Сузан Валадон

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Сузан Валадон
Националност Французинка
Познат(а) по Сликарка

Сузан Валадон ( 23 септември 1865 ? 7 април 1938 ) била француска сликарка . Во 1894 Валадон станала прва жена сликар ко?а била примена во Националното Друштво на Уметниците .

Не?зиниот живот [ уреди | уреди извор ]

Пи?ачка - Портрет на Сузан Валадон од Анри де Тулуз-Лотрек .

Родена како Мари-Клементин Валадон во Бесин-сир-Гартемп , Горна В?ена , Франци?а , како ?ерка на немажена перачка, Сузан Валадон станала циркуски акробат на возраст од 15 години, но една година подоцна, паднала од трапез што значело и кра? на не?зината циркуска кариера.

На Монмартр во Париз почнала да се интересира за уметноста, прво работе??и како модел на познатите сликари кои биле привлечени од не?зината по?ава и убавина. На то? начин била во можност внимателно да ги гледа и да ги наб?удува сликарските техники. Потоа и самата почнала да работи како сликар.

Таа им била модел на познати сликари како Анри де Тулуз-Лотрек (ко?што и давал и часови по слика?е), Реноар , и П?ер Пувис де Шаван , и се знае дека на последните два?ца им била ?убовница. Едгар Дега бил импресиониран од не?зиното црта?е и ?а поттикнувал во не?зината работа како сликар.

Не?зиното дело [ уреди | уреди извор ]

Сузан Валадон сликала мртва природа, букети и пе?зажи со извонредна силина на композици?а и треперливи бои. Таа исто така е позната и по своите акти. Првите изложби во почетокот на деведесеттите години од 19 -от век содржеле главно портрети ме?у кои и оно? на Ерик Сати со ко? била во ?убовна врска во 1893 . Во 1894 , Сузан Валадон била првата жена примена во Друштвото на уметниците . Како перфекционист, таа пове?е години работела на своите дела пред да ги изложи.

При кра?от на животот, Сузан Валадон била при?ателски поврзана со сликарот Татарот Гази .

Умрела на 7 април 1938, во друштво на не?зините при?атели сликари Андре Дерен , Пабло Пикасо и Жорж Брак .

Денес не?зините дела се изложени во центарот Жорж Помпиду и во Музе?от на Уметноста Метрополитен во ?у?орк .

Портрети и слики со Сузан Валадон [ уреди | уреди извор ]