Нова Британи?а

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Нова Британи?а
Нова Британи?а гледана од вселената, ?уни 2005.
Географи?а
Координати 5°44′S 150°44′E  /  5.733° ?ГШ; 150.733° ИГД  / -5.733; 150.733
Архипелаг Бизмарков Архипелаг
Површина 36.520 км 2 [1]
Подреденост по површина 38-ми
Должина 520 км
Ширина 146 км
На?високо издигнува?е 2,334 м
На?висока точка Улавун
Управува?е
Провинции Западна Нова Британи?а , Источна Нова Британи?а
Демографи?а
Население 513,926 (2011)
Густина 14,07 /km 2 (3.644 /sq mi)
Етнички групи Папуанци and Австронези?анци

Нова Британи?а ( англиски : New Britain , застарено германски : Neupommern ) е меланезиски остров во Папуа Нова Гвине?а . Ова е на?големиот остров во Бизмарковиот архипелаг , ко? до 1885 година се нарекувал Нов Британски Архипелаг.

Географи?а [ уреди | уреди извор ]

Поглед на Нова Британи?а од вселената

Површината на островот изнесува 35.144,6 km² [2] , и таму живеат околу 500 ил?ади жители (2011). Неговата должина е 600 километри, а максималната ширина е 80 километри. Од 1966 година, Нова Британи?а е поделена на две административни единици - провинциите Источна Нова Британи?а и Западна Нова Британи?а . Источната провинци?а е помала по површина од западната, но е понаселена и со поголема важност.

Административен центар на Западна Нова Британи?а е градот Кимбе , а на Источна Нова Британи?а пред ерупци?ата на вулканот Тавурвур во 1994 година бил градот Рабаул . Пове?ето од жителите на градот побегнале и се населиле во градот Кокопо , ко? подоцна станал административен центар, во одредена мера поради неговата побезбедна местоположба.

Долж островот се протега планински венец, со на?висок врв на вулканот Синевит (2438 m). Островот е претежно покриен со тропска шума .

Дампировиот Проток ?а одво?ува Нова Британи?а од островот Умбои , а Протокот Свети Георги од островот Нова Ирска .

Истори?а [ уреди | уреди извор ]

Нова Британи?а била откриена дури во 1700 година од британскиот морепловец Вили?ам Дампир . Од 1885 до 1899 година, островот бил во сопственост на Германската новогвине?ска компани?а и бил наречен Нова Померани?а ( Neupommern ). Од 1899 до 1914 година, островот бил дел од колони?ата на Германска Нова Гвине?а . Во ово? период, на островот индустриски се одгледувал памук. Во 1914 година, Нова Британи?а била освоена од австралиските сили, а по завршува?ето на Првата светска во?на, Австрали?а управувала со островот со мандат од Лигата на народите.

За време на Втората светска во?на, островот бил окупиран од трупите на ?апонската импери?а , кои победиле во битката ка? Рабаул во 1942 година. Американците успеа?а да се искрцаат на северозападниот дел од островот ( Операци?а Умешност - Operation Dexterity ), како и на 'ртот Меркус на ?угозапад. Сепак, до самиот кра? на во?ната не успеале да го осво?ат тогашниот главен град Рабаул, а бил предаден на Американците дури по офици?алната ?апонска капитулаци?а .

Население [ уреди | уреди извор ]

Нова Британи?а на?прво била населена од Папуанците . Потоа тука се населиле и доселеници од Меланези?а . На?бро?на етничка група е народот Тола? . Народот Ба?нинг , ко? живее во планинските предели, е по малку прочуен поради нивниот ритуал ?огнен танц“ и украсите на пенисот . Освен нив, на островот живеат и народите Киленге, Сулка и Лакалаи. Во Нова Британи?а се зборуваат австронезиски и папуански ?азици .

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. ISLANDS BY LAND AREA
  2. United Nations Environment Program, " Islands by land area: New Britain Архивирано на 13 ?ули 2012 г. ," islands.unep.ch (1988).