한국   대만   중국   일본 
Франческо А?ец ? Википеди?а Пре?ди на содржината

Франческо А?ец

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Франческо А?ец
Francesco Hayez
Автопортрет на возраст од 88 години
Роден(а) 10 февруари 1791 ( 1791-02-10 )
Венеци?а
Починал(а) 21 декември 1881 (1881-12-21) (возр. 90)
Милано
Националност Итали?анец
Познат(а) по сликарство
Правец романтизам

Франческо А?ец ( итали?ански : Francesco Hayez ; 10 февруари 1791 ? 21 декември 1881 ) ? итали?ански сликар од периодот на романтизмот , познат по своите велелепни историски дела , политички алегории и исклучителни портрети .

Живот [ уреди | уреди извор ]

А?ец е роден во Венеци?а како на?младиот од петте сина на релативно сиромашно семе?ство. Татко му бил со француско потекло, а ма?ка му била од Мурано . Малиот Франческо израснал ка? тетка си од ма?чина страна, омажена за богат бродопоседник и колекционер. Уште од мали нозе покажал дарба за црта?е, па тетин му го испратил да го учи занаетот ка? реставратор на слики. Подоцна, А?ец продолжува да го учи сликарството ка? уметникот Франческо Ма?ото во текот на три години. Во 1806 г. се запишува на Новата ликовна академи?а и учи ка? професорот Теодоро Матеини. Во 1809 г. го осво?ува конкурсот на венеци?анската Ликовна академи?а за едногодишни студии на познатата академи?а ?Св. Лука“ во Рим. Останал во градот сe до 1814 г., па се преселил во Неапол , каде добил знача?на нарачка од кралот Жоашен Мира да наслика историско дело на тема ? Улис на дворот на Алкино? “. Кон средината на 1830-тите го посетувал салонот ?Салото Мафеи“ на Клара Мафеи во Милано (ко?а ?а насликал на портрет) и таму, во 1850 г. е назначен за директор на академи?ата ?Брера“ .

А?ец живеел долго и уживал плодно творештво. Сликите имаат историско-митолошка тематика во неокласичен [1] , а потоа романтистички стил. Претставените ликови и настани се преземени од Библи?ата или класичната антика, понекогаш со родо?убив карактер.

?Бакнеж“ (1859)

Творештво [ уреди | уреди извор ]

Портретите на А?ец ?а имаат изразната сила на Енгр и Назарените . Личностите се претставени седнати, со во воздржана црно-бела облека без додатоци. Насликал поголем бро? на уметници, музичари и благородници. Во подоцнежниот дел од творештвото работел и од фотографии.

Една од омилените тематики на А?ец е полуголата жена, често насликана во ориентална средина. Харемите и одалиските се омилена тема на романтистичките сликари, [2] кои вака можеле да сликаат сцени и личности на начин неприфатлив во нивните матични општества.

Ме?у А?ецовите дела се истакнува сликата ?Бакнеж“ како омилена ме?у современиците и до денес. Популарноста на оваа слика делумно се должи на не?зината достапност, односно тоа што момчето и дево?ката се анонимни, и не бараат претходно познава?е на митологи?ата и книжевноста за да бидат протолкувани. [3]

Ликовното творештво на А?ец не е лесно за проследува?е поради тоа што на?често на делата не им ставал потпис и година. На?приближни информации за сликите добиваме од деловодните книги, каде е наведено кога сликата е купена или продадена. Друга усложнувачка околност е практиката на уметникот да ги слика истите слики во различни периоди со минимални или никакви измени.

Ме?у неговите ученици во академи?ата се вбро?уваат Карло Бел?о?озо, Аманцио Катанео, Ан?ело П?етрасанта, Алесандро Фокози, Франческо Валаперта, Тел?о Мила Измаеле, Антонио Тавела, Ламперти ?овани, Сило Антонио Antonio и Ливо Пекора. [4]

Галери?а [ уреди | уреди извор ]

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. Corrado Ricci (1911) Art in Northern Italy . New York: Charles Scribner's Sons. p. 95.
  2. вид. ? Големата одалиска “ на Енгр
  3. Alfredo Melani (1905). " Tranquillo Cremona - Painter ," Studio International , Vol. 33, pp. 43-45.
  4. * Delle arti del designo e degli artisti nelle provincie di Lombardia dal 1777-1862 by Antonio Caini (1862). Presso Luigi di Giacomo Pirola, Milan. Page 61.

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]