한국   대만   중국   일본 
Тодор Чопов ? Википеди?а Пре?ди на содржината

Тодор Чопов

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Тодор Чопов
Роден 28 ма? 1890
Кукуш , денешна Грци?а
Починал 27 септември 1923
Рила , Бугари?а
Занима?е македонски револуционер и општественик

Тодор Донев Чопов ( Кукуш , 28 ма? 1890 - Рила , 27 септември 1923 ) ? македонски револуционер, анархист , просветен, театарски и литературен деец. То? е внук од сестра на Гоце Делчев . Уште како гимнази?алец се вклучува во та?ните соци?алистички и толстоистички кружоци. Со кра?но леви и анархистички убедува?а учествува во македонското ослободително движе?е. Убиен е за време на Септемвриското востание од припадници на ВМРО , како една од многуте не?зини жртви .

Животопис [ уреди | уреди извор ]

Детство и младост [ уреди | уреди извор ]

Тодор Чопов е роден кон кра?от на февруари, или почетокот на март 1892 година во Кукуш. [1] То? е син на фурна?и?ата Доне и ма?ката Руша , сестра на Гоце Делчев. Со неговите тро?ца бра?а и три сестри: Владимир (Мирчо), Туше, Ристо, Велика (Лика), Ленка и Магда, Тодор расте во револуционерно семе?ство, целосно посветено на македонската револуционерна борба.

По завршува?ето на третиот прогимнази?ален клас во Кукуш, образованието го продолжува во Солунската машка гимнази?а . Задоен со патриотски и револуционерен дух, то? уште како гимнази?алец се вклучува и станува еден од водачите на Та?ниот македонски кружок.

Во летото 1908 година, Чопов го поминува распустот во своето родно место. По завршува?ето на Младотурската револуци?а во ко?а учествува и МРО , постариот брат Владимир се вра?а од четата и му раскажува на младиот Тодор за животот и жртвите на македонските револуционери дадени во борбата за ослободува?е на Македони?а. Восхитен од тоа што го слуша, помалиот брат се заколнува дека ?е ги следи делата на славниот ву?ко и другите македонски де?ци.

Во септември истата година, како ученик во петтиот клас, Чопов учествува во бунтот против егзархиската управа на Солунската машка гимнзаи?а. То? е еден од организаторите на учениците кои ?авно манифестираат низ градот, а кога вооружаниот стражар се обидел да го спречи влегува?ето на учениците во интернатот, Чопов му го одзема пиштолот. По бунтот, како еден од водачите, заедно со неколку соученици бил исклучен од Солунската машка гимнази?а.

Револуционерна де?ност [ уреди | уреди извор ]

По препорака на ?ане Сандански , Тодор бил назначен за учител во пиринското село Оштава . Таму ги учел децата и возрасните да читаат и пишуваат, како и за истори?ата на македонското револуционерно дело. То? им читал книги и весници во кои се опишувале ликовите на познатите револуционери како Делчев, Груев, Сандански и др.

По контрареволуционерниот преврат во Цариград во 1909 година, Тодор Чопов се обидува да се приклучи на македонските доброволци кои ги поддржуваат младотурците. Тргнал пеш, но успеал да стигне само до Сер .

По започнува?е на Првата балканска во?на во октомври 1912 година, верува??и дека конечно до?де времето за ослободува?е на Македони?а, насекаде во зем?ата се формираат доброволни одреди. Доброволен одред се формира и во Кукуш, а во него влегуваат преостанатите членови од Делчевото семе?ство. Прв се при?авил братот на Гоце, Христо Делчев , па Тодор со брат му Туше и ма?ка им Руша. Сите заминуваат на фронтот каде се нао?а и постариот брат Владимир (Мирчо) Чопов и активно учествуваат во Првата балканска во?на. Но, наместо да се борат во Македони?а, испратени се на Одринскиот фронт.

На почетокот на Втората балканска во?на , Тодор Чопов одново се при?авува како доброволец во одредот на Васил Чакаларов ко? се бори на страната на бугарската во?ска. Како и другите македонски револуционери, повторно верува??и дека се борат за конечно ослободува?е и обединува?е на Македони?а, Чопов учествува во битките кои одредот ги води против српската и грчката во?ска. Во во?ната, градот Кукуш бил целосно изгорен, а неговото семе?ство, кое по пожарот останува без основни средства за егзистенци?а, пребегнува во Софи?а каде се соочува со беда и сиромашти?а.

Општествена де?ност и смрт [ уреди | уреди извор ]

Во Софи?а Тодор Чопов се соочува со тешките премреж?а кои ги поминува неговото семе?ство. Со помош на бугарскиот поет и македонски револуционер Пе?о ?аворов , близок при?ател на семе?ството Делчеви, Чопов се вработува со Централната пошта во Софи?а. Подоцна настаните ?е ги опише во расказите ?Бегалци“ и ?Во?на“.

По започнува?ето на Првата светска во?на , во март 1915 година семе?ството на Доне и Руша Чопови се преселува во Горна ?ума?а . Таму Чопов работи како телеграфист и тутунар, а заради школува?е во Софи?а останува само неговата сестра Лика и неговиот брат Владимир (Мирче) ко? бил бугарски во?ник. Подоцна бра?ата Туше и Мирче биле испратени на фронтот, каде што Мирче загинува.

Во периодот од 1916-1917 година, Чопов формира театарска група и бил главен иници?атор за обновува?е на некогашното читалиште ?Согласие“. Со дозвола од надлежното министерство, под раководство на Чопов, младите македонски ентузи?асти ?а пренамениле полуразрушената ?ами?а во центарот на градот во дом на културата со читалиште, а то? бил избран за претседател. Во рамките на читалиштето била формирана библиотека, а то? за потребите на групата забрзано пишувал раскази и драмски текстови за во?ната и настаните. Чопов истовремено бил претседател, глумец и режисер.

Набрзо станува омилен во сите средини во градот. Се зближува со Ромите , го учи нивниот ?азик и работи на нивно образова?е како основа за надминува?е на нивната маргинализаци?а. За таа цел подготвувал ромска граматика со азбука што сам ?а составил.

По завршува?ето на Првата светска во?на, Тодор Чопов се приклучува на Привременото претставништво на поранешната ВМРО и станува член на управата за Горна ?ума?а, кои во 1919 година об?авуваат ?Повик до Македонците“. Младиот интелектуалец се залага за спроведува?е на идеите и акциите за создава?е ?Автономна Македони?а како обединителна алка на идната Балканска федераци?а “.

По расцепот ме?у раководителите на Привременото претставништво, доа?а до распа?а?е на широкото движе?е на Македонците во Бугари?а. Во немирните години на внатрешни пресметки кои следуваат, Тодор Чопов преживува неколку атентати. Во 1922 година, то? се приклучува на групата ко? ?а предводи серскиот во?вода Алексо Василев . Во учебната 1922/23 година, станува договорен учител во Дреново , што му овозможува, покра? револуционерната да има и време за литературна творечка де?ност.

По решението за востание под раководство на БКП , во Горна ?ума?а се формира револуционерен комитет и Чопов станува командир на одделение во востаничкиот одред. Веднаш по започнува?е на востанието на 23 септември 1923 година, горно?ума?скиот одред предводен од Коста Сандев и Тодор Чопов се упатуваат кон Дупница . Одредот бил запрен од заседа пред Дупница, а по веста дека востанието во градот било загушено, дел од одредот се вра?а кон Горна ?ума?а. Сите тие ?е доживеат трагична судбина. Како делегиран преговарач со околискиот во?вода на ВМРО Ангел Коларов, на 25 септември 1923 година Чопов е уапсен. Одведен е во Горна ?ума?а и по два дена е стрелан со други левичарски активисти на падините на Рила Планина по наредба на Тодор Александров . [2]

Тодор Чопов оставил скромно, но знача?но об?авено и необ?авено литературно наследство: 15 раскази, две повести, драма, песна во проза и стихови. Во 1982 година издавачката ку?а ?Мисла“ издава негови собрани творби на македонски ?азик.

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. ?Анита Димова, ?По стапките на Гоце Делчев", ?Македонско сонце", 2003“ . Архивирано од изворникот на 2017-02-26 . Посетено на 2016-12-18 .
  2. Тодор Чопов, ?Собрани творби“, ?Мисла“, Скоп?е, 1982, 437 стр.

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]