?увенал

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а

Деким ?уни? ?увенал ( латински : Decimus I?nius Iuven?lis ) ? римски поет .

Животопис [ уреди | уреди извор ]

?увенал се родил околу 65 година во Аквино (Лаци?а), а живеел наизменично во Аквино и во Рим , каде се стекнал со реторско образование . Подоцна станал офицер и во времето на царот Веспази?ан командувал со една чета во Далмаци?а . Нема точни податоци за неговата смрт , но според една верзи?а, ?увенал умрел на воена должност во Египет , на возраст од 80 години. [1]

Творештво [ уреди | уреди извор ]

?увенал почнал да се занимава со поези?а дури во подоцнежната возраст за време на владее?ето на царевите Тра?ан и Хадри?ан . Од него се сочувани пет книги со сатири од кои 16 се испеани во хексаметри. На?долга од сите е шестата сатира во ко?а то? остро ги критикува жените, нивните пороци и раскошниот живот, но темите ги бирал од минатото, особено од времето на царот Домици?ан . Исто така, ги исме?увал римските аристократи и нивното фале?е со далечните предци. Неговата критика е многу остра и песимистичка, така што наликува на декламаторски памфлети, а матери?алот во неговите сатири е прилично површен. Познати се неговите изреки: ?тешко е да не се пишува сатира“ ( difficile est satiram non scribere ), ?здрава душа во здраво тело“ ( mens sana in corpore sano ), ?на?големото почитува?е се должи на воспитаникот“ ( maxima debetur puero reverentia ), ?леб и циркуски игри“ ( panem et circenses ), итн. [1] Особено се истакнува седмата сатира во ко?а со живи бои ?а прикажува тешката матери?ална положба на учените лу?е, граматичарите, поетите и реторите . Во осмата сатира, ?увенал ги критикува навиките на благородниците, кои се фалеле само со своите славни предци иако тие самите немале никаква вредност. [2]

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. 1,0 1,1 ?Decim Junije Juvenal“, во: Rimska lirika . Beograd: Rad, 1964, стр. 103.
  2. Jevrosima Dra?kovi?, ?Razvitak rimske lirike“, во: Rimska lirika . Beograd: Rad, 1964, стр. 113.