Кирил Лазаров

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Кирил Лазаров
noframe
Лични податоци
Име и презиме Кирил Лазаров
Роден(а) 10 ма? 1980 ( 1980-05-10 ) (44 г.)
Свети Николе , СР Македони?а , СФР?
Националност Македонија Македонец
Спорт Ракомет
Висина 1,93 м
Тежина 98 кг
Позици?а десен бек
Клупски податоци
Тековен клуб РК Нант
Бро? 17
Младински клубови
1991?1994
1994?1997
Македонија Овче Поле
Македонија Борец
Сениорски клубови
1997?2000
2000?2002
2002?2007
2007?2010
2010
2010?2011
2011?2013
2013?2017
2017?2022
Македонија Пелистер
Хрватска Загреб
Унгарија Веспрем
Хрватска Загреб
Катар Ал Сад
Шпанија Сиудад Реал
Шпанија Атлетико Мадрид
Шпанија Барселона
Франција Нант
Репрезентаци?а
1999? Македонија Македони?а 237 (1699)
Лазаров во игра

Кирил ?Кире“ Лазаров (роден на 10 ма? 1980 во Свети Николе ) ? македонски ракометен тренер на РК Алкалоид и поранешен ракометар ко? последен пат настапувал за француската екипа РК Нант , како и за Ракометната репрезентаци?а на Македони?а . [1] Лазаров се нао?а на првото место на списокот на на?многу постигнати голови во рамките на Лигата на шампиони во ракомет , со постигнати 1256 погодоци во 18 сезони, праве??и го еден од на?добрите ракометари во истори?ата [2] [3] . Лазаров се нао?а и на првото место во категори?ата на?многу постигнати голови на едно Европско првенство, со 61 гола. Со екипата на Барселона ?а има освоено Лигата на шампионите.

Дресот со бро?от 7, односно цифрата што Лазаров ?а има носено во македонската репрезентаци?а и РК Загреб (како и вари?ации со бро?от 17 во РК Нант), е поради ?угословенскиот и хрватскиот кошаркар Тони Кукоч ко? во Лазаровото детство оставил голем белег како успешен спортист. [4] [5]

Лазаров е добитник на бро?ни награди и признани?а, ме?у кои и Спортист на Македони?а за 2009 , 2014 , 2017 , 2018 година. Добитник е и на два национални медали за заслуги од претседателот на Македони?а Бранко Црвенковски (2009 година) и од претседателот ?ор?е Иванов (2011 година), а е прогласен и за Спортски Амбасадор на Македони?а.

Клупска кариера [ уреди | уреди извор ]

Домашна кариера [ уреди | уреди извор ]

Лазаров започнал да тренира ракомет уште од на?млади години. На 13 години настапувал во младинската екипа на РК Овче Поле каде тренер му бил неговиот татко и ?анев како тренерски тандем. Неговите квалитети ги демонстрирал на позици?ата десно крило, на ко?а играл во првите години од неговата кариера. Во сво?от матичен клуб се задржал до 1994 година, кога поминал во редовите на РК Борец од Велес , во годината кога ово? клуб станал национален првак . По три поминати сезони во младинскиот клуб на Борец, Лазаров потпишал со РК Пелистер од Битола во 1997 година, каде за првпат дебитирал во на?силната македонска лига. Со РК Пелистер станал шампион на Македони?а во сезоните 1997-1998 и 1999-2000 , го освоил Купот на Македони?а во сезоните 1998 и 1999 . Лазаров со екипата на Пелистер дебитирал на европските натпреварува?а.

Ме?ународна кариера [ уреди | уреди извор ]

Во ?уни 2000 година, Лазаров ?а започнал сво?ата ме?ународна кариера во хрватски Бадел 1862 Загреб . [6] . Овде се задржал до 2002 година, и во сезоната 2000-2001 станал шампион на Хрватска и осво?увач на Националниот Куп на Хрватска.

Во периодот од 2002 до 2007 година, Кире Лазаров настапувал за екипата на РК Веспрем од Унгари?а . Со Веспрем станал пет пати шампион на Унгари?а и пет пати осво?увач на Националниот Куп на Унгари?а. За првпат во редовите на Веспрем постигнал добри резултати и на европско ниво. Така, на двапати со сво?от тим стигнал до полуфиналето на Лигата на шампионите во ракомет, и станал на?добар стрелец. Во 2006 година бил избран за спортист на Веспрем . Во периодот од 2007 до 2010 година, Лазаров повторно настапувал за РК Загреб , каде станал трипати шампион на Хрватска и трипати осво?увач на Националниот Куп на Хрватска. Во сезоната 2007-2008 станал на?добар стрелец во Лигата на шампиони во ракомет со 96 постигнати погодоци [7] , а истото признание го добил и наредната 2008-2009 , кога постигнал 93 погодоци. Во сезоната 2009-2010 од Лигата на шампионите, Лазаров постигнал 83 погодоци.

Во 2010 година, Лазаров потпишал за екипата на РК Атлетико Мадрид од Шпани?а за сума од 125.000 евра . [8] Со ово? тим станал осво?увач на ИХФ Супер глоб, трипати осво?увач на Националниот Куп на Шпани?а, еден пат осво?увач на АСОБАЛ Купот. Во сезоната 2011-2012 станал втор на?добар стрелец во Лигата на шампиони во ракомет со 97 постигнати погодоци.

Во 2013 година, Лазаров преминал во ? Барселона “, а во ?ануари 2015 година, медиумите во Хрватска об?авиле дека годишната плата на Лазаров во ?Барселона“ изнесува 450.000 евра, со што то? станал третиот на?платен ракометар во светот, по Домаго? Дув?ак и Никола Карабати? . [9] Во февруари 2015 година, пред да му истече тековниот договор, Лазаров потпишал нов двегодишен договор со ?Барселона“, со тра?ност до кра?от на сезоната 2016 / 2017 . [10] Во првите две сезони поминати во ?Барселона“, Лазаров бил на?добар стрелец на клубот во шпанската лига и во Лигата на шампионите. Со ово? тим станал двапати осво?увач на ИХФ Супер глоб, четири пати национален првак на Шпани?а, четири пати осво?увач на АСОБАЛ Купот и АСОБАЛ Суперкупот, двапати осво?увач на Каталонскиот Суперкуп, како и осво?увач на Лигата на шампионите. На кра?от од сезоната 2014- 2015 , целиот тим на ?Барселона“ добил место во идеалниот тим на шпанската лига ? АСОБАЛ “, а Лазаров бил прогласен за на?добар десен бек во лигата. [11] Регионалниот ракометен портал ?Балкан хендбол“ го прогласил Кире Лазаров за на?добар ракометар од овие простори во сезоната 2014 - 2015 . Притоа, Лазаров освоил 29 гласа, со што за еден глас го победил Момир Или? , ко? бил прогласен за на?добар во 2014 година. [12]

Во 2017 година Лазаров потпишал двегодишен договор со РК Нант, а по една помината сезона, договорот го продолжил до 2021 година [13] .со екипата на Нант станал сво?увач на ?Трофе?от на шампионите".

Лазаров во дресот на Барселона

Статистика [ уреди | уреди извор ]

  • Податоците се однесуваат само на постигнатите голови во рамките на европските турнири, како: ЕХФ Куп, Куп на победниците на куповите, Лига на шампиони
Клуб Сезона Лига Натпревари Голови
РК Пелистер
  Македони?а
1997-1998 ЕХФ Куп / /
1998-1999 ЕХФ Куп 1 4
1999-2000 Куп на победниците на куповите / /
РК Бадел 1862 - Загреб
  Хрватска
2000-2001 Лига на шампиони / /
РК Фотекс Веспрем
  Унгари?а
2002-2003 Лига на шампиони / /
2003-2004 Лига на шампиони 6 39
2004-2005 Лига на шампиони 10 76
2005-2006 Лига на шампиони 12 85
2006-2007 Лига на шампиони 10 82
РК Кроаци?а Осигура?е - Загреб
  Хрватска
2007-2008 Лига на шампиони 12 96
2008-2009 Лига на шампиони 12 93
2009-2010 Лига на шампиони 12 83
РК Ал Сад
  Катар
2010 / / /
РК Реновали?а Сиудад Реал
  Шпани?а
2010-2011 Лига на шампиони 13 74
БМ Атлетико Мадрид
  Шпани?а
2011-2012 Лига на шампиони 15 97
2012-2013 Лига на шампиони 12 69
РК Барселона
  Шпани?а
2013-2014 Лига на шампиони 16 80
2014-2015 Лига на шампиони 16 106
2015-2016 Лига на шампиони 16 109
2016-2017 Лига на шампиони 18 85
РК Нант
  Франци?а
2017-2018 Лига на шампиони 15 53
2018-2019 Лига на шампиони 11 75
2019-2020 Лига на шампиони / 10
  • Податоците се однесуваат на локалните првенства
Сезона Клуб Лига Натпревари Голови 7-метри Голови
2011-12 Атлетико Мадрид LIGA ASOBAL 30 156 34 122
2012-13 Атлетико Мадрид LIGA ASOBAL 29 156 42 114
2013-14 Барселона LIGA ASOBAL 30 131 32 99
2014/15 Барселона LIGA ASOBAL 27 120 25 95
2015/16 Барселона LIGA ASOBAL 25 147 70 77
2017/18 ГК Нант LNH division 1 20 87 33 54
2018/19 ГК Нант LNH division 1 10 39 3 36
2011-по н.в. Вкупно LIGA ASOBAL 141 710 203 507

Репрезентативна кариера [ уреди | уреди извор ]

Лазаров на натпревар против Германи?а (2018)

Лазаров е капитен на Ракометната репрезентаци?а на Македони?а и игра на позици?ата десен бек. То? е на?добар стрелец во истори?ата на светските првенства во ракомет.

Младинска селекци?а [ уреди | уреди извор ]

Лазаров на свои 14 години го направил своето деби за младинската репрезентаци?а на Македони?а, учествува??и на Европското првенство во ракомет за млади во Израел во 1994 година. На Светското првенство за млади во 1997 година, кое се одржало во Турци?а , Македони?а го освоила 12-тото место, а Лазаров бил дел од тимот. Лазаров учествувал и на Европското првенство за млади во 2000 година, кое се одржало во Грци?а , каде Македони?а го освоила 9-тото место.

1999-2009 [ уреди | уреди извор ]

Кирил Лазаров за првпат бил повикан во сениорскиот тим на Македони?а за Светското првенство во 1999 година кое се одржало во Египет , каде Македони?а го освоила 18-тото место [14] .

Светско првенство 2009 [ уреди | уреди извор ]

На 29 ?ануари 2009 година, Лазаров поставил нов рекорд на Светското првенство во ракомет што се одржало во Хрватска , со постигнати 92 погодоци, [15] со што го срушил рекордот од 1995 година, поставен од Кореанецот К?унг-Шин ?уна на Светското првенство во ракомет во Исланд , со постигнати 86 голови. [16]

Европско првенство 2012 [ уреди | уреди извор ]

На 27 ?ануари 2012 година, Лазаров поставил нов рекорд како на?добар стрелец: На Европското првенство во ракомет за мажи 2012 што се одржало во Срби?а , то? постигнал 61 погодок, со што го срушил рекордот од 2002 година, поставен од Ислан?анецот Олафур Стефансон и Шве?анецот Штефан Ловгрен на Европското првенство во Шведска од 57 погодоци. [17]

Европско првенство 2014 [ уреди | уреди извор ]

На отвора?ето на првенството, Македони?а загубила од дома?инот Данска со 21-29 при што Лазаров постигнал седум голови, а два дена подоцна, на натпреварот против Чешка , ко? завршил 24-24, то? повторно бил на?добар стрелец, со постигнати 12 голови, т.е. половина од вкупниот бро? голови за сво?ата репрезентаци?а. На ово? натпревар, то? бил прогласен за на?добар ракометар во редовите на македонската репрезентаци?а. На целото Европско првенство, Лазаров постигнал вкупно 38 голови во пет одиграни натпревари (на последниот меч против Шпани?а , во рамките на втората групна фаза, Лазаров не настапил). [18] [19]

Светско првенство 2015 [ уреди | уреди извор ]

На Светското првенство, одржано во Катар , Лазаров бил на?добар стрелец за Македони?а, со постигнати 45 голови.

Европско првенство 2016 [ уреди | уреди извор ]

На Европското првенство, одржано во Полска , Лазаров бил на?добар стрелец за Македони?а, со постигнати 42 голови.

Светско првенство 2017 [ уреди | уреди извор ]

На Светското првенство, одржано во Франци?а , Лазаров бил на?добар стрелец, со постигнати 50 голови. [15]

Европско првенство 2018 [ уреди | уреди извор ]

На Европското првенство, одржано во Хрватска , Лазаров се повредил на натпреварот со Шпани?а.

Светско првенство 2019 [ уреди | уреди извор ]

На Светското првенство, одржано во Данска и Германи?а , Лазаров бил на?добар стрелец за Македони?а, со постигнати 48 голови.

Европско првенство 2020 [ уреди | уреди извор ]

На Европското првенство, одржано во Австри?а , Норвешка и Шведска Лазаров бил на?добар стрелец за Македони?а.

Статистика [ уреди | уреди извор ]

  • Податоците се однесуваат само на европските и светските првенства, но не и на квалификациите за пласман
Првенство Фаза Натпревар Голови Вкупно
Светско првенство 2009
  Хрватска
Група C   Македони?а -   Тунис 24:25 9 92
Група C   Македони?а -   Алжир 32:29 9
Група C   Македони?а -   Полска 30:29 13
Група C   Македони?а -   Германи?а 23:33 9
Група C   Македони?а -   Руси?а 36:30 13
Група II   Македони?а -   Норвешка 27:29 9
Група II   Македони?а -   Данска 24:32 8
Група II   Македони?а -   Срби?а 28:32 7
5-12 место   Македони?а -   ?ужна Коре?а 32:21 15
Европско првенство 2012
  Срби?а
Група B   Македони?а -   Шведска 26:26 7 61
Група B   Македони?а -   Германи?а 23:24 7
Група B   Македони?а -   Чешка 27:21 7
I група   Македони?а -   Данска 32:33 13
I група   Македони?а -   Полска 27:25 9
I група   Македони?а -   Срби?а 22:19 10
5-6 место   Македони?а -   Словени?а 28:27 8
Светско првенство 2013
  Шпани?а
Група B   Македони?а -   Чиле 30:28 8 44
Група B   Македони?а -   Катар 34:30 9
Група B   Македони?а -   Исланд 19:23 4
Група B   Македони?а -   Руси?а 29:29 10
Група B   Македони?а -   Данска 30:33 5
16-финале   Македони?а -   Германи?а 23:28 8
Европско првенство 2014
  Данска
Група B   Македони?а -   Данска 21:29 7 38
Група B   Македони?а -   Чешка 24:24 12
Група B   Македони?а -   Австри?а 22:21 8
Група I   Македони?а -   Унгари?а 25:31 4
Група I   Македони?а -   Исланд 27:29 7
Група I   Македони?а -   Шпани?а 22:33 0
Светско првенство 2015
  Катар
Група B   Македони?а -   Тунис 33:25 7 45
Група B   Македони?а -   Иран 33:31 12
Група B   Македони?а -   Босна и Херцеговина 25:22 8
Група B   Македони?а -   Хрватска 26:29 4
Група B   Македони?а -   Австрали?а 36:31 7
8 место   Македони?а -   Словени?а 20:38 0
Европско првенство 2016
  Полска
Група А   Македони?а -   Франци?а 23:30 9 42
Група А   Македони?а -   Полска 23:24 8
Група А   Македони?а -   Срби?а 27:27 4
Група I   Македони?а -   Хрватска 24:34 0
Група I   Македони?а -   Норвешка 31:31 11
Група I   Македони?а -   Белоруси?а 29:30 10
Светско првенство 2017
  Франци?а
Група B   Македони?а -   Тунис 34?30 12 50
Група B   Македони?а -   Ангола 31:22 10
Група B   Македони?а -   Словени?а 22:29 9
Група B   Македони?а -   Шпани?а 25:29 6
Група B   Македони?а -   Исланд 27:27 7
16 место   Македони?а -   Норвешка 24:34 6
Европско првенство 2018
  Хрватска
Група C   Македони?а -   Словени?а 25:24 7 16
Група C   Македони?а -   Црна Гора 29:28 4
Група C   Македони?а -   Германи?а 25:25 5
Група II   Македони?а -   Шпани?а 20:31 / [20]
Група II   Македони?а -   Чешка 24:25 /
Група II   Македони?а -   Данска 20:31 /
Светско првенство 2019
  Данска
  Германи?а
Група B   Македони?а -

  ?апони?а 38?28

8 48
Група B   Македони?а -   Бахреин 28:23 8
Група B   Македони?а -   Хрватска 22:31 4
Група B   Македони?а -   Шпани?а 21:32 5
Група B   Македони?а -   Исланд 22:24 5
13-16 место   Македони?а -   Руси?а 28:30 ?
15 место   Македони?а -   Чиле 32:30 ?
Европско првенство 2020
  Австри?а
  Норвешка
  Шведска
Група B   Македони?а -   Украина 26?25 8 22
Група B   Македони?а -   Чешка 25:27 11
Група B   Македони?а -   Австри?а 28:32 3

Личен живот [ уреди | уреди извор ]

Кога имал 17 години, Лазаров ?а запознал сво?ата идна сопруга, ?убица (тогаш, на возраст од 19 години), родена во Гостивар . По долгогодишна врска со сво?ата согра?анка Лубица, Лазаров стапил во брак со неа во ?уни 2006 година и со неа има две деца: синот Благо?че и ?ерката Лана. [21] [22] Неговиот брат Филип Лазаров е, исто така, познат македонски ракометар .

Во текот на септември 2018 година, Лазаров отворил ракометна школа во Битола [23] .

Награди и одликува?а [ уреди | уреди извор ]

  • МВП на ЕХФ Лигата на шампионите 2011/12 според ?Планет Хендбол?
  • МВП на Супер Глобе - Доха 2010
  • МВП на ЕХФ Европското првенство ? Срби?а 2012 според ?Планет Хендбол?
  • Осво?увач на 5 место со Македони?а на Европското првенство во Срби?а 2012 година и на?добар стрелец на првенството со 61 гол на 7 меча
  • Осво?увач на 11 место со Македони?а на Светското првенство во Хрватска 2009 година и на?добар стрелец на првенството со 92 гола на 9 меча. Ово? резултат е на?добро постига?е на еден на?добар стрелец во истори?ата на Светските првенства.
  • На?добар стрелец на Светското првенство 2017 со 50 гола
  • Првиот ракометар ко? станал на?добар стрелец и на Европско и на Светско првенство
  • На?добар стрелец во европските купови на сите времи?а (над 1000 гола)
  • Член на идеалниот тим на францускиот весник ?Lequipe? за на?добрите во Европа за 2012 година
  • На?добар стрелец на Балканско првенство во 1999 година
  • Спортист на Македони?а за 2009 2014, 2017, 2018 годинаprofil33
  • Спортист на Битола за 1999 година
  • Спортист на Веспрем за 2006 година
  • Спортски Амбасадор на Македони?а
  • На?добар странец во првенството на Унгари?а во 2005 и 2006 година
  • Единствен македонски ракометар шампион во четири различни зем?и (Македони?а, Хрватска, Унгари?а , Шпани?а)
  • Единствен македонски ракометар осво?увач на националниот Куп во четири различни зем?и (Македони?а, Хрватска, Унгари?а, Шпани?а)
  • На?млад македонски сениорски репрезентативец во истори?ата - 17 години
  • На?млад македонски ракометер во Европските купови - 15 години и 4 месеци
  • Наградата ?Troefeo Powerade“ поради континуитетот во дресот на Барселона.
  • На?успешен маж во сферата на спортот за 2018 годината

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. ?EHF profile“ . Архивирано од изворникот на 2015-01-31 . Посетено на 2019-12-03 .
  2. Idrizi, Amina. " Lazarov brothers battle at the top of Group B ". EHF . 20 November 2015.
  3. " WCh France 2017, Day 2: Macedonia edge Tunisia, Slovenia crush Angola as SEHA players combine for 29 ". SEHA League . 12 January 2017.
  4. ?Лазаров: Седумката на дресот ?а носам заради Тони Кукоч“ . lazarovkiril7.com преку web.archive.org. 30 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-04-03 . Посетено на 4 април 2020 . CS1-одржува?е: бот: непознат статус на изворната URL ( link )
  5. ?Лазаров: Седумката на дресот ?а носам заради Тони Кукоч“ . gol.mk преку web.archive.org. 30 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-04-03 . Посетено на 4 април 2020 . CS1-одржува?е: бот: непознат статус на изворната URL ( link )
  6. ?Лазаров и офици?ално член на Бадел Загреб“ . dnevnik.com.mk. 3 ?уни 2000 . Посетено на 19 септември 2016 . [ мртва врска ]
  7. ?Л’Екип“: Кирил Лазаров е на?добар десен бек во Европа! Архивирано на 23 септември 2019 г. ; преземено од МКД портал
  8. Лазаров во Сиудад Реал - Трансферот вреден 125.000 евра ; преземено од ИдиВиди
  9. ?Кирил Лазаров во Барса игра за 450.000 евра од сезона“, Дневник , година XIX, бро? 5668, петок, 16 ?ануари 2015, стр. 20.
  10. ?Лазаров потпиша нов двегодишен договор со Барселона“, Дневник , година XIX, бро? 5691, петок, 13 февруари 2015, стр. 22.
  11. ?Лазаров во идеалниот тим на АСОБАЛ за минатата сезона“, Дневник , година XIX, бро? 5856, четврток, 3 септември 2015, стр. 22.
  12. ?Кирил Лазаров на?добар на екс ?у-просторите “, Дневник , година XIX, бро? 5800, 26 ?уни 2015, стр. 24.
  13. https://sportmanija.mk/ofitsijalno-kiril-lazarov-potpisha-nov-dogovor-so-nant/
  14. ?Преку Тунис се стасува на Игрите во Рио“, Дневник , година XIX, бро? 5668, петок, 16 ?ануари 2015, стр. 20-21.
  15. 15,0 15,1 ?И Нант во трка за Кирил Лазаров“, Дневник , година XXI, бро? 6289, вторник, 14 февруари 2017, стр. 21.
  16. Кире Лазаров се запиша во ракометната истори?а Архивирано на 19 ?ули 2012 г. ; преземено од On.net
  17. Лазаров на?добар стрелец на Европските првенства ; преземено од tocka.com.mk
  18. ?Лазаров го чува приматот на?добар стрелец“, Дневник , година XVIII, бро? 5367, петок, 17 ?ануари 2014, стр. 27.
  19. ?Сигурдсон го симна Лазаров од престолот“, Дневник , година XVIII, бро? 5373, петок, 24 ?ануари 2014, стр. 26-27."
  20. Лазаров се повредил на натпреварот со Шпани?а, и не играл во следните натпревари
  21. Антена , бро? 836, 4.7.2014, стр. 6-7.
  22. ФОТО: Целото семе?ство Лазарови ги бодрат Кире и Филип ; преземено од lazarovkiril7.com
  23. Ракометната школа на Кирил Лазаров од Септември започнува со работа во Битола

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]