한국   대만   중국   일본 
Окупаци?а на Македони?а во Втората светска во?на ? Википеди?а Пре?ди на содржината

Окупаци?а на Македони?а во Втората светска во?на

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Окупирана Македони?а:

Окупаци?ата на Македони?а во Втората светска во?на била спроведена по капитулаци?ата на Кралството ?угослави?а и Кралството Грци?а . Притоа, освен порано вклучениот Пирински дел на Македони?а, Бугари?а го анектира и на?големиот дел од Вардарскиот дел и дел од Еге?скиот дел на Македони?а (до реката Струма и островите Тасос и Самотраки?а ), со вкупно 21.460 км 2 и околу 876.000 жители.

Итали?а го доби на?големиот дел од Западна Македони?а со градовите Тетово , Гостивар , Кичево , Дебар и Струга , на?големиот дел од преспанските села и Костурско, Леринско и Кожанско во Еге?скиот дел на Македони?а, со вкупно 4.314 км 2 и со околу 232 ил?ади жители. Во ?ули тоа окупационо подрач?е било препуштено на анектира?е од квислиншка Албани?а . Така, Еге?скиот дел на Македони?а, ко? дотогаш се нао?аше под грчка власт, бил поделен под бугарска, итали?анска и германска окупаци?а (Солунско, Воденско и Гумен?иско).

Во бугарското окупациско подрач?е имало околу 45 000 во?ници и чиновници, а на територи?ата под албанска окупаци?а бил воведе данокот десеток од времето на османлиското владее?е. Во Вардарскиот дел на Македони?а, само во првата година од фашистичката окупаци?а биле уапсени 1 937 лица, со 38 смртни пресуди. На бугарското окупационо подрач?е, од 3.422 учители и наставници во училиштата со наметнатиот бугарски наставен ?азик, имаше само 306 учители и наставници Македонци. Во итали?анско-албанското окупационо подрач?е бил воведен албанскиот ?азик во администраци?ата и во училиштата и за македонските деца.

Поделбата на Македони?а во 1941 година [ уреди | уреди извор ]

Во деновите поме?у 20 и 29 април 1941 година во Виена се воделе преговори ме?у грофот ?ано, министер за надворешни работи на Кралството Итали?а , и Фон Рибентроп, министар за надворешни работи на Нацистичка Германи?а , за поделба на Кралството ?угослави?а . На овие средби била договорена и демаркационата лини?а поме?у Кралството Итали?а и Царството Бугари?а во Македони?а.

Ме?утоа конечната демаркациона лини?а поме?у овие две држави била решена од бугарско-германска гранична комиси?а. Според оваа спогодба, поголемиот дел од Вардарска Македони?а се нашла под окупаци?а на Бугари?а, таа добила дел и од Срби?а , односно Поморав?ето и областите по текот на реките Нишава и Тимок , како и еден дел од Косово . Во Грци?а , Царството Бугари?а добила територии од Еге?ска Македони?а и дел од Траки?а .

Западна Македони?а била окупирана од Итали?а, во оваа територи?а се нашле градовите Тетово , Гостивар , Кичево , Дебар , Струга , потоа Костурско и поголемиот дел преспанските села.

Окупаци?ата завршила со кра?от на Втората свтеска во?на. На територи?ата на Вардарска Македони?а се формирала НР Македони?а како дел од СФР ?угослави?а , Пиринска Македони?а останала во рамките на Бугари?а, а по завршува?ето на Гра?анската во?на во Грци?а , Еге?ска Македони?а и понатаму била во рамките на грчката држава.

Бугарски соработници [ уреди | уреди извор ]

Бугарски централен акционен комитет [ уреди | уреди извор ]

Васил Ха?икимов, еден од основачите на Акциониот комитет
Свечен пречек на бугарските сили при нивното навлегува?е во Македони?а, организиран од Бугарските акциони комитети. [1] [2] [3] [4] [5] [6] Населението иници?ално, само накратко ja прифатило Бугарската воjска како ?ослободителка“ од српскиот гнет. [7] [8] [9] [10] Сепак, кратко потоа воодушевува?ето и ентузи?азмот преминале во презир. [10] [11] Македонскиот народ ?а увидел вистината, дека Бугарите не се ослободители, туку окупатори.

Заедно со германската во?ска што навлегувала во Македони?а, во Скоп?е пристигнала од Бугари?а една група на македонски политички емигранти, кои заедно со месни Македонци, под заштита на германската воена власт, на 13 април 1941 година го формирале Бугарскиот централен акционен комитет . Под негово раководтсво набргу потоа биле формирани слични комитети во внатрешноста на Македони?а. Нивната активност била помагана од Гестапо и германската воена команда. [12]

Во периодот од доа?а?ето на германската во?ска па сe до бугарската окупаци?а, Бугарскиот централен акционен комитет упатувал прогласи до македонскиот народ насто?ува??и да му даде нему бугарски национален белег и бугарската окупаци?а да се прикаже како спонтано бара?е на македонскиот народ за присоединува?е кон Бугари?а. Пред германската воена команда требало да се остави впечаток дека Бугари?а има историско право над Македони?а. Сета активност на Акциониот комитет требало да послужи како основа за што побрзо презема?е на административната власт во Македони?а од страна на Бугари?а и аргумент за не?зино анектира?е. Акциониот комитет преку печатот, ?авните собири и на други начини изразиле благодарност кон Германи?а за неговата ослободителна миси?а .

Бугарската влада на Богдан Филов во спроведува?ето на окупаци?ата на Македони?а пред ?авноста не се потпирала врз Акциониот комитет, неговата де?ност требало да остави впечаток дека тоа спонтана реакци?а на Македонците, ниту на сличните комитети создадени во внатрешност на Македони?а. По воспоставува?ето на бугарската административно-полициска власт во Македони?а, во ма? 1941 година, обласниот директор на Скпската област ?а прекратил работата и самото постое?е на Акциониот комитет. Акциониот комитет презел де?ност сред македонскиот народ во Еге?ска Македони?а и во делот под итали?анска окупаци?а за да се анкетира во бара?ата за присоединува?е и на овие области кон Царството Бугари?а.

Група Чкатров - ?узелов [ уреди | уреди извор ]

Димитар Чкатров
Лево на десно Антон Козаров (на?лево означен со бро? 1), Димитар Чкатров (бро? 3), бугарскиот министерот за внатрешни работи Петар Габровски (бро? 2), Петар Думев (бро? 4), Димитар ?узелов (бро? 5) со нацистички поздрав го пречекуваат бугарскиот окупатор.

Покра? бугарските акциони комитети, по навлегува?ето на бугарската окупаторска во?ска во Македони?а, приврзаниците на Иван Миха?лов ?а продолжиле соработката со Бугарската влада, а некои од нив соработувале и со германските окупаторски команди, но и со Иван Миха?лов , ко? во тоа време поресто?увал во Загреб . На то? начин ка? соработниците на окупаторските сили дошло до расло?ува?е во две групи.

Во првата, ме?у поистакнатите личности биле: Димитар Чкатров , Спиро Китанчев , Димитар ?узелов и други. Втората група ?а сочинувале приврзаниците на Иван Миха?лов, ме?у кои особено се истакнувале: Васил Ха?икимов , Стефан Стефанов , Кирил Дрангов , Борис Огненов [13] и други.

И двете групи имале бугарска национална определба и врз таа основа ?а остварувале соработката со Бугарската влада. И едните и другите го прифа?але бугарскиот карактер на македонскиот народ, но се разликувале во однос на припадноста на идната држава. Првите иднината на Македони?а ?а гледале во прогласува?ето на автономна или независна македонска држава под протекторат на Третиот Ра?х, таа требало да има бугарски карактер, а не?зиниот службен ?азик да биде бугарскиот литературен ?азик. Вторите се залагале за обединува?ето на Македони?а во рамките на бугарската држава.

Иако и двете групи насто?увале да се наметнат со своите ставови ка? бугарските окупаторски власти и да ги реализираат своите идеи, тие останале разочарани од односот на бугарскиот држава, ко?а единствено гледала да ги искористи нив за своите окупаторски цели, воопшто не обрнува?? и внимание на нивните ставови кои биле во спротивност со политиката на Бугарската влада. Исто така, нивните идеи, освен ка? мал дел од македонскиот народ, воопшто не биле прифатливи за македонскиот народот.

Групата околу Димитар Чкатров и Димитар ?узелов била составена главно од месната интелигенци?а. По навлегува?ето на германската окупаторска во?ска, во оваа група дошло до расло?ува?е во две помали групи. Првата се залагала Македони?а да се присоедини кон Бугари?а, а втората група, во ко?а биле Д. Чкатров, Д. ?узелов, С. Китинчев и други, барала да се прогласи автономна или независна македонска држава под протекторат на Третиот Ра?х.

Окупаторот пречекан како непри?ател [ уреди | уреди извор ]

Се покажало дека Бугарските соработници, нити имаат контрола над населението, нити дека населението има симпатии кон Бугарската во?ска.

Во некои градови влезот на Бугарските окупаторски сили бил пречекани со револт, акции па и протести од страна на Македонското население.Таков е случа?от во Струмица , Куманово , Скоп?е , Тетово и неколку други градови.

Според сведоче?ето на Д.К.Будимовски во Скоп?е , на 7 април 1941 , имало нешто околу 40 тина лу?е на ?свечениот пречек“ на Бугарските ?ослободители“, вбро?ува??и ги тука нивните жени и деца. Додава дека Скоп?ани им направиле пречек со каме?а и ?а?ца на локаци?ата на денешниот Дом на АРМ со извиците ?Ууууааа опиничари“ и ?Вратете се од каде што сте дошле!“.

Слично било и во Струмица . Каде настанот го опишува Мира Минанева . Иако во градот имало постари генерации кои му верувале на врховистот Ванчо Миха?лов , а ги предводел Димитар ?узелов сепак свечен пречек немало. Туку со состанок на Градското Партиско Довереништво одржан на 8 април , преземени биле активности да се разобличат Бугарските тврде?а дека ?е навлезе ослободителна во?ска. Тоа и им успеало, па така на 16 април штом се чула веста за пристигнува?е на Бугарската во?ска, масовно се собрале гра?ани, младинци и работници ко? носе??и мапа на етничка Македони?а и пароли ? Македони?а на Македонците “, ?Смрт на шпекулантите“, ?Долу шпекулаци?ата“ пее??и револуционерни песни дошло до судир ме?у гра?аните на Струмица со профашистичките / пробугарските групи кои го организирале пречекот [14] . Истите биле истерани од градот и "свечениот пречек" морале да го направат надвор од градот. Со тоа ?асно се ставило до знае?е дека се пречекува непри?ател, а не ослободител. [15]

За лошото расположение на населението во Кумановскиот регион пак, сведочат и архивските матери?али на штотуку конституираната бугарска окупаторска власт:

До Г. Околискиот Управител - Куманово (доверливо)

Населението ?а пречека власта речиси рамнодушно, без да про?ави некое посебно задоволство... 10 ?ули 1941 - Симеон Агов, Кмет на Клечевското селско општинско Управление До Г. Околискиот Управител - Куманово (доверливо)

Се забележува незадоволство ме?у населението од наредбата за принудно продава?е на волната и остава?е на човек по едно руно, незадоволство од високите цени на пченката, незадоволство од недостигот на сапун, сол и тутун...

7 август 1941 - За Градишческото селско општинско Управление Кмет (потпис нечиток)

По само неколку месечна активност овие комитети биле распуштени, што поради нема?ето вли?ание ме?у народните маси, а делумно и поради нивното некоординирано де?ствува?е, често поврзано со злоупотреба на финансиски средства и митото кое го прибавувале од Македонскиот народ, преку уцени и ветува?а кои очигледно не можеле да ги исполнат. [15] По скоро 3 месечно постое?е Бугарскиот централен акционен комитет бил распупштен.

Паралелно со влегува?ето на новиот окупатор, почнуваат со формира?е и првите Македонски партизански одреди , кои си поставиле ?асна цел, борба за слобода на Македонскиот народ против Фашистичките окупаторски сили на Германи?а, Итали?а и Бугари?а.

Албански комитети [ уреди | уреди извор ]

Репресалии [ мртва врска ] на Албанските Балисти во село Сливово - 1943

Со спогодбата на фашистичките зем?и од 20 април 1941 , беше одредена и демаркациона лини?а поме?у двата со?узника, Бугари?а и Итали?а . Западна Македони?а со градовите Тетово , Гостивар , Кичево , Дебар , Струга и преспанските села , првично биле окупирани од Германски сили, а потоа со посебен декрет, предадени во владение на фашистичка Итали?а . [16] Итали?анците пак, ?а предале цивилната власт на Албанските квинслинзи. Во нивно владение потпа?аала една префектура и четири потпрефектури. [17] Судирот на интереси поме?у Итали?а од една страна и фашистичка Бугари?а од друга, се одвивал токму во Кичевскиот регион , па така на терен паралелно се по?авиле и про-албанските слуги на Итали?а и про-бугароманските комитети во служба на Бугари?а, а против Македонскиот народ.

Во Западна Македони?а, ко?а била окупирана од Итали?а, се формирале разни комитети и братства кои имале за цел да предизвикаат раздор поме?у локалните Македонци, Турци и Албанци, како и потикнува?е на месното населени на соработка со новата итали?анска и албанска власт. Во текот на интеррегнумот до извршува?ето на окупаци?ата од страна на итали?анската во?ска, односно но?та поме?у 9 и 10 ма? 1941 година, бил формиран Албански комитет во Тетово , ко? побарал ово? град да биде ослободено од Итали?а и приклучено кон Албани?а . По примерот на Албанскиот комитет во Тетово , слични комитети биле формирани и во други градови во западниот дел од Вардарска Македони?а . Албанските комитети во Тетово и Струга на целокупното муслиманско население му наложиле да носат бели кечи?а со цел да се докаже дека албанското население е мнозинство и отука тоа е природно тоа да се на?де во рамките на албанската држава.

Албанските комитети дошле во судир со Акциониот комитет , биде??и то? создал свои разграноци во Западна Македони?а и испра?ал делегации до бугарската влада и двор во Софи?а , со бара?е Западна Македони?а да се на?де во рамките на Царството Бугари?а .

Отука Албанскиот комитет од Тетово започнал со контраагитаци?а и де?ност. То? испратил бара?е до Рим , организирал разни демонстрации и слично. Од Скоп?е во Тетово доа?але албански интелектуалци и заедно со посто?ниот Албански комитет организирале демонстрации за присоединува?ето на Скоп?е кон Албани?а.

Воена окупаци?а [ уреди | уреди извор ]

Никола Михов командант на Петтата бугарска арми?а
Насловна страница на бро? № 1 на весник "Македони?а" од 21 април 1941 година со проглас на Бугарските акциони комитети. [18] [белешка 1]

Царството Бугари?а ?а ангажирала сво?ата арми?а за окупира?е на добиените територии во Кралството ?угослави?а и Грци?а , а дел од бугарските сили биле ангажирани за обезбедува?е на границата кон Турци?а и за чува?е на црноморскиот брег, ко? бил германска воена база. Бугарската влада на Филов ги ангажирала и ги испратила следниве воени сили:

Првиот корпус, составен од четири дивизии, во Срби?а.
Петтата арми?а, составена од три дивизии, во Македони?а и Поморав?ето.
Две гранични бригади распоредени кон тогашната бугарско-албанска граница и пранешната ?угословенско-грчка граница.
Посебни единици за чува?е на патиштата, обезебедува?е на разни индустриски и други об?екти низ градовите на Варадрска Македони?а и ?ужна Срби?а.
Втор корпус, составен од две дивизии и други единици, во источниот дел на Еге?ска Македони?а.

Посебна одлика на бугарската окупаци?а во Македони?а е тоа што, покра? бугарските сили, имало и германски единици, команди и полици?а, како и посебни германски институции за експлатаци?а на рудните богатства и слично. Германските воени и полициски институции се мешеле во работата на бугарските окупациски власти, а постоеле и посебни офицери што одржувале редовна комуникаци?а со бугарската полициска власт и со некои бугарски политичари.

Западна Македони?а била окупирана од итали?анските сили, тие се состоеле од една дивизи?а (дивизи?а Фиренца), и други жандармериски, полициски, гранични и слични единци. Седиштето на дивизи?ата Фиренца се нао?ала во Дебар , а не?зините единици биле дислоцирани во Дебар , Струга , Кичево , Гостивар , Тетово како и на други сообра?а?ни и военистратегиски места.

Окупаторска административно-полициска власт [ уреди | уреди извор ]

Бугарска окупаторска администраци?а [ уреди | уреди извор ]

Царството Бугари?а во Втората светска во?на

Бугарската окупаци?а на Вардарска Македони?а започнала во втората половина на април 1941 година, а презема?ето на новите административно-полициски органи се одвивала бргу. По доа?а?ето на бугарските воени сили и полициски органи во Македони?а, уследило и назначува?е на на?високи функционери во организираните обласни дирекции, кои претставувале нависока извршна власт на државниот ситем на Царството Бугари?а .

Вардарска Македони?а во територи?ален поглед била разделена на две обалсти: Скопска и Битолска, а биле задржани околиите и општините од Кралството ?угослави?а. Ме?утоа во 1943 година била формирана Горно?ума?ската област и кон неа биле приклучени Струмичката , Беровската и Царевоселската околи?а , кои дотогаш биле во Скопската област.

По организира?ето на административната власт се започнало со создава?е и на други институции: гра?ански судови, обласна финансиска дирекци?а ( Сметна палата ), централно комесарство за снабдува|мини|лево|150п| инспекциски служби и слично. Во административно-политичкиот систем во спроведува?ето на новата бугарска власт знача?на улога имале и институциите кметство и кметско намесништво (старешина на селото - определен од власта), како органи на централната власт во Софи?а .

Масовни [ мртва врска ] убиства врз Македонци од страна на Бугарските фашисти - 1942

Раководниот кадар и на?големиот дел од службениците биле регрутирани од Бугари?а. Заедно со воено-полициската администраци?а од Бугари?а пристигнале и голем бро? на службеници, сите тие заедни ?а претставувале главната потпора на бугарската власт во Македони?а. Со оваа политика на Царството Бугари?а покажало дека немаа доверба во македонското население. Оделни пратеници во бугарското Народно собрание побарале бугарската влада да преземе мерки против манифестира?ето на македонската национална самобитност. Бугарското собрание побарало за Македонците да се употребува терминот Бугари од Македони?а, а не Македонци.

Иако Македони?а била анектирана од страна на Бугари?а, бугарските власти се стремеле да остават впечаток дека не се создава посебна окупаторска власт во Македони?а. Ме?утоа бугарските власти донеле посебни закони врз основа на кои се спроведувал окупацискиот систем:

Закон за заштита на државата донесен од 26 ?ануари 1941 година.
Закон за брзо уредува?е на неодложните праша?а во ослободените зем?и од 30 март 1942 година.

Врз основа на првиот закон, бугарската влада на Филов создала посебен режим за окупираниот дел во Македони?а, додека со другиот закон бугарската влада на македонското население му наметнало посебн кривично-правен ред кои важел само за новоосвоените делови од Македони?а. Мерките и системот на иследната постапка по ово? закон отстапувале од тогашните законски прописи во Бугари?а. Отука, во Македони?а постоеле и де?ствувале воени судови, со проширени компетенции за суде?ето на кривични дела и на гра?ански лица од окупираниот дел на Македони?а.

Германски привилегии [ уреди | уреди извор ]

Бугарската власт во окупираните делови на Македони?а биле ограничени од Нацистичка Германи?а . Некои германски институции што постоеле во окупираниот дел на Македони?а биле во привилигирана положба, а со самото тоа се намалувале и ограничувале суверените права на Бугари?а над окупираните подрч?а во Македони?а посебно доа?а до израз при определува?ето на статусот на Евреите од Македони?а , кои, за разлика од Евреите што живее?а во Бугари?а, им биле предадени на Гермнаците и депортирани од Македони?а.

Итали?анско-албанска администраци?а [ уреди | уреди извор ]

Франческо ?акомони
Албани?а во Втората светска во?на

Западна Македони?а, во периодот од ма? до ?ули 1941 година, претставувала окупациска област на итали?анската во?ска.

Првото правно реулира?е на администартивната окупациска власт во Западна Македони?а била регулирана со декретот на Бенито Мусолини од 17 ма? 1941 година. Со ово? декрет биле регулирани општите црти на организаци?ата и устро?ството на окупаторската цивилна и судска власт, било наредено на територи?ата на Кралството ?угослави?а ко?а била окупирана од итали?анските сили, цивилната власт, согласно Воениот закон , да ?а извршуваат цивилни комесари, што ги именувала Врховната команда. Сета власт на окупираната територи?а во западна Македони?а ?а вршел цивилен комесар.

Седиштето на цивилниот комесар за оваа територи?а се нао?ало во Призрен . Функци?ата висок цивилен комесар постоела до 3 декември 1941 година, а од тогаш со административните работи во ово? дел на Македони?а го презело Министерството за новослободените зем?и на Албани?а , кое што егзистирало до 12 февруари 1943 година, кога било укинато. По ова функциите на тоа министерство преминале на соодветните министерства во квинслишката влада на Албани?а .

Во ?ули 1941 година со декретот на Франческо ?акомони , итали?ански кралски намесник на Албани?а, територи?ата на западна Македони?а е анектирана од Албани?а. За целата територи?а на Македони?а окупирана од итали?анските во?ски и присоединета кон Албани?а било формирано една префектура со седиште во Дебар . Во составот на Дебарската префектура во 1941 година се нао?але 48 општини, кои потпа?але под Кичевската, Ростушката, Гостиварската и Тетовската околи?а (потпрефектури).

Знамето на Албани?а, 1939-1943

Шест села од Охридско биле присоединети кон потпрефектурата Подградец, ко?а како и Препанската потпрефектура биле во рамките на Корчанската префектура. Во 1944 година било формирано окружно началство (префектура) со седиште во Тетово . Префектурата во западна Македони?а претставувала на?висок орган на власта.

Покра? администартивните институции биле воспоставени полициски и судски органи. Во итали?ански раце се нао?ала жандармери?ата, и покра? постое?ето на цивилната албанска власт и албанска полици?а (квестура), што претставувало дво?ство . Квестурите, покра? чета полица?ци, имале и свои агенти и други та?ни соработници. Об?авениот закон со намесничкиот декрет од 27 февруари 1942 година, полици?ата била задолжена да се грижи за државната безбедност и потешките политички дела. Според ово? закон , квестурата била потчинета на префектот.

Квестурата, покра? квесторот имала и советник (Итали?анец). Покра? оваа полици?а постоеле и карбинери. Иако според офици?алните прописи карбинери?ата била орган на префектурата, таа всушност била самосто?на во сво?ата работа. Во почетокот не?зините редови биле пополнувани исклучиво од Итали?анци , а подоцна биле примани и Албанци .

Покра? жандармериската (карбиниерска) станица, во секо?а општина била формирана и посебна фашистичка милици?а, наречена црнокошулци . Според прописите, во секо?а префектура требало да постои по еден батал?он црнокошулци , но со оглед на слабиот од?ив тоа не можело наполно да се реализира.

Пиндско-македонско кнежевство [ уреди | уреди извор ]

Пиндско-македонското кнежевство претставувала автономна држава формирана и под контрола на фашистичка Итали?а , во северозападниот дел на Грци?а во регионите на Епир , Тесали?а и Западна Македони?а за време на Втората светска во?на [19] .

државата формирана во 1941 година била замислена како држава на Власите , но никогаш не успеала да ги “потчине“ локалните власти, и како таква опсто?увала до 1944 година [20] . Главен град бил Мечово , додека седиштето на управата се нао?ало во Трикала . Кнежевството имала и свое државно знаме.

Грчка државна управа (Елиники полити?а) [ уреди | уреди извор ]

Еге?скиот дел на Македони?а потпаднал под три окупаторски сиситеми. Областа источно од Струма била анектирана од Царството Бугари?а, централната област под германска окупаци?а, а западната област (Костурско, Гребенската околи?а и дел од Кожанско и Леринско), под окупаци?а на Итали?а, Германската и итали?анската окупациска територи?а биле под ?урисдикци?а на грчката квинслишка влада на генералот Георгиос Чоланоглу - под името Грчка државна управа.

Бугарско-итали?ански спор околу демаракационата лини?а [ уреди | уреди извор ]

Смотра на бугарски агентни полица?ци

Демаркационата лини?а во текот на окупаци?ата на Македони?а неколкупати била менувана во корист на Царството Бугари?а . Бугарските владечки кругови биле незадоволни истакнува??и дека делови од единствената бугарска територи?а (т.е западна Македони?а) останале под итали?анска окупаци?а. Бугарската влада отворено го поставувала праша?ето за присоединува?е кон Царството Бугари?а и на делот што и бил доделен на Итали?а .

Праша?ето на демаркационата лини?а во Македони?а било важно праша?е во бугарската дипломати?а. Во бугарското Народно собрание било побарано лично бугарскиот цар Борис III да се зазеде за решава?е на ова праша?е. То? неколкупати во 1941 година оптаувал во Берлин и Рим на разговори со германските и итали?анските државници. Во ?ули 1941 година бугарската делегаци?а на чело со Богдан Филов и Иван Попов го посетиле Рим . При оваа посета било разговарано со Мусолини и итали?анскиот министер за надворешни работи по праша?ето за разграничува?е на двете држави во Македони?а.

Ме?утоа од демаркационата лини?а не била задоволна ни итали?анската страна. Итали?анскиот конзул во Скоп?е , со поддршка на албанската страна, во ма? 1941 година во Скоп?е организирал демонстраци?а на ко?а било побарано Скоп?е да се приклучи кон Голема Албани?а .

Ваквото натега?е придонело неколкупати да се менува демаркационата лини?а. Во 1941 година Бугари?а, врз основа на претходено постигнат договор, окупирала 44 села во Тетовската околи?а со вкупно 3 607 ку?и и 28 214 жители, во 1943 година уште 4 села во Охридско со околу 2 500 жители. Како противвредност, Бугари?а на италио?анската страна и отстапила 9 села во Кичевско. За време на итали?анската капитулаци?а во септември 1943 година бугарската во?ска окупирала пове?е од 20 села во Преспанската околи?а, кои дотогаш биле под итали?анска окупаци?а.

Економска политика [ уреди | уреди извор ]

Новите власти создале посебен систем од разновидни мерки за економско искористува?е на риридните и другите богатства во Македони?а. За да се ограничи внатрешната потрошувачка и да се осигурат поголеми резерви на храна и други артикли во летото 1941 година била заведено нормирано снабдува?е на населението (купонски систем). Истовремено производителите биле задолжени да ги предаваат на државата сите производи по формирани ниски цени. Тоа се извршувало под контрола на специ?ално формирани реквизициони комисии.

На територи?ата на западна Македони?а им било овозможено на неколку привилигирани трговски друштва слободно да работата, односно да извршуваат експлатира?е на богатсвата во ово? дел на Македони?а. Ме?у овие друштва било САСТЕБ , кое вршело откуп на жито. Друго друштво се занимавало со експлатаци?а на шумите оосбено на богатите горски терени во Кичеви?ата, а трето друшво постоело за одржува?е на патиштата кои како важни комуникациски средства биле неопходни за окупаторите. Сите друштва ползувале евтина работна рака.

Десетокот (спахилакот), како институци?а позната од времето на Османлиското Царство , бил повторно воведен во западна Македони?а. Десетокот бил воведен со декретот на итали?анскиот кралскиот намесник на Албани?а во 1942 година.

Денационализаторска политика [ уреди | уреди извор ]

Страница № 124 од книгата Bulgaria during the Second World War на Marshall Lee Miller публикувана од Stanford University Press, 1975, ISBN 0804708703 . ⓒ Copyright violation!
Скопски гимназисти го поздравуваат револуционерот од ВМРО Коце Ципушев по неговото вра?а?е во летото на 1941 г., но то? по 1944 г. бил принуден да се врати повторно во Софи?а.

[21] ]] Бугарската влада насто?увала окупаци?ата на Македони?а да ?а претстави како природно проширува?е на бугарската територи?а, како презема?е на свои национални територии . Отука бугарските власти презеле пове?е де?ности во разни правци. Покра? административниот апарат бил создаден и голем пропаганден систем во Македони?а.

Бугарската влада донела акт за промена на националноста на македонскиот народ во бугарска. Ово? едностран акт имал за цел пред ?авноста на Бугари?а и не?зините со?узници да се оправда окупаци?ата. Негира?ето на македонската националност се спроведеувала и од разни културни институции, кои сакале македонскиот народ да го прикажат како бугарски. Под особен силен притисок била изложена македонската младина. Училишниот систем во Македони?а бил на?организираниот дел од бугарската денационализаторска политика. Во Македони?а бил создаден широк систем на училишни институции.

Во училишната мрежа биле опфатени речиси сите поголеми населени места во Македони?а. Во учебната 1941/1942 година биле отворени 800 основни училишта, 180 осмолетки, 10 полни и 7 неполни гимназии. Во учебната 1941/1942 година бугарските власти се обиделе да отворат универзитет во Скоп?е , а преку него требало да се создаде кадар кои подоцна би ?а ширел бугарската национална свет ме?у македонскиот народ, ме?утоа универзитетот бил отворен во учебната 1943/1944 година. Поголемиот дел од просветниот кадар бил донесен од Бугари?а , а за назначува?е на учители - Македонци требало гаранци?а од полициските власти за благонадежност . Во училиштата биле создадени специ?ални наствани програми. Речиси целата настав била сведена на изучува?е на таканаречените групни предмети по б’лгарознание , во ко?а спа?але: бугарски ?азик и бугарска национална истори?а . Голем бро? на научни институции, кои биле под контрола на Дирекци?ата за национална пропаганда на чело со Никола Коларов , се обиделе на разни начини сред македонските средини да докажат дека Македони?а е бугарска зем?а, а Македонците се Бугари.

Со помошта на поранешни активисти на ВМРО и БАК, Бугарските властите масовно ги депортирале српските колонисти од зем?ава. Од 25 000 Срби во Скоп?е, останале само 2 000 души.

По анекси?ата на западна Македони?а од страна на Албани?а , односно Кралство Итали?а , високиот цивилен комесар на Призрен , Фе?зи Ализоти, им наредил на сите префектури и потпрефектури да се заменат ?авните натписи на установите и другите приватни згради, со албански и итали?ански натписи. Била забранета каква било употреба на македонскиот ?азик, службен ?азик биле албанскиот и итали?анскиот. Новите албански, односно итали?ански власти, наложиле промена на сите ими?а и презими?а на неалбанското население, тие требало да доби?ат албанска форма. Македонските ученици морале да ги постеуваат албанските училиште каде наствата се одвивала на албански ?азик.

Националистички и фашистички организации [ уреди | уреди извор ]

Бугарски организации [ уреди | уреди извор ]

Амблем на организаци?ата "Браник"

Бугарската влада за да си создаде потпора во оно? дел од Македони?а ко? се нао?ал под не?зина власт, дозволила да се формираат фашистичките и националистичките организации: Браник , Отец Па?си? , Соjуз на бугарските национални легиони , Ратник , Во?ници од фронтот , Ополченци , Соjуз на резервните офицери , ?унак , Труд и радост и други

Во 1941 година егзистирале 40 организации со свои клонови низ сите места на Македони?а. Бугарската влада сакала да ги искористи и учесниците во Илинденското востание , но во голема мера во тоа не успеала. [ се бара извор ]

Масовно [ мртва врска ] стрела?е во Македони?а од страна на бугарскиот окупатор - 1943

Во 1943 година бугарската влада на Божилов ?а создала организаци?ата Општествена сила . Таа имала за цел да го придобие македонскиот народ зад бугарската влада и не?зината политика, да развива посебна активност сред македонските средини, тие на Бугари?а да гледаат како на ослободител и соработка ме?у не?зините групи за де?ност против македонското ослободително движе?е.

Дека сето ова, било само една голема пропаганда на фашистичка Бугари?а, на?добро говори фактот, ко? лично го потврдува бугарскиот полициски началник од Скоп?е - Асен Богданов , при неговото суде?е. То? како и неговите потчинети, биле изненадени од реалноста ко?а ?а увиделе, а таа е дека Македонскиот народ не се чувствува за Бугарски, нити мечтае за некаков со?уз со Бугари?а, како што им било всадувано во глава и ним и на целокупното Бугарско општество. Богданов, потврдува дека бугарски слуги и послушници биле мал бро? на гра?ани кои имале некаква корист да соработуваат со нив. Затоа и доа?а до терор, масовни убиства, угнетува?е и репресалии на македонскиот народ, ко? решително застанал во одбрана против фашистичкиот окупатор [15] . Односно, оние кои биле психолошки спремани дека ?е бидат ослободители, всушност сфатиле дека се окупатори до?дени на ту?а зем?а. Бро?от на жртвите - Македонски гра?ани, настрадани во Втората светска во?на изнесува 24000.

Албански организации [ уреди | уреди извор ]

?емаил Хасани - Балистот (во средината) со неговите бра?а, Мусли (лево) и Абдула (десно)
Амблем на организаци?ата "Бали Комбетар "

На целата територи?а во западна Македони?а биле формирани фашистички органанизации. Особена улога во создава?ето на овие организации имала Фашистичката парти?а на Албани?а , ко?а во суштина претставувала клон на итали?анската фашистичка парти?а.

Во фашистичката парти?а врз верска основа била собирана албанската и турската младина. Во секо? апрефектура и општина постоела фашистичка организаци?а на чело со вли?ателни месни лица. Во седиштата на окружните началства биле формирани таканаречени федерати , органи на фашистичката парти?а, во околиските началства и општините таквите орагнизации се викале фашии , а во селата постоела ниски инстанции на фашистичката организаци?а, наречени капо цукла (Capo Zukla). Во секо?а организаци?а на фашистичката парти?а особено во федератите се инфилтрирале воено известителната служба и контраизвестителната служба на Кралството Итали?а .

Итали?анските власти за заврстува?е на сво?ата власт започнале со силна пропаганда сред алабанските срединиз за формира?е на доброволни одреди (балисти) кои биле користени против ослободителното движе?е во Македони?а и пошироко.

Во есента 1942 година во Албани?а бил формиран национален фрон на Албани?а, наречен Бали Комбетар (Balli Kombetar). Оваа националистичка организаци?а создала форужени сили за наводна борба против итали?анската во?ска, а всушност тие се бореле против албанското, и другите, нослободителни движе?а. Во август 1943 година бил донесен специ?ален декрет за основа?е на номинална албанска милици?а, со што започнала отворена соработка со итали?анските власти [22] .

Центарот на балистичката организаци?а во западна Македони?а се нао?ал во Гостивар . Ово? центар бил раководен од Кадри Сали, а во Тетово Шуаиб Камбери. Овие два?ца биле членови на фашистичкиот корпоративен совет во Тирана, а потоа членови на Окружниот комитет за Косово. Други истакнати балистички водачи биле: ?афер Суле?мани, Мунир Тршана, Осман Азизи, Фи?ири Дина и други, а команданти на балистичките одреди биле ?емаил Хасани - ?емо и Мефаил Шеху - За?ази. Пред капиулаци?ата на Итали?а биле формирани и други фашистички организации: Легалитети, Зогу, Таша, Балили, Авангардисте, ?овани фашисте и други.

Белешки [ уреди | уреди извор ]

  1. По повод суде?ето на Асен Богданов, бугарски полициски началник во Скоп?е во периодот на бугарската окупаци?а, ?Нова Македони?а“ (21 ноември 1944 г.) на?авува??и го суде?ето изнесува: дека процесот против воениот злосторник А. Богданов почнува со задоцнува?е, биде??и бугарските власти не сакале да му го предадат на народниот суд. Бугарските власти долго време го одлагаа предава?ето на Богданов, биде??и то?, заедно со генералот Маринов, командант на XV-та бугарска окупаторска дивизи?а (штаб во Битола) наводно одиграл знача?на улога во 9-то септемврискиот преврат во Софи?а, во Отечествено-фронтовска Бугари?а. Маринов за “заслугите” стана главен командант на бугарската ОФ арми?а, а Богданов директор на софиската полици?а. На оптуженичката клупа, заедно со Богданов, седеа уште неколку негови соработници. Во обвинението на ?авниот тужител ме?у останатото се изнесува и следното: ?Како помошник на обласниот директор и обласниот полициски началник во Скоп?е од ?ануари 1943. до кра?от на Август 1944. г., Асен Богданов, потполковник на фашистичката полици?а, е еден од на?високите функционери на бугарските фашистички власти во Македони?а ко? е одговорен за многубро?ни ?верства од страната на окупаторот во Македони?а. Како обласен полициски началник во Скоп?е, Богданов организираше цела мрежа на соработници во цела Македони?а и создаде специ?ални полициски органи и контрачети, се поврза со озлогласениот Гестапо, ги координираше и раководеше бугарската полици?а и бугарската фашистичка во?ска на генералот Бо?дев, Маринов, Поп-Димитров, како и специ?алните одреди на Гестапо и поручникот Бирман.“ Асен Богданов, бугарски полициски начелник во Скоп?е, за време на бугарската окупаци?а (1941-1944), одговара??и на праша?ата од тужителот за методите на бугарската власт во Македони?а за всадува?е на македонскиот народ убедува?е дека е бугарски, вели: ?Пред да до?дам во Македони?а имав впечаток дека овде, навистина, постои бугарски елемент. Со години нам ни беше всадувана иде?ата дека Македони?а ? припа?а на Бугари?а, дека македонскиот народ е бугарски, и дека тука било Бугарско Царство. Изненадува?ето било огромно. Можев да констатирам дека како бугарски елемент се чувствуваа само неколку богати лу?е, кои се доближиле до бугарската власт, интелектуалци кои се брое?а на рака, а кои и припа?аа на организаци?ата на нашиот народ (бугарскиот - авт.). Сите останати се чувствуваа како Македонци. - Ко? ги организираше специ?алните служби за бугаризира?е на македонскиот народ? (праша?е на суди?ата - поротник*) - Овие служби се организирни со решение на Министерскиот совет, а биле раководени директно од Министерството за внатрешни работи. - Што се бараше од лицата кои биле испратени да работат во бугарскиот окупаторски административен и полициски апарат во Македони?а? (праша?е на суди?ата - поротник *) - Од нив се бараше да бидат задоени со иде?ата за бугаризаци?а на македонскиот народ, и за задржува?е на ово? кра? (Македони?а - авт.) по секо?а цена, под Бугари?а. - Дали тие ?а оправдаа довербата?* - Да. - Како? - Со борбата ко?ашто ?а водеа и безусловната примена на мерките на бугарската влада - терор, ликвидаци?а, погубува?е, пале?а итн. - Ко? всушност, го вршеше тоа - во?ската или полици?ата? - Заедно. - Како се убивани Македонците?* - Имаше стрела?а, имаше случаи на претепува?е, а и фрла?а во Вардар.“..., види Богданов и другите бугарски раководители во 1941година со апели и прогласи ?а бугаризираат Македони?а

Извори [ уреди | уреди извор ]

  1. Bulgarian Campaign Committees in Macedonia - 1941 Dimitre Mi?ev
  2. Македония 1941 Възкресение ( Macedonia 1941 Resurrection ), Сотир Нанев (Sotir Nanev), Sofia 1942, reprinted Sofia 1993, p. 15
  3. Between Past and Future: Civil-Military Relations in Post-Communist Balkan States by Biljana Vankovska, 2003, ISBN 1-86064-624-7 , page 270.
  4. Yugoslavism: histories of a failed idea, 1918-1992, Автор Dejan Djoki?, Издател C. Hurst & Co. Publishers, 2003, ISBN 1-85065-663-0, стр. 119.
  5. The struggle for Greece, 1941-1949, Автор Christopher Montague Woodhouse, Издавашство C. Hurst & Co. Publishers, 2002, ISBN 1-85065-492-1, стр. 67
  6. Mediterranean politics, Volume 1, Author Richard Gillespie, Publisher Fairleigh Dickinson University Press, 1994, ISBN 0-8386-3609-8, стр. 90.
  7. Who are the Macedonians? , Автор Hugh Poulton, Издавашство C. Hurst & Co. Publishers, 1995, ISBN 1-85065-238-4, стр. 101.
  8. Eastern Europe: politics, culture, and society since 1939, Автор Sabrina P. Ramet, Издател Indiana University Press, 1998, ISBN 0-253-21256-1, стр. 160.
  9. The Macedonian Question: Britain and the Southern Balkans 1939-1949 Oxford historical monographs, Автор Dimitris Livanios, Издател Oxford University Press US, 2008 ISBN 0-19-923768-9 , стр. 179.
  10. 10,0 10,1 Bulgaria During the Second World War by Lee Miller (Occupation on Vardar Macedonia)
  11. " The army that had been greeted with such enthusiasm became an object of disgust. " - Marshall Lee Miller: "Bulgaria During the Second World War," chapter " The Bulgarian occupation of Macedonia, " Stanford University Press, pg. 122-125, 1975.
  12. Истори?а на македонскиот народ, книга трета, издава нип Нова Македони?а - заедница за издавачка де?ност, книги, периодика и публицистика - Скоп?е, Скоп?е, 1969 година
  13. ИСТОРИ?А НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИ?А, СКОП?Е 2008, страна 261
  14. Струмица и Струмичко низ истори?ата . Струмица: Општински одбор на Со?узот на здружението на борците од НОВ ? Струмица. 1969. line feed character во |publisher= во положба 45 ( help ); line feed character во |title= во положба 21 ( help ); На |first= му недостасува |last= ( help )
  15. 15,0 15,1 15,2 "Суде?ата како последен пораз" од ?ован Павловски, Тетово 1966, Скоп?е 1977
  16. Окупаци?а на западна Македони?а . Скоп?е. 1975. стр. 7?8. На |first= му недостасува |last= ( help )
  17. Слободата беше нивниот идеал . Кичево: Музе? на Западна Македони?а во НОВ - Кичево. 1982. стр. 21. На |first= му недостасува |last= ( help )
  18. Makedonizm?t i s?protivata na Makedonia sreshtu negо, Kosta Ts?rnushanov, Universitetsko izdatelstvo "Svеti Kliment Okhridski" - Sofia, 1992, str. 260.
  19. Poulton, Hugh. 2000. Who are the Macedonians? Indiana University Press. Pp. 111
  20. (грчки) The capitulation of Italy Архивирано на 12 октомври 2014 г. from Rizospastis newspaper, 7 септември 2003
  21. ?Воена академиja "Г. С. Раковски" - Софиja, "Учество на Бугарската арми?а во Втората светска во?на (1941-1945 г.)" . Архивирано од изворникот на 2011-07-06 . Посетено на 2011-10-31 .
  22. Mazower, Mark. After The War Was Over: Reconstructing the Family, Nation and State in Greece, 1943-1960 . Princeton University Press, 2000, ISBN 0-691-05842-3 , p. 25. "Not surprisingly, when the Italians finally took control of mainland Greece in 1941, they found Cham activists willing to call for unification of the region with Albania. Several hundred were conscripted into the anti-communist Bal Komitare to act as local gendarmes. From the autumn of 1943, these armed bands took part alongside the Wehrmacht in burning Greek villages. Such actions, it seems, were not supported by many of the local beys, nor by the Mufti."