한국   대만   중국   일본 
Станко Младеновски ? Википеди?а Пре?ди на содржината

Станко Младеновски

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Станко Младеновски
Претседател на Собранието на Македони?а
На должноста
25 април 1985  ? 28 април 1986
Претходник Ката Лахтова
Наследник Вулнет Старова
Лични податоци
Роден(а) 9 ноември 1937
Врачевце , СФР?
денес Македони?а
Националност Македонец
Парти?а Со?уз на комунистите на Македони?а
Професи?а политичар
Вероисповед Православен христи?анин

Станко Младеновски ( Врачевце , 9 ноември 1937 ) ? македонски политичар, претпоследен претседател на Народното Собрание на Соци?алистичка Република Македони?а . [1]

Животопис [ уреди | уреди извор ]

Младеновски е роден на 9 ноември 1937 година во с. Врачовце, Кумановско. Завршил Технички факултет, градежен оддел. Бил член на Советот за народна одбрана на Собранието на општината во периодот 1974 до 1981 година. Членувал во работните тела и во општествено-политичките организации во непосредното производство. Од 1967 до 1971 година бил член на Општинската конференци?а и на Општинскиот комитет на Со?узот на комунистите во Куманово; од 1974 до 1980 година бил секретср на Општинскиот комитет на СКМ, а потоа и претседател на Општинската конференци?а на СКМ.. Исто така, Младеновски бил член на Претседателството на ССРНМ од 1974 до 1981 година и член на Централниот комитет на Со?узот на комунистите на Македони?а ме?у Седмиот и Осмиот конгрес.

Младеновски, како профил и претставник на успешни раководители во стопанството на Република Македони?а, пред да биде избран на функци?ата претседател на Собранието на Република Македони?а работеше во фабриката за заварени цевки и профили ?11 Октомври“ во Куманово, каде што ?а извршуваше должноста директор на погон. Станко Младеновски во периодот од 1965 до 1970 година работел во претпри?атие за водостопанство како главен инженер. Две години пред да биде директор на погон за конфекционира?е на производството, бил проектант. Во 1984 година бил именуван за генерален директор на работната организаци?а ?Искра“ од Куманово.

Во Собранието на Република Македони?а бил делегат во Одборот за разво? и финансии и на Одборот за урбанизам и станбено-комунални праша?а. Бил активен член и во Соци?алистичкиот со?уз на работниот народ на Македони?а како на?масовна општествено-политичка организаци?а во тоа време.

За претседател на Собранието на Соци?алистичка Република Македони?а Станко Младеновски е избран на заедничката седница на трите собора на Собранието што се одржа на 25 април 1985 година, со едногодишен мандат. Неговиот избор беше извршен едногласно, со ?авно гласа?е на делегатите. На таа конститутивна седница, покра? другото, се расправаше за остварува?ето на уставната улога на соборите на здружениот труд и по анализата за некои актуелни праша?а во функционира?ето и финансира?ето на месните заедници.

Произлегува??и од непосредното производство, од здружениот труд, Станко Младеновски во работата на Собранието особено се залагаше за побрз разво? на стопанството, за подобрува?е на нормативната активност на то? план и за усогласува?е на законските решени?а. Мандатот претседател на Собранието на СР Македони?а му престана на 28 април 1986 година.

Наводи [ уреди | уреди извор ]

Политички функции
Претходник
Ката Лахтова
Претседател на Собранието на Македони?а
1985-1986
Наследник
Вулнет Старова