Олимписки стадион (Сочи)

Координати : 43°24′08″N 39°57′22″E  /  43.4022667° СГШ; 39.9561111° ИГД  / 43.4022667; 39.9561111
Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
(Пренасочено од Олимписки стадион Фишт )
Олимписки стадион (Сочи)
Место Сочи , Руси?а
Координати 43°24′08″N 39°57′22″E  /  43.4022667° СГШ; 39.9561111° ИГД  / 43.4022667; 39.9561111
Отворен 2013 [1]
Сопственик Влада на Руската Федераци?а (Olympstroy)
Цена на изградбата УСА $ 779 милиони
Архитект Populous , [2] Buro Happold
Игра
Гледачи 47,659 (светски куп)
40,000 (по купот)

Олимписки стадион ?Фишт“ ( руски : Олимпийский стадион ≪Фишт≫ ) ? стадион сместен во Олимпискиот парк во Сочи , Руси?а . Именуван е по планината Фишт . Се нао?а во близина на Олимпиското село и има сместивост од 40.000 гледачи. [1] Визи?ата за Олимпискиот стадион била на покривот од градбата да му даде изглед на снежни врвови, обезбедува??и дека тоа е во хармони?а со позадината на Имеретинската Низина и Кавказот . Стадионот ?е биде главниот об?ект за време на церемониите за отвора?е и затвора?е на Зимските олимписките игри , како и за време на Зимските параолимписки игри. [3] [4]

Стадионот е проектиран од глобалните водачи за спортска архитектура Populous и британската консултантска компани?а Buro Happold .

?идовите и покривот на стадионот претставуваат една целина изградена од про?ирни поликарбонати. Подвижниот дел од покривот се отвора кон север, со што на гледачите им се овозможува непречен поглед на планинските врвови на Кавказот на исток и брегот на Црното Море на запад. Кога е отворен покривот, стадионот потсетува на отворена школка.

Трошоците за изградба на стадионот достигнале 778,7 милиони американски долари , ко? бил отворен во 2013 година. [1] По Игрите, стадионот ?е служи како тренинг-центар и дел од об?ектите наменети за руската фудбалска репрезентаци?а . [1] Стадионот ?Фишт“ е еден од 11-те предвидени стадиони за одржува?е на натпреварите за време на Светското првенство во фудбал 2018 . [5]

Во октомври 2013, Централната банка на Руси?а издала банкнота од 100 руб?и , [6] сто дена пред почетокот на Зимските олимписки игри во Сочи. Сината банкнота осликува сноубордер во лет на едната страна, а на другата страна Олимпискиот стадион ?Фишт“ [7] .

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 ?Fisht Olympic Stadium“ . Sochi2014.com. Архивирано од изворникот на 2018-12-26 . Посетено на 2014-02-07 .
  2. Sochi 2014 Main Stadium Архивирано на 15 февруари 2010 г. architect: Populous
  3. Design for two major Sochi 2014 venues approved , sportbusiness.com, 19 април 2007
  4. Sochi2014.com Профил 29 септември 2010.
  5. FIFA Picks Cities for World Cup 2018 , RIA Novosti, Москва, 29 септември 2012 .
  6. Закарди, Ник (30 октомври 2013). ?Руската централна банка издала специ?ална банкнота за Олимпи?адата во Сочи“ . NBC .
  7. ?100 дена до Сочи 2014“ . Populous . 31 октомври 2013.

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]