한국   대만   중국   일본 
?озеф Рот ? Википеди?а Пре?ди на содржината

?озеф Рот

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а

?озеф Роф ( германски : Joseph Roth , Броди?, Австроунгари?а , 1894 ? Париз , Франци?а , 1939) ? австриски писател и публицист .

Животопис [ уреди | уреди извор ]

?озеф Рот е роден во малото место Броди? во Волини?а , Источна Галици?а , како син на сиромашна Евре?ка , додека сво?от татко никогаш не го видел. Благодарение на финансиската помош на неговите роднини завршил гимнази?а во Броди?, а потоа студирал во Лавов и во Виена . Кога избувнала Првата светска во?на , Рот бил прогласен за неспособен за воена служба, но во 1916 година се при?авил како доброволец во во?ската и бил испратен на источниот фронт при што бил заробен од руската во?ска токму во Галици?а. Во?ната ?а поминал во заробеништво во Сибир , а по не?зиното завршува?е се вратил во Виена, каде работел како новинар . Потоа се преселил во Берлин и во Франкфурт каде се истакнал со своите фе?тони и патеписни репортажи об?авени во весникот ? Франкфуртер алгема?не ца?тунг “. Како дел од работата, во ово? период то? многу патувал ширум Европа . Во 1933 година, то? се преселил во Австри?а, а потоа во Париз , каде живеел во голема сиромашти?а при што бил алкохоличар . Рот умрел во една болница за сиромашни во Париз. [1] [2]

Во младоста, Рот бил приврзаник на револуционерни , соци?алистичко - анархистички идеи, додека подоцна завршил во кра?но конзервативни идеи и застапувал некаков хабсбуршки легитимизам, бране??и ги застарените хабсбуршки идеали. [3]

Творештво [ уреди | уреди извор ]

Во Виена, Рот се запознал со познатиот есеист и критичар Карл Краус , ко? извршил големо вли?ание врз младите лу?е во Австроунгари?а . Истовремено, таму ги создал своите први поетски творби. Во 1920-тите, Рот почнал да об?авува поголеми прозни дела: романи , новели и поголеми есеи . Во неговите први романи, ? Хотел Саво? “ (1924), ? Бунт “ (1924) и ? Бегство без кра? “ (1927) преовладуваат безнадежноста и немирот кои завршуваат со неуспех, разочараност и смрт. Подоцна, во 1930 година ?а об?авил книгата ? Паноптикум “ ко?а ги содржи неговите скици, статии и размислува?а од неговите патува?а низ големите европски градови. Истата година го об?авил романот ? ?ов “ ко? го претставува неговиот прв книжевен успех. Подоцна ги об?авил романите: ? Маршот на Радецки “ (1932), ? Исповедта на убиецот “ (1936) и ? Ма?мунска гробница “ (1938) ко? претставува продолжение на ?Маршот на Радецки“. [4]

Некои историчари на книжевноста го сметаат Рот во предвесниците на неореализмот и во лирските расположени неоромантичари . Иако творештвото не Рот тешко може да се класифицира, сепак може да се каже дека то? е продолжувач на традици?ата на виенскиот роман, но во неговите дела се препознава и вли?анието на руските и на француските реалисти од 19 век , како и на древните евре?ски легенди . Во неговиот епски опус преовладува носталги?ата по исчезнатата австроунгарска монархи?а , а во неговите дела преовладува животниот став на лу?ето од таа епоха кои знаеле да уживаат во животот. Притоа, се?ава?ето на нивната лекомисленост е испреплетена со евре?ската трагика и со космополитските чувства. Делото на Рот се нао?а во средината на гротеската и тагата, ме?у сентименталноста и остроумноста. Благодарение на способноста да им одолее на чувствата, наспроти сво?от конзервативизам, Рот успеал да даде критичка слика на времето во кое живеел. [5]

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. ?Белешка за авторот“, во: ?озеф Рот, Исповедта на убиецот . Скоп?е: Темплум, 2010, стр. 201-202.
  2. ?Поговор“, во: ?озеф Рот, ?ов . Скоп?е: Темплум, 2019, стр. 234.
  3. ?Белешка за авторот“, во: ?озеф Рот, Исповедта на убиецот . Скоп?е: Темплум, 2010, стр. 202.
  4. ?Белешка за авторот“, во: ?озеф Рот, Исповедта на убиецот . Скоп?е: Темплум, 2010, стр. 201-204.
  5. ?Белешка за авторот“, во: ?озеф Рот, Исповедта на убиецот . Скоп?е: Темплум, 2010, стр. 202-203.