Киевски Рус

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
(Пренасочено од Киевска Руси?а )
Киевски Рус
Русь

882 ? 1240


Грб

Местоположба на Рус
Карта на подоцнежна Киевска Руси?а (по смртта на ?арослав Први во 1054 година).
Главен град Киев
?азици Староисточнословенски ?азик
Вероисповед Словенски паганство
Православие
Уредува?е Монархи?а
Истори?а
 -  Основана 882
 -  Замрела 1240
Минати
Руски каганат

Киевски Рус , ( руски Киевская Русь , украински : Ки?вська Русь ) или Киевска Руси?а , е поим, ко? бил воведен во употреба од современи историчари за означува?е на периодот на древноруската држава во Источна Европа од кра?от на 9 век , како резултат на преместува?е на престолнината од Ладога во Киев и обединува?ето на власта на кнезовите од династи?ата Руриковичи на двата главни центри на источните Словени и Русите ? Новгород и Киев . Киевска Руси?а е една од на?големите држави, ко?а постоела во Средновековието . Како основач на оваа држава се смета кнезот Владимир I Велики . Периодот на владее?е на Владимир I Велики ( 980 - 1015 .) и ?арослав I Мудриот ( 1019 - 1054 ) го претставува периодот на Златното владее?е на Киевска Руси?а.

Создава?е на Киевска Руси?а [ уреди | уреди извор ]

Племенското име Рос за првпат го споменува историчарот ?орданес во VI век. Тие во почетокот ?а признавале врховната власт на Остроготите . ?Во готскиот ?азик називот Росоман значи човек од племето Рос“. Племенското име Рос за првпат го споменува историчарот ?орданес во VI век. Тие во почетокот ?а признавале врховната власт на Остроготите. Териториите на племето Рос се нао?ала блиску до територи?ата на Остроготите. Во еден анонимен сириски извор се вели дека племето Рос живеело северно од Сири?а. Тие не живееле во?нички живот и не ?авале на ко?и. Територи?ата на ко?а живеело племето Рос била од езерото Ладога до устието на реката Д?естар и од Карпатите до реката Волга, а во потесна смисла областа околу Киев, подрач?ето околу реката Рос западниот дел од Пере?еславското кнежевство и ?угозападниот дел на Черниговското кнежевство до градот Курск на реката Се?м. Во некои извори Русите се нарекуваат и Роди или Роди?ци според името на богот Род. Внатрешна Руси?а покра? племето Рос ?а сочинувале и племи?ата Пол?ани и Север?ани. Пол?аните ?а населувале територи?ата околу Киев, а север?аните по течението на реките Десна и Се?м. Во VI век било формирано со?уз на овие три племи?а ко?што траел до 8 век. На чело на со?узот се нао?ал заеднички во?сководач или кнез. Во периодот од VII до IX век територи?ата на државата се проширила кон териториите на племи?ата Драговичи, Древ?ани, Полочани и Новгородци. Први познати владетели на Киевска Руси?а биле кнезовите Дир и Асколд. Тие се сметале за потомци на кнежевскиот род што го основал Ки?. Во време на овие кнезови Русите во?увале со Византи?а во 860, 866, 874 година. Нови походи кон Византи?а биле за време на кнезот Олег 907 г. и кнезот Игор 941 г. Додека Русите во?увале со Византи?а северните руски области биле нападнати од Норманите кои успеале да принудат одредени племи?а да им пла?аат данок но набрзо биле протерани во Шведска. Во времето на кнезот Олег се случило повторно обединува?е на ?Внатрешна Руси?а“.

Киевска Руси?а во време на Олга [ уреди | уреди извор ]

Кнеги?ата Олга ?а преземала власта по смрта на не?зиниот сопруг кнезот Игор. Владеела од 945-964. Таа владеела во име на не?зиниот малолетен син Св?етослав. Таа го задушила востанието на Древ?аните и го убила нивниот кнез Мала и некои древ?ански благородници, го запалила главниот град на Древ?аните и други населени места а голем бро? од населението ги продала како робови. Древ?аните биле принудени да им пла?аат данок на Русите. Потоа тргнала во поход кон Ду?ебите кои живееле во горниот тек на Западен Буг каде што навлегувале По?аците. Во 957 година Олга заминала за Цариград. Таму го примила христи?анството и го променила своето име во Елена. Исто така го обновила договорот што го склучил кнезот Игор. Ова не?зино покрстува?е бил не?зин личен чин но сепак ?а потикнал мисионерската де?ност на византиската црква во Киевска Руси?а. Ме?утоа ме?у Руси?а и Византи?а сe уште владеела недоверба.?Констан Порфирогенит му давал упатство на сво?от син Роман во кое го советувал да ги одржува добрите односи со Печенезите, степските соседи на Русите, биде??и само со поддржува?е на притисокот на Печенезите на Руси?а може да се спречи то? народ да ги загрози интересите на Цариград“. Од друга страна и Олга сметала дека црковното вли?ание од Цариград претставува опасност за не?зина та држава и побарала од Отон I да помогне во шире?ето на христи?анството. Ме?утоа пред да до?дат германските мисионери во Киевска Руси?а се подобриле односите ме?у Киевска Руси?а и Византи?а. Било обновено шире?ето на христи?анството преку Цариград. Новиот византиски цар Роман I побарал од кнеги?ата Олга да испрати воена помош во борба со Арапите. Таа му испратила помош а со тоа дошло до подобрува?е на односите ме?у Византи?а и Киевска Руси?а.

Киевска Руси?а во време на Владимир [ уреди | уреди извор ]

Крштение на кнезот Владимир , од Виктор Васнецов .

Во 964 година, синот на Игор и Олга Св?етослав станал полнолетен и ?а презел власта, а владеел до 972 година. То? бил многу воинствен и ги проширил територите на руската држава. Загинал во борба со Печенезите , во 972 година. По неговата смрт дошло до борба за власт ме?у неговите синови ?арополк, Олег и Владимир. На кра?от власта ?а земал Владимир (980-1015). Владимир I Св?атославич ?а продолжил политиката на татко му. Во?увал против Полска и успеал да ги обедини сите источни Словени во една држава. Во остварува?ето на овие планови му помогнало прима?ето на христи?анството. Христи?анството го примил од Византи?а . Византискиот цар Васили? II побарал помош од Руси?а за борба против узурпаторите Варда Фока и Варда Скилир. Кнезот Владимир му испратил 6.000 во?ници. Како награда Васили? II му ?а ветил неговата сестра Ана за сопруга но под услов да го прими Христи?анството. То? го прифатил бара?ето. Била формирана руска црква на чело со руски митрополит ко? бил потчинет на рускиот патри?арх. Самиот кнез се покрстил во 988 г. и наредил сите поданици во државата да се покрстат. Покрстува?ето на Киевска Руси?а му помогнало на кнезот Владимир да го зацврсти единството во државата. Исто така му помогнало и да ?а централизира власта како и во борбата со неговите бра?а. То? во почетокот сакал да создаде единствен пагански пантеон од сите словенски и несловенски племенски божества. Подигнал пагански пантеон во Киев и Перун бил поставен за врховен бог. Ме?утоа и покра? тоа се задржал племенскиот партикуларизам. Но сепак Христи?анството со сво?ата црковна хиерархи?а му овозможило на кнезот Владимир да ги обедини сите поданици во царството. Од друга страна покрстува?ето на Киевска Руси?а било од големо значе?е на Византи?а. Со тоа се проширила не?зината сфера на вли?ание си оглед на тоа дека на?големата источноевропска држава потпаднала под црковно вли?ание на Византи?а. Во почетокот со руската црква управувале митрополити испратени од Цариград. Во Киевска Руси?а започнале да доа?аат образовани лу?е од Цариград. Започнале да се градат храмови и да се отвораат училишта. Првата митропли?а во Киев била формирана во време на кнезот Асколд, а за време на Владимир биле основани епископии во уште осум други градови.Владимир на црквата и доделил една десетина од неговиот имот и од имотот на неговите бо?лари. На преминот од XI во XII век била воведена редовна црковна десетина од приходот на целото население. Руската црква имала потреба од црковни книги на словенски ?азик.Биле донесени книги од Македони?а и Бугари?а. Започнала да се развива преведувачка де?ност а исто така била создадена и црковна литература на словенски ?азик и кирилско писмо. Во време на Владимир државата се проширила на запад до руско-полското етничко подрач?е, на исток до несловенските племи?а.Зацврстува?ето на христи?анството придонело во изградува?е на феудалниот систем во Киевска Руси?а.За?акнала центалната власт.Киевскиот кнез ?а носел титулата ?велики кнез“ а локалните кнезови ?а признавале неговата врховна власт.Великиот кнез поседувал многу имоти и собирал данок од потчинетите зем?и. Во почетокот данокот се пла?ал во натура а потоа во пари. Две третини од данокот биле за државата, а една третина му припа?ала лично на кнезот. Населението покра? пла?а?е на данок имало обврска да служи во во?ската. Населението имало статус на слободни лу?е, но имало обврска да пла?а данок на државата. Аристократи?ата се состоела од бо?лари, од припадници на кнежевската во?на дружина и од управници на градовите, а некогашните народни собрани?а биле заменети со совети на кнезови. Постоела и соседска општина, ко?а што била управувана од старешини наречени старци. ?Општината под управа на своите старешини (Старци) собирала данок од поедини домови и го доставувала во собиралиштата“.

Киевска Руси?а во време на ?арослав Мудриот [ уреди | уреди извор ]

Од 1019 до 1054 година киевски кнез бил ?арослав I Владимирович, познат како ?арослав Мудриот . То? бил син на големиот киевски кнез Владимир, ко? ги покрстил Русите во 988 година, а негов брат бил Мстислав Владимирович Велики (умрел во 1036 г.), кнез тмуторока?ски и черниговски. ?арослав бил наречен Стари за да се разликува од другите кнезови кои живееле подоцна (на пример, ?арослав Всеволодович Черниговски). ?арослав Мудриот бил оженет со византиската кнеги?а Ана, синот Св?атополк го оженил со ?ерката на полскиот крал Болеслав, ?ерката Ана ?а омажил со францускиот крал Анри I , другата ?ерка Елисавета со норвешкиот крал Харалд, [1] сестрата Мари?а ?а омажил за полскиот кнез, а синот Всеволод го оженил со ?ерката на византискиот цар Константин IX Мономах . ?арослав бил погребан во киевската црква Св. Софи?а, во мраморен саркофаг . [2]

Во неговото време продолжило издига?ето на Киевска Руси?а ко?а станала една од на?напредните држави во Европа . То? водел борба против одредени феудалци кои сакале да се осамосто?ат. Таков бил случа? со неговиот брат Св?атополк. То? исто така се плашел од бара?ето на Новгород за автономи?а. То? постигнал договор со собранието на Новгород со ко? то? ?а осигурал приврзаноста кон централната власт. Но сепак, со посебна повелба ?а гарантирал автономи?ата на Новгород. ?Кнезовите на Новгород при стапува?ето на должноста морале да му се заколнат на повелбата на кнезот ?арослав“ [3] . Потоа влегол во конфликт со сво?от внук Бра?часлав. По неуспешниот обид да го порази со оруж?е то? направил спогодба со него во ко?а то? ?а признал врховната власт на Киев но ?а сочувал внатрешната самоуправа. ?арослав ?а за?акнал позици?ата на Руската црква. Во 1037 година, по повод победата над Печенезите , ?арослав Мудриот ?а подигнал катедралната црква Св. Софи?а . Исто така, бил основан и манастир наречен ?Киевската лавра“ ко? станал културно жариште. Во 1051 година, кнезот ?арослав, без да побара дозвола од цариградскиот патри?арх, за митрополит го поставил рускиот свештеник Иларион. Тоа било прв обид за осамосто?ува?е на руската црква од врховната власт на Цариградската патри?арши?а . Со ?акне?ето на христи?анството се за?акнувал и културниот живот на Киевска Руси?а. Биле преведувани книги донесени Македони?а и Бугари?а . Биле преведувани книги од грчки на старословенски ?азик. Се создала руска црковна книжевност. Се развило и пишува?е на летописни записи во Киев и Новгород. Се по?авиле првите жити?а како: биографи?а на убиените Св?атополкови бра?а, Борис и Гилеб. Во 1036 година излегол првиот дел од списанието ?Руска правда“.

Киевска Руси?а во време на Владимир Мономах [ уреди | уреди извор ]

Во време на кнезот Владимир Мономах (1113-1125) црквата исто така имала голема улога.Важна улога заземале црковните имоти коишто биле во сопственост на манастирите и високото свештенство.Слободните селани биле должни да пла?аат данок, да вршат воена служба и да извршуваат други должности во полза на кнезот и државата.Црквата и свештенството го помогнале зацврстува?ето на власта на кнезовите и бо?ларите а тие за возврат и давале богати подароци кое се состоело претежно во дава?е зем?а.

Користена литература [ уреди | уреди извор ]

?Povest Rusije u srednjem veku“-M.Brandt

?Истори?а на Европа во раниот среден век“-Коста А?иевски и Бобан Петровски

?Истори?а Ра?ег сред?ег века-том I“-Уда?цов и други автори

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. ?Коментари“, во: Слово за походор Игорев . Скоп?е: Наша книга, 2002, стр. 48-49.
  2. ?Коментари“, во: Слово за походор Игорев . Скоп?е: Наша книга, 2002, стр. 49.
  3. Ова стои во повелбата во ко?а се дефинираат односите ме?у кнезовите на Новгород и кнезот ?аросалав