한국   대만   중국   일본 
Сулфид ? Википеди?а Пре?ди на содржината

Сулфид

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Сулфид
Формула на сулфидот
Систематско име сулфид(2?) [1] (адитив)
Назнаки
18496-25-8   Ок
ChEBI CHEBI:15138
ChemSpider 27079   Ок
3Д-модел ( Jmol ) Слика
PubChem 29109
UNII G15I91XETI   Ок
Сво?ства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol ?1
Кон?уг. киселина бисулфид
Слични супстанци
Други ан?они оксид
селенид
телурид
Дополнителни податоци
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на матери?алите во нивната стандардна состо?ба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Сулфид ? неоргански ан?он на сулфурот со хемиска формула S 2? или хемиско соединение кое содржи еден или пове?е ?они S 2? . Растворите на сулфидните соли се корозивни. Сулфидите се големи семе?ства на соединени?а на неоргански органски соединени?а , како на пр. олово сулфидот и диметил сулфидот . Сулфурводородот (H 2 S) и бисулфидот (SH ? ) се кон?угирани киселини на сулфидот.

Хемиски сво?ства [ уреди | уреди извор ]

Сулфидниот ?он (S 2? ) не постои во водни алкални раствори раствори на Na 2 S, [2] [3] туку сулфидот се претвора во хидросулфид:

S 2? + H 2 O → SH ? + OH ?

При обработка со киселина, сулфидните соли се претвораат во сулфурводород :

S 2? + H + → SH ?
SH ? + H + → H 2 S

Оксидаци?ата на сулфидот е сложен процес. Зависно од условитетаа може да даде елементен сулфур, полисулфиди , политионати , сулфит или сулфат . Металните сулфиди реагираат со халогени , образува??и сулфур и метални соли.

8 MgS + 8 I 2 → S 8 + 8 MgI 2

Метални деривати [ уреди | уреди извор ]

Водените раствори на преоднометални кат?они реагираат со сулфидни извори (H 2 S, NaHS, Na 2 S), со што се таложат цврсти сулфиди. Ваквите неоргански сулфиди се слабо растворливи во вода, а многу од нив се сродни на минералите со истиот состав. Еден познат пример е силножолтиот вид CdS или ?кадмиумско жолто“. Црните дамки што се по?авуваат на сребрени предмети се Ag 2 S. Таквите видови понекогаш се нарекуваат соли. Сврзува?ето на преднометални сулфиди е впрочем мошне ковалентно , што доведува до нивните полуспроводнички сво?ства, кое пак е поврзано со заситените бои. Неколку од нив нао?аат практична примена како пигменти , во сончеви ?елии и како катализатори . Габата црна кропилка ( Aspergillus niger ) игра улога во растворливоста на тешкометалните сулфиди. [4]

Геологи?а [ уреди | уреди извор ]

Главната стати?а за оваа категори?а е Сулфидни минерали .

Голем бро? на важни метални руди се сулфиди. [5] Познача?ни примери се: аргентитот ( сребро сулфид), цинабаритот ( жива сулфид), галенитот ( олово сулфид), молибденитот ( молибден сулфид), пентландитот ( никел сулфид), реалгарот ( арсен сулфид), стибнитот ( антимон ), сфалеритот ( цинк сулфид), пиритот ( железо дисулфид) и халкопиритот ( железо - бакар сулфид).

Корози?а предизвикана од сулфиди [ уреди | уреди извор ]

Растворените слободни сулфиди (H 2 S, HS ? и S 2? ) предизвикуваат многу агресивна корози?а ка? бро?ни метали како челикот, не’р?осувачкиот челик и бакарот. Сулфидите присутни во воден раствор се одговорни за напрежното напукнува?е на челикот, наречено и сулфидно напрежно напукнува?е. Посебни мерки против корози?а се посветуваат во индустриските погони кои обработуваат сулфиди: дробилки на сулфидни руди, длабоки нафтени извори , цевководите за сулфуреста нафта и фабриките на натронска харти?а.

Корози?ата поттикната од микроби или биогени сулфиди е предизвикана од сулфаторедуцирачки бактерии кои произведуваат сулфид што се испушта во воздухот и потоа оксидира во сулфурна киселина под де?ство на сулфурооксидирачките бактерии. Биогената сулфурна киселина реагира со фекалии , ги напукнува канализациските цевки до степен на структурно пропа?а?е. Овие оштетува?а се голем проблем во ?авната канализаци?а низ целиот свет.

Оксидаци?ата на сулфидот може да создаде тиосулфат ( S 2 O 2?
3
), ко? е преоден вид одговорен за тешки проблеми со дупчеста корози?а на челикот и не’р?осувачкиот челик, а сердината исто така се закиселува со производството на сулфурна киселина кога оксидаци?ата е понапредната.

Органска хеми?а [ уреди | уреди извор ]

Во органската хеми?а , поимот ?сулфид“ се однесува на спо?от C?S?C, иако поимот тиоетер е поеднозначен. На пример, тиоетерот диметил сулфид е CH 3 ?S?CH 3 . Полифенилен сулфидот (вид. подолу) ?а има емпириската формула C 6 H 4 S. Понекогаш под сулфиди се подразбираат молекулите кои ?а содржат фунционалната група ?SH. На пример, метил сулфид може да значи CH 3 ?SH. Претпочитаниот описник за овие соединени?а со SH е тиол или меркаптан, т.е. метантиол или метил меркаптан.

Дисулфиди [ уреди | уреди извор ]

Поимот ? дисулфид “ предизвикуа забуна биде??и има различни значе?а. Молибден дисулфидот (MoS 2 ) се состои од раздвоени сулфидни средишта здружен со молибденот во формалната оксидациска состо?ба +4 (т.е. Mo 4+ и два S 2? ). Од друга страна, железо дисулфидот ( пирит , FeS 2 ) се состои од S 2?
2
, или двоан?онот ? S?S ? здрижен со двовалентно железо во формалната оксидациска состо?ба +2 (црно железо: Fe 2+ ). Диметил дисулфидот ?а има хемиската врска CH 3 ?S?S?CH 3 , а пак ?аглерод дисулфидот нема врска S?S, туку S=C=S (линеарномолекулен аналог на CO 2 ). Во сулфурната хеми?а и биохеми?ата, дисулфид на?често ? се дава на сулфурниот аналог на пероксидната врска ?O?O?. Дисулфидната врска (?S?S?) игра важна улога во конформаци?ата на белковините и во каталитичкото де?ство на ензимите .

Примери [ уреди | уреди извор ]

Формула Точка на топе?е (°C) Точка на врие?е (°C) CAS-бр.
H 2 S Сулфурводородот е многу токсичен и корозивен гас со мирис на расипано ?а?це. ?85,7 ?60,20 7783-06-4
CdS Кадмиум сулфидот може да се користи ка? светлосетилниците . 1750 1306-23-6
Калциум полисулфидот (? сулфурна вар “) е традиционален фунгицид (габосузбивач) во градинарството .
CS 2 ?аглерод дисулфидот е претходник на органосулфурни соединени?а. ?111,6 46 75-15-0
PbS Олово сулфидот се користи ка? инфрацрвените сетилници. 1114 1314-87-0
MoS 2 Молибден дисулфидот , минералниот молибденит , служи како катализатор за отстранува?е на сулфур од фосилни горива; се користи и како подмачкувач во услови на висока температура и притисок. 1317-33-5
Cl?CH 2 CH 2 ?S?CH 2 CH 2 ?Cl Иперитот е органосулфурно соединение (тиоетер) користен како хемиско оруж?е во Првата светска во?на. 13?14 217 505-60-2
Ag 2 S Сребро сулфидот е составница на сребреното темнило. 21548-73-2
Na 2 S Натриум сулфидот како хидрат се користи во производството на натронска харти?а и како претходник на органосулфурни соединени?а . 920 1180 1313-82-2
ZnS Цинк сулфидот се користи за ле?и и други оптички уреди во инфрацрвениот дел на спектарот . Кога е допиран со сребро се користи ка? алфа-забележувачи, а цинк сулфидот со траги од бакар нао?а примена ка? фотолуминесцентните ленти за осветлува?е во вонредни ситуации и за светлечки сказалки на часовници. 1185 1314-98-3
C 6 H 4 S Полифенилен сулфидот а полимер наречен ?сулфар“. Неговите повторувачки единици се ме?усебно сврзуваат со сулфидни (тиоетерски) споеви. 26125-40-6
25212-74-2
SeS 2 Селен дисулфидот е противгабичен лек ко? се користи во препарати против првут. <100 7488-56-4
FeS 2 Пиритот , наречен и ?злато на будалите“, е чест минерал. 600 1317-66-4

Добива?е [ уреди | уреди извор ]

Сулфидните соединени?а можат да се доби?ат на неколку различни начини: [6]

  1. Непосредно здружува?е на елементи:
    Пример: Fe ( ц ) + S ( ц ) → FeS ( ц )
  2. Редукци?а на сулфат:
    Пример: MgSO 4( ц ) + 4C ( ц ) → MgS ( ц ) + 4CO ( г )
  3. Таложе?е на нерастворлив сулфид:
    Пример: M 2+ + H 2 S ( г ) → MS ( ц ) + 2H + ( вр )

Безбедност [ уреди | уреди извор ]

Многу метални сулфиди се толку нерастворливи во вода што веро?атно не се токсични. Некои од нив испуштаат токсичен сулфурводород кога ?е се изложат на силна минерална киселина , вкучува??и ги желудочните киселини .

Органските сулфиди се многу запаливи. Кога гори, сулфидот го ослободува гасот сулфур диоксид (SO 2 ).

Сулфурводородот, некои од неговите соли и речиси сите органски сулфиди имаат силна скапана миризба; нив ги ослободува биомасата кога гние.

Поврзано [ уреди | уреди извор ]

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. ?sulfide(2?) (CHEBI:15138)“ . Chemical Entities of Biological Interest (ChEBI) . UK: European Bioinformatics Institute.
  2. May, P.M.; Batka, D.; Hefter, G.; Konignberger, E.; Rowland, D. (2018). ?Goodbye to S2-“. Chem. Comm . 54 (16): 1980?1983. doi : 10.1039/c8cc00187a . PMID   29404555 .
  3. Meyer, B; Ward, K; Koshlap, K; Peter, L (1983). ?Second dissociation constant of hydrogen sulfide“. Inorganic Chemistry . 22 (16): 2345. doi : 10.1021/ic00158a027 .
  4. Harbhajan Singh (17 ноември 2006). Mycoremediation: Fungal Bioremediation . стр. 509. ISBN   9780470050583 .
  5. Vaughan, D. J.; Craig, J. R. “Mineral chemistry of metal sulfides" Cambridge University Press, Cambridge: 1978. ISBN   0-521-21489-0 .
  6. Atkins; Shriver (2010). Inorganic Chemistry (5. изд.). New York: W. H. Freeman & Co. стр. 413.

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]