한국   대만   중국   일본 
Ернест Гулбис ? Википеди?а Пре?ди на содржината

Ернест Гулбис

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Ернест Гулбис
Зем?а   Латви?а
Место на живее?е ?урмала , Латви?а
Роден на 30 август 1988 ( 1988-08-30 ) (35 г.)
Роден во Рига , Латви?а
Спорт Тенис
Висина 1.90 м
Професионалец 2004
Игра со ? десна рака
? дворачен бекхенд
Заработка $ 4,785,064
Поединечно
Победи-порази 194-155
Титули 6
На?висок пласман Бр. 10 (9 ?уни 2014)
Сегашен пласман Бр. 12 (18 август 2014)
Резултати на Гренд Слемови
Австрали?ан Опен 2К ( 2009 , 2014 )
Ролан Гарос ПФ ( 2014 )
Вимблдон 3К ( 2013 )
УС Опен 4К ( 2007 )
Други турнири
Олимписки игри 1К ( 2008 )
Во дво?ки
Победи-порази 25-25
Титули 2
На?висок пласман Бр. 130 (23 ноември 2009)
Сегашен пласман Бр. 440 (9 ?уни 2014)
Ажурирано на: 9 ?уни 2014.

Ернест Гулбис (роден на 30 август, 1988) е латвиски професионален тенисер .

Во 2008, Гулбис ?а освоил сво?ата прва АТП титула во дво?ки на Тениското првенство на Х?устон , заедно со Ра?нер Шитлер , а во 2010 ?а освоил сво?ата прва АТП титула во поединечна конкуренци?а на турнирот во Делре? Бич , победува??и го Иво Карлови? во финалето. Досега во кариерата, Гулбис има освоено 6 АТП титули. Негов на?добар Гренд Слем настап е полуфиналето на Отвореното првенство на Франци?а во 2014. Со пласманот во првите 10 на АТП листата во ?уни 2014, Гулбис станал првиот латвиец на ко? тоа му успеало.

Гулбис започнал да тренира тенис на 12 годишна возраст, кога се приклучил на тениската академи?а на Ники Пили? во Хрватска. По Вимблдон 2011 , тренер на Гулбис е австриецот Гунтер Бресник.

Личен живот [ уреди | уреди извор ]

Гулбис доа?а од многу богато семетство. Неговите родители кои биле колекционери на книги, името му го дале по писателот Ернест Хемингве? . [1] Неговиот татко, Аинар, е стопанственик, додека пак неговата ма?ка, Милена Гулбе-Каваце, е глумица во театар. Неговиот дедо по ма?ка, Улдис Пуцитис, бил популарен глумец и режисер.

Како второ од пет деца, Гулбис има три сестри и еден брат, ко? тренира во Флорида за да стане професионален играч на голф. Неговата помлада сестра Лаура Гулбе исто така е тенисерка. Гулбис главно потекнува од спортско семе?ство, и неговиот дедо од таткова страна, Алвил Гулбис, бил дел од првиот тим на кошаркарскиот клуб Рига, со ко? трипати по ред ?а осво?увал кошаркарската Евролига . Гулбис започнал да игра тенис со сво?ата баба и за негови омилени спортови ги смета кошарката, фудбалот и хоке?от на мраз.

Гулбис е познат како еден од на?смешните личности во светот на тенисот. Поради слабите нерви, на речиси секо? натпревар се случува то? да скрши еден или пове?е од своите рекети. За време на Мастерсот во Синсинати во 2010, во една спортска емиси?а, коментаторите Бред Гилберт, Патрик Мекинро и Крис Фаулер го споредиле Гулбис со поранешниот Светски бр. 1 Марат Сафин , во однос на стилот на игра и однесува?ето во и надвор од теренот. Исто како Сафин, Гулбис често ?а коментира сво?ата недисциплина, но е целосно подготвен да ги оствари своите големи желби за влегува?е во на?добрите 10, 5, или дури да стане Светски бр. 1 на АТП листата.

Гулбис исто така е личност ко?а често е поврзана со контроверзии. Во 2009, Гулбис бил уапсен во Шведска поради наводно бара?е проститутки. [2] То? околу тоа из?авил дека е недоразбира?е. Откако платил мала парична казна, то? бил ослободен токму на време за Отвореното првенство на Шведска . Исто така, зборува??и за желбата за пове?е експлозивни соперништва во тенисот (како соперништвото Конорс-Мекинро), во 2013 то? изнел став дека Федерер , Надал , ?окови? и Мари се "досадни" во интерв?уата. [3] Следната година на Отвореното првенство на Франци?а , кога Гулбис бил запрашан дали ?е ги охрабри своите сестри да играат професионален тенис, то? из?авил дека наместо тоа жените треба "фокусот треба да го стават на семе?ството и децата." На ово? негов одговор Мари?а Шарапова не се согласила. [4]

Гулбис зборува латвиски, англиски, руски, и по малку француски и германски ?азик. То? во слободно време чита книги.

Тениска кариера [ уреди | уреди извор ]

2004?2006 [ уреди | уреди извор ]

На?добри резултати кои Гулбис ги остварил до 2006 биле финалето на челин?ерот во Оберштауфен во ?ули 2006, каде што бил поразен од Михал Табара , финалето на челин?ерот во Тампере, исто така во ?ули 2006, каде што бил поразен од Флори?ан Ма?ер , полуфиналето на АТП турнирот во Санкт Петербург во октомври во кое бил поразен од Марио Анчи? , како и осво?ува?ето на првата титула од челин?ер сери?ата во Екентал, во ноември со победата во финалето над Филип Печнер .

2007 [ уреди | уреди извор ]

Гулбис на турнирот во Сидне? во натпреварот против Багдатис

Гулбис ?а започнал сезоната како квалификант на турнирот во Сидне? , каде во првото коло бил поразен од Маркос Багдатис . [5] То? не успеал да се квалификува за Отвореното првенство на Австрали?а и бил поразен уште во првото квалификациско коло.

Гулбис бил релативно успешен на турнирите од челин?ер сери?ата во 2007. То? стигнал до четвртфиналето на челин?ерот во Бергамо (пораз од Фабрис Санторо ) и до полуфиналето во Ха?лброн (пораз од Микаел Лодра ). Гулбис успеал да ?а освои сво?ата втора челин?ер титула, откако во финалето во Безансон бил подобар од Едуард Рожер-Васлен , со што за првпат во сво?ата кариера влегол во првите 100 на АТП листата. На следниот турнир, на челин?ерот во Сараево, Гулбис ги освоил титули и во поединечна конкуренци?а и во дво?ки.

Во првата недела на октомври, Гулбис го освоил челин?ер турнирот во Монс победува??и го Кристоф Флиген , со што влегол во првите 50 на АТП листата и станал на?високо пласираниот играч роден во 1988 година. Оваа титула за Гулбис била четврта во сезоната.

Прв Гренд слем настап [ уреди | уреди извор ]

Гулбис на Отвореното првенство на САД 2007 .

Гулбис за првпат во сво?ата кариера бил дел од главен ждреб на Гренд слем турнир, и тоа на Отвореното првенство на Франци?а . То? ?а забележал сво?ата прва Гренд слем победа во првото коло победува??и го ветеранот Тим Хенман во три сета и се пласирал во второто коло. Оваа негова победа, капитенот на Британскиот де?вис куп тим ?он Ло?д ?а искоментирал како "... брили?антно издание на Гулбис, ко? е само чист и комплетен талент." [6] Во второто коло, Гулбис бил запрен од Алберт Монта?ес во четири сета.

На Вимблдон , Гулбис бил извлечен во првото коло да игра против Маркос Багдатис . То? бил поразен во четири сета и покра? тоа што успеал да го освои првиот сет. [7] На Вимблдон, Гулбис го забележал сво?от прв Гренд слем настап во игра на дво?ки здружува??и се со Иван ?убичи? , со ко? стигнал до полуфиналето на турнирот во Хертогенбош .

На последниот Гренд слем во годината, на Отвореното првенство на САД , Гулбис ги изненадил 30. носител, Потито Стараче , во првото коло и 8. носител, Томи Робредо во третото коло. Во натпреварот против Робредо, Гулбис шест пати успеал да го одземе сервисот на Робредо и имал 39 директни бодови наспроти седумте на шпанецот. [8] Во четвртото коло Гулбис бил поразен од поранешниот Светски бр. 1, Карлос Мо?а во четири сета.

2008 [ уреди | уреди извор ]

Гулбис сервира против Давид Налбанди?ан на Мастерсот во Инди?ан Велс во 2008.

Во првото коло на Отвореното првенство на Австрали?а , Гулбис загубил од Марат Сафин во три сета. То? стигнал до второто коло на Мастерсот во Инди?ан Велс , каде бил тесно поразен од Давид Налбанди?ан во последниот сет во та?бре?к. Во првото коло на Мастерсот во Ма?ами , Гулбис бил подобар од Доминик Хрбати , но во второто коло бил поразен од Никола? Давиденко , ко? подоцна и го освоил турнирот. Гулбис го добил првиот сет со 6?3, но следните два сета ги загубил во та?бре?к.

Неговиот на?добар резултат до то? момент се случил на Отвореното првенство на Франци?а и пласманот во четвртфиналето. Во текот на турнирот, то? остварил победи над Симон Гро?л , седмиот носител ?е?мс Бле?к , Николас Лапенти , и домашниот фаворит Микаел Лодра . [9] Во четвртфиналето, Гулбис бил поразен од третиот носител Новак ?окови? во три изедначени сета.

Следен турнир за Гулбис бил Првенството на клубот Квинс каде што то? стигнал до третото коло откако забележал победи над Кристоф Флиген и Андреас Сепи . Во третото коло то? загубил од Енди Мари , и покра? тоа што првиот сет го добил со 7?5.

Во првото коло на Вимблдoн , Гулбис го победил ?он Иснер , но загубил во второто коло од вториот носител и шампион Рафаел Надал во четири сета. Освен Ро?ер Федерер , то? бил единствениот играч ко? му одземал сет на Надал.

На Мастерсот во Синсинати , Гулбис ги поразил ?арко Ниеминен , Арно Клеман , и ?е?мс Бле?к , но неговата сери?а победи ?а завршил Новак ?окови? во четвртфиналето.

Младиот летонец потоа бил дел од тенискиот турнир на Летните олимписки игри во Пекинг , каде во првото коло доживеал пораз од Никола? Давиденко .

На Отвореното првенство на САД , Гулбис бил подобар од Томас ?охансон во првото коло, но во второто коло бил поразен од Енди Родик откако претходно го освоил првиот сет. Случа?но, на денот на одигрува?е на натпреварот и два?цата играчи славеле роденден. Гулбис годината ?а завршил на 53. место на АТП листата.

2009 [ уреди | уреди извор ]

Гулбис ?а започнал новата сезона на високо ниво победува??и го поранешниот тренинг партнер Новак ?окови? во два сета во првото коло на турнирот во Бризбе?н , но во второто коло бил поразен од Пол-Анри Мат?е . На Отвореното првенство на Австрали?а , Гулбис стартувал со победа во првото коло над Алберт Монта?ес , но ве?е во второто коло бил поразен од Игор Андреев во пет сета.

Како трет носител Гулбис настапувал на турнирот во Делре? Бич , но бил елиминиран од турнирот уште во првото коло од Маркос Багдатис . Тоа било четврти пат Гулбис и Багдатис да играат поме?у себе во прво коло на АТП турнир.

Гулбис имал лоша сезона на зем?ена подлога споредено со 2008, неуспева??и да направи неко? посериозен резултат на турнирите пред Отвореното првенство на Франци?а . То? исто така не успеал да го одбрани четвртфиналето на Францускиот Гренд слем, со што паднал на 67. место на АТП листата, кое за него било на?ниско место од летото 2007.

На Вимблдон , Гулбис во првото коло забележал победа над итали?анецот Рикардо Гедин но во второто коло бил поразен од миленикот на домашната публика, третиот носител Енди Мари . [10]

Следен турнир за Гулбис бил турнирот во Инди?анаполис . То? уште во првото коло бил поразен од Марк Жикел , но сепак во дво?ки заедно со Дмитри? Турсунов то? го освоил турнирот, победува??и ги во финалето првите носители австрали?ците Ешли Фишер и ?ордан Кер [11]

На Отвореното првенство на САД , Гулбис повторно за противник го добил вториот носител Енди Мари од ко? повторно доживеал пораз.

Во октомври, Гулбис како квалификант се пласирал во главниот ждреб на Отвореното првенство на ?апони?а , и стигнал до четвртфиналето, победува??и ги шестиот носител Радек Штепанек во првото коло и Хуан Монако во второто коло. Во четвртфиналето, Гулбис иако го добил првиот сет, бил поразен од Жо-Вилфрид Цонга .

Пред сe поради слабите резултати на Гренд слем турнирите, Гулбис сезоната ?а завршил на 90. место на АТП листата.

2010 [ уреди | уреди извор ]

Гулбис годината ?а започнал со Отвореното првенство на Катар , каде во првите две кола забележал победи над Алберт Монта?ес и Андреас Сепи . Во третото коло то? тесно во три сета бил поразен од Светскиот бр. 1, Ро?ер Федерер . На Отвореното првенство на Австрали?а , Гулбис уште во првото коло бил елиминиран од Хуан Монако во три сета.

Во февруари, Гулбис стигнал до своето второ полуфинале на турнирите од АТП 500 сери?ата, на турнирот во Мемфис . Во второто коло, то? го победил третиот носител Радек Штепанек , а потоа во третото коло петтиот носител Томаш Бердих . Во полуфиналето, Гулбис бил поразен од победникот на турнирот, Сем Квери .

На кра?от на февруари, Гулбис играл на турнирот во Делре? Бич , и успеал да стигне до сво?ата прва АТП титула во кариерата. Во финалето, то? го победил вториот носител, хрватот Иво Карлови? . Со оваа победа то? се вратил повторно во првите 50 на АТП листата.

Следен турнир на ко? Гулбис се по?авил бил Мастерс 1000 турнирот во Инди?ан Велс . Гулбис го победил шва?царецот Марко Чиудинели во првото коло, но во второто коло бил поразен од Никола? Давиденко ко? во третото коло го предал сво?от натпревар поради повреда добиена на натпреварот против Гулбис. По ово? пораз, Гулбис се вратил во Европа, за да тренира за сезоната на зем?ена подлога.

На првиот турнир не зем?ена подлога, на Мастерсот во Монте Карло , Гулбис повторно во првото коло го совладал Марко Чиудинели , но повторно бил поразен во второто коло, ово?пат од Станислас Вавринка во два сета. На следниот турнир, на Отвореното првенство на Барселона , Ернест сигнал до четвртфиналето, победува??и ги Питер Лучак , Жереми Шарди , и Алберт Рамос , сите во два сета. Во четвртфиналето Гулбис загубил од Фернандо Вердаско , ко? потоа го освоил турнирот.

На следниот турнир, на Мастерсот во Рим , Гулбис во првото коло бил извлечен да игра против Маркос Багдатис , што била нивна петта пресметка во прво коло на турнир, но за првпат на зем?а. То? лесно го победил Багдатис и закажал натпревар со Светскиот Бр. 1 Ро?ер Федерер . То? го загубил првиот сет, но потоа се вратил во натпреварот и во третиот сет победил со 7?5, искористува??и ?а сво?ата седма меч топка со што ?а забележал сво?ата на?голема победа во кариерата. [12] Во третото коло то? ?а потврдил големата победа од претходното коло и во тежок натпревар го победил квалификантот Филипо Воландри . Во следното коло, Гулбис го победил Фелиси?ано Лопес и за првпат во сво?ата кариера стигнал до полуфинале на турнир од АТП Мастерс 1000 сери?ата, но во полуфиналето бил поразен од Рафаел Надал во тесен натпревар во три сета. И покра? поразот, Гулбис можел да се гордее со фактот дека бил единствениот играч ко? успеал да му одземе сет на Надал на зем?а во 2010. Со пласманот во полуфиналето, Гулбис обезбедил место ме?у носителите на Отвореното првенство на Франци?а .

На Мастерсот во Мадрид , Гулбис ?а продолжил сво?ата добра форма победува??и го Алберт Монта?ес во првото коло. Потоа то? забележал победи над Михаил ?ужни и Фелиси?ано Лопес и се пласирал во четврфиналето. Таму, то? бил поразен од Ро?ер Федерер , ко? ово?пат го изгубил првиот сет, но ги добил наредните два.

Очекува?ата на Гулбис на Отвореното првенство на Франци?а биле големи и то? бил назначен за 23. носител на турнирот, по одличната сезона на зем?ена подлога. Сепак, Гулбис разочарувачки морал да го предаде натпреварот на Жули?ен Бенето уште во првото коло поради повреда на тетивата. Поради оваа повреда, Гулбис не настапил на Вимблдон и ?а пропуштил целата сезона на тревна подлога.

Гулбис се вратил на тениските терени во ?ули, и заиграл на турнирот во Лос Ан?елес . То? остварил победа над Лукаж Лацко во првото коло, но потоа во следното коло загубил од Алехандро Фа?а во три сета. Следната недела то? се при?авил на турнирот во Вашингтон , каде бил слободен во првото коло, но во второто коло го предал натпреварот на украинецот И??а Марченко поради замор.

Следен турнир за Гулбис бил Ро?ерс Купот . То? лесно го победил Томаш Белучи во првото коло, но во второто коло загубил од Робин Седерлинг во тесен натпревар. Следната недела, Гулбис се по?авил на Мастерсот во Синсинати , победува??и ги Доналд ?анг и ?ирген Мелцер во првите две кола. Како и да е, во третото коло, то? бил поразен од Енди Мари во тесен натпревар ко? се одлучувал во та?-бре?к во одлучувачкиот сет.

Гулбис загубил уште во првото коло на Отвореното првенство на САД од Жереми Шарди во три сета, и повторно четврти пат по ред не успеал да стигне до второ коло на Гренд слем турнир. Потоа Гулбис направил пауза од три недели и се вратил во Де?вис Куп пресметката против Полска, победува??и во двата натпревари во поединачна конкуренци?а против ?ежи ?анович и Михал Пшисежни . Следен турнир за Гулбис бил Отвореното првенство на Та?ланд , каде бил слободен во првото коло. То? во второто коло го победил германецот Ра?нер Шитлер , но во четвртфиналето загубил од Гу?елмо Гарси?а-Лопес . Потоа то? играл на Отвореното првенство на ?апони?а , но изненадува?ки уште на стартот бил поразен од 432. тенисер во светот, Дмитри? Турсунов .

На следните два турнира, на Мастерсот во Шанга? и на турнирот во Базел , Гулбис на двапати бил поразен во првото коло од турнирите, од Ришар Гаске и Новак ?окови? редоследно. Сепак, на последниот турнир во сезоната, на Мастерсот во Париз , Гулбис ги победил Хуан Игнасио Чела и Михаил ?ужни , во два сета, но во третото коло бил поразен од Енди Родик исто така во два сета.

Гулбис сезоната ?а завршил на 24. место на АТП листата, кое во то? момент било негово на?високо во кариерата.

2011 [ уреди | уреди извор ]

Гулбис новата сезона ?а започнал на Отвореното првенство на Катар , и со победите над Виктор Ханеску и Антонио Веи? го одбранил четвртфиналниот пласман од минатата година. То? не успеал да направи чекор пове?е, и во четвртфиналето бил поразен од Светскиот бр. 1, Рафаел Надал . Следен турнир за Гулбис бил турнирот во Сидне? . То? бил трет носител на турнирот и бил слободен во првото коло, а потоа забележал победи над Игор Андреев и Серге? Стаховски , со што се пласирал во полуфиналето во кое бил поразен од победникот на турнирот Жил Симон . На Отвореното првенство на Австрали?а се очекувало многу од Гулбис, но то? уште во првото коло бил поразен од Бен?амин Бекер во три сета.

Гулбис ги пропуштил следните три планирани турнири и на АТП турне?ата се вратил на кра?от на февруари. То? се по?авил на турнирот во Дубаи , и како осми носител потешко од очекуваното го победил сво?от поранешен партнер во дво?ки Михаел Берер во првото коло. Како и да е, во второто коло, Гулбис загубил од Серге? Стаховски во три сета.

Ернест Гулбис на Отвореното првенство на САД

Следен турнир за латвиецот бил Мастерсот во Инди?ан Велс , каде поради тоа што бил носител на турнирот го пропуштил првото коло. Во второто коло, Гулбис во израмнет натпревар успеал да забележи тешка победа над Лу ?ен-Хсун , за во третото коло да биде убедливо победен од Новак ?окови? осво?ува??и само еден гем во натпреварот. Две недели подоцна на Мастерсот во Ма?ами , Гулбис бил слободен во првото коло, и во второто коло бил поразен од Карлос Берлок . Рангиран на 30. место на АТП листата, Гулбис заиграл на Мастерсот во Монте Карло , и во првото коло бил подобар од 21. играч во светот, Александар Долгополов во два сета. Сепак во второто коло Гулбис загубил од Милош Раони? исто така во два сета. Потоа то? отпатувал во Белград , на Отвореното првенство на Срби?а но изненадувачки бил поразен уште во првото коло од И??а Марченко .

Од кра?от на април до средината на ма?, Гулбис три недели паузирал поради замор а потоа се по?авил на турнирот во Ница . Во првите две кола, то? забележал победи над Фабио Фо?ини и Денис Истомин , но во четвртфиналето загубил од 6. играч во светот, Томаш Бердих . По ово? пораз, Гулбис забележал низа на лоши резултати и паднал од 30. на 85. место на АТП листата, неуспева??и да ги повтори добрите резулати од 2010. То? доживеал четири порази по ред: против Блаж Кавчи? на Отвореното првенство на Франци?а , против Адри?ан Манарино на Квинс, против Дмитри? Турсунов на Вимблдон (што бил седми пораз по ред на Гренд слем турнирите и по ко? паузирал еден месец за да тренира со сво?от тренер), и против ?е?мс Бле?к на турнирот во Атланта .

По оваа сери?а на лоши резултати, Гулбис се вратил на победничките патеки осво?ува??и ?а сво?ата втора АТП титула во кариерата, на турнирот во Лос Ан?елес , каде на патот до финалето забележал победи над Ксавие Малис , Даниел Косаковски , Хуан Мартин дел Потро и Алекс Богомолов . Во финалето, Гулбис остварил победа над првиот носител на турнирот, Марди Фиш , во три сета.

Гулбис добил ва?лд карта за настап на Ро?ерс Купот . Во првото коло то? го победил поранешниот бр. 1 Хуан Карлос Фереро во три сета, а во второто коло остварил победа над Микаел Лодра . Во третото коло, то? загубил од Марди Фиш , ко? му се одмаздил за победата во Лос Ан?елес. Следен турнир за Гулбис бил Мастерсот во Синсинати , каде во првото коло загубил од Иван Додиг . То? конечно ?а прекинал сери?ата од седум порази по ред на Гренд слем турнирите, со победата над Михаел ?ужни во првото коло на Отвореното првенство на САД . Сепак, во второто коло то? загубил од Жил Милер . До кра?от на годината, латвиецот играл на уште пет турнири, но само на еден од нив успеал да го помине првото коло.

То? сезоната ?а завршил на 61. место на АТП листата.

2012 [ уреди | уреди извор ]

Гулбис годината ?а започнал со три последователни порази на турнирите во Доха и Мемфис , како и на Отвореното првенство на Австрали?а . То? сепак бил успешен во Де?вис Купот и успеал да победи на своите два натпревари против Египет. То? стигнал до четвртфиналето на турнирот во Делре? Бич , поразува??и ги Алехандро Фа?а и Стив Дарцис , но потоа бил поразен од Маринко Матошеви? . Дека Гулбис не бил во форма говори фактот дека на сезоната на зем?ена подлога то? успеал да победи на само два натпревари, против Ксавиер Малис на турнирот во Минхен и против Михаил Кукушкин на Отвореното првенство на Франци?а . За време на ово? период, Гулбис го сменил тренерот и за сво? нов тренер го назначил Гунтер Бресник, ко? претходно работел со Борис Бекер и Анри Леконт .

Гулбис стигнал до второто коло на Вимблдон победува??и го шестиот носител Томаш Бердих во првото коло во три та?-бре?к сета. Сепак во второто коло, Гулбис во пет сета бил поразен од ?ежи ?анович .

Следен турнир за латвиецот бил турнирот во Умаг , каде во второто коло бил поразен од Фернандо Вердаско . [13] Потоа Гулбис заиграл на Отвореното првенство на Шва?цари?а , и во првите две кола забележал победи над Филипо Воландри и Беноа Пер . Во четвртфиналето, Гулбис бил поразен од Пол-Анри Мат?е , и покра? тоа што успеал да го освои првиот сет. То? успешно ги поминал квалификациите на турнирот во Винстон-Салем и откако успеал да победи во првите две кола против Карлос Берлок и Кевин Андерсон , во третото коло бил поразен од Марсел Грано?ерс .

На Отвореното првенство на САД , во првото коло, Гулбис бил подобар од Томи Хас , но во второто коло разочарувачки загубил од американскиот квалификант Стив ?онсон .

То? пазуирал еден месец поради повреда и на турне?ата се вратил на турнирот во Виена каде бил поразен во второто коло од ?анко Типсареви? . Гулбис не успеал да се квалификува за турнирот во Базел , но ве?е следната недела успеал да стигне до финалето на челин?ер турнирот во Екентал, во кое бил поразен од Даниел Брaндс . То? ги пропуштил последните два чели?ери во годината поради болест и решил накратко да одмори за да биде подобро подготвен за следната сезона.

2013 [ уреди | уреди извор ]

Гулбис на Отвореното првенство на Франци?а

Гулбис го пресконал првиот гренд слем во сезоната и играл на два челин?ер турнири на кои забележал само една победа. Негов прв АТП турнир во сезоната бил турнирот во Ротердам , на ко? влегол во главниот ждреб поминува??и ги квалификациите. Во првото коло, то? забележал победа над домашниот тенисер Робин Хасе , но во второто коло бил поразен од Хуан Мартин дел Потро . Потоа на турнирот во Марсе? , то? во главниот ждреб влегол со помош на ва?лд карта и во првото коло го победил ?арко Ниеминен . Во второто коло, то? тесно бил поразен од Томаш Бердих .

Следен турнир за Гулбис бил турнирот во Делре? Бич , каде то? успешно ги поминал квалификациите. По трите победи во квалификациите, то? победил на уште три натпревари и се пласирал во финалето на турнирот, во кое го победил Едуард Рожер-Васлен во два сета, со што ?а освоил сво?ата трета АТП титула во кариерата, прва по две години.

Гулбис го продолжил сво?от одличен почеток во сезоната со одличниот резултат што го остварил на Мастерсот во Инди?ан Велс . То? на?прво успешно ги поминал квалификациите, а потоа забележал победи над Фелиси?ано Лопес , ?анко Типсареви? и Андреас Сепи и закажал натпревар против Рафаел Надал во четвртото коло. Гулбис го загубил натпреварот во три израмнети сета откако успеал да го добие првиот сет со 6?4, со што ?а завршил сво?ата победничка низа од 13 натпревари. На Отвореното првенство на Франци?а , Гулбис стигнал до второто коло во кое загубил од Гаел Монфис .

Сезоната на тревна подлога, Гулбис ?а започнал на турнирот во Хале , каде во првото коло бил подобар од Маркос Багдатис , за потоа во второто коло да биде поразен од Томи Хас . На Вимблдон то? забележал победи над Едуард Рожер-Васлан и Жо-Вилфред Цонга , но во третото коло бил поразен од Фернандо Вердаско .

На Ро?ерс Купот , Гулбис стигнал до четвртфинлаето во кое бил поразен од Милош Раони? во три сета, откако претходно остварил победи над Фелиси?ано Лопес , Фабио Фо?ини , и Енди Мари . То? не ?а продолжил сво?ата добра форма на Мастерсот во Синсинати и на Отвореното првенство на САД и на двата турнири бил елиминиран уште во првото коло.

Гулбис успеал да стигне до сво?ата четврта АТП титула во кариерата, на Отвореното првенство на Санкт Петербург , каде во финалето со пресврт успеал да го победи шпанецот Гу?елмо Гарси?а-Лопес во три сета. Со ово? резултат, Гулбис се искачил на 27. место на АТП листата.

Поради повреда, Гулбис пропуштил неколку турнири, и на турне?ата се вратил на турнирот во Стокхолм каде стигнал до полуфиналето, во кое бил поразен од Давид Ферер во три сета. На патот до полуфиналето, Гулбис забележал победи над Жереми Шарди , Игор Сислинг и ?ежи ?анович .

Гулбис ?а завршил сезоната со поразите од ?он Иснер и Фернандо Вердаско на турнирот во Валенси?а , односно на Мастерсот во Париз , завршува??и на 24. место на АТП листата.

Де?вис куп [ уреди | уреди извор ]

Гулбис е дел од Латвискиот де?вис куп тим од 2005 година. То? за сво?ата држава има одиграно вкупно 41 натпревар од кои забележал 30 победи (22 во поединечна конкуренци?а, 8 во дво?ки) и 11 порази. Во септември 2007, то? бил на?заслужен во победата над Монако и пласманот на Латви?а во првата група од Евро/Африканската зона, за првпат во истори?ата на зем?ата.

Статистика [ уреди | уреди извор ]

Резултат против топ 20 играчи [ уреди | уреди извор ]

Билансот од победи-порази на Гулбис (29?63, 31%) против играчи кои биле рангирани на бр. 20 или повисоко на денот на натпреварот е следен: [14]

* Статистика до 8 ?уни 2014.

Стил на игра [ уреди | уреди извор ]

Гулбис главно применува напа?ачки стил на игра од основната лини?а. На?сигурен удар на Гулбис е неговиот бекхенд, ко? го изведува со огромна брзина, релативно рамно и е тежок да се прочита. Гулбис исто така е познат по неговите умешни и тактички удари, како што се напа?ачкиот топспин лоб и дропшотот, кои може да ги изведе од секо?а позици?а, па дури и доколку се нао?а длабоко во теренот. Играта на Гулбис главно се темели на неговата кра?но агресивна игра, ко?а често го доведува до голем бро? на неизнудени грешки, со што се доведува во праша?е неговата сигурност и посто?аност во тешки натпревари. И покра? тоа што неговиот стил на игра одговара на брзи подлоги, неговите одлични настапи на Отвореното првенство на Франци?а во 2008, Мастерсот во Рим во 2010 и Отвореното првенство на Франци?а во 2014 се резултат на неговите силни и рамни удари кои може да ги одигра на Зем?ината подлога.

Неговата агресивна игра од основната лини?а во комбинаци?а со исклучително силниот сервис, ко? често достигнува брзина од 210 км/ч до 225 км/ч се негови силни оруж?а, сепак вториот сервис на Гулбис не е негов на?сигурен удар, и поради тоа то? често има висок процент на дво?ни сервис грешки. Други слабости се неговата посто?аност и неговите слаби нерви. И покра? силниот сервис и вратените сервис удари, Гулбис има лоша реализаци?а на бре?к топките, лоша реализаци?а при спасува?ето на бре?к топките и не толку добра та?-бре?к статистика. Во бро?ни прилики то? често знае да направи низа од некарактеристични неизнудени грешки кога сервира или вра?а сервиси за добива?ето на сетот или натпреварот.

То? е спонзориран од адидас за неговата спортска опрема.

АТП финали?а во кариерата [ уреди | уреди извор ]

Поединечно: 6 (6 титули) [ уреди | уреди извор ]

Легенда
Гренд Слем (0?0)
АТП завршен Мастерс во годината (0?0)
АТП Мастерс 1000 (0?0)
АТП World Tour 500 Series (0?0)
АТП World Tour 250 Series (6?0)
Титули по подлога
Тврда (5?0)
Зем?а (1?0)
Трева (0?0)
Тепих (0?0)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
Победник 1. 28 февруари 2010 Делре? Бич , САД Тврда Хрватска Иво Карлови? 6?2, 6?3
Победник 2. 31 ?ули 2011 Лос Ан?елес , САД Тврда САД Марди Фиш 5?7, 6?4, 6?4
Победник 3. 3 март 2013 Делре? Бич , САД (2) Тврда Франција Едуард Рожер-Васлен 7?6 (7?3) , 6?3
Победник 4. 22 септември 2013 Санкт Петербург , Руси?а Тврда Шпанија Гу?елмо Гарси?а-Лопес 3?6, 6?4, 6?0
Победник 5. 23 февруари 2014 Марсе? , Франци?а Тврда Франција Жо-Вилфрид Цонга 7?6 (7?5) , 6?4
Победник 6. 24 ма? 2014 Ница , Франци?а Зем?а Аргентина Федерико Делбонис 6?1, 7?6 (7?5)

Во дво?ки: 2 (2 титули) [ уреди | уреди извор ]

Легенда
Гренд Слем (0?0)
АТП завршен Мастерс во годината (0?0)
АТП Мастерс 1000 (0?0)
АТП World Tour 500 Series (0?0)
АТП World Tour 250 Series (2?0)
Титули по подлога
Тврда (1?0)
Зем?а (1?0)
Трева (0?0)
Тепих (0?0)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Партнер Противници Резултат
Победник 1. 14 април 2008 Х?устон , САД Зем?а Германија Ра?нер Шитлер Уругвај Пабло Куевас
Шпанија Марсел Грано?ерс
7?5, 7?6 (7?3)
Победник 2. 18 ?ули 2009 Атланта , САД Тврда Русија Дмитри? Турсунов Австралија Ешли Фишер
Австралија ?ордан Кер
6?4, 3?6, [11?9]

Титули на челин?ер и ф?учерс турнири (10) [ уреди | уреди извор ]

Поединечно (7) [ уреди | уреди извор ]

Легенда
Челин?ери (4)
Ф?учерси (3)
Бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
1. 12 септември 2005 Фридберг , Германи?а Зем?а Германија Марсел ?имерман 6?4, 6?0
2. 16 ?ануари 2006 Бергха?м Австри?а Зем?а Швајцарија Жан-Клод Шерер 7?6 (7?2) , 3?6, 6?4
3. 6 март 2006 Ло?герн , Шва?цари?а Тепих Германија Тоби?ас Кла?н 7?6 (7?4) , 6?4
4. 6 ноември 2006 Екентал , Германи?а Тепих Германија Филип Печнер 6?3, 6?0
5. 19 февруари 2007 Безансон , Франци?а Тврда Франција Едуард Рожер-Васлен 6?4, 3?6, 6?4
6. 12 март 2007 Сараево , Босна и Херцеговина Тврда Чешка ?ан Мертл 4?6, 6?4, 7?6 (7?2)
7. 7 октомври 2007 Монс , Белги?а Тврда Белгија Кристоф Флиген 7?5, 6?3

Во дво?ки (3) [ уреди | уреди извор ]

Бр. Датум Турнир Подлога Партнер Противници Резултат
1. 10 ?ули 2006 Оберштауфен , Германи?а Зем?а Германија Миша ?верев Романија Теодор-Дачан Крачун
Романија Габриел Морару
6?1, 6?1
2. 30 октомври 2006 Ахен , Германи?а Тепих Германија Миша ?верев Полска Томаш Беднарек
Грузија Иракли Лаба?е
6?7 (5?7) , 6?4, [10?8]
3. 12 март 2007 Сараево , Босна и Херцеговина Тврда Латвија Денис Павловс Чешка ?ан Мертл
Чешка Лукаш Росол
6?4, 6?3

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. Пенингтон, Бил (2011-08-30). ?Ernests Gulbis Forgoes Partying Well for Playing Well“ . The New York Times .
  2. Хо?кинсон, Марк (2010-05-19). ?Ernests Gulbis see the ATP Tour as just fun and games“ . London: Telegraph . Посетено на 2011-09-24 .
  3. ?Gulbis: Big Four are Boring Interviews“ . tennis.com . Посетено на 2014-06-08 .
  4. ?Women should Focus on Family and Kids Instead of Playing Tennis Says Ernests Gulbis“ . dailytelegraph.co.uk . Посетено на 2014-06-08 .
  5. Никол ?ефри (2007-01-09). ? ' Baghdatis conquers jet lag, rookie ' . Theaustralian.news.com.au . Посетено на 2011-09-24 .
  6. Орлоцац, Марк (2007-05-29). ? ' Gulbis vs Henman: as it happens...' from BBC Sports“ . BBC News . Посетено на 2011-09-24 .
  7. ? ' No trouble or stubble for Baghdatis ' . Wimbledon.org . Посетено на 2011-09-24 .
  8. ? ' Gulbis gobbles up Robredo in 91 minutes ' . Sports.espn.go.com. 2007-09-03 . Посетено на 2011-09-24 .
  9. ?Nadal and Djokovic into last eight (BBC ? Accessed on June 3, 2008)“ . BBC News . 2008-06-01 . Посетено на 2011-09-24 .
  10. Чис, Каролин (2009-06-25). ?Masterful Murray crushes Gulbis“ . BBC Sport . Посетено на 2009-06-25 .
  11. ?Draws“ . Indianapolis Tennis Championships . 2009-07-28. Архивирано од изворникот на 2009-07-19 . Посетено на 2009-07-28 .
  12. Мичел, Кевин (2010-04-27). ?Roger Federer dumped out of Rome Masters by wild card Ernests Gulbis“ . The Guardian . London . Посетено на 2010-04-27 .
  13. ?Top-seeded Fernando Verdasco advances in Umag“ . The Times Of India . 13 July 2012.
  14. ?GULBIS, Ernests (LAT) ? Activity“ . itftennis.com . Ме?ународна тениска федераци?а . 2013-08-12 . Посетено на 2013-08-12 .

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]