한국   대만   중국   일본 
Григор Витез ? Википеди?а Пре?ди на содржината

Григор Витез

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Григор Витез
Роден 15 февруари 1911 ( 1911-02-15 )
Косовац , Австроунгари?а
Починал 23 ноември 1966 (1966-11-23) (возр. 55)
Загреб , СФР?
Григор Витез
Григор Витез

Григор Витез (лат. Grigor Vitez; Косовац , 15 февруари 1911 ? Загреб , 23 ноември 1966 ) ? српски писател, поет и преведувач.

Животопис [ уреди | уреди извор ]

Витез е роден во селото Косовац, во околината на Окучани . Во Окучани го завршил основното училиште, во Нова Градишка учел гимнази?а (до малата матура), а потоа учел во Учителската школа во Пакрац . По професи?а бил учител , а работел во пове?е села во родниот кра?. Учествувал во Народноослободителната во?на на страната на партизаните . По во?ната, работел во Министерството за просвета на НР Хрватска . Истовремено, почнал да студира педагоги?а , а потоа руска литература и руски ?азик на Филозофскиот факултет во Загреб . Работел и како уредник во издавачката ку?а ?Младост“ во Загреб . Умрел во Загреб, на 23 ноември 1966 година, по долго и тешко боледува?е. [1] [2] Во чест на неговото творештво, денес, во неколку градови во Хрватска има детски градинки и основни училишта кои го носат неговото име.

Творештво [ уреди | уреди извор ]

Григор Витез се по?авил на книжевната сцена пред Втората светска во?на , кога во познатиет загребски списани?а об?авувал песни и други книжевни творби. Пишувал песни, раскази, драмски игри и сликовници. Неговиот опус се состои од дваесетина книги за кои има добиено пове?е книжевни награди, ме?у кои и ?Младо поколение“ во 1963 година за долгогодишната работа во книжевноста за деца . [3] Познача?ни негови дела се: Сказна за глинената птица , Сто волци , Фатете го крадецот , Кога дрв?ата би оделе , Каде што растат приказните (1965), Сон на борецот в зори , Песни , Вооружени рози итн. [1] [4] [5]

Осврт кон творештвото [ уреди | уреди извор ]

Делата на Витез го привлекуваат вниманието на читателите од сите возрасти со топлината на зборот, со духовитоста и едноставноста на мислата , со мелодичноста на стихот и со хуманоста на поркаите. Неговите стихови се блиски на секо?, зашто во нив живеат на?саканите ?унаци од секо?дневието, како и случки од стварноста и од фантази?ата, претежно од детскиот свет, а срцето на поетот е големо и разбирливо за сите. Чест мотив во неговите песни се природата и за животните , на?често со помош на персонификаци?а . Од неговото детство потекнува и ?убовта кон народното творештво кое му било пример како да се пишува со едноставни и ?асни зборови со цел да биде разбирлив за на?младите читатели. Натамошна негова инспираци?а е партизанското движе?е, во кое учествувал и то?, пее??и за почитта кон борците за слободата и носе??и пораки за мир во светот. Витез со многу ?убов и со познава?е зборува за особеностите на лу?ето, во прв ред, за децата, и нуди воспитни пораки за при?ателство, разбира?е на другите, хуманост , другарство, трудо?убивост, стреме?е кон доброто... Во неговиот поетски свет нема темни бои, црнила, страда?а, тага и трагични мигови; напротив, песните дишат со оптимизам поздравува??и го животот. [6]

Според неговото сопствено сведоштво, уште на почетокот од неговото творештво, Витез согледал дека мора самосто?но да го открива светот за себеси и така започнал полека да го бара она што на?многу му одговарало, потпира??и се врз сопствениот свет од детството, врз поези?ата на Отон Жупанчич и ?ован ?ованови?-Зма? и врз народното творештво. По низа песни, пове?е или помалку успешни, во песната ?Плачко“ пронашол една нишка, една малечка сфера на гротескното и хумористичното, нешто што му изгледало како откритие за кое почувствувал дека потекнува од детскиот свет на игрите. Според него, посто?ат некои карактеристики на песните (ритамот, ?азикот, формата на песната) што мора да одговараат на особеностите на детската психа ? тие мора да имаат ведрина и леснина. Според Витез, разиграноста во неговите песни може да се нарече ?проверка на знае?ата“, т.е. проверува?е на силата и цврстината на вистинските размислува?а и знае?а на читателите. Во то? поглед, неговата намера е песните да им послужат на читателите полесно да ги совладаат нивните задачи, да им ги олесни тешкотиите, да ги остварат поставените цели и да бидат ведри и бестрашни во соочува?ето со иднината. [7]

Творештвото на Витез има високи уметнички квалитети кои веднаш биле истакнати од книжевните критичари. На пример, Тоде Чолак истакнува дека поези?ата на Витез е убедлива, непосредна, а светот на детската фантази?а прикажан во неговите песни делува реално, блиско и топло. Неговиот стих е пластичен, со широка мисла и со длабока порака, а неговата способност да ги создава толку уверливо и свежо состо?бите на еден конкретен миг ? претставува новина во современата ?угословенска поези?а. Основната одлика на поези?ата на Витез е описноста при што то? не го слика светот само од надворешната страна, туку се стреми да го спознае внатрешното доживива?е, а во то? поглед го следи примерот на народната поези?а (на пример, во песните: ?Прсти“, ?Плачко“, ?врбова свирка“ итн.). Сепак, то? не имитира, туку пее со сво? оригинален, многу побогат и посвеж израз. И Видое Подгорец искажува пофални зборови за поези?ата на Витез, истакнува??и дека то? е поет на детската душа, ко? со тихи и лирски, нежни тонови нурка длабоко во светот на детските копнежи и желби, открива??и ги на?скриените соништа на детската душа. Многу негови песни делуваат како прекрасни акварели чии бои се прелеваат во жив спектар . Исто така, во неговата поези?а има хумана нота што ?а прави прифатлива за децата, зашто то? со мо?та на зборот станува против насилството, а на страната на правдата и сре?ата. [8]

Издани?а на македoнски ?азик [ уреди | уреди извор ]

  • Песна на чучулигата (Препев: Ацо Шопов ). Скоп?е: Култура, 1959.
  • Песни . Скоп?е: Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, 1990.

Наводи [ уреди | уреди извор ]

  1. 1,0 1,1 Елица и Атанас Николовски, "Разговор за делото Сказна за глинената птица од Григор Витез", во: Григор Витез, Сказна за глинената птица . Скоп?е: Мисла/Детска радост/Култура/Наша книга/Македонска книга, 1978, стр. 47-48.
  2. Тамара Арсовска, ?Светот на детството ? светот на играта и фантази?ата“, во: Григор Витез, Песни . Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скоп?е, 1990, стр. 95-96.
  3. Тамара Арсовска, ?Светот на детството ? светот на играта и фантази?ата“, во: Григор Витез, Песни . Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скоп?е, 1990, стр. 96.
  4. ?архивски примерок“ . Архивирано од изворникот на 2012-01-12 . Посетено на 2013-04-01 .
  5. www.mvinfo.hr
  6. Тамара Арсовска, ?Светот на детството ? светот на играта и фантази?ата“, во: Григор Витез, Песни . Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скоп?е, 1990, стр. 95-98.
  7. Тамара Арсовска, ?Светот на детството ? светот на играта и фантази?ата“, во: Григор Витез, Песни . Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скоп?е, 1990, стр. 98-102.
  8. Тамара Арсовска, ?Светот на детството ? светот на играта и фантази?ата“, во: Григор Витез, Песни . Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скоп?е, 1990, стр. 99-101.