Докторски ментор

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а

Докторски ментор ? академски работник што упатува аспиранти за докторско зва?е во научноистражувачка работа [1] на еден факултет . Менторот помага во изборот на градиво, во обликува?е и уточнува?е на поддисциплината во ко?а аспирантот пишува дисертаци?а и полага испит. [2] Студентот го одбира менторот зависно од струката и интересите, како и нивната расположливост. За ова самиот ментор треба да даде согласност за ангажманот. [3]

Во некои зем?и, менторот претседава со комиси?ата каде студентот го брани докторатот, додека во некои менторот воопшто нема право да биде во комиси?ата.

Менторот обично е редовен професор , но во некои зем?и може да биде и вонреден професор, или пак доцент, делува??и во со соучество на редовен професор како коментор .

Во Македони?а [ уреди | уреди извор ]

Во македонскиот високообразовен систем, менторот се бира согласно потесната област на истражува?е на аспирантот и е член на советот на студиската програма, и од список на ментори по програми и потпрограми, ко? се об?авува секо?а година.

Според Правилникот за докторски студии на Универзитетот ?Св. Кирил и Методи?“ во Скоп?е, менторот ги има следниве задолжени?а: [4]

  • го советува, го насочува и го води кандидатот/студентот;
  • остварува консултации со студентот;
  • го упатува студентот во литературата;
  • го воведува студентот во методот на решава?е на проблемот ко? ?а третира работата и во методот на научноистражувачката работа воопшто;
  • дава мисле?а, сугестии, забелешки и предлози во текот на изработката на дисертаци?ата;
  • му помага на студентот за одредува?е на обемот, содржината и начинот на излага?ата на научните резултати од дисертаци?ата;
  • поднесува, на?малку еднаш во годината, писмен извешта? до соодветниот совет на студиска програма во ко? се вреднува успешноста на студентот во неговата работа;
  • учествува во работата на докторските семинари и годишните конференции;
  • ги реализира одлуките на органите и телата на Школата за докторски студии и на органите на Универзитетот;
  • врши и други работи согласно правилникот.

Коментор [ уреди | уреди извор ]

По предлог на студентот и менторот, соодветниот совет на студиската програма може да му назначи коментор [4] на студентот од друга студиска програма, како и од друг универзитет од зем?ата или од странство.

Родословие [ уреди | уреди извор ]

Ка? истакнатите научни работници и општествени де?ци се зборува за ?академско“ или ?научно родословие “, ко? ?а проследува лозата на менторство. Така, на пример, ме?у математичарите , ?охан Фридрих Пфаф му бил ментор на Карл Фридрих Гаус , ко? му бил ментор на Кристи?ан Лудвиг Герлинг ? ментор на ?улиус Пликер ? ментор на Феликс Кла?н ? ментор на Фердинанд фон Линдеман , ко? пак му бил ментор на Давид Хилберт итн.

Поврзано [ уреди | уреди извор ]

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. ?ментор“ ? Дигитален речник на македонскиот ?азик
  2. Miles Taft Bryant (2004), The portable dissertation advisor , Corwin Press, стр. 9?11, ISBN   978-0-7619-4696-0 .
  3. ?Првична согласност од менторот“ . Универзитет ?Св. Кирил и Методи?“ - Скоп?е (УКИМ). Архивирано од изворникот на 2015-10-05 . Посетено на 18 декември 2015 .
  4. 4,0 4,1 Ментор, Чл. 40-44, ?Правилник за условите, критериумите и правилата за запишува?е и студира?е на третиот циклус - докторски студии“ (PDF) . Универзитет ?Св. Кирил и Методи?“ - Скоп?е (УКИМ). 2012 . Посетено на 18 декември 2015 .

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]