한국   대만   중국   일본 
Димитар Гоголаков ? Википеди?а Пре?ди на содржината

Димитар Гоголаков

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Димитар Гоголаков
Капетан Митруси
Роден Хуман?а , денес Грци?а
Починал 14 ?ули 1907
Сер , денес Грци?а
Димитар Гоголаков

Димитар Гоголаков , наречен Митруш , во Грци?а како Димитриос , Димитрис , Митрусис Гоголакис или Капетан Митрусис ( Δημ?τριο? , Δημ?τρη? , Μητρο?ση? Γκογκολ?κη? , Καπετ?ν Μητρο?ση? ) ? гркомански андартски капетан и учесник во Борбата за Македони?а за зазема?е на Еге?ска Македони?а од Македонците и нивна асимилаци?а или истерува?е.

Животопис [ уреди | уреди извор ]

Гоголаков е роден во селото Хуман?а . Со засилува?ето на грчката вооружена пропаганда во Македони?а , то? застанал на чело на една андартска чета ко?а ги обиколувла селата во Серско и вршеала притисок врз македонското егзархиско население.

Според Христо Сил?анов , прва жртва на Гоголаков бил Мито Милушев од село Долно Христос . Поради ова убиство, како и поради други, то? бил осуден од страна на Македонската револуционерна организаци?а . Смртната пресуда требало да ?а изврши во?водата Таската Серски .

На 1 септември 1906 година во?водата Таската Серски влегол во селото Хуман?а за да ?а изврши пресудата но Гоголаков успеал да избега, а четата на Македонската револуционерна организаци?а ги ликвидирала неговата жена и дете.

Гологанов со цел за да се одмази на 25 октомври со сво?ата чета го нападнал егзархиско село Горно Кара?ово . Во текот на нападот биле запалени 10 ку?и и биле убиени 30 души. Од напа?ачите бил ранет андарскиот капетан на ?ума?ската чета Атанас Ха?ипантазиев (Танасис Хадзипантазис), то? од здобиените рани умрел во ?ануари 1907 година.

Нападот на селото Горно Кара?ово ги раздвижило големите сили и нивните дипломатски претставници, како што биле австроунагарскиот конзул Пари и франсцускиот офицер Фулон.

По нападот на селото Серскиот силогос го пратил Гоголаков во Атина , но по два месеци се вратил во Македони?а и застанал на чело на андартска чета потпомогнат од Теодорос Турлендес од Мегалополи и Николаос Пана?оту [1] од Агринио .

На 13 ?ули 1907 година Гоголаков зедно со четворица андарти - ?анис Урдас, Михалис Узунис, Турлендес и Пана?оту, влегол во серскиот кварт Каменика и сите петмина се сместиле во ку?ата на свештеникот од црквата Свето Благовешение . Таму биле предадени од Дико и квартот бил опколен од турската во?ска и башибузлук. Гоголаков и неговите лу?е се забарикадирале во камбанари?ата на црквата и пет часа се спротивставувале. Во текот на борбата Турлендес и Узунис загинале, а Пана?оту и Урдас биле ранети и заробени, подоцна биле погубени, а Гоголаков се самоубил за да не се на?де во рацете на власта.

Во близината на местото каде била борбата е подигнат споменик на Гоголаков, во 1927 година неговото родното село Хуман?а е преименувано во ?Митруси“, а административната единица во ко?а селото се нао?а е именувано како Капетан Митруси .

Поврзано [ уреди | уреди извор ]

Надворешни врски [ уреди | уреди извор ]

  1. ?Νικ?λαο? Παναγι?του“ . Архивирано од изворникот на 2009-01-30 . Посетено на 2010-12-28 .