Овен Чемберле?н

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Овен Чемберле?н
Роден(а) ?ули 10, 1920 ( 1920-07-10 )
Сан Франциско , Калифорни?а , САД
Починал(а) февруари 28, 2006 (2006-02-28) (возр. 85)
Беркли , Калифорни?а , САД
Националност САД Американец
Поли?а Физика
Установи Национална лаборатори?а Лос Аламос
Образование Дармутски коле?
Калифорниски универзитет
Чикашки универзитет
Познат по Физика на елементарни честички
Поважни награди Нобелова награда за физика (1959)
Слика за легитимаци?а во Лос Аламос .

Овен Чемберле?н ( англиски : Owen Chamberlain 10 ?ули 1920 ? 28 февруари 2006 ) ? американски физичар и добитник на Нобелова награда за физика за пронао?а?е, во соработка со Емилио Г. Серге , на антипротони , субатомски античестички. [1]

Животопис [ уреди | уреди извор ]

Роден во Сан Франциско , Калифорни?а , Чемберле?н дипломирал во Грематаунското училиште во Филаделфи?а во 1937. Изучувал физика во Дармутскиот коле? , каде што бил член на братството Тета Чи и во Калифорнискиот универзитет . Одел на училиште сe до Втората светска во?на и се придружил на менхетенскиот проект во 1942, каде што работел со Серге, заедно во Беркли и во Лос Аламос , Ново Мексико . Се оженил со Беатрис Бабет Купер (разведени 1988) во 1943, со кого имал четири деца. [2]

Во 1946, по во?ната, Чемберле?н продолжил со неговиот докторат во Чикашкиот универзитет под надзор на легендарниот физичар Енрико Ферми . [3] Ферми имал важна улога како водач и ментор на Чемберле?н, охрабрува??и го да ?а остави попрестижната теориската физика зад себе и да се занимава со експериментална физика , за ко?а Чемберле?н имал особена способност. Чемберле?н докторирал во Чикашкиот универзитет во 1949.

Во 1948, по завршува?ето на експерименталната работа, Чемберле?н се вратил во Беркли како член на факултетот, каде што то?, Серге и други физичари го истражувале протон-протон расе?ува?ето. Во 1955, сери?а експерименти на протонско расе?ува?е довело до откритието на анти-протонот, честичка сосема иста како протон освен тоа што е негативно наелектризирана. Подоцнежните истражува?а на Чемберле?н биле комора на временска проекци?а и работата во (SLAC).

Чемберле?н исто така бил активен и на политичка карта во врска со мирот и соци?алната правда и настроен против Виетнамската во?на . То? бил член на трите физичари од поранешниот Советски Со?уз затворени поради нивните политички ставови. Во 1980-те, помогнал во основа?е на движе?е за ?адрено разоружува?е . Во 2003 бил еден од дваесет и два?цата нобеловци кои го потпишале хуманистичкиот манифест. [4]

Смрт [ уреди | уреди извор ]

Чемберле?н бил ди?агностициран со паркинсонова болест во 1985 и се повлекол од наставата во 1989. Починал од комплицира?е на болеста на 28 февруари 2006 во Беркли на осумдесет и пет годишна возраст.

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. Jaros, John; Nagamiya, Shoji; Steiner, Herbert (August 2006). ?Obituary: Owen Chamberlain“ . Physics Today . 59 (8): 70?72. Bibcode : 2006PhT....59h..70J . doi : 10.1063/1.2349741 . CS1-одржува?е: пове?е ими?а: список на автори ( link )
  2. Sanders, Robert. Owen Chamberlain, Physics Nobelist, UC Berkeley professor, LBNL researcher and co-discoverer of the anti-proton, has died at 85 . www.berkeley.edu (2006 March 1)
  3. Yarris, Lynn. Berkeley Scientific Great Owen Chamberlain Has Died Архивирано на 17 февруари 2022 г. . www.lbl.gov (2006 March 1)
  4. ?Notable Signers“ . Humanism and Its Aspirations . American Humanist Association. Архивирано од изворникот на 2012-10-05 . Посетено на September 15, 2012 .

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]