한국   대만   중국   일본 
Ташко Белчев ? Википеди?а Пре?ди на содржината

Ташко Белчев

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Ташко Белчев
Роден 18 март 1926
Пателе , Леринско , Еге?ска Македони?а
Починал 8 февруари 2015
Скоп?е
Националност Македонец
Познат научник од областа на древната македонска цивилизаци?а, писменост и култура
Занима?е филолог и палеолингвист
Сопружник Махи
Татко
Родители Друме и ?ана
Деца Толе и Друме

Ташко Д. Белчев ( 18 март 1926 - 8 февруари 2015 ) ? македонски славист, палеолингвист , професор и научник од областа на древната македонска цивилизаци?а, писменост и култура. Основач е на катедрата за полски ?азик и книжевност .

Животопис [ уреди | уреди извор ]

Роден е на 18 март 1926 година во с. Пателе , Леринско . Со основно образование се стекнал во родното село, а средното образование го завршил во Битола во 1947 година. Учесник е во гра?анската во?на во Грци?а од 1947-1949. Како ранет партизан од полската болница во Горица , Албани?а, со сопругата заминува за Полска . Со високо образование се стекнал во Варшава и Вроцлав , НР Полска . Во 1960 година се вра?а во Македони?а. Од тогаш живее во Скоп?е . Во 1961 година се вработува на Филозофскиот факултет во Скоп?е како асистент на катедрата за славистика . Докторската дисертаци?а ?а одбранил во 1972 година во Скоп?е , каде што работел како вонреден професор на катедрата за славистика . Ташко Белчев е основач на катедрата за полонистика (катедра за полски ?азик и книжевност).

Негови дела [ уреди | уреди извор ]

Учебници [ уреди | уреди извор ]

Автор е на четири универзитетски учебници:

  • ?Синтакса на современиот македонски литературен ?азик“, Вроцлав 1957. Скоп?е 1980 година, издавач Фонографика од Скоп?е;
  • ?Преглед на полската литература“, Просветно дело, Скоп?е 1979,
  • ?Руски ?азик за студентите од Филолошкиот факултет“, Фонографика, Скоп?е 1984;
  • ?Руски ?азик за студентите од Економскиот факултет“, издание на Универзитетот ?Кирил и Методи?“ 1980 година.

Тетралогии [ уреди | уреди извор ]

Издава две тетралогии:

  • ?Книжевни паралелии“, Студентски збор, 1982;
  • ?Обид за синтеза“, Наша книга, Скоп?е 1989.

Дела од областа на древномакедонската писменост [ уреди | уреди извор ]

Од областа на древномакедонската праисториска писменост ги издава следниве дела:

  • ?Македони?а четири ил?адни години писменост цивилизаци?а и култура“ книга 1, ?Штрк“ 1993;
  • ?Македони?а четири ил?ади години писменост цивилизаци?а и култура“ книга 2, ?Штрк" 1996;
  • ?Македони?а четири ил?ади години писменост цивилизаци?а и култура“, Македони?а центар на венетска цивилизаци?а на Балканот и пошироко книга 3, ?Профа компани“ 1995;
  • ?Македони?а четири ил?ади години писменост цивилизаци?а и култура - Македони?а центар на современата теогони?а“ книга 4, ?Профа компани" 1996;
  • ?Орфе? горпе?“ книга 1, ?Профа компани" 1997,
  • ?Орфе? горпе?“ книга 2, ?Профа компани" 1998;
  • ?Орфе? горпе?“ книга 3, ?Профа компани" 1998;
  • ?Орфе? горпе?“ книга 4, ?Профа компани" 1998;
  • ?Орфе? горпе?“ книга 5, приватно издание 2004
  • ?Орфе? горпе?“ книга 6, приватно издание 2007
  • ?Орфе? горпе?“ книга 7, приватно издание 2008
  • ?Орфе? горпе?“ книга 8, приватно издание 2008
  • ?Орфе? горпе?“ книга 9, приватно издание 2008
  • ?Орфе? горпе?“ книга 10, приватно издание 2008
  • ?Орфе? горпе?“ книга 11, приватно издание 2008
  • ?Орфе? горпе?“ книга 12, приватно издание 2008.

Поези?а [ уреди | уреди извор ]

  • ?Пориви“, Скоп?е 1962,
  • ?Бранот на ?уговината“, Скоп?е 1963.
  • ?Цар Самоил“, поема, Скоп?е 1963.
  • ?Афродита“ поема, 2000.
  • ?Спомени“, 2004.

Прозни дела [ уреди | уреди извор ]

Ташко Белчев има издадено збирка раскази со наслов ?Мирка“ во 1964 година, но и други прозни дела: ?Маченици“, издание на БороГрафика 1999 година; ?Поклонение“, од теори?ата на литературата, издание 2000 година, ?Ронка македонизам вон границите на Македони?а“, од истори?ата на Вроцлавскиот кружок, издание Скоп?е 1985 година.

Има напишано и об?авено преку стотина натписи и студии од тетралоги?ата Македони?а девет милениуми писмена цивилизаци?а и култура, а пове?ето од нив се об?авувани во списани?ата и весниците: ?Македони?а за иселениците“, ?Македонско сонце", ?Ден“, ?Вечер“, ?Нова Македони?а“, ?Македонско време", ??азикот во практика“, ?Македони?а" весник на нашите иселеници во Мелбурн, Австрали?а.

Наводи [ уреди | уреди извор ]