한국   대만   중국   일본 
Мере?е ? Википеди?а Пре?ди на содржината

Мере?е

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Лента за мере?е поделена на сантиметри
Вага за мере?е производи на пазар

Мере?е ? постапка со ко?а се утврдува соодносот на една физичка величина како должина, време, температура и сл. со неко?а мерна единица , како метарот, секундата или Целзиусовиот степен. Науката ко?а се занимава со мере?ето и мерите се нарекува метрологи?а . [1]

Стандарди [ уреди | уреди извор ]

Ме?ународниот килограмски еталон (цилиндар од 90% платина и 10% иридиум )

Со исклучок на неколку навидум фундаментални квантни константи , мерните единици се во суштина произволни, т.е. лу?ето се тие што ги измислуваат и што се договараат да ги користат. Не постои ништо сво?ствено за самата природа што диктира дека сантиметарот треба да ?а има должината што ?а има, или дека километарот е подобра единица за расто?ание од мил?ата . Со текот на времето лу?ето почнале да договараат сe постандардизирани единици за да ги задоволат потребите на човечката цивилизаци?а во разво?, како заради усогласува?е, така и правно, за спречува?е на измами во тргови?ата.

Денес мерните единици се дефинираат на научна основа под конрола на национални установи и во согласност со ме?ународни договори и спогодби, од кои на?знача?на е Генералната конференци?а за тегови и мерки (CGPM) ко?а е започната во 1875 со Спогодбата за метарот и донесува одлуки за Ме?ународниот систем на мерни единици (SI). Системот е во надлежност на Ме?ународното биро за тегови и мерки , кое го чува и ме?ународниот килограмски еталон (прототип). Во 1983 организаци?ата го има предефинирано метарот како расто?анието што ?е го пропатува светлината во слободен простор за 1 ? 299 792 458 секунди. Во 1960 САД, Британи?а, Австрали?а и ?АР договориле ?ардот да изнесува точно 0,9144 метри.

Национални стандардизациони организации [ уреди | уреди извор ]

Во Република Македони?а за мерките во науката и стопанисува?ето е надлежно Бирото за метрологи?а на РМ . [2] Во САД , мерките во стопанството ги регулира Националниот институт за стандарди и технологи?а (NIST) ко? е одделение на Министерството за тргови?а. Во Велика Британи?а таа задача ?а има Националната физичка лаборатори?а (NPL).

Единици и системи [ уреди | уреди извор ]

Метрички мерни уреди

Метрички систем [ уреди | уреди извор ]

Метричкиот систем е десетичен мерен систем ко? се заснова на единицата за должина метар и единицат за маса, килограм . Постои во неколку вари?анти, зависно од изборот на основни единици. Денес системот SI е општопризнатиот облик на метричкиот систем.

Во метричкиот систем има една основа за голем бро? на физички величини. Другите величини се изведени од стандардните единици на SI. Поголемите и помалите вари?анти на секо?а единица се добиваат со повишува?е или снижува?е на степен 10. Претвора?ето секогаш е просто биде??и се работи за сооднос, десет, сто, ил?ада итн, па затоа величините се менуваат со едноставно поместува?е на децималната запирка: 1,234 метри = 1234 милиметри = 0,001234 километри. Употребата на дропки (на пр. 2 ? 5 метар) е допуштена, но е прилично ретка.

Ме?ународен систем на мерни единици [ уреди | уреди извор ]

Луксметар за мере?е на осветленост во простории, изразена во лумени на квадратен метар .

Ме?ународниот систем на мерни единици (SI, од фр. Systeme International d'Unites ) е современа вари?анта на метричкиот систем . Ова е на?застапениот мерен систем во светот, како во секо?дневното работе?е, така и во науката. Обмислен е во 1960 врз основа на системот метар-килограм-секунда (МКС). Со текот на времето во системот се воведени нови единици што дотогаш не постоеле во метричкиот систем. Првичните шест единици на за основните физички величини се следниве: [3]

Подоцна е додаден и молот , а Келвиновиот степен е преименуван во ?келвин“.

Покра? овие основни единици , во системот SI посто?ат и пове?е изведени единици кои се засноваат на основните, а изразуваат други величини. На пример, ватот (единица за мо?) се дефинира како m 2 ·kg·s ?3 .

Импери?ален систем [ уреди | уреди извор ]

Бокал за мере?е течност со поделоци во импери?ални и американски единици

Пред поширокото усво?ува?е на системот SI , британските системи на англиски мерни единици и подоцна, (наречени и ?англоамериканси“) единици се користеле во Британи?а, зем?ите од Комонвелтот и САД. Во САД, единиците од ваквиот систем се нарекува ? обича?ни единици “ и сe уште е нашироко застапен во САД и неколку карипски зем?и. Американскиот систем историски произлегува од импери?алниот, но многу од единиците имаат поразлични вредности. Покра? единиците од SI, во Британи?а се користат и извесен бро? на импери?ални единици. Во сообра?а?от сe уште се користат мил?и , ?арди и мил?и на час ; течностите за дома?инството се мерат во пинти . Човечката висина се изразува во стапки и инчи (палци), а телесната тежина во каме?а и фунти . Импери?алните единици се применуваат на неформална или полуформална основа и во зем?ите од Комонвелтот кои го имаат усвоено метричкиот систем: зем?иштето се изразува во акри , а просторот во квадратни стапки . Во некои од нив бензинот се точи на галони .

Поврзано [ уреди | уреди извор ]

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. ?метрологи?а“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот ?азик, он.нет
  2. За бирото - Биро за метрологи?а на РМ
  3. Ме?ународно биро за тегови и мерки (2006), Ме?ународен систем на мерни единици (SI) (PDF) (VIII. изд.), стр. 147, ISBN   92-822-2213-6 (англиски)

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]