한국   대만   중국   일본 
П?ер Корне? ? Википеди?а Пре?ди на содржината

П?ер Корне?

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
(Пренасочено од Корне? )
П?ер Корне?
П?ер Корне?
Занима?е писател
Националност Французин
Држав?анство Французин
Народност Французин
Жанр трагичар
Знача?ни дела Сид
Сопруг/а Мари де Лампериер
Роднини Томас Корне?

П?ер Корне? ( француски : Pierre Corneille ) ( 6 ?уни 1606 , Руан , Франци?а ? 1 октомври 1684 , Париз , Франци?а ) - француски трагичар, еден од тро?цата големи француски драматурзи на 17 век , заедно со Молиер и Расин . Со драмското творештво од речиси четириесет години, Корне? се смета за ?татко на француската трагеди?а“.

Животопис [ уреди | уреди извор ]

Корне? е роден во францускиот град Руан, како син на Март ле Пезан де Буасуи?бер ( Marthe le Pesant de Boisguilbert ) и П?ер Корне? ( Pierre Corneille ). То? потекнувал од службеничко семе?ство: дедо му бил правник, а татко му службеник во дирекци?ата за шуми и води. Основното и средното образование ги стекнал во родното место, во прочуениот ?езуитски ?Бурбонски коле?“ ( College de Bourboн ), ко? од 1873 година е познат како Lycee Pierre Corneille (Гимнази?а П?ер Корне?). Притоа, Корне? бил познат како надарен ученик, ко? бил наградуван за убавите стихови составени на латински ?азик . Потоа започнал да студира право , а дипломирал во ?уни 1624 година, по што работел како адвокатски стажант во адвокатската комора во Руан. Сепак, поради недостигот на дарба за ораторство, Корне? се откажал од адвокатурата, а неговиот татко му обезбедил место во Министерството за шуми и реки на Руан, каде останал на работа дури 21 година. И покра? заморната административна работа, Корне? започнал да се занимава и со книжевна де?ност. И покра? тоа што бил повлечен и срамежлив, младиот Корне? редовно ги посетувал салоните и приемите ка? познатите семе?ства во градот при што пишувал галантни стихови во чест на дево?ките. Притоа, Корне? имал ?убовна авантура: еден негов при?ател се в?убил во неко?а дево?ка, но немал смелост да ?а искаже сво?ата ?убов и поради тоа го замолил Корне? да го направи тоа. То? ?а извршил задачата толку вешто што дево?ката одговорила позитивно на ?убовните изливи, но не во полза на при?ателот на Корне?, туку се в?убила во него. Така се развила силна ?убов ме?у дево?ката (Катерина) и Корне?, а според неговото подоцнежно признание, дево?ката ?а разбудила во него поетската дарба. [1] Во 1641 година, Корне? се оженил со Мари де Лампериер ( Marie de Lamperiere ) со ко?а имал седум деца. Разочаран и навреден од нападите на неговите непри?атели, Корне? умрел на 1 октомври 1684 година во сво?от дом во Париз. Неговиот гроб во црквата Eglise Saint-Roch добил споменик дури во 1821 година.

Творештво [ уреди | уреди извор ]

Периодот до ?Сид“ [ уреди | уреди извор ]

?убовната афера со Катерина го означила почетокот на книжевното творештво на Корне?, ко? во не?зина чест напишал пове?е песни ме?у кои особено се истакнува еден сонет, подоцна внесен во неговата прва пиеса. Всушност, врз основа на оваа ?убовна афера, то? го збогатил бро?от на ликовите, внел елементи од своремениот живот на Руан, настанот го дотерал преку внесува?е заплет околу ко? се врти де?ството и така настанала неговата прва драма, комеди?ата ? Мелита “ ( Melite ) од 1625 година. Во согласност со тогашната мода, ?Мелита“ била исполнета со галантност, но за разлика од тогашните тешки и компликувани трагикомедии , таа е првата чиста комеди?а , но се разликувала и од популарните простачки фарси. Корне? создал комеди?а со издржан стил, со лесни и при?атни стихови, со актуелна содржина и со живо де?ство во кое учествуваат лица од секо?дневниот градски живот. Поради тоа, во 1629 година, претставата била прикажана и во Париз , постигнува??и огромен успех. [2]
По успехот на ?Мелита“, во 1631 година, Корне? ?а напишал трагикомеди?ата ? Клитандар “ ( Clitandre ), ко?а се одликува со патетичен стил, со компликуван заплет и со развлечена содржина. Таа доживеала голем успех ка? публиката, но не донела ништо ново, поради што подоцна била критикувана од самиот Корне?. Исто така, успехот на ?Мелита“ го охрабрила Корне? да напише уште неколку комедии: ? Вдовица “ ( La veuve ) и ? Галери?а во судската палата “ ( La Galerie du palais ) од 1633 година, ? Придружничка “ ( La suivante ) и ? Кралскиот плоштад “ ( La place royale ) од 1634 година, како и ? Комична илузи?а “ ( L'illusion comique ) од 1636 година. Сите тие се во духот на тогашниот стил, но содржат и некои нови елементи: невкусните шеги се исфрлени, декорот е париски, ди?алозите се секо?дневни и природни, амбиентот и де?ството се актуелни, стилот е грациозен, ?азикот е чист и воедначен, а стиховите се беспрекорни и сугестивни. Исто така, во овие драми се ?авуваат и некои од основните обележ?а на подоцнежниот класицизам : стегнатост, стилска изедначеност и ?асност, морална анализа, силна личност што се одликува со хероизам итн. Иако постигнал голем успех со комедиите, Корне? не нашол задоволство во ово? жанр и постепено се префрлил на трагеди?ата . [3] Во 1633 година, ве?е како славен писател, Корне? бил претставен пред кардиналот Ришел?е ( Richelieu ), ко? составил план за нов вид на драма ко?а ?е ?а нагласува доблеста. За таа цел, Ришел?е избрал петмина писатели, кои требало да ?а остварат неговата визи?а, така што ?е пишиуваат драми во согласност со неговите насоки. Во групата на таканаречените ?Пет поети“ ( Les Cinq Auteurs ) се нао?ал и Корне?, заедно со Ги?ом Колте ( Guillaume Colletet ), Буаробер ( Boisrobert ), Жан Ротру ( Jean Rotrou ), и Клод де Летуал ( Claude de Lestoile ). На то? начин биле составени три пиеси кои биле прикажувани со раскошен декор, а Корне? учествувал само во првата од нив - ?Тилериската комеди?а“ ( La Comedie des Tuileries ) од 1634 година. Според Волтер , Корне? имал задача да го состави третото де?ствие, но то? се осмелил да ?а измени скицата на Ришел?е, ко? поради тоа се налутил и Корне? ?а напуштил петорката и се вратил во Руан. [4]
Во тоа време, Корне? работел на сво?ата прва трагеди?а ? Меде?а “ ( Medee ), ко?а била прикажана во 1635 година. Во неа биле впечатливи новите квалитети кои подоцна станале препознатлив знак на Корне?, така што драмата била прифатена со воодушевува?е од критиката и од публиката. Корне? бил задоволен од успехот, но не и занесен, туку продолжил неуморно да работи. Во тоа време, то? се заинтересирал за шпанската книжевност и за шпанските теми, а се смета дека за тоа бил заслужен поранешниот секретар на кралицата Мари?а де Медичи , де Шалон, ко? по своето повлекува?е од службата живеел во Руан и таму го запознал Корне?. Како последица на новиот интерес, Корне? ?а напишал комеди?ата ?Комична илузи?а“ (1636) ко?а обработува шпанска тема, иако таа била претставена претерано и карикатурално. Неколку месеци подоцна, кон кра?от на 1636 година, Корне? ?а создал трагикомеди?ата ? Сид “, ко?а исто така се занимава со шпанска тематика. [5]

?Расправата за Сид“ [ уреди | уреди извор ]

Драмата ?Сид“ постигнала огромен успех и го запечатила местото на Корне? како централна личноста на француската драматурги?а. Но, истовремено, тоа било повод за обединува?е на непри?ателите на Корне?, кои започнале жестока дискуси?а позната како ?Расправа за Сид“ ( Querelle du Cid ). Група писатели (Мере, Скидери, Клавре и Шаплен) се обиделе да докажат дека ?Сид“ има големи недостатоци, па дури и дека нема никаква вредност. Во почетокот, борбата против Корне? се водела та?но и подмолно: во разни салони, на средбите по приватните ку?и и во книжевните кругови се зборувало неповолно за одделни сцени, за некои стихови и за одредени одлики на ликовите од драмата. Разочаран од интригите што некои при?атели ги воделе против него, Корне? го напишал писмото во стихови ?Извинува?ето на Арист“ ( Excuse a Ariste ), упатено до измислен при?ател, во кое то? нагласува дека стекнатата слава се должи на неговите квалитети и во кое ?а истакнал надмо?та над неговите непри?атели. Писмото особено го погодило Жорж Скидери , чии здодевни и конфузни трагедии претрпеле неуспех. Оттука, иако то? му бил при?ател на Корне?, па дури из?авил дека то? е сонце што ги помрачува ?вездите, Скидери напишал долг памфлет ?Забелешки на Сид“ ( Observations sur le Cid ) во ко? сакал да докаже дека темата во ?Сид“ била несоодветна, дека Корне? ги нарушил основните правила на драмската поези?а, дека разво?от на де?ството било без смисла и изнесено низ лоши стихови и дека Корне? се стекнал со незаслужена почит. Уште пове?е, Скидери го обвинил Корне? поради тоа што на сцената изнесол ?чудовиште“, ?нечовечна ?ерка“, ?бесрамна жена“, а не хероина досто?на за восхит. На овие напади, Корне? одговорил посредно, во предговорот на сво?ата комеди?а ? Придружничка “, каде со ироничен тон ги отфрлил наводите на Скидери и ги одбранил квалитетите на ?Сид“. [6]
Во полемиката со Корне?, Скидери бил победен, но веднаш потоа дошол нов напад од непознатиот поет Клавре ( Clavret ) ко? го напишал навредливото ?Писмо“ ( Lettre ) против Корне?, ко? лесно го победил и то? противник. Ме?утоа, неговите противници, поддржани од кардиналот Ришел?е, не мирувале и како последица на тоа, улиците биле преплавени со бро?ни памфлети за и против Корне?. Биде??и публиката застанала на страната на Корне?, Скидери го заинтересирал Ришел?е за дебатата, а потоа предметот на расправата ?а изнесол пред Академи?ата . Во однос на улогата на Ришел?е во дебатата за ?Сид“ посто?ат бро?ни истражува?а, од кои е ?асно дека то? застанал на страната на непри?ателите на Корне?. Академи?ата, ко?а штотуку била формирана, не сакала да се стави на едната или на другата страна и за да се извлече од дебатата се повикала на сво?от статут според ко? не можела да се искаже за живи писатели доколку тие не го побараат не?зиното мисле?е. На почетокот, Корне? не сакал да се согласи со тоа, но по директното бара?е од Ришел?е, то? неодредено ? оставил на Академи?ата да одлучи дали ?е одлучува по бара?ето на Скидери, така што таа формирала тричлена комиси?а. Комиси?ата, раководена од Шаплен, составила извешта?, но според Ришел?е то? бил здодевен и потоа биле составени втор и трет извешта?, но Ришел?е повторно бил незадоволен. Поради тоа, на Шаплен му било наложено самиот да состави извешта? врз основа на претходните извештаи и притоа да ги земе предвид забелешките на Ришел?е. По пет месеци, во 1637 година, Шаплен го составил извешта?от познат по насловот ?Мисле?е на Француската академи?а за трагикомеди?ата Сид“ ( Les sentiments de l'Academie Francaise sur la tragi-comedie du Cid ). Критиката изложена во извешта?от била умерена и блага, но сепак била пристрасна и неправична. Во неа, во блага форма, се тврдело дека предметот на драмата е лош затоа што е неверо?атен, дека авторот не се придржувал кон правилото за единството на де?ството, времето и просторот, особено во однос на правилата за местото и за времето (де?ството во драмата трае 35 наместо 24 часа). Кра?но разочаран и навреден, Корне? се повлекол од дебатата, но неговите при?атели продолжиле да ги бранат него и ?Сид“. Ме?у приврзаниците на Сид особено се истакнал писателот Гез де Балзак , а подоцна нему му се придружил и Буало ко? во сво?ата деветта сатира од 1667 година ги вклучил прочуените стихови во одбрана на Корне?: [7]

?Напразно против Сид еден министер организира завера,
Сиот Париз на Химена гледа со очите на Родриго.
Напразно целата Академи?а го осудува:
Револтираната публика упорно од него се восхитува.“

Периодот по ?Сид“ [ уреди | уреди извор ]

И покра? нападите, драмата ?Сид“ продолжил да го привлекува вниманието на публиката, но Корне? бил разочаран така што, наспроти навалува?ето на неговите при?атели и порачките од театрите, то? не сакал да пишува. Поради тоа, на 15 ?ануари 1639 година, Шаплен напишал: ?Корне? ве?е ништо не работи.“ Сепак, Корне? ги демантирал таквите гласини и набргу му се вратил на театарот: во 1640 година се по?авиле две негови трагедии, ? Хораци? “ ( Horace ) и ? Сина “ ( Cinna ) кои биле плод на неговата душевна состо?ба во то? период и на искуството здобиено од полемиката со непри?ателите на ?Сид“. Во 1643 година, Корне? ?а напишал трагеди?ата ? Полиевкт “ ( Polyeucte ) ко?а претставува израз на неговата побожност, а две години подоцна напишал уште една трагеди?а со слична тематика - ?Теодора, девица и маченичка“ ( Theodore, vierge et martyre ). И покра? тоа што во тоа време биле во мода делата со ваква тематика и што била фалена од критичарите, сепак ?Теодора“ не била примена со успех ка? публиката. Воопшто, по ?Полиевкт“ настапил период во творештвото на Корне? (од 1643 до 1652 година) кога, под вли?ание на жестоките критики, то? барал нови теми и нова драматурги?а. Притоа, во 1643 година, то? ги создал комеди?ата ? Лажливец “ ( Le Menteur ) и трагеди?ата ? Помпе? “ ( La Mort de Pompee ), а една година и ?Продолжеток на Лажливецот“ ( La Suite du Menteur ) од кои ?Лажливец“ е на?добрата негова комеди?а. Во ово? период, Корне? ги напишал и компликуваните трагедии ? Родогуна “ ( Rodogune ), ? Иракли? “ ( Heraclius ) и ? Пертарит “ ( Pertharite ), кои се пренатрупани со бро?ни настани и цел комплекс на интриги, сосема спротивно на едноставноста на неговите претходни дела од типот на ?Сид“, ?Сина“, ?Полиевкт“ и ?Хораци?“. Во потрагата по нешто ново, во 1650 година, Корне? ги создал драмите ? Андромеда “ ( Andromede ), еден вид опера , ?Дон Санчо Арагонски“ ( Don Sanche d'Aragon ) ко?а ?а именува како ?херо?ска комеди?а“ и неколку други кои ?а сочинуваат групата пиеси од ?вториот начин“. Овие дела се одликуваат со сложена фабула, бро?ни настани, ефектни расплети, употреба на надворешни ефекти и барокен стил. Во нив, Корне? внел нови елементи кои значеле отстапува?е од принципите на класичната драма. Единствемо отстапува?е од овие драми е ? Никомед “ ( Nicomede ) од 1651 година, ко?а се одликува со едноставно де?ство и во ко?а Корне? предложил нова концепци?а, изложена во предговорот на драмата. Во 1652 година, Корне? напишал уште една трагеди?а со политички примеси, ?Пертарит“ ( Pertharite ) во ко?а неговите современици виделе отс?а? на Англиската револуци?а . Тоа било и делумна причина за симнува?е на претставата од репертоарот, иако на?важната причина била слабиот успех ка? публиката, предизвикан од новата концепци?а на Корне?. [8]
Творештвото на Корне? во ово? период било под вли?ание на одреднеи случува?а во неговиот живот. Така, по два неуспешни обиди, во 1647 година, то? бил примен во Француската академи?а и тоа го принудило да живее во Париз каде не се чувствувал удобно, така што ка? него се ?авила одредена депреси?а и вознемиреност. Тогаш, то? потпаднал под вли?анието на итали?анската театарска мода. Во тоа време, кардиналот Мазарен донел во Париз итали?анска опера, предводена од уметникот Торели. За да го задоволи вкусот на Мазарен, во соработка со Торели, Корне? почнал да пишува пиеси од посебен род ( pieces amachines ) кои биле комбинаци?а на музички и сценски ефекти. Прва од таа низа била пиесата ?Андромеда“ ( Andromede ) од 1650 година, со мотив преземен од ? Метаморфозите “ на Овиди? , збогатени со нови дета?и и епизоди. Во сличен стил, то? ги напишал и делата ? Златното руно “ ( La Toison d'or ) од 1660 година и ? Психеа “ ( Psyche ) од 1671 година, создадена во соработка со Молиер . [9]
По неуспехот на драмата ?Пертарит“, разочараниот Корне? се откажал од театарот, го напуштил Париз и се повлекол во Руан, каде останал шест години. Сепак, то? не се откажал од пишува?ето: во стихови го превел делото ?Имитаци?а на Исус Христос“ ( Imitation de Jesus-Christ ) од Тома Кемписки на кое работел од 1651 до 1656 година, подготвил тритомно издание на сите свои изведени дела и ги напишал своите ? Испитува?а “ ( Examens ), об?авени во 1660 година. Во нив, Корне? се осврнал на секо?а сво?а пиеса посебно, почнува??и од ?Мелита“ до ?Златното руно“, дава??и одговор на критиките на сво?от голем непри?ател, опатот д' Оби?ак. Во нив, Корне? се обидува да ?а об?асни примената на Аристотеловата поетика во своите драми, а покра? тоа, то? дава истори?ат на пиесите, ги об?аснува мотивите за нивното пишува?е, ги об?аснува од формален и содржаен карактер итн. Притоа, во ?Испитува?ата“ Корне? дава и самокритика во однос на слободата ко?а си ?а допуштил во слика?ето на настаните и ликовите од истори?ата и ги опишува недостатоците и слабите страни на неговите драми. Подоцна, во 1660 година, Корне? го об?авил делото ? Три расправи за драмската поетика “ ( Trois discours sur le poeme dramatique ), кое претставува одговор на делото на д' Оби?ак, ?Практиката на Театарот“ ( La Pratique du Theatre ) од 1657 година. Станува збор за три расправи во однос на поетиката на театарот, по една за секо? том од неговите ?Испитува?а“, во кои Корне? пишува за одделни теми, како: за ползата и деловите од драмската поема; за трагеди?ата, за средствата со кои се составува според веродосто?ното и неопходното; за трите единства на де?ството, времето и просторот. Притоа, ова дело во голема мера претставува одбрана на ?Сид“ од нападите на Академи?ата. [10]
По наговор на Фуке, министерот за финансии, Корне? се нафатил да напише драма за кралот Едип , што резултирало во трагеди?ата ? Едип “ ( Oedipe ) од 1659 година. Драмата постигнала огромен успех и се задржала на репертоарот дури до 1718 година, кога се по?авила истоимената пиеса на Волтер . Потоа, Корне? создал уште неколку дела, како: ? Сертори? “ ( Sertorius ) од 1662 година, ? Софонизба “ ( Sophonisbe ) од 1663 година, ?Отон“ ( Othon ) од 1664 година, ? Агезила? “ ( Agesilas ) од 1666 година, ? Атила “ ( Attila ) од 1667 година, ? Тит и Береника “ ( Tite et Berenice ) од 1670 година, ? Пулхери?а “ ( Pulcherie ) од 1672 година и неговата последна драма ? Сурена “ ( Surena ) од 1674 година. Сепак, овие драми не го поседувале квалитетот од претходните дела на Корне?, а во ово? период неговата слава ве?е била засенета од по?авата на Жан Расин чии драми постигнале голем успех ка? публиката. Така, Корне? направил еден непромислен потег кога, по препорака на своите при?атели, ?а напишал трагикомеди?ата ?Тит и Береника“ со цел да се спротивстави на драмата ? Береника “ на Расин. Ме?утоа, обидот да му се спротивстави на подемот на Расин пропаднал, а неговата последна драма ?Сурена“ доживеала целосен неуспех, по што Корне? дефинитивно се откажал од театарот, а потоа напишал уште само неколку песни. [11]

Значе?ето на Корне? [ уреди | уреди извор ]

П?ер Корне? зазема централно место во францускиот класицизам од 17 век. Неговата големина е дотолку понеспорна, што то? не им должи ништо на своите претходници. Свесен за своите квалитети, а испровоциран од прогонува?ата по повод драмата ?Сид“, во една прилика то? извикал: ?Само на самиот себеси должам за сво?ата слава.“ [12] Корне? направил бро?ни иновации во класичната драма. Спротивно на драматурзите пред него, то? го поставил принципот според ко? внатрешната драма е повозбудлива од надворешната, а внатрешните духовни конфликти се поефектни од надворешните. На то? налин, Корне? го пренесол интересот од надворешното кон внатрешното и успеал да создаде психолошка драма ко?а ?е биде основа на класичната драматурги?а и суверено ?е владее на европската театарска сцена над 150 години. Концентраци?ата на де?ството не го спречила Корне? да даде суптилна анализа на човечките чувства и нагони. За разлика од неговите претходници, то? нераскинливо ги поврзал бара?ата за концентраци?а на де?ството со душевната драма на ликовите. Оттука, заслугата на Корне? лежи во тоа што драмскиот тек го поврзал со ликовите, односно создал единство ме?у формата и содржината, што е еден од основните елементи на класицизмот. Корне? создал нова драмска техника, но и нова тематика шри што неговите ликови не се нереални и неземски, туку тие се дел од реалниот живот, а нивната де?ност не е придвижена од судбината и бож?ата сила, како што било случа? со античкиот и средновековниот театар, а делумно и со ренесансниот . Корне?овите ликови се еманципирани, слободни херои, кои судбината ?а држат во своите раце, а нивната дисциплинираан и цврста вол?а ги победува сите внатрешни и надворешни пречки. Воопшто, хероизмот е главен белег на неговите трагедии, со што Корне? ги надминал другите драмски писатели и ?а дополнил Аристотеловата поетика. Притоа, во делата на Корне? често се работи за во?ни, заговори и востани?а во кои централното место го имаат автентични историски ликови, со што неговите трагедии станале еден вид политички трагедии во кои то? ги прикажал основните естетски и иде?ни струе?а од неговото време. [13]

Германскиот филозоф Фридрих Ниче го истакнува Корне? како еден од омилените автори. [14]

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. ?ор?и Шоптра?анов, ?П?ер Корне?“, во: П?ер Корне?, Сид . Скоп?е: Македонска книга, 1970, стр. 8-10.
  2. ?ор?и Шоптра?анов, ?П?ер Корне?“, во: П?ер Корне?, Сид . Скоп?е: Македонска книга, 1970, стр. 10-11.
  3. ?ор?и Шоптра?анов, ?П?ер Корне?“, во: П?ер Корне?, Сид . Скоп?е: Македонска книга, 1970, стр. 11-12.
  4. ?ор?и Шоптра?анов, ?П?ер Корне?“, во: П?ер Корне?, Сид . Скоп?е: Македонска книга, 1970, стр. 12.
  5. ?ор?и Шоптра?анов, ?П?ер Корне?“, во: П?ер Корне?, Сид . Скоп?е: Македонска книга, 1970, стр. 12-13.
  6. ?ор?и Шоптра?анов, ?П?ер Корне?“, во: П?ер Корне?, Сид . Скоп?е: Македонска книга, 1970, стр. 19-20.
  7. ?ор?и Шоптра?анов, ?П?ер Корне?“, во: П?ер Корне?, Сид . Скоп?е: Македонска книга, 1970, стр. 20-23.
  8. ?ор?и Шоптра?анов, ?П?ер Корне?“, во: П?ер Корне?, Сид . Скоп?е: Македонска книга, 1970, стр. 23-32.
  9. ?ор?и Шоптра?анов, ?П?ер Корне?“, во: П?ер Корне?, Сид . Скоп?е: Македонска книга, 1970, стр. 29-31.
  10. ?ор?и Шоптра?анов, ?П?ер Корне?“, во: П?ер Корне?, Сид . Скоп?е: Македонска книга, 1970, стр. 32-33.
  11. ?ор?и Шоптра?анов, ?П?ер Корне?“, во: П?ер Корне?, Сид . Скоп?е: Македонска книга, 1970, стр. 34-35.
  12. ?ор?и Шоптра?анов, ?П?ер Корне?“, во: П?ер Корне?, Сид . Скоп?е: Македонска книга, 1970, стр. 8.
  13. ?ор?и Шоптра?анов, ?П?ер Корне?“, во: П?ер Корне?, Сид . Скоп?е: Македонска книга, 1970, стр. 35-38.
  14. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) ? Како поста?еш, шта си . Сара?ево: Изда?е И. ?. ?ур?еви?а, 1918, стр. 52.