한국   대만   중국   일본 
Прилеп ? Википеди?а Пре?ди на содржината

Прилеп

Координати : 41°20′40.00″N 21°33′20.00″E  /  41.3444444° СГШ; 21.5555556° ИГД  / 41.3444444; 21.5555556
Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Прилеп
град
Поглед кон Прилеп од Марковите Кули
Меморијален музеј “11-ти Октомври 1941“
Могилата на непобедените
Манастирот „Св. Архангел Михаил“
Знаме на ПрилепГрб на Прилеп
Прекар(и): Градот под Маркови Кули
Прилеп is located in Македонија
Прилеп
Прилеп
Координати: 41°20′40.00″N 21°33′20.00″E  /  41.3444444° СГШ; 21.5555556° ИГД  / 41.3444444; 21.5555556
Држава Република Македони?а
Регион Пелагониски Регион
Општина Општина Прилеп
Првпат споменат во 1014
Управа
 ?  Градоначалник Борче ?овчески ( ВМРО-ДПМНЕ )
Надм. вис. &01010101010101010101010101010129999999 620?650 м
Население (2021)
 ? Вкупно 63,308
Демоним Прилепчани (мн.)
Час. по?ас UTC+1
 ? Лето ( ЛСВ ) UTC+2 ( UTC )
Повик. бр. +389 048
Рег. таб. PP
Патрон Свети Никола
Мреж. место www.prilep.gov.mk

Прилеп ? град во Македони?а , сместен во северниот дел на Пелагониската Котлина , во ?угозападниот дел на Република Македони?а . До него се стигнува преку магистралниот пат А 3. Има 63.308 жители (2021 г.) и се нао?а на 128 километри ?угозападно од главниот град Скоп?е .

Прилеп е познат како ?градот под Марковите Кули “ поради неговата близина до кулите што ги изградил легендарниот херо? Крали Марко (во Прилеп нарекуван Крале Марко).

Градот е одликуван со орден на народен херо? на ?угослави?а на 7 ма? 1975 и е еден од осумте одликувани града во СФР ?угослави?а со ово? орден. Покра? тоа носители на ово? орден се уште 14 лица кои потекнуваат од Прилеп и Прилепско.

Прилеп е седиште на истоимената Општина Прилеп .

Потекло на името

Прилеп, Марковите Кули и планината Бабуна

До почетокот на XI век за Прилеп нема податоци од пишани извори. Првиот запис за градот бил забележан два пати во Кратката истори?а ( грчки : Σ?νοψι? ?στορι?ν ) на ?ован Скилица , и тоа во последните денови од животот на цар Самоил, октомври 1014 г. и непосредно пред неговата смрт, како тврдина Πρ?λαπον . [1] Името е споменувано и во византиските пишани извори од XI век, во записот на византискиот цар Васили? II за правата на Охридската архиепископи?а. Прилеп е споменуван и во словенските извори од XIV век: ... ... ... Иако првиот запис е од 1014, со сигурност може да се каже дека името на градот постоело и претходно. [1]

Посто?ат пове?е претпоставки за потеклото на името на градот Прилеп. Хрватскиот лингвист Петар Скок ?а споменува лексемата lijep , ко?а имала две значе?а: 1. Тоа што се примило (прилепило) за нешто; 2. Блато, на?често кал помешана со плева што се лепи. Во ово? контекст Скок го споменува и градот Прилеп, т.е. прасл. глагол *l?piti ко?што потекнува од индоевропскиот корен *leyp со значе?е 'се придржува'. [1] Според едно предание на Марко Цепенков , лу?ето кои почнале да се доселуваат, своите ку?и ги граделе прилепени до калето на Марко, па поради прилепените ку?и и градот го добил името Прилеп. Во истото предание се споменува дека градот бил прилебно место (место каде што се произведувал леб ). [2]

Според некои истражувачи името има старословенско потекло со значе?е блатно, мочурливо место, место покра? блато. [3] Ме?утоа, ова толкува?е има свои пропусти. Првобитната словенска населба се нао?ала на доста високо место, под тврдината Маркови Кули, на надморска височина од околу 700 м. Во такви услови мали се шансите за постое?е блато на толку високо место. Во случа? да постоело блато, треба да го земеме предвид фактот дека Пелагони?а не била единствено место каде што некогаш постоела вода. Во то? случа? на?веро?атно би се очекувало и останати места коишто се нао?але покра? блато, во своето име да ?а содржат лексемата леп . [1] Според Блаже Конески името Прилеп е образувано од личните ими?а Прилепа и Прилепка, кои се зачувани во руската антропоними?а. [3]

Истори?а

Праистори?а и антички период

Според По?тингеровата табла патот од Стоби за Херакле?а поминувал преку Евристон и Керами?а (заокружена на картата)

Градот Прилеп и воопшто населби на подрач?ето на поширокиот прилепски регион, датираат уште од антиката, како што е археолошкото нао?алиште Стибера , ка? селото Чепигово . Во близина на градот, на Марковите Кули се откриени траги од предисториска населба.

Во раната антика тука израснала населбата Керами?а ( Ceramie ), обновена во доцната антика, ко?а до кра?от на антиката останала селска населба и не прераснала во град и епископи?а. [4]

Средновековна истори?а

Денешната местоположба на градот Прилеп потекнува од раниот среден век, кога Прилеп бил многу важен трговски и воено-стратегиски град. Токму во градот Прилеп, по катастрофалниот пораз на самoиловата во?ска во Беласичката битка , 1014 година, кога ги видел своите ослепени во?ници, царот Самоил починал од срцев удар. [5] По смртта на Самоил градот потпаднал под византиска власт. Во 1041 година византискиот цар Михаил IV Пафлагонецот го задушил востанието на Петар Дел?ан , а локалниот во?вода Мануил Ивац се обидел да ?а запре византиската во?ска ка? прилепскиот Плетвар со дрвена палисада, но без успех. Добромир Хрс и неговиот дедо, Мануил Камица, го зазеле Прилеп, но во 1202 Алекси? III повторно ?а освоил тврдината. [6]

Фрески од црквата ?Св. Никола“

Низ XIII век Прилеп преминува посто?ано во рацете на новите господари ? двапати на деспотите од Епир , двапати на Бугари?а , еднаш на царот од Нике?а . [4] На?прво, бугарскиот цар Кало?ан ?а искористил искористил ситуаци?ата што настанала во Византи?а со доа?а?ето на крстоносците пред Цариград и во 1203 година ja освоил Северна и голем дел од Западна Македони?а, ме?у кои и градот Прилеп. [7] По смртта на Кало?ан во 1207, како негов господар се ?авува властелинот Стрез , ко? владеел до неговата смрт во 1214 година. Потоа, Прилеп како и некои други градови во Западна Македони?а биле освоени од деспотот на Епир, Теодор Комнен (1214-1224). По битката ка? Клокотница во 1230 година, поме?у бугарската и епирската во?ска, Прилеп потпа?а под власта на бугарскиот цар Иван Асен II . По смртта на Иван Асен, на бугарскиот престол доа?а неговиот малолетен син, Калиман I Асен , па Прилеп повторно бил завземен од епирскиот деспот Михаил Ангел II, сe до 1254 година, кога градот преминал под нике?ска власт т.е. под возобновената Византиска импери?а.

Средновековен Прилеп, седиште на државата на Крали Марко

Се смета дека Прилеп потпаднал под српска власт после српско-византиската во?на во 1296-1297 година, што може да се заклучи по тоа што кралот Стефан Милутин го помагал манастирот Трескавец. [8] Кога Прилеп повторно потпаднал под византиска власт не е точно познато. Според Сто?ан Новакови? , тоа се случило во 1298 кога Стефан Милутин се помирил со Византи?ците и се оженил со византиската принцеза Симонида . [8] Во 1334 година Прилеп заедно со цела Македони?а стануваат дел од Српското Кралство, на чело со Стефан Душан . Знача?ни извори во то? поглед претставуваат трите Душанови повелби - грамоти дадени на манастирот Трескавец. Од нив се дознава дека Прилеп во тоа време бил големо и важно градско средиште и дека цар Душан тука имал сво? дворец.

Во 1371 година Прилеп станал престолнина на средновековниот македонски феудален владетел, Волкашин , ко? го создал Прилепското Кралство , со седиште во Прилеп. По неговата смрт во Маричката битка (1371), го наследил неговиот син, Крале Марко , (во народните предани?а и приказни, познат по своите натприродни сили и мо?и), ко? и по доа?а?ето на Турците сe до неговата смрт во 1395 година владеел со Прилеп и поширокиот регион на западна и ?угозападна Македони?а.

Османлиски период

Улица во Прилеп кон кра?от на XIX и почетокот на XX век

По погубува?ето на Крали Марко во битката ка? Ровине , Романи?а во 1395 година, Турците го презеле градот. Оттогаш се удомиле и со свои закони и укази управувале не само со населението од Прилеп и Прилепско, туку и со цела Македони?а. Ваквиот однос на турската власт кон месното население од Прилепско (кон кое ни малку не била наклонета), може да се види и од еден документ издаден во декември 1565 година. Во ово? документ се забележува пристрасноста на прилепскиот суд околу решава?ето на спорот поме?у селаните и неко?си во?вода од хасовите на везирот Мустафа-паша. Ваквиот став на судот предизвикал и бунт ка? населението, со што ?е се случи и првиот поголем бунт на македонскиот народ против турската власт, кога незадоволните Мариовци , ?е направат голем протест, проследен со нереди пред судот во Прилеп.

Со доа?а?ето на Турците , Прилеп од високоразвиен трговски град, се преориентира кон селското производство особено на тутун. Во првата половина на 16 век, Прилел имал 321 ку?а, од кои 300 им припа?але на христи?аните, а останатите биле муслимански. Според описите на градот од страна на турскиот патописец Евли?а Челеби?а , ко? го посетил Прилеп во 1670 година, населбата била составена од девет маала со ил?ада ку?и изградени со тврд матери?ал, додека градската чарши?а била составена од 200 ду?ани. [9]

Жени од Прилеп во почетокот на XX век

Во XVIII и XIX век во градот се одржувал голем пана?ур , ко? бил еден од на?големите во Румели?а и траел 25 дена. [10] На пана?урот доа?але трговци од целиот Балкански Полуостров, а на?многу се тргувало: жито, тутун, килими, стока и др. Во XIX век градот имал 2.800 ку?и, 1.100 ду?ани, 26 анови, 10 ?амии и 5 медреси. Во истиот период, во Прилеп учителствувал големиот македонски преродбеник и собирач на народно творештво Димитар Миладинов , заедно со сво?от помошник Ра?ко Жинзифов и токму во ово? период во контакт со Миладинов, Марко Цепенков (роден прилепчанец) ?е ?а прифати иде?ата на преродбеникот за собира?е на македонското народно творештво. Други преродбеници кои учителствувале во Прилеп се: ?ордан Ха?и Константинов-?инот , Григор Прличев , Кузман Шапкарев , ?осиф Ковачев и др. Во ово? период градот бил поделен на христи?ански и турски дел. Постоеле 17 христи?ански маала и 10 турски. [11] Реформите во во?ската и администраци?ата што почнале да ги спроведуваат турските султани од почетокот на XIX век наишле на отпор, особено ка? феудалците во Албани?а и Босна. Во 1830 година пашата Мустафа Решид Бушатли?а од Скадар навлегол во Македони?а со цел да ?а освои Битола . Ме?утоа, во неколку битки ка? Прилеп и планината Бабуна , во април и ма? 1831 година бил поразен и се повлекол во Скадар . Во средината на XIX век во Прилеп доа?а до брз разво? на занаетчиството и тргови?ата. Во ово? период во Прилеп биле развиени: казан?искиот, ковачкиот, аба?искиот и ?урчискиот занает, а нешто подоцна почнал да се развива и терзискиот занает. Во ово? период Прилеп има три пазарни дена: понеделник, четврток и сабота. Во централниот дел на градот се нао?ала црквата ?Св. Благовештение“ или ?Стара црква“, како што ?а нарекувало населението. Подигната е во 1383 година, на?веро?атно со помош на еснафите, богатите трговци и гра?ани на Прилеп. Не?зини ма?стори-градители, ?идари биле Коста Лауцо и Ристе Тасламиче. Името Коста Лауцо е поврзано и со изградбата на градскиот часовник, саат-кулата во 1858 година. [12]

Според структурата на ВМОРО , Прилеп за време на илинденскиот период бил дел од Прилепската околи?а на Битолскиот револуционерен округ. Илинденското востание ?е има силен одглас во Прилепско, а со борбите раководеле познатите прилепски во?води Петар Ацев и Крсто Гермов -Ша?ир во?вода. На Илинден востаниците во Прилепско ги исекле телеграфските кабли ме?у Прилеп и Велес како и ме?у Прилеп и Битола , а биле разрушени и некои дрвени мостови по патиштата кон Градско , Кичево , Крушево и Велес .

Голем бро? прилепчани активно се вклучиле во Младотурската револуци?а . Во септември 1910 година властите уапсиле над 70 гра?ани за време на акци?ата за разоружува?е на младотурците.

Балканските и светските во?ни

Панорама на Приле за време на Првата светска војна
Панорама на Прилеп за време на Првата светска во?на

За време на Првата (1912-1913) и Втората балканска во?на (1913) во Прилеп и неговата околина се воделе жестоки борби. Таква е Битката ка? Прилеп поме?у во?ските на Кралството Срби?а и Отоманското Царство, во ко?а отоманската во?ска била поразена. Кра?от на во?ните се означил со Букурешкиот договор , со ко? Македони?а била поделена, а Прилеп кра?но разурнат и разорен, како дел од Вардарска Македони?а ?е влезе во рамките на Кралството Срби?а .

Панорамски поглед на Прилеп во 1930 година

Шире?ето на идеите на октомвриската револуци?а во Руси?а, довело да се формира Соци?алистичка работничка парти?а (комунисти) во Белград во 1919 година чи?ашто прва месна организаци?а во Прилеп била формирана истата година, од приврзаници на соци?алистичките идеи.

Поранешниот бугарски полициски ?участок“, со чи? напад од страна на партизанскиот одред ?Гоце Делчев“ на 11 октомври 1941 година започнала Народноослободителната борба против фашистичкиот окупатор.

Во април 1941 г. Прилеп потпаднал под фашистичка окупаци?а. На 8 април таа година во градот влегла германската фашистичка во?ска, а на 26 април влегла и бугарската во?ска. [13] Уште од првите денови на окупаци?ата се по?авил отпор, за конечно на 11.10.1941 година со нападот на бугарската полициска станица од страна на Прилепскиот партизански одред ?Гоце Делчев“ да започне антифашистичкото народно востание против окупаторската власт. [14] [15] . Во текот на во?ната, населението од градот и околните села активно се вклучило во борбите. Во борбите се вклучиле и Со?узот на комунистичката младина на ?угослави?а (СКО?) и Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ). Градот бил ослободен на 9 септември 1944, а конечното ослободува?е е на 3 ноември истата година. Последните битки за ослободува?е на градот се водени ка? местото Пес?о Бртце. [16] Во текот на НОВ од Прилеп и прилепско од 8000 учесници, активни борци со оруж?е в рака биле 2700. Од нив 650 се загинати, 15 прогласени за народни херои (10 загинати во НОВ) и 154 носители на ?Партизанска споменица 1941“. [13] Поради големиот бро? на борци и жртви кои Прилеп ги дал во Втората светска во?на, градот по во?ната го добил епитетот ?град херо?“. По во?ната градот почнал да се развива и напредува во сите сфери.

Географи?а

Карпата Слонот на Маркови Кули

Градот Прилеп се нао?а во североисточниот дел на на?големата македонска котлина, Пелагони?а , односно во Прилепското Поле , како на?голема населба и негов центар. Опкружен е со планините Бабуна и Дрен Планина . Од градовите со кои одржува на?добра сообра?а?на комуникаци?а, оддалечен е 33 км од Крушево , 43 км од Битола , 37 км од Македонски Брод , 38 км од Демир Хисар , 64 км од Кичево , 48 км од Кавадарци , 79 км од Велес и 128 км од Скоп?е .

Клима

Градот Прилеп и околината се нао?аат на надморска висина од 550-700 метри, а Прилепското Поле го ограничуваат високи планини (1500м) коишто условуваат умерено-континентална клима. Средната годишна минимална температура според мерниот пункт во Прилеп изнесува 6,1°С додека пак апсолутната максимална температура изнесува до 39,4°С. Овие температури се повисоки од апсолутните максимални температури во Струга, Ресен, Охрид и Битола. Малото количество на врнежи во текот на годината (500-600 мм) е услов за по?ава на послаби извори на вода. [17] Прилеп и околината во текот на годината имаат на?чести ветрови од североисточен правец. Североисточниот ветар дува со максимална брзина 22,5 m/s. ?угоисточниот ветар дува со просечна брзина од 3,8 m/s. [18] Градот има пове?е од 250 сончеви денови во годината. [19]

Клима на {{{Место}}}
Показател ?ан Фев Мар Апр Ма? ?ун ?ул Авг Сеп Окт Ное Дек
Просечна максимална (°C) 4,4 7 11,3 16 21,4 26,2 28,4 28,5 24,4 18 10,8 5,7
Просечна температура (°C) 0 2,2 6 10,5 15,5 19,7 21,8 21,5 17,4 11,8 6 1,6
Просечна минимална (°C) ?3,7 ?1,7 1,3 5,2 9,6 12,9 14,8 14,6 11,2 6,8 2 ?1,7
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) 4,4 3,2 4,7 6,2 6,5 5,9 3,2 3,3 4,7 6,7 5,6 7,4
Извор: УХМР [20] ; weatherreports.com [21]

Сообра?а?

Железничката станица во Прилеп

Прилеп со патишта е поврзан со останатите делови од Македони?а. Поважни патни правци се Прилеп- Битола , Прилеп- Охрид (преку Битола и Ресен ), Прилеп - Кичево и патниот правец Прилеп- Велес - Скоп?е .

Прилеп е поврзан и со железница со Битола на ?уг и Велес и Скоп?е на север, а од железничката станица во Прилеп во 2010 година отпатувале 149.000 патници. [22]

Во градот функционира и ?авен автобуски градски превоз. До околните населени места има организирано редовен автобуски или железнички сообра?а?.

Население

Во турскиот пописен дефтер од 1467/68 година, Прилеп бил центар на Прилепскиот Вилает и имал вкупно 438 семе?ства, од кои 300 христи?ански семе?ства, 21 муслиманско семе?ство, 89 неженети христи?ани и 28 вдовици христи?ани. Во градот постоеле маала: Ха?и Убе?д, Прилепскиот Кетхуда, Калчар, Хроло, Чипо Манко, Франкопол, Штенар, Арменко, Филип, Грнчар, Дропар, Ра?ко Согло, Поп-Мелахио, Касапите, Хавлан, Кирклино, Дранина, Ценгеран, Ха?атан, Мелко и Пустин Дозан. [23]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов ( Македони?а. Етнографи?а и статистика ) од 1900 година, во Прилеп живееле 24.520 жители, од кои 16.900 Македонци , 6.200 Турци , 480 Власи и 960 Роми . [24]

За време на Балканските во?ни, бро?от на населението опа?а, па така во 1914 година изнесува 22.237 жители.

Потоа започнува процес на миграци?а на турското население и Првата светска во?на , а поради тоа населението во градот повторно се намалува и во 1921 година изнесува 18.508 жители.

По овие периоди започнува посто?ан природен прираст на населението. Тоа се ?авува на?многу поради доселува?ето на извесен бро? колонисти од ?угослави?а . Во периодот од 1948 до 1971 бро?от на жителите во градот се зголемил пове?е од двапати. Тоа се должи на миграци?ата село-град, како и на големиот природен прираст. Денес природниот прираст е во стагнаци?а.

Прилеп е четврт по големина град во Македони?а , а според последниот попис од 2002 година, кога Али Чаир, Багеска Ограда, Бонче?ца, Вишне, ?огдере, ?оре Спиркоски - Леништанец, Жабино Маало, Карабдалица, Козле, Марино, Ново Корзо, Поткасарни, Поткупи, Рид, Сарика, Старо Корзо, Сточен Пазар , Табана, Типски, Точила, Тризла , Центар, Чачорица и Шарена Чешма се споени, во градот се регистрирани 66.246 жители. [25]

Со новата територи?ална поделба поранешното село Варош преку пат на конурбаци?а е споено со градот Прилеп и денес претставува негова приградска населба. Заедно со сите жители во населба Варош , во градот Прилеп вкупно живеат 69.704 жители. (64.756 или 92,9 % Македонци .)

Етнички групи

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 66.246 жители (61.320 или 92,56 % Македонци ) и спа?ал во групата на големи градови. [26] Заедно со приградската населба Варош (3.458 ж.), ко?а во статистиките се води како одделно населено место, градот Прилеп имало 69.704 жители. Според последниот попис во 2021 година, Прилеп брои 63.308 жители, вклучува??и ?а и приградската населба Варош, ко?а преку пат на конурбаци?а е споена со градот.

Етнички гледано, населението според пописот од 2002 година е составено од: [25]

Етнички групи [25]
Македонци
  
92,56 %
Роми
  
6,60 %
други
  
0,34 %
Срби
  
0,23 %
Турци
  
0,19 %
Албанци
  
0,03 %
Бош?аци
  
0,03 %
Власи
  
0,02 %
Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 61.320 92,56
Албанци 21 0,03
Турци 123 0,19
Роми 4.372 6,60
Власи 16 0,02
Срби 151 0,23
Бош?аци 17 0,03
други 226 0,34
?азик

Во градот се зборуваат следниве ?азици [25] :

?азици [25]
македонски
  
97,62 %
ромски
  
1,62 %
други
  
0,28 %
српски
  
0,25 %
турски
  
0,18 %
албански
  
0,03 %
влашки
  
0,02 %
бош?ачки
  
0,01 %
?азик Вкупно Удел (%)
македонски 64.669 97,62
албански 19 0,03
турски 117 0,18
ромски 1.072 1,62
влашки 10 0,02
српски 163 0,25
бош?ачки 8 0,01
други 188 0,28
Вероисповед

Во Прилеп се застапени следните религиски групи [25] :

Религи?а [25]
Православие
  
91,56 %
Ислам
  
6,55 %
други
  
1,79 %
Католицизам
  
0,10 %
Протестантство
  
0,01 %
Вероисповед Вкупно Удел (%)
Православни 60.655 91,56
Муслимани 4.338 6,55
Католици 63 0,10
Протестанти 6 0,01
други 1.186 1,79

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Прилеп:

Население во минатото
Година Нас. ±%
1921 18.508 ?    
1931 22.821 +23.3%
1948 24.816 +8.7%
1953 29.776 +20.0%
1961 37.459 +25.8%
1971 48.202 +28.7%
Година Нас. ±%
1981 60.464 +25.4%
1991 66.817 +10.5%
1994 64.897 ?2.9%
2002 66.246 +2.1%
2021 63.308 ?4.4%
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бош?аци Ост. Лица без под. Вкупно
1948 [27] 23.268 9 1.207 1.799 14 284 ? 208 ? 26.789
1953 24.772 28 2.408 1.903 9 317 ? 339 ? 29.776
1961 33.608 38 884 ? ? 377 ? 2.552 ? 37.459
1971 43.924 28 2.464 201 ? 471 ? 1.114 ? 48.202
1981 55.342 31 566 2.463 8 391 ? 1.663 ? 60.464
1991 61.245 29 254 4.384 7 305 ? 593 ? 66.817
1994 60.786 24 172 3.566 7 172 ? 170 ? 64.897
2002 61.320 21 123 4.372 16 151 17 226 ? 66.246
2021 54.028 106 82 3.966 30 107 14 283 4.692 63.308

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македони?а (1948-2021), според податоци од офици?алните пописи во соодветните години

Населби и маала во Прилеп

Прилепско Езеро
  • Али Чаир
  • Багеска Ограда
  • Бонче?ца
  • Варош
  • Вишне
  • ?огдере
  • ?оре Спиркоски - Леништанец
  • Жабино Маало
  • Карабдалица
  • Козле
  • Марино
  • Ново Корзо
  • Поткасарни
  • Поткупи
  • Рид
  • Сарика
  • Старо Корзо
    Плоштадот во Прилеп
  • Сточен Пазар
  • Табана
  • Типски
  • Точила
  • Тризла
  • Центар
  • Чачорица
  • Шарена Чешма

Стопанство

Прилеп е центар на производство на висококвалитетен тутун и цигари, металопреработувачка, електронска, дрвна, текстилна, прехранбена и мермерна индустри?а (рудникот ?Сивец“).

Нива со тутун во близина на Прилеп

Тутунот е еден од прилепските традиционални култури што успева во македонската клима. Многу од големите светски производители на цигари го користат прилепскиот тутун откако ?е се обработи во нивните локални фабрики. Кога во Прилеп бил основан Институтот за тутун за создава?е на нови видови тутун, тоа било прв пример за примена на генетиката во зем?оделството на Балканот . Пове?ето жители на Прилеп опсто?уваат со производство на тутун, ко? потоа се откупува од Тутунски комбинат АД Прилеп во Прилеп. Во 2017 година во Прилепско Поле (општините: Прилеп, Долнени и Кривогаштани) биле произведени 9867 тони тутун, [28] што претставува 43% од вкупното количество тутун произведено во Македони?а.

Покра? тутунопроизводството во Прилеп, од големите индустриски претпри?ати?а работат и Прилепска пиварница , мермерниот комбинат, индустри?ата за висока технологи?а ?Микросам“ ко?а е позната во светот по големиот бро? произведени роботи и разни технолошки изуми, пове?е фабрики за мебел, градежни матери?али и воена опрема.

Во градот функционираат и ?авните претпри?ати?а: ?КП Комуналец, ?КП Водовод и канализаци?а, ?КП Пазари и ?П за просторни и урбанистички планови.

Panorama of Prilep from Hotel Kristal Palas, 2019
Панорама на Прилеп
Претпри?атие Де?ност Вработени
Тутунски комбинат Прилеп тутунска 1200
Мермерен комбинат рударство 585
Витаминка прехранбена 560
Еурокомпозит Архивирано на 23 април 2014 г. Наменска 383
Комфи Ангел Архивирано на 11 ?ануари 2012 г. Текстилна 300
Металец Архивирано на 30 ма? 2013 г. Метална 253
Прилепска пиварница Архивирано на 21 ?ули 2013 г. Производство на пи?алаци 250
11 октомври Архивирано на 9 ?ануари 2012 г. Печатарска 170
Жито Прилеп Архивирано на 4 октомври 2018 г. Прехранбена 150
Микросам Композитни матери?али 80

Образование

Фотографи?а од 1893 година, од битолскиот фотограф Анастас Лозанчев . Претставува група ученици од Француското училиште во Прилеп
Могила на непобедените
Ку?ата на Бектешовци изградена во 1923 г. и прогласена за споменик на културата.

Образованието во Прилеп се одвива во пове?е училишта. Основни училишта се: ОУ ?Блаже Конески“ , ОУ ?Гоце Делчев“ , ОУ ?Добре ?ованоски“ , ОУ ?Кире Гаврилоски ?ане“ , ОУ ?Климент Охридски“ , ОУ ?Кочо Рацин“ и ОУ ?Рампо Левката“ . Во составот на основните училишта функционираат и пове?е подрачни училишта во градот и околните села.

Средните училишта се: Гимнази?ата ?Мирче Ацев“ , а од стручните: СОЕПТУ ?Кузман ?осифовски Питу“ , СОУ ??орче Петров“ , СОУ ?Ристе Ристески - Ричко“ и СУ ?Орде Чопела“ , на кои посто?ат голем бро? на стручни насоки.

Од високото образование постои Економскиот факултет , како и дисперзирани студии за информатика и комп?утерска техника и зем?оделство, [29] производство и преработка на тутун, [30] рударство, геологи?а и инженерство на природни ресурси. Исто така, во Прилеп функционираат и постдипломски студии при Институтот за композитни матери?али и роботика . [31]

Култура

  • Институт за старословенска култура - ИСК генерално се занимава со етногенезета на старите Словени, преку истражува?ата на археолозите, историчарите на уметност, етнолозите, лингвистичарите и други помошни историски науки. Формиран е како Центар за истражува?е на старословенската култура при Музе?от на град Прилеп, а во 1980 година се осамосто?ува како институци?а од научен карактер. Негов основач е тогашниот директор на Музе?от на град Прилеп - проф. д-р. Бошко Баби?, а подоцна и негов директор од 1980 година.
  • Центар за современа ликовна уметност (ЦСЛУ) - Уметничка колони?а, ко?ашто секо?а година (во летниот период во месеците ?ули и свгуст) се одржува во центарот на градот Прилеп, за време на Прилепското културно лето. Основана е во 1957 година, од страна на историчарот на уметност и археолог - проф. д-р. Бошко Баби? (директор на ЦСЛУ до 1981 година, а потоа и не?зин доживотен почесен претседател), по негова иници?атива и исто така по иници?атива на неговиот при?ател и долгогодишен соработник на ЦСЛУ - академскиот сликар Ристо Лозановски. Уметничката колони?а е една од на?старите во ?угоисточна Европа, а е на?стара на Балканот. Секо?а година, се одржуваат, редовни четири работилници: ?Интернационалната сликарска колони?а (започната 1957 г.), ?Интернационален ва?арски симпозиум ?Мермер" (1963 г.), ?Интернационално студио за пластика во дрво (1971) и Интернационално ател?е за скулптура во метал (1984). Периодично се одржуваат и други работилници, како: ?Уметничка Фотографи?а, Керамика, Витраж, Мозаик, Графика , а од 2005 година и ?Студиото за пластика во пластика , основано по инци?атива на директорот на ЦСЛУ Диме ?анески (на функци?а од 1981 година до денес) и академскиот ва?ар Предраг ?аневски.
  • Македонски театарски Фестивал ?Во?дан Чернодрински" - ко? се одржува во чест на првиот модерен македонски автор на драми, Во?дан Чернодрински , ко? е роден во село Селци, Струшко во 1875 г. Основан е во 1965 година, од страна на познати македонски глумци, кои ?а дале целата нивна поддршка, како што се: Нада Гешоска , Димче Гешоски , режисерот Мирко Стефаноски и други. Ово? театарски Фестивал е на?големиот и на?знача?ниот за македонската театарска де?ност, како и пошироко на Балканот, чии признани?а се од голема важност во животот на глумците. Се одржува секо?а година, во првата недела од ?уни.
  • Манастирот во Зрзе и манастирот ? Св. Архангел Михаил “, кои имаат фрески од XII и XIV век, се знача?ни знаменитости на културата во Прилеп.
  • Исто така е важен манастирот ? Трескавец “, ко? се нао?а на падините под врвот Златоврв каде се снимени дел од сцените на филмот ? Пред дождот “ на Милчо Манчевски .

Уметност и архитектура

Црквата ?Св. Благовештение“
Црквата ?Св. Кирил и Методи?“

Посто?ат неколку антички знаменитости во Прилеп, вклучува??и една ка? Маркови Кули , црквата ?Св. Никола“ од XIII век, црквата ?Св. Успение Богородично“ (? Трескавец “), црквата ? Св. Преображение “ и ? Могилата на непобедените “, споменик во чест на жртвите од фашизмот ко? се нао?а во централниот парк на Прилеп. Познато е дека постои голема римска некропола каде се на?дени голем бро? на ?идини. Римски урнатини се нао?аат и блиску до Варошкиот Манастир , изграден на стрмните падини на ридот, каде подоцна е населена средновековна заедница. Голем бро? на раноримски гробници, некои со скулптурни рел?ефи на починатите или од ?тракискиот ?авач“ и други споменици од офици?ална природа, се нао?аат во двориштето на црквата под ?ужната падина на Варош . Некои од на?големите споменици биле изградени во ?идовите на црквата.

На?важниот антички споменик е стариот град Стибера ситуиран на ридот Бедем близу Чепигово , во централниот дел на Пелагони?а .

Манастирот Трескавец , е изграден во XII век во планините на 10км северно од Прилеп, под Златоврв, на работ на мала висорамнина на околу 1100 метри надморска висина. Други инскрипции во Трескавец вклучуваат неколку римски творби од I век посветени на Аполон . Старата тврдина била користена од Рим?аните, а подоцна Византи?ците. Во средновековието, Крале Марко ?а обновил цитаделата, праве??и ?а важна воена тврдина. Дури и Цар Самуил дошол таму по поразот на Беласица во 1014 година.

Од Прилеп потекнуваат ликовните уметници: ?ор?и Ачески , ?ордан Грабулоски , Рубенс Корубин , Боро Митри?ески , Борко Лазески , Ангеле Иваноски , Ристо Калчевски .

Цркви
Археолошки нао?алишта

Редовни настани

  • ? Пиво фест “ - фестивал на пивото со голема посетеност и разни домашни и странски естрадни гости.
  • Интернационални сликарски и ва?арски работилници во организаци?а на ЦСЛУ-Прилеп, основано уште од далечната 1957 година.

Личности од Прилеп и околината

( 1926 - 2003 ), Тодорка Кондова-Зафировска , македонска театарска, филмска и телевизиска глумица и режисер;
Поврзано целосна Список на личности од Прилеп , Категори?а:Родени во Прилепско , Категори?а:Починати во Прилепско

Збратимени градови

Градот Прилеп е збратимен со градовите [38] :

Прилеп како мотив во уметноста

Галери?а

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Нешкоска, Емили?а (2018). ?Кон етимологи?ата на името на градот Прилеп“. Balcanoslavica . 47 (2): 157?160.
  2. К. Цепенков, Марко (1989). Македонски народни приказни . Македонска книга. стр. 106. ISBN   8636900425 .
  3. 3,0 3,1 ?Прилеп во средниот век“ . Завод и Музе? - Прилеп. Архивирано од изворникот на 2016-03-13 . Посетено на 2015-03-21 .
  4. 4,0 4,1 Иван Микулчи?, ?Средновековни градови и тврдини во Македони?а“, Скоп?е, 1996, стр. 249-250.
  5. Skylitzes, John ; Wortley, John (2010). John Skylitzes: A Synopsis of Byzantine History, 811?1057: Translation and Notes (англиски). Cambridge University Press. стр. 331. ISBN   9781139489157 .
  6. A. Kazhdan, ‘Prilapos’, The Oxford Dictionary of Byzantium vol. III, 1718
  7. А?иевски, Коста (1982). ?Македони?а во првите години по формира?ето на Латинското царство (1204?1207)“. Годишен зборник на Филозофскиот факултет . 34 : 25?38.
  8. 8,0 8,1 Деди?ер, ?евто (1913). Нова Срби?а: (са 40 слика у тексту и картом нове Срби?е) (српски). Штамп. "Досити?е Обрадови?". стр. 206.
  9. Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.62
  10. ?Кратка истори?а на Прилеп“ . НУ Завод и музе? - Прилеп. Архивирано од изворникот на 2020-06-16 . Посетено на 2012-05-31 .
  11. Ха?и Васи?еви?, ?ован (1902). Прилеп и ?егова околина (српски). Чупи?еве задужбине Л., Београд. стр. 32, 33.
  12. Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.63-64
  13. 13,0 13,1 ?Прилеп низ истори?ата“ . www.prilepinfo.mk. [ мртва врска ]
  14. ?Антифашистичката во?на во Македони?а“ . А1 телевизи?а.
  15. ?Истори?а на АРМ“ . Министерство за одбрана на РМ. Архивирано од изворникот на 2011-09-02 . Посетено на 2010-02-18 .
  16. ?Останаа спомените за Пес?о Бртце“ . Вечер. [ мртва врска ]
  17. ?Клима туризам“ . Општина Прилеп. Архивирано од изворникот на 2012-08-10 . Посетено на 2012-07-15 .
  18. ?Клима зем?оделство“ . Општина Прилеп. Архивирано од изворникот на 2012-08-05 . Посетено на 2012-07-15 .
  19. ?Во Прилеп ?е се гради прва сончева централа“ . Утрински Весник. [ мртва врска ]
  20. ?Просечни вредности за климата во Прилеп“ . УХМР. Архивирано од изворникот на 2009-12-30 . Посетено на 6 ноември 2010 .
  21. ?Просеци за времето за Прилеп“ (англиски). weatherreports.com . Посетено на 6 ноември 2010 .
  22. Транспорт и други услуги, 2010 (PDF) . Државен завод за статистика на Република Македони?а. 2011. стр. 17. ISBN   9786082270463 .
  23. Турски документи за истори?ата на македонскиот народ кн.4, Методи?а Соколоски, д-р Александар Сто?ановски, Скоп?е 1971, стр.42
  24. Васил К’нчов. ?Македони?а. Етнографи?а и статистика“. Софи?а, 1900, стр.244.
  25. 25,0 25,1 25,2 25,3 25,4 25,5 25,6 ?Попис на Македони?а“ (PDF) . Завод за статистика на Македони?а. 2002 . Посетено на 14 ?ули 2016 .
  26. Сто?милов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Бил?ана (2016). Социоекономска географи?а на Република Македони?а (PDF) (II доп.. изд.). Скоп?е: Природно-математички факултет . стр. 91. ISBN   9989-668-50-7 .
  27. http://pop-stat.mashke.org/yugoslavia-ethnic1948.htm
  28. Пол?оделство, овоштарство и лозарство, 2017 (PDF) . Државен завод за статистика на Република Македони?а. 2018. ISBN   9786082272948 .
  29. ?Додипломски студии“ . УКЛО. Архивирано од изворникот на 2010-08-05 . Посетено на 2010-04-13 .
  30. ?Производство и преработка на тутун (Дисперзирана настава во Прилеп)“ . Факултет за зем?оделски науки и храна, Скоп?е.
  31. ?Постдипломски студии“ (англиски). Институт за композитни матери?али и роботика - Прилеп.
  32. ?ЦРКВА ?СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИ?" ? ПАРАКЛИС“ . Архивирано од изворникот на 2014-03-08 . Посетено на 2012-04-25 .
  33. ?Донирани средства за изградба на црквата Св. Петка во Прилеп“ . Курир. 20 ?ануари 2012. Архивирано од изворникот на 2012-03-14 . Посетено на 2012-04-25 .
  34. 34,0 34,1 34,2 ?Осветени темели на уште на една црква во Прилеп“ . Дневник. 24 април 2012 . Посетено на 2012-04-25 . [ мртва врска ]
  35. ? Сонуваниот храм се издигна ка? Кула . Архивирано од изворникот на 2016-03-04 . Посетено на 2014-10-27 .
  36. Два?ца бра?а од прилепско секо? ден 11 години граделе црква, денеска беше осветена
  37. ?Градоначалникот Ристески ги закрои лозите во месноста Склештен мост“ . Општина Прилеп. 10 февруари 2016. Архивирано од изворникот на 2017-06-09 . Посетено на 2017-02-26 .
  38. http://www.prilep.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=261
  39. Прилеп се збратими со украински Чернигов
  40. Блаже Конески, Црн овен . Скоп?е: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 16.

Надворешни врски