Улав V
(норвешки: Olav V; роден како
принц Александар од Данска
; 2 ?ули 1903 ? 17 ?ануари 1991 година) бил крал на Норвешка од 1957 година до неговата смрт во 1991 година.
Улав се родил на 2 ?ули 1903 година како принц
Александар Едвард Кристи?ан Фредерик
на кралскиот имот Сандрингам, Флитчам во Обединетото Кралство.
[1]
Улав бил единствено дете на
принцот Карл
, помладиот син од
данскиот престолонаследник Фредерик (подоцна крал Фредерик VIII)
и
принцезата Мод
, на?младата ?ерка на
кралот Едвард VII
(на?стариот син на британската
кралица Виктори?а
). Во 1905 година, откако Карл бил избран за крал на Норвешка го зел името Хокон VII, а на денот на неговото крунисува?е на сво?от двегодишен син му го дал норвешкото име Улав по
Улаф Хоконсон
, кралот на Норвешка и Данска.
[2]
Откако неговиот татко бил избран за крал на Норвешка во 1905 година, Улав станал
престолонаследник
на норвешкиот престол. То? бил првиот норвешки престолонаследник ко? израснал и бил воспитан во Норвешка по
Олав IV
во четиринаесеттиот век. Како подготовка за неговата идна улога, то? посетувал и цивилни и воени училишта. Дипломирал на тригодишната Норвешка воена академи?а во 1924 година, а следните две години студирал правосудство и економи?а на коле?от Балиол во Оксфорд.
На 21 март 1929 година во Осло, се оженил со сво?ата прва братучетка
принцезата Марта од Шведска
со ко?а имал две ?ерки, Рагнхилд и Астрид и еден син
Харалд
. Прогонети за време на
Втората светска во?на
, принцезата Марта и кралските деца живееле во
Вашингтон
, каде што се спри?ателила со
Френклин Д. Рузвелт
. Марта починала во 1954 година, пред не?зиниот сопруг да се качи на престолот.
Како престолонаследник, Улав добил обемна воена обука и учествувал во пове?ето норвешки воени вежби. Во 1939 година, престолонаследникот Улав бил назначен за адмирал на
Кралската норвешка морнарица
и за генерал на
норвешката арми?а
.
За време
на Втората светска во?на
, Улав застанал на страната отпорот против
германската окупаци?а на Норвешка
. Кога норвешката влада одлучила да оди во егзил, то? понудил да остане со норвешкиот народ, но тоа било одбиено. То? неволно заедно со сво?от татко заминал во егзил во
Обединетото Кралство
.
[5]
Улав неколкупати ги посетил норвешките и со?узничките трупи во Обединетото Кралство, Канада и САД. Во 1944 година бил назначен за началник на норвешката одбрана и по во?ната го предводел норвешкото разоружува?е на германските окупаторски сили. На 13 ма? 1945 година, престолонаследникот Улав и петмина владини министри се врати?а во ослободената Норвешка.
[6]
Хокон се повредил во несре?а во 1955 година и останал во инвалидска количка, и оттогаш неговиот син Улав служел како регент до неговата смрт.
[7]
Хокон починал во
Кралската палата
во Осло на 21 септември 1957 година. По неговата смрт, Улав го наследил како Улав V.
Благодарение на неговиот внимателен и одмерен стил, кралот Улав бил многу популарен, и затоа го добил прекарот
Народен крал
(?
Folkekongen
“). Во анкета од 2005 година на Норвешката радиодифузна корпораци?а, Улав бил избран за ?Норвежанец на векот“.
[8]
Во текот на летото 1990 година, кралот имал здравствени проблеми, но малку се опоравил за време на Божи? истата година. На 17 ?ануари 1991 година, додека престо?увал во Кралската ложа Конгсетерен во
Осло
, починал од
миокарден инфаркт
. Во интерв?уто дадено од кралот
Харалд V
се споменува можноста кралот Улав да претрпел голема
траума
откако дознал за избувнува?ето на првата
Заливска во?на
, ко?а започнала истиот ден кога то? умрел. Синот на Улав,
Харалд V
го наследил како крал.
Улав бил погребан до неговата сопруга
Марта
во зелениот саркофаг од
Кралскиот мавзоле?
.
[9]