Мануил I Комнин

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Мануил I Комнин
Μανου?λ Α' Κομνην??
Цар на Источното Римско Царство
Портрет на Мануил I (заедно со Мари?а од Антиохи?а - не е прикажана на сликата) во сочуван ракопис во Ватиканската библиотека во Рим .
Византиски цар
На престол 5 април 1143 ? 24 септември 1180
Претходник ?ован II Комнин
Наследник Алекси? II Комнин
Роден(а) 28 ноември 1118
Цариград
Починал(а) 24 септември 1180
(возраст: 61)
Сопружник Берта Зулцбашка
Мари?а Антиохиска
Деца Мари?а Комнина
Алекси? II Комнин
Династи?а Комнини
Татко ?ован II Комнин
Ма?ка Ирина Унгарска

Мануил I Комнeн ( грчки : Μανου?λ Α' Κομνην??, 28 ноември 1118 - 24 септември 1180) ? византиски цар од династи?ата Комнини ко? владеел од 1143 до 1180 година. За време на своето владее?е, како и ?устини?ан I се обидел да ги освои деловите на бившото Западно Римско Царство . [1]

Желен да го обнови неговото Царство на неговата мината слава како супермо? во Средоземниот свет, Мануил водел енергична и амбициозна надворешна политика. Во то? процес то? направил со?уз со Папата Адри?ан IV и заживеаниот Запад, го нападнал норманското Кралство Сицили?а , иако неуспешно, умешно го раководел преминот на крстоносците од Втората крстоносна во?на низ неговото Царство, и воспоставил византиски протекторат над прекуморските крстоносни држави . Соочува??и се со муслиманските напредува?а во Светата зем?а , то? имал заедничка цел со Кралството Ерусалим и учествувал во заедничката инвази?а на Фатимидскиот Египет . Мануил ?а преобликувал политичката карта на Балканот и источното Средозем?е, става??и ги Унгари?а и крстоносните држави под византиска хегемони?а и вршел агресивни кампа?и против неговите соседи на запад и исток. Сепак, кон кра?от на неговото владее?е достигнува?ата на Мануил на истокот биле загрозени поради сериозниот пораз во Битката ка? Мириокефалон , ко?а во голем дел резултирала поради неговата арогантност кога ги нападнал добро бранетите сел?учки позиции. Иако Византи?ците се повратиле ка? Битката ка? Хиелион и Лемошеир и Мануил склучил поволен мир со султанот Кили? Арслан II , Мириокефалон се покажал како конечниот, неуспешен обид на Царството да ?а поврати внатрешноста на Анадоли?а од Турците .

По смртта Мануил бил наследен од неговиот син Алекси? (1180-1183), но набрзо потоа Византи?а била зафатена од гра?анска во?на ко?а на кра?от довела до меша?е со крстоносците и првиот пад на Цариград и на падот на Византи?а во 1204 години.

Внатрешна политика [ уреди | уреди извор ]

Западното вли?ание и татковата политика [ уреди | уреди извор ]

Постарите синови на ?ован , Алекси? и Андроник, умреле од епидеми?а уште во 1042 г. Според неговата последна желба, царска круна ?а наследил четвртиот и на?млад син Мануил. Мануил I се истакнал како владетел со големи и многукратни способности. Бил храбар во?сководец и уште повешт димпомат и државник со смели и далекусежни идеи. То? бил вистински Византиец , проникнат од иде?ата на универзалното царство и со страста за теолошки дискусии, а воедно бил и витез од западен ков. Мануил претставувал нов тип византиски владетел. Од него се гледало колку силно де?ствувал на византискиот живот допирот со крстоносците . Мануил ги сакал западните обичаи и ги воведувал на сво?от двор, а и двата негови бра?а со западните принцези придонеле за продира?ето на западните навики во Византи?а. Во Влахернскиот дворед , дворецот на Комнини , завладеала лесна и ведра атмосфера. ?а немало ве?е познатата источна величествена церемони?ална притеснетост ко?ашто некогаш ги опкружувала византиските цареви на Големиот дворец на Златниот Рог , туку се одома?ила нова витешка елеганци?а од западен тип. Приредувани биле витешки турнири во кои учествувал и самиот цар што на Византи?ците претставувало необична и непри?атна глетка. Странците од Запад играле сe поголема улога во Царството и заземале високи позиции, на големо незадоволство на неговото население. [2]

Несомнено, личните склоности на Мануил вли?аеле на неговата политика. Во сво?от занес то? се впуштал во пресмели потфати, какви што неговиот татко знаел мудро да ги избегне, но тоа не значи дека може да се говори за начелна спротивност ме?у западната ориентаци?а на неговата политика и политиката на ?ован II, претежно ориентирана спрема Исток. Во центарот на вниманието се нао?ал византиско-норманскиот антагонизам и од промената на самата политичка ситуаци?а и од реалниот однос на силите било условено тоа што ?ован II на то? проблем му пришол од антиохиска , а Мануил од итали?анската страна. Мануиловата западна ориентаци?а не била плод на неговиот карактер туку нужност ко?ашто му ?а наметнал разво?от на настаните на самиот Запад. Почнала епохата кога државите групирани околу Средоземното Море воделе општа европска политика. Како средоземна сила Византи?а не можела да остане настрана. Мануил активно се вмешал во таа политика, истакнува??и ги, во согласнот со византиските традиции, универзалните претензии на своето Царство. Желбата за воспоставува?е светско владее?е била прастар стремеж на Византи?ците ко?а ниту на внимателниот цар ?ован II не му била ту?а. Во суштина на Мануиловата програма не се разликувала од ?овановата. Нивните кра?ни цели биле исти. Судбоносната грешка на Мануил било тоа што то? претерал и преминал од желба на дело, не воде??и сметка за реалните можности. [3]

Стратиотски систем [ уреди | уреди извор ]

?ован II се обидел врз нова основа да го воспостави системот на стратиотски имоти ко?што бил подлога на некогашната византиска мо?. Совладува??и ги Печенезите , то? заробениците ги населил по византиските провинции како во?ници, а по победата над Србите во никомедиската област ги населил заробените Срби , дел како во?ници, дел како селани, доделува??и им зем?а и обврзува??и ги на извршува?е воена должност, односно на пла?а?е даноци. Мануил I го прифатил татковиот пример. И то? ги населувал српските во?ници по византиските провинции, ка? Сердика и на други места. Според договорот со Геза II , Мануил задржал десет ил?ади унгарски заробеници, секако со намера и нив да ги искористи како стратиоти. Создава?ето на нови стратиотски имоти и населува?ето на нови стратиоти, па и ту?инци, во извесна мера значело вра?а?е кон мо?ната воена организаци?а од средновизантиската епоха. Интересно било што за таа цел, како и во VII век, и сега во голема мера биле ползувани Словените . Ме?утоа, со населува?ето само на странските заробеници оваа организаци?а не можела вистински да се обнови. Затоа за времето на Мануил особено зело замав доделува?ето прони?а со обврска за врше?е воена служба. Се случувало зем?иштето, заедно со населените парици, да им биде давано како прони?а и на странските великодосто?ници. [4]

Велепоседништво [ уреди | уреди извор ]

Владата на военото благородништво го поддржувала велепоседништвото, особено световното. Со хрисовулата од март 1158 г. Мануил им забранил на манастирите во Цариград и во неговата околина зголемува?е на зем?ишните поседи. Истовремено било забрането и оту?ува?ето на подареното зем?иште, освен во полза на лица од сенаторски сталеж, т.е. на прониерите, и оваа карактеристилна одлука била повторена и во една подоцнежна наредба. Без сомнение царот Мануил не бил непри?ател на манастирите. То? на манастирите свеченоо им ги потврдил сите нивни поседи и покра? тоа им подарил мошне широки права на имунитет. Ме?утоа, соочен со старото соперништво ме?у црковното и световното велепоседништво, то? застанал на страната на световното и одлучно ги фаворизирал световните магнати и прониерите, последните, секако, на?многу. [5]

Во?ска [ уреди | уреди извор ]

Покра? прониерите во византиската во?ска и натаму имало многу наемници, па и давачките што биле барани за издржува?е на во?ската биле поголеми од било кога и да е. Биде??и државните средства биле недоволни на во?ниците им било препуштено сами да ги задоволуваат своите потреби на сметка на населението. ?Жителите во внатрешноста“, вели Никита Хони?ат , ?поднесуваа голема штета од ненаситната лакомост на во?ниците коишто им ги одземале не само парите туку и последната кошула“. [6]

Во?ниците биле господари во државата. Во споредба со времети пред Комнини ситуаци?ата од корен се изменила. Во времето на владее?ето на цивилното благородништво под династи?ата Дука , воената служба се избегнувала. ?Во?ниците“, како што кажува ?ован Скилица , ?го отфрлале оруж?ето и станувале адвокати и правници. Сега, напротив, воената служба станала особено привлечна. ?Секо? сакаше“, раскажува Никита Хони?ат, ?да биде во?ник, едни ?а отфрлаа иглата, зошто таа со голем труд даваше само на?скудни средства за живот, други ги напуштаа ко?ските обори, други пак ?а тресеа од себе правта од тулите или са?ите од ковачницата, и сите итаа кон оние коишто врбуваа во?ници, им давале персиски ко?и или неколку златници и веднаш бидувале примени во во?ска“. Воената служба била единствениот вносен занает. Се и се жртвувало на во?ската. [7]

Положбата на населението [ уреди | уреди извор ]

Населението се нао?ало во тешка сиромашти?а биде??и даночните побарува?а растеле, а вообичаените злоупотреби на собиралите на данок ги зголемувале и без тоа прекумерните товари. По градовите многумина ?а продавале сво?ата слобода и станувале робови во домовите на великодосто?ниците. За да ?а спречи оваа по?ава Мануил со закон им ?а вратил слободата на лицата слободни од ра?а?ето, коишто самите се продале во ропство, и се чинело дека, барем во престолнината, ги откупил таквите робови на државен трошок. Ме?утоа, целиот развиток, порастот на велепоседништвото од една, сиромашти?ата и задолженоста на пошироките слоеви од друга страна, неизбежно водел ако не кон кметство на мнозинството од населението. Несопирливо развива??и се процесот на феудализаци?а сe пове?е ?а поткупувал отпорната мо? на државниот организам. [8]

Надворешна политика [ уреди | уреди извор ]

Односите со Германи?а [ уреди | уреди извор ]

Мануил се обидел да го зацврсти со?узот со Германското кралство на кое неговиот татко му ги поставил темелите. Како што било решено уште при животот на ?ован , то? се оженил за роднината на Конрад III , со Берта од Зулцбах, ко?ашто во Византи?а го добила името Ирина. Ме?утоа, соработката на два?цата владетели против Норманите , а со тоа и главната цел, била попречена од Втората крстоносна во?на , во ко?а покра? францускиот зел учество и германскиот крал, поттикнат од вжарените проповеди на Бернард од Клерво . За Мануил, обожавателот на Запад, Втората крстоносна во?а била исто толку непри?атно изненадува?е како што за неговиот дедо била Првата . Успехот на крстоносците би ги за?акнал латинските држави на Исток, во прв ред Антиохиското кнежевство - стариот противник на Византи?а. И не само тоа, Конрадовото заминува?е во Светата зем?а целосно го изолирало византискиот цар на Запад, а неизбежните заплети со крстоносците му ?а одзеле слободата на акци?а спрема норманскиот крал. [9]

Втората крстоносна во?на [ уреди | уреди извор ]

Политичка карта на Блискиот Исток во 1135 г. Крстоносните држави се означени со црвени крстови

Преминот на крстоносците низ византиските зем?и, проследен со вообичаени истапи, тешко ги заматил односите ме?у Византи?ците и Германците . Се чини дека Мануил не се ни состанал со сво?от со?узник, шурата Конрад III . Уште полоши биле односите со францускиот крал Лу? VII , при?ателот на Рожер II . Во неговата близина ве?е се говорело за осво?ува?ето на Цариград . Како некогаш Алекси? I , и Мануил насто?увал што побрзо крстоносците да ги префрли во Мала Ази?а и барал од водачите на крстоносците да му положат вазалска заклетва и да го признаат византискиот суверенитет над сите зем?и кои ?е ги осво?ат. Пове?е заради приближува?ето на Французите отколку Мануиловото инсистира?е, Конрад III решил да премине во Мала Ази?а. Ме?утоа, таму неговата во?ска ?а снашла жалосна судбина. При првиот судир со Турците , таа целосно била совладана. По долгите преговори и натега?а во Мала Ази?а преминал и Лу? VII. Неговата во?ска се обединила со остатоците од германските трупи, но крстоносците се откажале од планираниот поход против Икони?а и тргнале во правецот на Атале?а . Преминот низ тешкиот терен, проследен со насилство над месното население, со кавги ме?у Французите и Германците, со судири на Латините со Грците, конечно ?а исцрпил силата на крстоносците. Конрад III по патот се разболел, па во Ефес ?а напуштил во?ската на крстоносците. Од Атале?а и Лу? VII се упатил со своите барони за Сири?а , препушта??и ги своите лу?е на судбината. [10]

Политичкиот поларитет во тогашна Европа [ уреди | уреди извор ]

Полза од ово? неславен поход на крстоносците имале само Турците и норманскиот крал Рожер . Биде??и Мануил бил врзан на Исток со заплетите со крстоносците, Рожер II есента 1147 г. презел директен напад на Византи?а , го освоил Крф , а потоа Коринт и Теба , на?богатите градови во тогашна Грци?а и главни средишта на византиското свиларство. Од Коринт и Теба, Рожер ги одвел византиските ма?стори и ги вработил во младата норманска свиларска индустри?а во Палермо . [11]

Неуспехот на крстоносната во?на овозможил ново зближува?е ме?у Византи?а и Германи?а . На вра?а?ето од Мала Ази?а , Конрад III убаво бил дочекан во Цариград и се обврзал дека ?е заво?ува против Рожер II. И Венеци?анците и се придружиле на антинорманската коалици?а и му помогнале на византискиот цар да го поврати Крф ( 1149 г.). Сепак, последиците од несре?ната крстоносна во?на и понатаму се чувствувале, во полза на норманскиот крал, а за штета на византискиот цар и неговиот германски со?узник. Планот на византиско-германската офанзива во Итали?а бил пресретнат со дипломатска против-акци?а на Рожер II. Норманскиот крал склучил со?уз со во?водата Велф и го поддржувал во борбата против Штауфовците , така што Конрад III итно морал да се врати во Германи?а и за извесно испаднал од играта. Од друга страна, Рожер II против византискиот цар ги потпомагал Угрите и Србите . Ве?е во 1149 г. Мануил морал да стапи во борба против побунетата Рашка, а потоа избила и во?ната со Угрите , првата во долгата низа византиско-унгарски во?ни. Рожер II имал природен со?узник во францускиот крал Лу? VII ко?, огорчен против Византи?а, подготвувал нова крстоносна во?на. Неговите планови наишле на живо одобрува?е од Бернард од Клерво и папата Евгени? III , ко? се обидувал германскиот крал да го одврати од со?узот со шизматичката Византи?а. Така, под водството на Рожер II, била создадена мо?на антивизантиска коалици?а. Ме?утоа, плановите за новата крстоносна во?на, ко?а не била ништо друго норманско-француски напад на Византи?а, биле разбиени со отпорот на француските витези, и Конрад III му останал верен на сво?от со?узник. Европските држави се поделиле на два табора: на една страна Византи?а, Германи?а и Венеци?анците, на другата Норманите, Велфите , Франци?а, Унгари?а и Србите и во заднина - папата Евгени? III. Почнало групира?ето на европските држави и создава?ето разгранети коалиции. Се разбира, распоредот на силите во коалициите често се менувал, а со времето и другите држави биле вовлечени во оваа дипломатска игра. Византиско-унгарското соперништво имало одек дури во Руси?а . Двете сили се замешале во борбата на руските кнезови, и додека Унгари?а го потпомагала киевскиот кнез Из?аслав , Византи?а го поддржувала ?ури? Долгоракиот Сузда?ски и Владимирко Галициски. Од друга страна, Мануил во седумдесеттите години на XII век , стапил во врска со англискиот крал Хенри II . [12]

Конрад III успеал да го совлада Велф и почнал да се подготвува за поход во Итали?а. Но во моментот кога конечно требало да отпочне византиско-германската борба против Норманите, Конрад III умрел ( 1152 г.) Со неговиот наследник Фридрих I Барбароса , Мануил никогаш не можел да се спогоди и покра? честите преговори. Политиката и на едниот и на другиот се раководела од иде?ата за царство со сиот не?зин максимилизам и исклучивост. Во ова време Западот почнал да се запознава со ?устини?ановото римско право , кое и таму ?а засилувало претставата за возвишеноста и универзалниот карактер на царската власт. Фридрих Барбароса им се спротивставил на византиските претензии на Итали?а и со кра?на недоверба гледал на универзалистичките стремежи на Мануил I, ко?што за него бил само грчки крал. Наместо со?уз дошло до соперништво на двете царства. И едната и другата страна за себеси барале исклучиво право на царската круна и на римското наследство. Наместо да соработуваат против Норманите, и Фридрих и Мануил се обидувале во прв ред обострано да се претекнат во Итали?а. [13]

Мануел успеал да ?а зацврсти сво?ата позици?а на Балканот . На унгарска граница привремено завладеал мир. Киевскиот престол го зазел византискиот со?узник ?ури? Долгоракиот. Во 1154 г. умрел и стариот непри?ател на Византи?ците Рожер II. Тоа биле поволни предуслови за поголема акци?а на Запад и Мануил решил да преземе офанзива во Итали?а, со германскиот цар или без него, ако трева и против него. Во 1155 г. то? испратил флота во Анкона и оттука започнала големата византиска офанзива. Со мала во?ска, со помошта на норманските вазали, кои царот успеал да ги придобие за себе, во на?кусо време биле запоседнати на?знача?ните градови на Апули?а : целата област од Анкона до Тарент ?а признавале власта на византискиот цар. [14]

Краткото владее?е во Итали?а [ уреди | уреди извор ]

Успехот ги надминувал и на?смелите очекува?а и надежи. Воспоставува?ето на Римското Царство , на?возвишената цел на византиската политика, не изгледало ве?е невозможно. Посто?ат два меча, така ?ован II му пишувал на папата Инокенти? II , световен и духовен. То?, царот, ?е го преземе световниот, а на папата ?е му го остави духовниот меч, за да се воспостави единство на христи?анската црква и светска власт на единственото Римско Царство. Се чинело дека дошол мигот оваа програма да се оствари. Мануил решил да го оствари стариот византиски сон и со помош на папата, по цена на уни?а, да ?а обнови ?устини?ановата и Константиновата светска импери?а. [15]

Ме?утоа, ако ?устини?ановата реставраци?а на Римското Царство не била со долг век, обидот за обнова на Мануил пропаднал одва? што бил направен првиот чекор во то? правец. Уште поголем отколку во времето на ?устини?ан бил сегашниот несклад ме?у високите цели на царот и средствата кои му стоеле на располага?е. Многу посилен бил и отпорот однадвор. Сложениот систем на европските ?а исклучувале можноста од создава?е светска импери?а. Сите сили што биле заинтересирани за Итали?а се обединиле против Мануил. Спрема византискиот цар непри?ателски став не зазел само Фридрих Барбароса . И Венеци?анската Република ко?а дотогаш соработувала со Византи?а против Германците и Угрите , се почувствувала загрозена од не?зиното утврдува?е во Итали?а и и свртела грб. Норманскиот крал Вилхелм I преминал во противнапад и во 1156 г. ка? Бриндизи на Византи?ците им нанел пораз ко? го забрзал кра?от на византиското владее?е во Итали?а. Премногу ?асно се покажала слабоста на не?зината власт, создадена пове?е со помош на парите и дипломати?ата отколку со воената мо?. Византи?ците морале да ?а напуштат Итали?а, и во 1158 г. царот Мануил, ко? за сво? главен непри?ател ве?е не го сметал норманскиот крал туку германскиот цар, со посредува?е на папата склучил мирот со Норманите и заминува?ето на византиските трупи од Итали?а значеле, всушност, кра? на византискиот сон за светска импери?а. [16]

Крстоносните држави на Исток [ уреди | уреди извор ]

Спрема латинските држави на исток, напротив, Мануил, продолжува??и ?а политиката на сво?от татко , постигнал навистина извонредни успеси. Ерменскиот кнез Тор , ко? се утврдил во Килики?а , бил принуден во 1158 г. да се покори и царот го ?запишал ме?у робовите на Роме?ците “. Уште поголемо значе?е имало потчинува?ето на Антиохиското кнежевство . Антиохискиот кнез Ра?нолд го признал суверенитетот на византискиот цар и се обврзал дека ?е му испра?а помошни трупи. Освен тоа византискиот цар го задржал правото на поставува?е антиохиски патри?арх . Во знак на потчинетоста Ра?налд дошол во логорот на царот гологлав, бос со ?аже околу вратот, носе??и меч во левата рака. Дури и ерусалимскиот крал Балдуин III му напрабил посета на Мануил и се ставил под негова заштита. Како што вели Евстаси? Солунски , ?то? поита ка? нас од Ерусалим привлечен од славата и големите подвизи на царот и ги призна неговите врховни права“. Возвишениот став што го зазел византискиот цар спрема латинските држави на Исток се манифестирал на интересен начин за време на свеченото влегува?е на Мануил во Антиохи?а во 1159 г. Со сите царски инсигнии царот ?авал на ко?. Ерусалимскиот крал го следел ?ава??и далеку зад него и не носе??и никакви инсигнии, додека антиохискиот кнез одел пеш покра? ко?от на царот и го држел сременот на царот. Тоа била впечатлива глетка во ко?ашто ?асно се одразувала хиерархи?ата на христи?анските владетели. Тешките проблеми пред кои создава?ето на крстоносните држави на Исток ?а ставиле Византи?а и со кои таа со децении се борела, сега биле решени и била воспоставена византиска хегемони?а. Византискиот цар изво?увал позици?а на поглавар на целиот христи?ански Исток, па и самите латински држави, загрозени од Турците , во него гледале сво? бранител. [17]

Унгари?а [ уреди | уреди извор ]

И спрема Унгари?а , Мануил ?а продолжил политиката на сво?от татко , но и овде неговата активност била многу поголема, а неговата кра?на цел многу поамбициозна. То? се стремел кон потчинува?е на Унгари?а и не?зино присоединува?е кон Византиското царство . Смртта на кралот Геза II ( 1161 г.) дала повод за ново меша?е во унгарските прилики. Против Стефан III , синот на Геза, Мануил со оруж?е и пари ги поддржувал бра?ата на Ге?за - Стефан IV и Владислав . Поради тоа избила во?на полна со тешки и променливи променливи борби. На?после, во 1164 г. бил склучен договор врз основа на ко? братот на Стефан III - Бела бил испратен во Цариград , откако бил признат за унгарски престолонаследник и откако му се доделени во апанажа Хрватска и Далмаци?а . Ме?утоа, Мануил морал да води нови борби за да ги реализира големите предности кои му ги овозможил ово? договор. Опсежни воени и дипломатски подготовки му претходеле на избива?ето нови непри?ателства. Специ?ален пратеник на царот упатен бил дури во Руси?а да и осигура на Византи?а поддршка на киевскиот и галицискиот кнез. Резултатот одговарал на потрошените средства и напори: Хрватска, Далмаци?а, Босна и Срем биле присоединети кон Византиското царство ( 1167 г.). [18]

Колкаво значе?е Мануил му припишал на унгарското праша?е се гледа од тоа што то? решил принцот Бела, наследникот на унгарската круна да го прогласи за сво? престолонаследник, за да подготви спо?ува?е на Унгари?а со Византи?а. Како престолонаследник, Бела, ко?што во Цариград бил наречен Алекси?, бил оженет со ?ерката на царот и ?а добил титулата деспот. Оваа титула дотогаш му припа?ала само на царот, а сега добила карактер на посебна титула ко?а доа?ала непосредно зад василевсот , а пред севастократорот и цезарот . Кога му се родил синот , царот се откажал од сво?от план што во Византи?а предизвикало големо незадоволство. Ме?утоа, то? успеал по смртта на Стефан III на унгарскиот престол да го доведе сво?от штитеник Бела-Алекси? и со тоа Унгари?а да ?а стави под вли?ание на Византи?а. [19]

Рашка [ уреди | уреди извор ]

Паралено со во?ните во Унгари?а , се воделе борби со Србите , коишто во борбата за ослободува?е од византиската власт се потпирале на соседна Унгари?а. Востани?ата на Србите зачестиле, за Византи?а - Рашка станала легло на посто?ани немири. Навистина, Мануил секо?пат успевал да ги задуши тие востани?а, но то? не можел да ги прекине без оглед на тоа што често ги менувал неверните жупани на Рашка. Во 1166 г. за голем жупан бил поставен Стефан Нема?а , но и то? наскоро се одметнал од византискиот цар. Ме?утоа, големите успеси на Мануил спрема Унгари?а ?а измениле ситуаци?ата, и резултирале со одзема?е на унгарската поддршка на Србите. Со?узот со Венеци?анците се покажал недоволно ефикасен и кога царот во 1172 г. влегол во Рашка со силна во?ска, Нема?а се откажал од отпорот ко? станал безнадежен. Морал да ?а потврди сво?ата покорност според ритуалот ко?што бил применет уште при потчинува?ето на Ра?нолд Антиохиски и при свеченото вра?а?е на царот во Цариград да чекори во неговата триумфална поворка. Победата над непокорната словенска зем?а и над не?зиниот голем жупан била славена во патетичните говори на дворските ретори и прикажувана на фрески во царскиот двор . [20]

Односот со итали?анските градови-држави [ уреди | уреди извор ]

Како што византискиот напад на Анкона ?а довел во праша?е соработката на Византи?а и Венеци?анците против Норманите , така и анекси?ата на Далмаци?а довела до прекин на византиско-венеци?анската соработка против Унгари?а . Од друга страна, привилегираната положба на венеци?анските трговци во Византиското царство тешко го погодувала византиското население . Мануил ?а засилил врската со другите итали?ански приморски градови и склучил договор со ?енова ( 1169 г.) и со Пиза ( 1170 г.). Односите со Венеци?анците се влошувале сe пове?е и во 1171 г. избил остар судир. Сите Венеци?анци во Византиското царство биле уапсени а нивните бродови запленети. Венеци?анската против-акци?а не изостанала. Силна венеци?анска флота впловила во византиските води и ги окупирала Хиос и Лезбос . Потоа долго се преговарало без конкретни резултати. Односите ме?у Византи?а и Венеци?анците останале прекинате во наредните десетина години. [21]

Последните години од владее?ето [ уреди | уреди извор ]

Карта на Импери?ата во текот на владее?ето на Мануил I (о. 1180 г.)

И покра? сите успеси спрема латинските држави на Исток и спрема Унгари?а осаменоста на Византи?а сe пове?е се манифестирала и кон кра?от на седумдесеттите години позициите на Мануил биле разнишани на сите страни. Надежите за соработка со Рим се из?аловиле. Дури кури?алната странка секаде - во Венеци?а , Унгари?а , Хрватска и Далмаци?а - работела против византискиот цар, а сите преговори за црковна уни?а пропа?але заради неискоренливата омраза ме?у Грците и Латините . Никита Хони?ат го изразувал општото чувство на Византи?ците кога вели: ?Проклетите Латини се желни за нашето богатство и сакаат да го уништат нашиот род... Ме?у нас и нив постои длабока омраза, ние не можеме со нив да се зближиме и во сe се разликуваме“. Неуморен во изнао?а?ето нови патишта и начини, Мануил против Фридрих Барбароса , сво?от главен противник, го поддржувал Со?узот на ломбардските градови , но ова оруж?е му било одземено со договорот во Венеци?а ( 1177 г.) ко? ?а окончал во?ната на Фридрих со Ломбардскиот со?уз и овозможил негово помирува?е со папата . Потоа исчезнала и последната надеж на Мануил во поддршката на Рим против германскиот цар . [22]

Како што Мануил се обидувал да ?а исползува секо?а сила со ко?а Фридрих Барбароса доа?ал во судир, така и Барбароса одржувал врски со сите непри?атели на византискиот цар. Уште во 1173 г. то? стапил во врска со иконискиот султан Кили? Арслан . Доминантната положба ко?ашто ?а стекнал Мануил спрема латинските држави во предна Ази?а ги засилила и неговите позиции спрема Иконискиот Султанат. Вештото ползува?е на антагонизмот ме?у сел?учките поглавари и извесните воени успеси во Мала Ази?а уште пове?е ?а зголемиле неговата надмо?. Во 1162 г. Кили? Арслан поминал три месеци во Цариград и се обврзал со договор дека на византискиот цар ?е му испрати помошни трупи и дека ?е му врати пове?е малоазиски градови. Ме?утоа, овие ветува?а останале неисполнети, и додека Мануил бил зафатен на Запад и во Унгари?а, Кили? Арслан успеал да ги консолидира своите сили. Охрабрен од поддршката на германскиот цар то? заземал се поагресивен став спрема Византи?а, и во 1175 г. дошло до раскин. Следната година Мануил со голема во?ска тргнал против Иконискиот Султанат. Ме?утоа, во фригиските клисури ка? Мариокефалон на 17 септември 1176 г. му се случила страотна катастрофа . Турците ?а опколиле и ?а уништиле неговата во?ска. Самиот Мануил ово? пораз го споредил со катастрофата ко?ашто Византи?а ?а доживеала пред 105 годин ка? Манцикерт . [23]

Ово? удар бил дотолку потежок што дошол во времето кога и на Запад византиската политика била во ?орсокак. Колку длабоко бил разнишан угледот на византискиот цар покажува и писмото коешто Фридрих Барбароса му го упатил на Мануил по мариокефалонската битка. Во него Фридрих, како " римски цар ", го повикувал ?грчкиот крал Мануил“ да му ?а укаже должната послушност. [24]

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. J. Norwich, Byzantium: The Decline and Fall , 112-113
  2. Г.Острогорски. Истори?а на Византи?а. Скоп?е, 1992, стр.: 457.
  3. Г.Острогорски. Истори?а на Византи?а. Скоп?е, 1992, стр.: 457-458.
  4. Г.Острогорски. Истори?а на Византи?а. Скоп?е, 1992, стр.: 470-471.
  5. Г.Острогорски. Истори?а на Византи?а. Скоп?е, 1992, стр.: 471-472.
  6. Г.Острогорски. Истори?а на Византи?а. Скоп?е, 1992, стр.: 472.
  7. Г.Острогорски. Истори?а на Византи?а. Скоп?е, 1992, стр.: 472-473.
  8. Г.Острогорски. Истори?а на Византи?а. Скоп?е, 1992, стр.: 473.
  9. Г.Острогорски. Истори?а на Византи?а. Скоп?е, 1992, стр.: 458.
  10. Г.Острогорски. Истори?а на Византи?а. Скоп?е, 1992, стр.: 459-460.
  11. Г.Острогорски. Истори?а на Византи?а. Скоп?е, 1992, стр.: 460.
  12. Г.Острогорски. Истори?а на Византи?а. Скоп?е, 1992, стр.: 460-461.
  13. Г.Острогорски. Истори?а на Византи?а. Скоп?е, 1992, стр.: 461-462.
  14. Г.Острогорски. Истори?а на Византи?а. Скоп?е, 1992, стр.: 462.
  15. Г.Острогорски. Истори?а на Византи?а. Скоп?е, 1992, стр.: 462-463.
  16. Г.Острогорски. Истори?а на Византи?а. Скоп?е, 1992, стр.: 463-464.
  17. Г.Острогорски. Истори?а на Византи?а. Скоп?е, 1992, стр.: 464-465.
  18. Г.Острогорски. Истори?а на Византи?а. Скоп?е, 1992, стр.: 465.
  19. Г.Острогорски. Истори?а на Византи?а. Скоп?е, 1992, стр.: 466.
  20. Г.Острогорски. Истори?а на Византи?а. Скоп?е, 1992, стр.: 466-467.
  21. Г.Острогорски. Истори?а на Византи?а. Скоп?е, 1992, стр.: 467.
  22. Г.Острогорски. Истори?а на Византи?а. Скоп?е, 1992, стр.: 468.
  23. Г.Острогорски. Истори?а на Византи?а. Скоп?е, 1992, стр.: 468-469.
  24. Г.Острогорски. Истори?а на Византи?а. Скоп?е, 1992, стр.: 469-470.

Дополнителна литература [ уреди | уреди извор ]

  • Haldon, John (2002). Byzantium - A History . Tempus. ISBN   0-7524-2343-6 .
  • Lilie, Ralph-Johannes (1988). Byzantium and the Crusader States, 1096–1204 . Oxford University Press. ISBN   0-198-20407-8 .

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]

  • Manuel coinage: [1]