한국   대만   중국   일본 
Цве?и?а на злото ? Википеди?а Пре?ди на содржината

Цве?и?а на злото

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Цве?и?а на злото
Корица на едно од поновите англиски издани?а
Автор Шарл Бодлер
Изворен наслов ' Les Fleurs du Mal'
Зем?а Франци?а
?азик француски
Жанр Збирка песни
Издадена
25 ?уни 1857
Медиум Печатена
( тврд  и  мек повез )

Цве?и?а на злото ( француски : Les Fleurs du mal ) ? збирка поези?а на францускиот поет Шарл Бодлер . Првпат об?авена во 1857 година, таа е на?важен плод на симболизмот и модернизмот и многу веро?атно и зачетник на овие две уметнички движе?а. Книгата ?е биде огромно вли?ание врз творештвото на Артур Рембо , Стефан Маларме и Пол Верлен и се смета за врвно достигнува?е на светската лирика .

Основни теми кои преовладуваат во песните се декаденци?ата и еротицизмот.

Првото издание на книгата ги организира песните во пет одделни секции:

  • Spleen et Ideal (Сплин и Идеал)
  • Fleurs du mal (Цве?и?а на злото)
  • Revolte (Побуна)
  • Le Vin (Вино)
  • La Mort (Смрт)

Воведната песна во делото во ко?а Бодлер го нарекува Сатаната Хермес Трисмегист и каде ?а опишува Здодевноста како чудовиште, веднаш ?а воспоставува грозоморната атмосфера низ ко?а се ва?а остатокот на делото.

Песната насловена Кон читателот започнува со оваа строфа:


Si le viol, le poison, le poignard, l'incendie,
N'ont pas encore brode de leurs plaisants dessins
Le canevas banal de nos piteux destins,
C'est que notre ame, helas! n'est pas assez hardie.

Charles Baudelaire


Глупоста, грешката и скржавоста се збрани
во нашиот дух; низ нас секо?а од нив рове;
ние си ?а храниме нашата лоша совест
како гадинките питачот што си ги храни.

Препеал: Влада Урошеви?

Истата завршува со ова злокобно проклетство:


C'est l'Ennui! ?l'œil charge d'un pleur involontaire,
Il reve d'echafauds en fumant son houka.
Tu le connais, lecteur, ce monstre delicat,
?Hypocrite lecteur,?mon semblable,?mon frere!

Charles Baudelaire


Здодевност е тоа! Со солзи поро? матен
в око, таа во соништа за бесилка чмае.
Тоа нежно чудовиште ти добро го знаеш,
ти, дволичен читателу, ? ближен мо? ? ти, брате!.

Препеал: Влада Урошеви?

Авторот и издавачот на делото се судени од страна на Второто Француско Царство со об?аснува?е дека делото е outrage aux bonnes mœurs ( македонски : ?навреда на ?авниот морал“). Како последица на ова, Бодлер е казнет со 300 франци , а издавачот со 200. Шест песни, прогласени за неморални, не смеат да се печатат во наредните издани?а. Осудата нема да биде симната од нив сe до 1949 кога во Франци?а се случува ревизи?а на процесот. Од друга страна пак, откако ?а чита Лебедот (Le Cygne), Виктор Иго вели дека песните на Бодлер донесуваат un nouveau frisson - еден нов трепет во литературата.

По завршува?ето на суде?ето, следува и второ издание од 1861 година, кога се додадени 32 нови песни и една нова секци?а Tableaux Parisiens (Париски слики). Осудените песни не се по?авуваат.

Посмртно трето издание со предговор на Теофил Гот?е излегува од печат во 1868 година. Во него се вброени и низа песни кои ги нема во претходните две издани?а.

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]