한국   대만   중국   일본 
Макс Аман ? Википеди?а Пре?ди на содржината

Макс Аман

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Макс Аман

Макс Аман ( германски : Max Amann) ( 24 ноември 1891 - 30 март 1957 ) бил нацистички функционер со висок чин во СС , (Обергрупенфирер; Obergruppenfuhrer) политичар и новинар .

Аман е роден на 24 ноември 1891 година, во Минхен . За време на Првата светска во?на му бил наредник на Адолф Хитлер . Станал член на претседателството на Нацистичката парти?а во 1922 и претседател на Медиумската комора (Reichspressekammer) во 1933 година. Исто така бил управник и на издавачката ку?а Еер-Верлаг (Eher-Verlag), ко?ашто, ме?у другото, ги издала Хитлеровата книга ? Мо?ата борба “ (Mein Kampf) и списанието на СС ? Дас Шварц Корпс “ (Das Schwarze Korps; Црните трупи).

За време на Третиот ра?х , то? бил на?големиот стопанственик во Германи?а од областа на весниците и направил огромен профит од нацизмот . Со оваа позици?а, воспоставил нацистичка контрола врз индустри?ата и постепено ги затворал тие весници што не го поддржувале Хитлеровиот режим целосно.

Како партиски функционер, Аман немал доволно талент, бил слаб говорник и дебатер. [ се бара извор ] Згора на тоа, неговиот ракопис не бил читлив, па затоа неговиот заменик, Ролф Ранхарт, ги извршувал тие должности наместо него.

По во?ната бил уапсен од Со?узничките трупи и бил прогласен виновен за неговата голема улога во режимот и осуден на десен годишна принудна работа на 8 септември 1948 година, но бил пуштен во 1953 . Исто така го изгубил целиот имот и правото на пензи?а и умрел во сиромашти?а на 30 март 1957 , во Минхен .

Многу е веро?атно дека Аман бил то? што го убедил Хитлер да ?а преименува неговата прва книга од ?Четири и пол години (борба) против лагите, глупавоста и малодушноста“ во ?Мо?ата борба“.