한국   대만   중국   일본 
Георги Прванов ? Википеди?а Пре?ди на содржината

Георги Прванов

Од Википеди?а ? слободната енциклопеди?а
Георги Прванов
Георги Първанов
Прванов во 2008
3. претседател на Бугари?а
На должноста
22 ?ануари 2002 ? 22 ?ануари 2012
Премиер Симеон Сакскобургготски
Серге? Станишев
Бо?ко Борисов
Потпретседател Ангел Марин
Претходник Петар Сто?анов
Наследник Росен Плевнелиев
Лични податоци
Роден(а) 28 ?уни 1957 ( 1957-06-28 ) (66 г.)
Сириштник , Бугари?а
Парти?а Алтернатива за бугарска преродба (2014)
Други припадности БКП (1981?1990)
БСП (1990?2002; 2012?2014)
независен (2002?2012)
Сопружник Зорка Прванова ( в.  1983)
Деца Владимир, Ива?ло
Установа Софиски универзитет
Награди Орден на ?ужниот крст
Потпис

Георги Седефчов Прванов ( бугарски : Георги Седефчов Първанов ) е политичар од Бугари?а и претседател на Република Бугари?а , избран е на 18 ноември 2001 г. Пред тоа бил претседател на Бугарската соци?алистичка парти?а .

Прванов е роден во селото Сириштник , Перничко на 28 ?уни 1957 . Пораснал во соседното село Косача . Георги Прванов е оженет и има два сина. (2005 г.)

Образование и квалификации [ уреди | уреди извор ]

Во 1975 Прванов завршил математичката гимнази?а во Перник . Во 1981 г. дипломирал на Историскиот факултет на СУ ?Св. Климент Охридски“ - Софи?а. Во 1988 г. докторирал во областа на истори?ата со тема ? Димитар Благоев и бугарскиот национален проблем 1879-1917“.

Научна кариера [ уреди | уреди извор ]

Во 1981 г. се вработува во Институтот за истори?а на БКП како научен соработник. Од 1989 година е виш научен соработник. Во периодот 1992 ? 1996 е директор на Центарот за историски и политиколошки истражува?а кон Вишиот Совет на БСП .

Политичка кариера [ уреди | уреди извор ]

Член е на БСП од 1981 до 2001 г. На 41-от конгрес на БСП (3-6 ?уни 1994 г.) е избран за заменик-претседател на ВС на БСП. На 42-от вонреден конгрес на БСП (21-23 декември 1996 г.) е избран за претседател на ВС на БСП. На 43-от (1 и 2 ма? 1998г.) и на 44-от конгрес на БСП (6 и 7 ма? 2000г.) е реизбран за претседател на ВС на БСП.

Народен пратеник е во 37-то Народно собрание (1994-1997 г.), 38-то Народно собрание (1997-2001 г.) и 39-то Народно собрание. Претседател е на парламентарната група за соработка со Грци?а и член е на парламентарната Комиси?а за радио и телевизи?а (1994-1997 г.), претседател на Парламентарната група на Демократската левица (1997-2001 г.) и на Парламентарната група на Коалици?ата за Бугари?а во 39-то Народно собрание.

Избран е за претседател на Република Бугари?а на изборите во ноември 2001 г. Стапува на должност на 22 ?ануари 2002 г.

Се сметаа, дека владината коалици?а БСП-НДСВ-ДПС, ко?а што е на власт во Бугари?а по парламентарните избори во 2005 г., е не само поткрепена, но и создадена од него.

Бил таен соработник на Државна сигурност во сектор РИК (Разузнаване "История и култура") пред 1990 година. Работел по “македонското праша?е” под името “Гоце” како уредник на книгата “Габерот” од Методи Димов, емигрант од Македони?а, соработник на бугарските агенти.

Извори [ уреди | уреди извор ]