Христи?ан Тодоровски-Карпош

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Христи?ан Тодоровски-Карпош
Роден 3 септември 1921
Куманово , Кралство СХС
(денес Македони?а )
Починал 7 февруари 1944 (1944-02-07) (возр. 22)
Бил?ача , Прешевско

Христи?ан Тодоровски-Карпош ( Куманово , 3 септември 1921 ? 7 февруари 1944 , Бил?ача , Прешевско) ? македонски комунист и истакнат македонски партизан од НОВ . [1] Бил прогласен за Народен херо? на ?угослави?а на 29 ?ули 1945 година, [2] како еден од првите борци од Македони?а кои го добиле тоа одликува?е (заедно со Стеван Наумов - Стив , Орце Николов , Страшо Пин?ур , Мирче Ацев и Кузман ?осифовски - Питу ).

Животопис [ уреди | уреди извор ]

Спомен-ку?а на Христи?ан Тодоровски-Карпош во Куманово

Како ученик станал член на СКО? уште од 1939 година. Поради неговите прогресивни идеи, бил избркан од средното училиште и не му било допуштено да се запише во било кое друго средно училиште во тогашното Кралство ?угослави?а .

Учество во НОБ [ уреди | уреди извор ]

Во 1941 година учествува во прибира?е на оруж?е, растура?е на памфлети и дистрибуци?а на билтенот ? Дедо Иван “, ко? бил издаван од страна на градската партизанска организаци?а.

Се истакнал како организатор на Народноослободителната антифашистичка во?ска на Македони?а (НОАВМ) . Бил член на Коз?ачкиот партизански одред од 12 октомври 1941 година и член на партизанскиот штаб од Куманово . Откако одредот бил разбиен, преминувал во Вториот ?ужноморавски одред и Кукавичкиот одред, наизменично (1942-43). На 26 ?уни 1943 година станал командант на Кумановскиот партизански одред , коj постепeно нараснувал и на 1 декември 1943 година бил офици?ално преименуван во Прв кумановски батал?он ??ордан Николов ? Орце“ . [3]

Христи?ан Тодоровски-Карпош со своите воени другари, ме?у кои Ацо Шопов и Вера ?оци? на Коз?ак 1943

Бил убиен од страна на бугарскиот окупатор на 7 февруари 1944 г. за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште во селото Бил?ача , Прешевско.

Во негова чест се испеани неколку партизански песни: ? Битка се бие кумановско поле “, ? Дава? ме, мила мамо, дава? ме “ и ? Горо ле, горо зелена “. Покра? тоа, Ацо Шопов му посветил две песни од сво?ата стихозбирка ?Песни“ од 1944 година: ?Карпош“ [4] и ?Борбата на Дренак“, [5] а го спомнува и во ? Марш на Трета македонска бригада “, напишана исто така во 1944 година.

Исто така, една од општините во Скоп?е, Општина Карпош , го добила името во негова чест.

Галери?а [ уреди | уреди извор ]

Биста на народниот херо? Христи?ан Тодоровски - Карпош пред истоименото училиште во селото Драгоманце

Поврзано [ уреди | уреди извор ]

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. ?Македонска енциклопеди?а“, Скоп?е, 2009, книга II, стр. 1490.
  2. ?Народни херои од Македони?а“, Наша книга, Скоп?е, 1973, стр. 379
  3. Македонска енциклопеди?а, Скоп?е, 2009, книга II, стр 1490.
  4. Ацо Шопов, ?Карпош“
  5. Ацо Шопов, ?Борбата на Дренак“

Литература [ уреди | уреди извор ]