Хуан Антонио Самаранч

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
1998

Хуан Антонио Самаранч (роден на 17 ?ули 1920 во Барселона - 21 април 2010 во Барселона ) бил шпански каталонски офици?ален спортски работник. Во периодот од 1980 до 2001 година бил претседател на Ме?ународниот олимписки комитет , а од 2001 до смртта негов почесен претседател.

Животопис [ уреди | уреди извор ]

Самаранч е роден во богато семе?ство, а студирал тргови?а. То? бил шеф на многу спортски делегации на Шпани?а , а во 1967 година бил назначен за генерален секретар за спорт од страна на Франциско Франко . То? исто така станал и претседател на Шпанскиот олимписки комитет и член на Ме?ународниот олимписки комитет. Самаранч имал многу знача?на улога во последните години од режимот на Франко, а бил потпрет?седател на МОК од 1974 до 1978 и амбасадор на Шпани?а во СССР и Монголи?а од 1977 до 1980 година. Во 1991 година, то? од шпанскиот крал Хуан Карлос I ?а добил титулата ?Маркес“.

Хуан Антонио Самаранч починал на 21 април 2010 година во Барселона поради срцеви проблеми, само неколку дена откако бил хоспитализирнан. [1]

Претседател на МОК [ уреди | уреди извор ]

Хуан Антонио Самаранч станал претседател на Ме?ународниот олимписки комитет за време на одржува?ето на Летните олимписки игри - 1980 во Москва .

Достигнува?ата како претседател на МОК [ уреди | уреди извор ]

За време на своето претседателство со МОК, Хуан Антонио Самаранч успеал да направи многу работи за афирмаци?ата и за проширува?ето на олимпизмот во светот. То? исто така обезбедил и напредок во договорите за телевизиските права и спонзорствата на Олимписките игри . На Летните олимписки игри - 1984 во Лос Ан?елес и покра? бо?котот на зем?ите од источниот блок, бро?от на зем?и-учеснички бил поголем ко?што продолжил да се зголемува со секои наредни Олимписки игри.

Една од на?големите заслуги од времето на претседателството на Самаранч била подобрува?ето на финансиската состо?ба на комитетот ко? бил во финансиска криза во 70-тите години. То? обезбедил ексклузивни телевизиски права и договори со многу спонзори, а зем?ите зачленети во МОК ги поделил во одредени зони од коишто секо?а година Ме?ународниот олимписки комитет добивал соодветни средства.

Смената на Самаранч со Жак Рог [ уреди | уреди извор ]

На таа функци?а останал до 2001 година кога на негово место застанал Жак Рог , а то? бил избран за почесен претседател.

Наводи [ уреди | уреди извор ]


Претседатели на МОК

Деметриос Викелас   (1894–1896)  | П?ер де Кубертен   (1896–1925)  | Годфроа де Блоне   (1916–1919)  | Анри де Ба?е-Латур   (1925–1942)  | Зигфрид Едстрем   (1942–1952)  | Е?вори Бренди?   (1952–1972)  | Лорд Киланин   (1972–1980)  | Хуан Антонио Самаранч   (1980–2001)  | Жак Рог   (2001–2013 ) | Томас Бах   (2013–- )