на стихот, метафоричноста на изразот и композици?ата. На то? начин, неговата поези?а имала голем придонес во обновата на руската поези?а по 1953 година и извршила вли?ание врз многу млади поети од то? период, како: Евтушенко , А?ги , Вознесенски , Соснора и Кушнер . [43]

Пастернак зазема знача?но место во руската книжевност, а покра? критичарите, за него пофално се изразуваат и многу писатели. Така, Манде?штам го нарекува ?човек со општо разбира?е“; според Андре? Си?авски , ?во неговите песни лирското кажува?е не се развива по ред, од по?ава до по?ава, туку скока над сите бариери со стремеж да биде широка скица, развиена слика на целината“; Стеван Раичкови? го оценува како ?еден од големите превратници во поези?ата на сво?от ?азик“, ко? ?во рускиот стих внел пове?екратни новости, како во мотивите, така и во изразот. Изненадувачки според идеите, асоци?ативен и слоевит, краток, ?езично густ, метафоричен, поет со сво?, сложен ритам“; според Миодраг Сибинови?, Пастернак ?а продолжува лини?ата на руската мисловна поези?а, а во неговото творештво доследно се остварени два принципа: поези?ата треба да ги бара одговорите за суштината на животот и потребата тие поетски открири?а да се вршат во метонимиски структурираната поетска слика; а во едно писмо, Марина Цветаева му се обра?а со следниве зборови: ?... Вие сте природна по?ава... Бог ве замислил како даб, а ве создал како човек, Вас ве удираат сите громови... А Вие мора да живеете.“ [44]

Значе?е и вли?ание [ уреди | уреди извор ]

  • Во 2003 година, романот Доктор Живаго влегол во школскиот систем на Руси?а како лектира за единаесетто одделение. [45]
  • Малата планета (3508 Pasternak) откриена од советскиот астроном ?удмила Георгиевна Карачкина во 1980 година е наречена по него. [46]
  • Руско-американската пе?ачка Регина Спектор рецитира стих од поемата на Пастернак ?Црна пролет“ од 1912 година, во песна од сво?от албум Почнувам да се надевам .
  • Руско-холандскиот композитор Фред Момотенко напишал придружна композици?а за ?Вечерно бдее?е“ на Серге? Рахманинов опус 37, врз основа на истоимената песна од Доктор Живаго .
  • Првиот филм ? Доктор Живаго “ бил снимен во 1965 година, во режи?а на Де?вид Лин .
  • Во 2002 година била снимена ТВ сери?ата ?Доктор Живаго“.
  • Во 2006 година бил снимена руската филмска верзи?а на ?Доктор Живаго“.

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД ?Микена“, Битола, 2009.
  2. Света Луки?, ?Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго изда?е). Београд: Просвета, 1963, стр. 7.
  3. ?Boris Leonidovich Pasternak Biography“ . Jewishvirtuallibrary.org . Посетено на 24 January 2014 .
  4. Света Луки?, ?Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго изда?е). Београд: Просвета, 1963, стр. 7.
  5. Boris Pasternak: A Literary Biography , By Christopher Barnes, p. 2.
  6. Pasternak (1959) p. 25.
  7. Ivinskaya (1978), p. xvi .
  8. Света Луки?, ?Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго изда?е). Београд: Просвета, 1963, стр. 7-8.
  9. Света Луки?, ?Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго изда?е). Београд: Просвета, 1963, стр. 9.
  10. Света Луки?, ?Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго изда?е). Београд: Просвета, 1963, стр. 8.
  11. Ivinskaya (1978) p. 395.
  12. Света Луки?, ?Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго изда?е). Београд: Просвета, 1963, стр. 10.
  13. Света Луки?, ?Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго изда?е). Београд: Просвета, 1963, стр. 13.
  14. Bayley, John (5 December 1985). ?Big Three“ . The New York Review of Books . 32 . Посетено на 28 September 2007 .
  15. Света Луки?, ?Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго изда?е). Београд: Просвета, 1963, стр. 9.
  16. Света Луки?, ?Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго изда?е). Београд: Просвета, 1963, стр. 14.
  17. Boris Pasternak: Family Correspondence, 1921?1960, p. 78.
  18. 18,0 18,1 18,2 Ivinskaya (1978) pp. 61?63.
  19. Света Луки?, ?Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго изда?е). Београд: Просвета, 1963, стр. 15.
  20. Света Луки?, ?Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго изда?е). Београд: Просвета, 1963, стр. 14.
  21. Света Луки?, ?Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго изда?е). Београд: Просвета, 1963, стр. 15-17.
  22. 22,0 22,1 Ivinskaya (1978) pp. 72?73.
  23. Света Луки?, ?Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго изда?е). Београд: Просвета, 1963, стр. 15.
  24. Ivinskaya (1978) p. 75.
  25. Ivinskaya (1978) p. 80.
  26. Ivinskaya (1978), p. 23.
  27. Ivinskaya (1978), p. 86
  28. Ivinskaya (1978), pp 323.
  29. Ivinskaya (1978), pp 326?327.
  30. Ivinskaya (1978), p 331.
  31. Ivinskaya (1978), pp 332.
  32. ?OBITUARY: Olga Ivinskaya“ . The Independent . UK. 13 September 1995 . Посетено на 27 October 2010 .
  33. "Boris Pasternak: The Nobel Prize. Son's memoirs". ( Pravda , 18 December 2003)
  34. Антологи?а руске лирике ? X-XXI век. К?ига II: Прва четвртина ? средина XX века (авангарда и соци?алистички реализам) . Београд: Paidea, 2007, стр. 90-91.
  35. Света Луки?, ?Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго изда?е). Београд: Просвета, 1963, стр. 9-11.
  36. Миливо?е ?ованови?, ?Песник Борис Пастернак“, во: Борис Леонидович Пастернак, Песме и поеме . Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. IV.
  37. Миливо?е ?ованови?, ?Песник Борис Пастернак“, во: Борис Леонидович Пастернак, Песме и поеме . Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. VIII.
  38. Contents Архивирано на 9 октомври 2006 г. of Novy Mir magazines (руски)
  39. "The Paris Review" interviews Boris Pasternak .
  40. Света Луки?, ?Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго изда?е). Београд: Просвета, 1963, стр. 13.
  41. Миливо?е ?ованови?, ?Песник Борис Пастернак“, во: Борис Леонидович Пастернак, Песме и поеме . Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. III-V.
  42. Миливо?е ?ованови?, ?Песник Борис Пастернак“, во: Борис Леонидович Пастернак, Песме и поеме . Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. V-VI.
  43. Миливо?е ?ованови?, ?Песник Борис Пастернак“, во: Борис Леонидович Пастернак, Песме и поеме . Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. VI-IX.
  44. Борис Леонидович Пастернак, Песме и поеме . Нови Сад: Orpheus, 2011.
  45. ≪Не читал, но осуждаю!≫: 5 фактов о романе ≪Доктор Живаго≫ 18:17 23/10/2013, Елена Меньшенина
  46. Schmadel, Lutz D. (2003). Dictionary of Minor Planet Names (5. изд.). New York: Springer Verlag. стр. 294. ISBN   3-540-00238-3 .