Франклин Д. Рузвелт

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
(Пренасочено од Франклин Делано Рузвелт )
Франклин Делано Рузвелт
Franklin Delano Roosevelt
Франклин Д. Рузвелт


Мандат
4 март 1933  –  12 април 1945
Заменик претседател(и)   ?он Н. Гарнер (1933 ? 1941)
Хенри А. Валас (1941 ? 1945)
Хари С. Труман (1945)
Претходник Херберт Хувер
Следбеник Хари Труман

Роден 30 ?ануари 1882
Ха?д Парк , ?у?орк
Починал 12 април 1945
Ворм Спрингс , ?ор?и?а
Парти?а Демократска
Сопружник Елеонор Рузвелт
Религи?а Епископист
Потпис

Франклин Делано Рузвелт ( англиски : Franklin Delano Roosevelt ; правилното презиме е Роузевелт , англиски изговор:  /?ro?z?v?lt/ ) [1] ( 30 ?ануари 1882 ? 12 април 1945 ), уште попознат како ФДР ( англиски : FDR ) ? 32. претседател на САД , и е единствениот претседател на САД ко? бил избран пове?е од 2 пати, па од тука е и претседателот со на?многу мандати, вкупно четири пати. Рузвелт го победил тогаш сe уште актуелниот 31. претседател на САД, Херберт Хувер на претседателските избори одржани во 1932.

Популарноста ?а добил со сво?ата политика со ко?а успеал да ?а ублажи големата економска криза во САД. Кога започнала Втората светска во?на на 1 септември 1939 прво индиректно ги поддржувал силите на Со?узниците, а по нападот на Перл Харбор од страна на ?апони?а на 7 декември 1941 и офици?ално застанал на страна на силите на Со?узниците и ги насочил сите достапни средства на САД за модернизира?е, обновува?е и проширува?е на американските вооружени сили во во?ната против Силите на Оската .

Во првите 100 денови од неговиот прв претседателски мандат (1933-1937), ко? започнал на 4 март 1933, Рузвелт започнал со сери?а реформи, уште попознати како Нов Договор (?у Дил) , кои се фокусирале на три главни цели: Ослободува?а од одредени обврски за невработените и сиромашните; Закрепнува?е на економи?ата на нормално ниво; и Реформира?е на финансискиот систем со цел да се спречи нова депреси?а. Американската економи?а закрепнала брзо во периодот од 1933 до 1937, но по тоа следувала длабока рецеси?а. Конзервативната коалици?а во американскиот Конгрес во 1937 го спречила усво?ува?ето на реформите кои Рузвелт ги планирал за американскиот правен систем, а исто така укинала голем дел од реформите за ослободува?е на невработените и сиромашните од одредени обврски за време на Втората светска во?на, биде??и за време на истата, невработеноста била речиси искоренета. На?големиот дел од реформите на финансискиот систем биле укинати во периодот 1975-1985, со исклучок на регулаци?ата на Вол Стрит од страна на Комиси?ата за Обезбедува?е и Размени на САД , ко?а што постои и до денешен ден. Заедно со уште неколку помали реформи, на?големата придобивка од Новиот Договор во САД е соци?алното осигурува?е, усвоена од страна на американскиот Конгрес во 1935.

Откако Втората светска во?на започнала по 1938 по почетокот на ?апонската инвази?а на Кина и агреси?ата предизвикана во Европа од страна на Нацистичка Германи?а , Рузвелт пружил силна дипломатска и финансиска поддршка за Кина и Велика Британи?а , иако офици?ално САД останале неутрални, како што налагал Неутралниот Акт усвоен во август 1935. Рузвелт рекол дека неговата цел е САД да станат " Големиот Арсенал на Демократи?ата ", со тоа што обезбедувале муници?а за силите на Со?узниците. Во март 1941 Конгресот ?а усвоил реформата " Поза?ми-Изна?ми ", со ко?а Рузвелт обезбедувал помош за државите кои се бореле против Нацистичка Германи?а на страната на Велика Британи?а. По ?апонскиот напад на Перл Харбор на 7 декември 1941, Рузвелт успеал да изде?ствува Конгресот речиси едногласно да ?а усвои Деклараци?ата за об?авува?е на во?на против ?апони?а. ?а надгледувал мобилизаци?ата на американската економи?а во поддршка на воените зафати на силите на Со?узниците, со што невработеноста била речиси искоренета, а индустриската економи?а пораснала до неочекувани висини.

Рузвелт ?а доминирал американската политичка сцена, не само за време на пове?е од 12 годишниот период ко? го поминал како Претседател на САД, туку уште цели децении по неговата смрт. Неговата ?у Дил Коалици?а обединила синдикати, големи градски машини, етнички белци, Афроамериканци и рурални ?ужни белци. Ефектите од неговата дипломатска работа останале долг период по неговата смрт, со Организаци?ата на Обединетите Нации и Бретон Вудс монетарниот систем како примери за широките ефекти на неговата администраци?а ширум светот. Комбинаци?ата на Рузвелт на оптимизам и активизам го оживеала националниот дух на американскиот народ. Починал на 63 годишна возраст на почетокот на неговиот четврти претседателски мандат на 12 април 1945. Непрекинато, до денешен ден, Франклин Делано Рузвелт ка? американскиот народ важи за еден од на?добрите претседатели на САД.


Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. http://www.youtube.com/watch?v=MX_v0zxM23Q Снимка од ФДР како дава заклетва