한국   대만   중국   일본 
Нева ? Википеди?а Пре?ди на содржината

Нева

Координати : 59°57′50″N 30°13′20″E  /  59.96389° СГШ; 30.22222° ИГД  / 59.96389; 30.22222
Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
59°57′50″N 30°13′20″E  /  59.96389° СГШ; 30.22222° ИГД  / 59.96389; 30.22222
Нева
Река
Зем?а Руси?а
Регион Ленинградска област , Санкт Петербург
Притоки
 - леви Мга , Тосна
 - десни Охта
Градови Шлиселбург , Кировск , Отрадное , Санкт Петербург
Извор ез. Ладога
 - височина 4,3  м
 - координати 59°57′10″N 31°02′10″E  /  59.95278° СГШ; 31.03611° ИГД  / 59.95278; 31.03611
Утока Невски Залив
 - височина м
 - координати 59°57′50″N 30°13′20″E  /  59.96389° СГШ; 30.22222° ИГД  / 59.96389; 30.22222
Должина 74  км
Слив 281.000  км 2
Истек во устието
 - просечен 2.500 м 3
Сливот на Нева
?Александар Невски ги совладува Шве?аните“ (Б. Чориков)
Поглед на Зимскиот дворец од Нева

Нева ( руски : Нева? ) ? знача?на река во северозападна Руси?а што тече од езерото Ладога низ западниот дел на Ленинградската област (историската област Ингри?а ), па сe до Невскиот Залив во рамките на поголемиот Фински Залив . И покра? скромната должина (74 км), Нева е трета река во Европа по полноводност (по Волга и Дунав ).

Ова е единствената река со извор во езерото Ладога . Тече низ градот Санкт Петербург , трите помали града Шлиселбург , Кировск и Отрадное и поголем бро? на села. Пловна е по целото течение и сочинува дел од Волго-балтичкиот и Беломорско-балтичкиот канал . Во поречието се случиле бро?ни историски настани, ме?у кои и Невската битка во 1240 г. (во чи?а чест кнезот бил наречен Александар ?Невски“ ), основа?ето на градот Санкт Петербург (1703) и Опсадата на Ленинград (1941-1944).

Потекло на поимот [ уреди | уреди извор ]

Посто?ат барем три можни потекла на името на реката: старофинскиот назив за Ладога ( фински : nevo = ?море“), од фински : neva (скратено од фински : Nevajoki, Nevajarvi = ?мочуриште“) или од шведски : ny = ?нова река“. [1]

Опис [ уреди | уреди извор ]

Топографи?а и хидрографи?а [ уреди | уреди извор ]

Нева истекува од езерото Ладога ка? Шлиселбург , па тече по Невската Низина и се влева во Финскиот Залив во Балтикот . Долга е 74 км, а бреговите и се ниски но стремни, со просек од 3?6 и 2?3 м при устието. Има три остри свиока: Ивановските Слапови ка? Невскиот шумски парк, во регионот Уст-Слав?анка и близу Смолниот институт , под устието на реката Охта . [2] Просечниот наклон на коритото изнесува 4,27 м. [3] Во едно место, реката минува преку моренски срт и ги образува Ивановските Слапови, при што тука коритото е на?тесно (210 м). Просечниот истек во слаповите изнесува 0,8?1,1 м/с. Просечната ширина на реката е 400?600 м, а на?широките места (1000?1250 м) се во делтата, ка? пристаништето, на кра?от од Ивановските Слапови близу утоката на Тосна и ка? Фабричкиот Остров недалеку од изворот. Реката е просечно длабока 8?11 м, а максималната длабочина изнесува 24 м, ка? Леарскиот мост (?Лите?ни“). На?плитко место (4,0?4,5 м) се Ивановските Слапови. [4]

Слив, притоки и растоки [ уреди | уреди извор ]

Сливот на Нева зафа?а површина од 5.000 км 2 , вбро?ува??и ги и барите ка? Ладога и Онега (281.000 км 2 ). Во сливното подрач?е има 26.300 езера и сложена хидролошка мрежа од преку 48.300 реки, од кои само 26 се влеваат непосредно во Нева. Главни притоки се Мга , Тосна , Ижора , Слав?анка и Мурзинка од лево, и Охта и Черна?а од десно. [2]

Хидролошката мрежа е мошне видоизменета низ истори?ата со разво?от на градот Санкт Петербург. Во моментот на основа?ето (1703) подрач?ето било ниско и мочурливо , поради што се ископани канали и езерца за да се исцеди водата. Некои од каналите со време се покриени, за во 1973 г. да останат само 42 острови, сите во рамките на градот. На?големи се Василевскиот (1.050 ха ), Петроградскиот (570 ха), Крестовскиот (420 ха) и Декабристичкиот (410 ха), по што следат За?ачкиот, ?елагиниот и Камениот Остров. [5] Ка? изворот се нао?аат два помали острова: Ореховиот и Фабричкиот. Над Отрадное се нао?а и островот Главриба.

Истори?а [ уреди | уреди извор ]

Пред 1700 г. [ уреди | уреди извор ]

На подрач?ето на Невскиот слив се прона?дени доста археолошки наоди, од кои на?старите сведочат за активностите на населението пред 9000 години. Се смета дека местото е населено во XII милениум п.н.е. од угрофински народи ( Воти и Ижори ), кои дошле од Урал . [6]

Во VIII и IX век на местото се доселиле Источните Словени што се занимавале со сечно-пожарно зем?оделство, лов и риболов. Од VIII до XIII век, Нева претставувала воден пад од Скандинави?а до Византи?а . Во IX век, подрач?ето било дел од кнежевството Велики Новгород . [7] Нева се споменува ве?е во ? Житието на Александар Невски “ (XIII век). [8] Во ово? период Велики Новгород бил во посто?ани воени судири со Шведска. Во ?ули 1240 г. се одиграла знача?на битка ка? вливот на Ижора во Нева, под водство на дваесетгодишниот кнез Александар ?арославич . Младиот кнез ?а спречил шведската инвази?а, истакнува??и се како смел и самопрегорен борец, поради што ?а добил почесната титула ?Невски“. [9] [10]

Како последица од поразот на Руси?а во Руско-шведската во?на (1610?1617) и Столбовскиот мировен договор, поречието на Нева влегло во состав на Шведски Ингерманланд. Од 1642, не?зина престолнина бил градот ?ен, близу тврдината ?еншанц . Православното население се иселило од ова подрач?е поради тешките даноци и верската нетрпеливост, при што до 1620 г. се испразниле цели 60% од селата. Во напуштените места се доселиле до?денци од Карелскиот Провлак и Савони?а. [11]

Со Големата северна во?на (1700?1721), долината на Нева влегла во Руското царство . На 16 ма? 1703, на устието на Нева е основан градот Санкт Петербург, ко? по девет години станал престолнина на руската држава. [7] Биде??и минувала низ центарот на градот, властите го уредиле коритото и направиле канали и ке?ови. На почетокот 1760-тите е започната изградбата на камени мостови на Нева и не?зините притоки. [2]

Секо?а зима од 1895 до 1910 г., на мразот на Нева се поставале шини, по кои сообра?ал електричен трамва? што ги поврзувал Сенатскиот плоштад, Василевскиот Остров, Дворцовиот ке? и други делови од градот..

Стопанско значе?е [ уреди | уреди извор ]

Сообра?а? по Нева гледан од Дворцовиот мост

Нева има многу малку плитки места и стрмни брегови, што ?а прави погодна за речен сообра?а?. Реката е дел од Волго-балтичкиот и Беломорско-балтичкиот канал , но има релативно ограничена проодност поради длабочината и бро?ните мостови. Затоа, по неа се движат пловила од размер под 5.000 тони. На?ве?е се пренесува дрвена гра?а од Архангелск и Волгода ; апатит , гранит и долерит од Колскиот Полуостров ; лиено железо и челик од Череповец ; ?аглен од Донецк и Кузнецк ; пирит од Урал; калиум хлорид од Соликамск и нафта од Приволж?ето . По реката сообра?аат и разни патнички пловила за Москва , Астраха? , Ростов , Перм , Нижни Новгород , Валам и други градови. [12] Пловна е од април до ноември. [13]

Западно од Шлиселбург, под реката се поставени цевки на Балтичкиот нафтовод, ко? носи гориво од Тиман-Печора, западен Сибир, Урал, Казахстан и Приморск во Финскиот Залив. Долг е 774 метри и лежи 7?9 м под коритото. Пренесува 42 милиони тони нафта годишно. [14]

Недалеку од Ладошкиот мост поминува подводниот тунел во ко? се сместени цевки на гасоводот Северен Тек . Има пречник од 2 м, и долг е 750 метри, при максимална длабочина од 25 м. [15]

Реката нева е главен извор (96%) за водоснабдува?е на Санкт Петербург и приградските подрач?а. Водите се користат и за стопански и спортски риболов. [4]

Мостови [ уреди | уреди извор ]

Големиот обуховски мост
Благовештенскиот мост
Ленинградска област
  • Ладошки мост
  • Кузмински железнички мост
Санкт Петербург
  • Голем обуховски мост
  • Володарски мост
  • Фински железнички мост
  • ?Александар Невски“
  • Болштеохтински мост (порано: ?Петар Велики“)
  • Леарски мост (или ?Лите?ни“, мост ?Александар II“)
  • Троички мост (порано: Кировски мост)
  • Дворцов мост
  • Благовештенски мост (порано: Мост ?Поручник Шмит“)
  • Новоадмиралте?ски мост (на?нов)

Нева како тема во уметноста и во популарната култура [ уреди | уреди извор ]

Некои дела од областа на уметноста и популарната култура се инспирирани од Нева, како на пример:

Поврзано [ уреди | уреди извор ]

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. Toponymic Encyclopedia of Saint Petersburg. St. Petersburg.: Informational and publishing agency LIC, 2002.
  2. 2,0 2,1 2,2 St. Petersburg: Encyclopedia. ? Moscow: Russian Political Encyclopedia. 2006 ISBN 5-8110-0107-X
  3. Нежиховский, Р.А. (1981). Река Нева и Невская губа . Гидрометеоиздат.
  4. 4,0 4,1 Darinskii, A.V. (1982). География Ленинграда . Лениздат. стр. 34?45.
  5. Историко-географический атлас ≪Ленинград≫ . Москва, 1977
  6. Sharymov, Alexander History of St. Petersburg. 1703. Book studies . Journal Neva, 2004 ISBN 5-87516-044-6
  7. 7,0 7,1 Ezhov, V. A. (1986) Ленинградская область: исторический очерк . Лениздат.
  8. Електронско издание на Институтот за руска книжевност (Пушкинов дом) . Lib.pushkinskijdom.ru. посет.  13 ?ули 2013 г
  9. The biographical dictionary of the Society for the diffusion of useful knowledge, Volume 1 . Longman, Brown, Green, and Longmans. 1842. стр. 855.
  10. Kirby, D. G. (2006). A concise history of Finland . Cambridge University Press. стр. 8. ISBN   0-521-83225-X .
  11. В ≪ПЛЕНУ≫ У ШВЕДОВ . Sablino.ru.
  12. Russian river fleet and tourism INFOFLOT.RU Архивирано на 20 октомври 2017 г. . Map.infoflot.ru. посет.  13 ?ули 2013 г
  13. Водный транспорт . www.st-petersburg.ru
  14. Транснефт го заврши тунелот под Нева Архивирано на 24 ?ули 2011 г. ? ?Вслух“, 25 август 2008 (англиски)
  15. Под Невой проложен тоннель для "Северного потока" . energospace.ru (2009-07-22).
  16. Едуард Лимонов, Дево?ка-?вер! . Скоп?е: Темплум, 2007, стр. 102-106.

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]