한국   대만   중국   일본 
Чучер-Сандево ? Википеди?а Пре?ди на содржината

Чучер-Сандево

Координати : 42°6′12″N 21°22′55″E  /  42.10333° СГШ; 21.38194° ИГД  / 42.10333; 21.38194
Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Чучер-Сандево
Чучер

Поглед на селото Чучер

Чучер-Сандево во рамките на Македонија
Чучер-Сандево
Местоположба на Чучер-Сандево во Македони?а
Чучер-Сандево на карта

Карта

Координати   42°6′12″N 21°22′55″E  /  42.10333° СГШ; 21.38194° ИГД  / 42.10333; 21.38194
Регион   Скопски
Општина   Чучер-Сандево
Област Црногори?а
Население 290 жит.
( поп. 2021 ) [1]

Пошт. бр. 1011
Повик. бр. 02
Шифра на КО 25030, 25530
Надм. вис. 447 м
Слава Духовден
Чучер-Сандево на општинската карта

Атарот на Чучер-Сандево во рамките на општината
Чучер-Сандево на Ризницата

Чучер-Сандево (во минатото познато само како Чучер ) ? село во Општина Чучер-Сандево , во областа Црногори?а , во околината на градот Скоп?е . Селото претставува административно седиште на истоимената општина .

Географи?а и местоположба [ уреди | уреди извор ]

Стара ку?а во селото

Селото се нао?а во северниот дел на Скопската Котлина , во средишниот дел на територи?ата на Општина Чучер-Сандево . [2] Селото е ридско, на надморска височина од 540 метри. [2]

Селото зазема амфитеатрална положба. Сместено е на падините на брдото Троме?а, како и во една сува долина. Мештаните со вода за пие?е се снабдувале од пет чешми, кои со вода се снабдуваат од изворот Шум?аковац, северозападно од селото. Во атарот на селото посто?ат и други извори на вода, особено во планинскиот дел. [3] Во 1950 година бил изграден водовод. [4]

Месностите во атарот ги носат следниве ими?а: Дол, Лазово, Шум?аковац, Забел, Лулево, Црквен Забел, Извор, Солиште, Маринкова Голина, Трчмео, Големи Брег, Рапочева По?ата, Блачански Рид, Елезица, Мост, Вржи Вир, Лепенац, Лука, Пруга, Никиштанско Куличе, Душка, Шум?ак, Мусов Гроб, Кула, Чешмиче, Средно Солиште, Клепотенец, Марков Камен, Марков Даб, Цр?евац, Палешевина, Пударац, Река, Коларово Кладенче, Булини Гробишта, Вртво?а и Крна Глава. [3]

Селото има особен збиен тип. Родовските ку?и образуваат свои маала, како што се ?епи?и, Урдареви?и, Ка?еви?и, Ливрини?и и други. Во поново време, ку?ите се градат издвоени од стариот дел на селото. [3]

Селото се нао?а во областа Црногори?а , во ?угозападните делови на планината Скопска Црна Гора . Чучер-Сандево е на 15 километри оддалеченост северно од градот Скоп?е .

Чучер е едно од ретките села во ко?а има ку?и со пространи чардаци и чешми со многу дулки. [4]

Истори?а [ уреди | уреди извор ]

Собир во Чучер (пред 1920 г .)

Западно од селото, во близина на реката Лепенец , се нао?ала некогашна Давина Кула , во ко?а според мештаните се нао?ала неко?а жена по име Дафина. Подоцна, кулата била освоена од Турците. И денес се нао?аат остатоците од некогашната кула и други ?идини. [3]

Преданието наведува дека селото на?првин се нао?ало неколку стотина метри северозападно од денешната местоположба, околу изворот Шум?аковац. Ме?утоа, мештаните морале да го напуштат тоа село, биде??и поради нешто било запалено. Селото не било преместено наеднаш, туку дома?инствата се селеле пове?епати. [3]

Од старите родови во некогашното село, во денешното село се зачувани само родовите Ка?еви?и и Ливрини?и. [3]

Според бугарските извори, во селото се доселиле српски доселеници во периодот 1689-1739 година. [5]

До кра?от на турската власт во 1912 година, селото трпело напади од страна на муслиманските жители (особено од селото Блаце ) и не добивало заштита од страна на државата. [3]

Во XIX век, селото е дел од нахи?ата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство .

Првичното име на селото било само Чучер, но било додадено и ?Сандево“ по Втората светска во?на во чест на народниот херо? Александар Урдаревски -Санде. Всушност, по во?ната се случило спо?ува?е на старото село Чучер и новосоздадената населба Сандево во непосредна близина на селото. [4]

Стопанство [ уреди | уреди извор ]

Атарот на селото зафа?а простор од 11 км 2 . На него преовладуваат пасиштата на површина од 596 хектари , на обработливото зем?иште отпа?аат 238 хектари, а на шумите 114 хектари. [2]

Селото, во основа, има пол?оделско-сточарска функци?а. [2]

Сточарството било главна стопанска гранка на мештаните до кра?от на Втората светска во?на . Особено биле одгледувани кози. Стоката била чувана во месностите Бела Вода и Стануловац на планината Скопска Црна Гора . [3]

По во?ната, сточарството нагло опаднало и само мал бро? дома?инства чува стока. Во поново време, скоро целото население работи во градот Скоп?е. [3]

Население [ уреди | уреди извор ]

Население во минатото
Година Нас. ±%
1948 752 ?    
1953 708 ?5.9%
1961 518 ?26.8%
1971 438 ?15.4%
1981 374 ?14.6%
Година Нас. ±%
1991 317 ?15.2%
1994 274 ?13.6%
2002 299 +9.1%
2021 290 ?3.0%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христи?анско , со 33 христи?ански дома?инства. На ово? попис биле забележани 152 мажи христи?ани, со 5 новороденчи?а. Се проценува дека селото во то? период имало 314 жители. [6]

Стефан Веркови? во 1857 го бележи со 429 жители. [7]

Според податоците на Васил К’нчов (? Македони?а. Етнографи?а и статистика “) од 1900 година, во Чучер живееле 360 жители, сите Македонци . [8] Според секретарот на Бугарската егзархи?а Димитар Мишев (? La Macedoine et sa Population Chretienne “), во 1905 година во Чучер имало 640 жители, патри?аршисти. [9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството ?угослави?а во 1931 година, селото имало 750 Македонци . [10]

Селото во 1961 година броело 518 жители, од кои 328 биле Срби , а 180 Македонци . Во 1994 година бро?от се намалил на 274 жители, од кои 234 биле Срби и 35 Македонци. [2]

Според пописот од 2002 година, во селото Чучер живееле 299 жители, од кои 117 Македонци , 180 Срби , 1 Албанец и 1 останат. [11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 290 жители, од кои 107 Македонци , 134 Срби , 8 останати и 41 лице без податоци. [12]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 360 640 752 708 518 438 374 317 274 299 290
Извор за 1900 г. : Македони?а. Етнографи?а и статистика . [13] ; за 1905 г. : La Macedoine et sa Population Chretienne . [14] ; за 1948-2002 г. : Државен завод за статистика на РМ . [15] ; за 2021 г. : Државен завод за статистика на РМ . [16]

Родови [ уреди | уреди извор ]

Чучер е православно село со мешан состав на населението, Срби и Македонци. Сите родови се доселени, едните со потекло од ?ужниот дел на Косово, а другите од некогашни села на планината Скопска Црна Гора. [3]

Според истражува?ата од 1960-тите родови во селото се:

  • Постари родови: Ка?еви?и или Ка?ови (20 к.), доселени се од селото ?ерекаре ка? Витина , нивниот предок на?прво се населил во Гор?ане , па прешол во Чучер. Во Чучер останале три негови синови, додека четвртиот се преселил во Ба?ане ; Ливрини?и или Ливрини (20 к.), доселени се од местото Св. Спас, тоа лежи на планината Скопска Црна Гора , северно од Ба?ане . Го знаат следното родословие: ?ован (жив на 56 г. во 1969 година) Ан?елко-Стевко-Перо-Миленко, се доселил таткото на Миленко. Старото име им било Миленкови?и , Предокот Миленко имал и еден син Златан, и по него една родовска гранка се вика Златановци. Во 1930 година една родовска гранка ( Зивчеви?и ) се поделила на 42 членови;
  • Помлади родови: Пути?и или Путови (4 к.), доселени се однекаде; ?епи?и или Качаникли?и (4 к.), доселени се од денес албанското село ?ургевдол ка? Качаник . Го знаат следното родословие: Живко (жив на 34 г. во 1969 година) Перо-Крста-Митар-Ан?елко, се доселил таткото на Ал?елко; ?уксанови?и (13 к.), доселени се од населбата ?уручка Река на планината Скопска Црна Гора (близу село Блаце ). Две нивни гранки се викаат Стамболиеви и Лулеви ; ?анкови?и или ?анкови (4 к.), деленици се од родот ?уксановци ; Челинкови?и (4 к.), доселени се од сега албанското село Блаце ка? Качаник и Урдареви?и (8 к.), доселени се од селото Штрпце ка? Сирини? . Велат дека таму имаат роднини.

Општествени установи [ уреди | уреди извор ]

  • Поранешно основно училиште, кое работело од 1866 до 1964 година ка? селската црква
  • Месна заедница

Самоуправа и политика [ уреди | уреди извор ]

Селото влегува во рамките на Општина Чучер-Сандево и ко?а не била променета при новата територи?ална поделба на Македони?а во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од тогашната Општина Чучер-Сандево.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Кале.

Во периодот од 1955 до 1962 година, селото било дел од тогашната општина Буте?. Потоа, оваа општината била распуштена и била префрлена во општината Кале.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Бразда, во ко?а покра? селото Чучер, се нао?але и селата Ба?ане, Блаце, Бразда, Визбегово, Глуво, Горно Оризари, Гор?ане и Мирковци. Во периодот 1950-1952, селото исто така било дел од некогашната општина Бразда, во ко?а влегувале селата Ба?ане, Бразда, Глуво, Гор?ане, Мирковци, Оризари и Чучер.

Избирачко место [ уреди | уреди извор ]

Во селото постои избирачкото место бр. 2464 според Државната изборна комиси?а , сместено во просториите на партизанскиот дом ?Сандево“. [17]

На претседателските избори во 2019 година , на ова избирачко место биле запишани вкупно 365 гласачи. [18]

Културни и природни знаменитости [ уреди | уреди извор ]

Поглед на главната селска црква ?Св. Троица“
Археолошки нао?алишта [19]
Цркви [20]
Споменици

Редовни настани [ уреди | уреди извор ]

Личности [ уреди | уреди извор ]

Родени во Чучер-Сандево

Потекло [ уреди | уреди извор ]

Иселеништво [ уреди | уреди извор ]

И ова село го зафатиле големи миграциски движе?а. Од постарите иселеници се знае за Ка?ови и Станковчеви кои се иселиле во соседното село Ба?ане . Како и за родот Урдаревци или Миленковци кои се иселиле во селото Булачани . [3]

После Првата светска во?на се иселиле следниве родови: ?уксанови?и во селото ?уботен , Душ?и?евци и Лалови во селото Волково и Ливрини во селото Злоку?ани . [3]

После Втората светска во?на имало иселеници во Скоп?е (30 семе?ства), Ново Село (10 семе?ства) и во Орман (3 семе?ства). [3]

Неколку чучерски дома?инства се иселиле во Глого? во Во?водина : Качаникли?и (2 семе?ства), Златанови?и (1 семе?ство), Путови?и (1 семе?ство), Челикови?и (1 семе?ство) и Урдареви?и (1 семе?ство). [3]

Галери?а [ уреди | уреди извор ]

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. ?Пописна слика на населените места во Македони?а, Попис 2021“ . Државен завод за статистика . Посетено на 22 декември 2022 .
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопеди?а на селата во Република Македони?а (PDF) . Скоп?е: Патри?а. стр. 320 . Посетено на 29 ?ануари 2019 .
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 Трифуноски, ?ован Ф.; Трифуноски, ?ован Ф. (1971). Скопска Црна гора : природна средина, прошлост, насе?а, становништво и привреда : (са скицама, фотографи?ама и картом) = Skopska Crna Gora : antropogeographische Forschungen . Skopje: Универзитет ?Св. Кирил и Методи?“ . OCLC   637308591 .
  4. 4,0 4,1 4,2 ?РОДНОКРА?СКИ ЗАПИС“ . web.archive.org . 2016-03-04. Архивирано од изворникот на 2016-03-04 . Посетено на 2020-01-30 . CS1-одржува?е: бот: непознат статус на изворната URL ( link )
  5. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 296.
  6. Османлиски документи за истори?ата на Македони?а - пописи од XIX век на христи?анското население - Скопски Сан?ак, каза Скоп?е . Скоп?е: д-р Емил Крстески. 2021.
  7. Веркови?, Стефан (1889). Топографическо-этнографическ?й очеркъ Македон?и . Санкт Петербург.
  8. Васил К’нчов. ?Македони?а. Етнографи?а и статистика“. Софи?а, 1900, стр. 206
  9. D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, рр. 116-117.
  10. ?200K Volkstumskarte Jugoslawien“ .
  11. ?Попис на Македони?а“ (PDF) . Завод за статистика на Македони?а. 2002 . Посетено на 29 ?ануари 2020 .
  12. ?Оваа категори?а опфа?а лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбива?е да бидат попишани, неможност да бидат на?дени на сво?ата адреса на живее?е и непотполност во работата на попишувачите не биле офици?ално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во из?аснува?ето за етничка припадност, вероисповед и ма?чин ?азик ( Прочита?те пове?е... ).“
  13. К’нчов, Васил. ?Македони?а. Етнографи?а и статистика“. Софи?а, 1900
  14. Brancoff, D.M. ?La Macedoine et sa Population Chretienne“. Paris, 1905.
  15. ?Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македони?а по Втората светска во?на“ . Државен завод за статистика .
  16. ?Вкупно резидентно население на Република Северна Македони?а според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“ . Државен завод за статистика .
  17. ?Описи на ИМ“ . Архивирано од изворникот на 2023-08-17 . Посетено на 29 ?ануари 2020 .
  18. ?Претседателски избори 2019“ . Архивирано од изворникот на 2020-01-29 . Посетено на 29 ?ануари 2020 .
  19. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македони?а . Скоп?е: МАНУ. ISBN 9789989101069
  20. ?елена Павловска, Наташа Ни?ифорови? и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски об?екти во Македони?а . Менора - Скоп?е: Комиси?а за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN   978-608-65143-2-7 .
  21. 21,00 21,01 21,02 21,03 21,04 21,05 21,06 21,07 21,08 21,09 21,10 21,11 21,12 21,13 21,14 21,15 21,16 21,17 21,18 21,19 21,20 21,21 21,22 21,23 21,24 21,25 21,26 21,27 21,28 21,29 21,30 21,31 21,32 21,33 21,34 21,35 21,36 21,37 Сто?ановски - Цо?че, Бо?ко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Бр?арци - III Книга . Скоп?е: "Гоце Делчев". стр. 94?95. ISBN   9989-35-022-1 .

Поврзано [ уреди | уреди извор ]

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]