한국   대만   중국   일본 
Кристи?ан X Дански ? Википеди?а Пре?ди на содржината

Кристи?ан X Дански

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Кристи?ан X
Портрет на Кристијан X
Кристи?ан X од Петер Елфелт
Крал на Данска
На престол 14 ма? 1912 ? 20 април 1947
Претходник Фредерик VIII
Наследник Фредерик IX
Крал на Исланд
На престол 1 декември 1918 ? 17 ?уни 1944
Роден(а) 26 септември 1870 ( 1870-09-26 )
Палата Шарлотенлунд , Копенхаген, Данска
Починал(а) 20 април 1947 (1947-04-20) (возр. 76)
Амалиенборг , Копенхаген, Данска
Почивалиште
Катедралата во Роскилде, Данска
Сопруга Александрин од Мекленбург-Шверин ( в.   1898 )
Деца
Полно име
Кристи?ан Карл Фредерик Алберт Александар Вилхелм
Династи?а Гликсбурговци
Татко Фредерик VIII Дански
Ма?ка Ловиса од Шведска
Вероисповед Лутеранство
Потпис Кристијан X's signature

Кристи?ан X ( дански : Christian Carl Frederik Albert Alexander Vilhelm  ; 26 септември 1870 ? 20 април 1947) бил крал на Данска од 1912 година до неговата смрт во 1947 година, и единствен крал на Исланд како Крист?ан X ( Kristjan X) од 1918 до 1944 година.

Член е на Гликсбуршката династи?а и прв монарх по кралот Фредерик VII роден во данското кралско семе?ство (татко му и дедо му се родени како принцови од во?водско семе?ство од Шлезвиг ). То? е брат на норвешкиот крал Хокон VII . На данскиот престол го наследил неговиот син Фредерик IX Дански . Опишан е како авторитарна личност и силно ?а истакнувал важноста на кралското достоинство и мо?.

Живот [ уреди | уреди извор ]

Кристи?ан е роден на 26 септември 1870 година во палатата Шарлотенлунд на 10 километри северно од Копенхаген на островот Зеланд во Данска, за време на владее?ето на неговиот дедо, кралот Кристи?ан IX . [1] То? бил прво дете на престолонаследникот Фредерик од Данска и неговата сопруга Луиза од Шведска . [2] Данскиот писател Ханс Кристи?ан Андерсен следниот ден во сво?от дневник напишал: ?Но?ва пред 12 беше роден принц од престолонаследничката принцеза, целиот град денеска беше обележан со убаво време“. [3] Бил крстен на 31 октомври 1870 г. како Кристи?ан Карл Фредерик Алберт Александар Вилхелм . [4]

Принцот Кристи?ан со сво?от помлад брат принцот Карл во 1887 година .

Брак [ уреди | уреди извор ]

Кристи?ан се оженил со Александрин од Мекленбург-Шверин во Кан на 26 април 1898 година. Имале два сина:

Престолонаследник [ уреди | уреди извор ]

На 29 ?ануари 1906 година, кралот Кристи?ан IX починал, а таткото на Кристи?ан седнал на престолот како крал Фредерик VIII. Самиот Кристи?ан станал престолонаследник.

Владее?е [ уреди | уреди извор ]

На 14 ма? 1912 година, кралот Фредерик VIII починал додека се шетал во парк во Хамбург . Кристи?ан бил во Копенхаген кога дознал за смртта на неговиот татко и застанал на престолот како Кристи?ан X.

Неговата неподготвеност во целост да ?а прифати демократи?ата било причина за Велигденската криза од 1920 година, во ко?а то? ?а разрешил демократски избраната влада со ко?а имал несогласува?а, и поставил друга по сопствен избор. Иако тоа било во согласност со уставот, то? се соочил со масовни демонстрации, генерален штра?к организиран од соци?алдемократите и можност од соборува?е на монархи?ата, па бил принуден да прифати дека монархот не може да поставува влада ко?а не е поддржана од парламентот, а неговата улога да се сведе на симболичен шеф на државата .

Втора светска во?на [ уреди | уреди извор ]

За време на германската окупаци?а на Данска, секо?дневното ?ава?е на кралот низ Копенхаген станало симбол на данскиот суверенитет. Сликава е направена на неговиот роденден во 1940 година

На 9 април 1940 година во 4 Нацистичка Германи?а ненаде?но ?а нападнала Данска , совладува??и ?а данската арми?а и морнарица. Кристи?ан X брзо сфатил дека Данска е во тешка положба. За разлика од не?зините нордиски соседи, Данска немала планински масиви од кои можело да се започне отпор против германската арми?а. [5] Соочен со експлицитна закана од бомбардира?ето на Луфтвафе врз цивилното население во Копенхаген , и со само еден генерал за продолжува?е на борбата, Кристи?ан X и целата данска влада капитулирала околу 6 часот истиот ден, [6] во замена за задржува?е на политичката независност за внатрешни праша?а. [7] По ова започнала окупаци?ата на Данска , ко?а траела до 5 ма? 1945 година.

За време на германската окупаци?а на Данска, Кристи?ан станал популарен симбол на отпорот, на?многу поради фактот што секо?дневно без придружба ?авал по улиците на Копенхаген. Поради неговото владее?е кое ги вклучува двете светски во?ни и неговата улога како симбол за подига?е на данското национално чувство за време на германската окупаци?а, Кристи?ан Х станал еден од на?популарните дански монарси од поново време. Кралот Кристи?ан X бил познат по тоа што парадирал низ градот на сво?от ко?, ?убиле?.

Смрт [ уреди | уреди извор ]

По неговата смрт во палатата Амалиенборг, Копенхаген, во 1947 година, Кристи?ан X бил погребан заедно со другите членови на данското кралско семе?ство во катедралата Роскилде во близина на Копенхаген.

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. Thorsøe 1889 .
  2. Montgomery-Massingberd, Hugh , уред. (1977). Burke's Royal Families of the World . 1 . London, UK: Burke's Peerage Ltd. стр. 71.
  3. ?H.C. Andersens dagbøger“ (дански). The Royal Library, Denmark . 30 September 2006. Архивирано од изворникот на 22 April 2011.
  4. Allerh. approb. Program for høitidelige Daabshandling i Christiansborg Slotskirke d. 31. Oct 1870 (дански). Copenhagen. 1870.
  5. William Shirer, The Rise and Fall of the Third Reich (New York: Simon & Schuster, 1990), p. 663.
  6. Peter Rochegune Munch : Erindringer 7, p. 29.
  7. The German occupation of Denmark Архивирано на {{{2}}}.

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]